Maркукуле спортисти на годината: Сестрите Маријана и Мишела Димоски заедно со Киријана Камческа се гордост на Прилеп за 2018 година (Фото)

Сестрите близначки Маријана и Мишела Димоски и Киријана Камческа од Прилеп во оваа 2018 година станаа репрезентативки на Австралија и ги продолжија успесите на меѓународно ниво.

За нив ова беше исклучително успешна година со многу медали и успешни настапи на секое натпреварување.

Најпрво во месец февруари за репрезентативки беа повикани Маријана и Мишела кои беа избрани од Карате Федерацијата на Австралија да ја претставуваат државата на Карате Шампионатот Океанија 2018, кое се одржа од 18-20 мај оваа година во Окланд Нов Зеланд.

Сестрите беа избрани во два ранга на натпреварување:

-У21 женски ката тим

-Женски сениори ката

Од Карате Федерацијата на Австралија во писмото упатено до сестрите Димоски пишуваше дека со претставувањето на државата тие ќе бидат амбасадори на Австралија и нивниoт настап ќе овозможи Австралија да биде конкурентна на натпреварувањето.

Пред да започнат да ги бранат боите на Австралија, сестрите заедно со Киријана, настапија за Македонија на Балканскиот карате шампионат за сениори кој се одржа на 24 и 25 март во Истанбул.

Таму го освоија златото во ката тим, а на натпреварувањето настапија 314 каратисти од 11 земји.

Подоцна во Мишела и Маријана решаваа во меѓусебно финале на Државното првенство на Западна Австралија, кое се одржа на почетокот од април месец.

Мишела беше прва во У-21 и прва во сениорки, додека Маријана втора.

Следуваше Аустралија Опен 2018, каде сведоци бевме на две меѓусебни финалиња

Во јуниорска конкуренција Маријана беше прва, а Мишела втора, додека во сениорска конкуренција улогите ги заменија.

Во месец мај сестрите близначки добија и стипендии од Институтот за спорт на Австралија.

“Стипендијата се состои во помош од експерти за спорт и доктори специјалисти за спортска медицина и перформанси, конидциони, психолошка подготовка нутриционизам и друга грижа на врвни спортски експерти, вклучувајќи и лични советници за каквибило прашања поврзани со напредок на стипендистите, како и комплетна спортска опрема“, изјави тогаш нивниот тренер и татко Златко Димоски за “Ипон”.

Во мај следуваше споменатото првенството на Океанија, каде Маријана и Мишела се закитија со нови четири медали.

Тие освоија бронзи во сениорка конкуренција во кати и злато за Маријана и сребро за Мишела во сестринското финале во У-21, исто така во кати.

Во месец август сестрите станаа јуниорски и сениорски шампиони на Австралија. На националното превнство на Австралија за сениори, Маријана Димоска беше подобра во кати, во финалето против нејзината сестра Мишела.

Тогаш во Австралија стигна и третиот член на ката тимот, Киријана Камческа, која е светски вице шампион и бронзен на Европското првенство, а многу пати балкански јуниорски и сениорски шампиони.

Успесите неминовно продолжија и со засилувањето во тимот, па така Ката тимот на Австралија во чиј состав се трите прилепчанки стигна до бронзениот медал на К1 Премиер Лигата 2018 за сениори во Шангај, натпреварување кое се одржа на почетокот од декември.

Девојките забележаа победа против Италија и тесен пораз за финале против Шпанија, а во мечот за трето место буквало го прегазија тимот на Грција со 5:0.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.