дома блог страница 3245

Еве зошто утре во домот треба да имате бадниково гранче

Утре е Бадник, големиот празник пред Божиќ, ноќ која секој треба да ја помине со семејството, да јаде од посната трпеза и да крши леб со паричка која се смета дека носи здравје, среќа и бериќет во текот на целата година.

За Бадник традиционално домот се украсува со бадниково гранче. Неизбежниот симбол на Бадник го симболизира здравјето, го слави животот и вечната среќа.

Според народните верувања, токму со ова дрво праведниот Јосиф запалил оган за да го затопли штотуку родениот Исус и неговата мајка Марија.

Бадниковото гранче уште се нарекува дрво на животот, исто како она дрво на животот во рајот што симболично дава вечност.

УХМР предупредува: Во овие денови температурите ќе паднат на -15 степени

Сончево и студено, со мала до умерена облачност е прогнозата за утре.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогнозата на УХМР покажува дека во сабота минималните температури ќе се движат во интервал од – 15 до – 5, а максималните од – 5 до 2 степена.

Во недела минималните температури ќе се спушат до – 13, во понеделеник до – 12, во вторник до – 15, а во среда до – 13 степени.

Максималните температури во тие денови ќе бидат во интервал од – 6 до два или три степени, со исклучок на недела кога се прогнозираат 6 степени.

ПРИКАЗНАТА ЗА ДВА ВОЛКА: Се чита 20 секунди, а поуката останува вечно!

Седел еднаш одамна еден стар Индијанец и неговиот млад внук пред нивниот вигвам.

Дедото се обидувал што повеќе мудрост и знаење да му пренесе на внукот и така да го подготви за животот кој е пред него. Затоа и му ја раскажал оваа приказна.

-Во секој човек се одвива непрекината битка. Тоа е затоа што во нас живеат два волка“, почна мудриот Индијанец.
-Како тоа два волка?, прашал внукот.
-Едниот е ЛОШ! Тоа се стравот, гневот, љубомората, лажната гордост, негативноста, алчноста, егото, но и сожалувањето, самобендисаноста, самосожалувањето и вината.

Но, постои и ДОБРИОТ ВОЛК! Тоа се радоста, спокојот, љубовта, надежта, ведрината, добрината, сочувствителноста, великодушноста, вистината и вербата“, го подучувал Индијанецот својот внук.

-И кој волк победува?“, прашал внукот без здив.
-Тој кој повеќе го храниш“, кратко одговорил мудриот дедо.

Завеан и патот Прилеп-Битола: Возете исклучително внимателно (Видео)

После објавата дека неколку локални патни правци во околината на Прилеп и населените места се целосно завеани, граѓани испратија видео од моменталната состојба на регионалниот патен правец Прилеп-Битола.

Состојбата е алармантна, а надлежните веројатно очекуваат сонце за да се спасат од снегот.

Ова не смее да ни се случува во 21 век!

Погледнете:

Најубавите пораки за да го честитате Христовото раѓање: 15 пораки кои ќе ве инспирираат да им честитате на најблиските

Не пропуштајте да им го честитате овој голем празник на вашите најдраги личности, а за тоа можете да ги искористите овие божиќни пораки.

1. Срцето на човекот го смислува неговиот пат, а Бог управува со неговите чекори! Се’ што правите, каде и да одите, нека биде благословен вашиот пат. Среќен Божиќ!

2. Дозволете Бог да се всели во вашето срце, љубовта во вас да се раѓа секој ден, затоа што Божиќ станува видлив во секоја љубов помеѓу луѓето. Христос се роди!

3. Нека тишината на овој свет ден ви донесе мир во надежта, радост во животот и љубов за оние со кои живеете! Од срце ви посакувам мирни денови. Христос се роди!

4. Нека сребрените зраци од божиќното утро го осветлат вашиот подарок составен од здравје, среќа, мир и љубов. Христос се роди!

5. Божиќ доаѓа, ни се приближува Бог. Нека ве грее огнот на среќата, постојано во куќата да ви цвета радост, нека светиот крст во животот ве води, Христос се роди!

6. Нека целата година ве прати чувство на љубов, среќа, топлина и потреба за блиските да бидат до вас. Среќен Божиќ!

7. Денес простете им на оние кои ви згрешиле, подарете им љубов на најблиските, помогнете им на тажните, а на полноќ погледнете во небото – ќе видите ѕвезда што оди и тивко изговорете Христос се роди!

8. На тивката божиќна ноќ, нека во вашето срце се всели радост, љубов и надеж. Бидете здрави, силни и полни со среќа. Среќен Божиќ!

9. Денес радоста доаѓа од небото и тоа е она што ви треба. Бидете исполнети со здравје, насмевки и љубов. Имајте мир во вашиот дом. Среќен Божиќ!

10. Кога последната свеќа на Бадник догорува, слушај го срцето што ти зборува, нека радост и среќа во животот те води, среќен Божик, Христос се роди!

11. Божјата милост насекаде нека ве прати, нека за доброто со добро ви се врати, Христос насекаде да ве води, Среќен Божик, Христос се роди.

12. Денешниот блажен ден нека ви биде радосен! Божиќ вратата да ви ја злати, секогаш среќа нека ве прати. Ангел срцето кон љубов нека го води, мир божји, Христос се роди!

13. Нека бадниковата вечер го избрише сето она што сакаш да го заборавиш, а божикното утро ти исплете венец од здравје, среќа, љубов и божји благослов!

14. Како што бадниковиот оган се ложи, во вашиот дом среќа да се множи, нека светла ѕвезда во животот вас ве води, зашто денес е Божик – Христос се роди!

15. Рана зора додека се руди, коледарска песна ве буди, среќа и радост Бог нека дари, полна софра, а и многу пари. Сите да ве служи здравје, бадниковата вечер да ви е на здравје! Бериќет и к’смет в куќи да ви царува, со здравје и љубов Господ да ве дарува!

Извор: “Инфомакс.мк”

Прилепската навивачка група “Мајмуни” ја продолжува традицијата: Утре одново ќе запалат коледарски оган под северната трибина

Навивачката група “Мајмуни” од Прилеп ја продолжуваат традицијата. Утре на ден пред Бадник одново ќе запалат коледарски оган под северната трибина на градски.

“Традиционално, ден пред Бадник во повеќето Прилепски маала се пали Бадников оган, се служи посна храна, грејана ракија и убаво Македонско вино.

Палењето на бадниковиот оган има за цел да ја навести радосната вест за раѓањето на Исус Христос.

Бадникувањето, всушност знаачи бдеење, или исчекување на радосната вест.

Па така традицијата продолжува и во нашиот храм Гоце Делчев,сабота 20:00 под Северната трибина.

#НиштоиНикојНемаДаУништиСеМакедонско”, напишаа oд навивачката група “Мајмуни” на Фејсбук.

“Ало “Комуналец”… тротоари и плоштади се или лизгалишта!?” (Фото Галерија)

Само неколку центриметри снег беа доволни за центарот на Прилеп да стане непрооден. Тротоарите и плоштадите се вистински лизгалишта, а граѓаните мака мачат кога се движат.

Погледнете:

Сезоната на Халкидики оваа година започна порано – ова е најхрабриот капач (Видео)

Сезоната за капење на Халкидики оваа сезона започна порано, а ова е најхрабриот капач забележан на плажите.

Патот Тополчани-Канатларци претворен во стакло: Излета возило поради негрижа на надлежните (Фото)

Жителите од населените места Тополчани и Канатларци во прилепско, информираат дека локалниот пат помеѓу овие две поголеми населени места е целосно завеан и замрзнат.

Како последица на негрижата на надлежните вечерва излетало и возило од патот.

Жителите информираат дека причина за тоа се и високите банкини за кои повеќе пати апелирале да се потполнат со тампон.

За среќа возачот на автомобилот не се здобил со посериозни повреди, но состојбата е алармантна, бидејќи селата се речиси отсечени.

(Видео) Од ова нема да ви биде добро: Мислеа дека пронајдоа животно во зимски сон, но…

Двајца пријатели од мексиканскиот град Аламос во пештерата забележале нешто чудно.

Мислеа дека пронајдоа животно кое спие, но резултатот беше многу пострашен.

Погледнете за што се работи: