дома блог страница 3244

Овие три хороскопски знаци во јануари ги очекува голема промена

ОВЕН

Припадниците на овој знак најголеми промени ќе почувствуваат на љубовен план. Влезот на Марс ќе направи после долго време да се почусвтвувате добро, полни со сила, енергија и оптимизам. Ќе бидете вистински борци подготвени да освојувате, но и да се борите за љубов

Љубовни можности секако ќе има. Кон крајот на првата недела од јануари љубовта ќе сјае во вашиот знак со позитивно влијание, и ќе ви донесе нови емотивни шанси. Таа делува на вас од полето на далечина, образованието, државните институции, спортот – па ова се полињата каде емотивните задоволства може да се појават.

Овој месец можно е да започнете нови и убави приказни, дури и ако многу километри се меѓу вас – далечината не постои ако срцата се врели, а во јануари секако ќе бидат.

Оние кои се зафатени ќе имаат шанса да го средат својот однос, дури и повторно да ги подгреат страстите.

РАК

На Раковите овој месец им се насмевнуваат возбудливи можности на работното место, за кои мечтаат веќе некое време. Марс е во вашето поле на кариера, Венера и Јупитер во полето на работното секојдневние.

Во овој месец може навистина да имате добри можности и за напредување и за некои големи промени кои ќе ја отворат вратата кон вашите цели. Но, како и кога се емоциите во прашање – потребна е голема одговорност, насоченост кон вашите цели, не они моментални.

Што се однесува до претпоставените, бидете коректни, а во финансискиот дел – чувајте ги парите кои ги заработувате и без поголеми вложувања.

СТРЕЛЕЦ

Слободните Стрелци навистина би требало да му се радуваат на овој месец. Со Венера во своето поле, ќе ширите оптимизам, сјај, харизма и прекрасна енергија и затоа не е чудно доколку бидете во центарот на вниманието кај припадниците од спротивниот пол. И вие сте подготвени за љубов, ја доживувате со целото срце.

Родените во овој знак имаат навистина добри шанси да се заљубат, но и да започнат емотивна приказна која ќе тргне бурно и страсно, ќе ве направи среќни, задоволни и исполнето. Со врските и браковите ситуацијата е слична.

Многу работи ќе тргнат на подобро и повторно ќе имате чувство на блискост и стабилност со саканата личност. Добро би било да се обидете да не го расипете тоа со непромислени потези во вид на таен однос или флерт. Сметајте дека партнерот сигурно ќе се посомнева во вас, без оглед дали правите нешто на страна или не, па на вас е да го разубедите и да покажете дека може да смета на вас.

Проблемите ќе се концентрираат во втората половина на јануари, бидете внимателни.

Тажна вест за македонските граѓани: Укината банкнотата од 500 евра

Од вкупно 19 централни банки во еврозоната, 17 од нив од 27 јануари ќе прекинат со издавање на банкнотата од 500 евра, соопшти Европската централна банка.

Германија и Австрија ќе продолжат да ја печатат 500-ката до 26 април. Банките на овие држави се одлучиле на ваков чекор од логистички причини.

Плановите за укинување на банкнотата од 500 евра беа најавени во мај 2016 година. Сопствениците на 500-ките и понатаму ќе можат да ги користат за плаќање или за штедење.

Банкнотата од 500 евра е една од петте највредни банкноти во светот, а многумина сметаат дека таа им е омилена на криминалците.

Банкнотата, која „обичниот“ граѓанин ретко кога може да ја види, го доби прекарот „Бин Ладен“, како поради нејзината наводна употреба за финансирање на криминалот и тероризмот, така и поради статусот на добро познато средство за плаќање кое ретко се користи во секојдневна употреба.

Според податоците на ЕЦБ, моментно постојат 521 милион банкноти од 500 евра, а последната е пуштена во оптек во 2014 година.

Нема да има консензуален претседател? ДУИ ќе го кандидира Талат, се повеќе размислувале за самостоен настап

Демократската унија за интеграција е загрижена поради подемот на Алијансата на Албанците на Зијадин Села, дознава „Лидер“ од партиски извори.

Во ДУИ се повеќе се размислува за самостоен настап во првиот круг на претседателските избори, бидејќи се плашат за својата политичка иднина и идентитет. Како најсериозен кандидат според извори на „Лидер“ се споменува претседателот на македонското Собрание Талат Џафери.

ДУИ, неофицијално, не би поддржале консензуален кандидат за претседател во првиот круг, бидејќи со тоа нивната поддршка кај албанското гласачко тело уште повеќе би се намалила, а нивните гласови би ги презела Алијансата на Албанците.

Инаку премиерот Зоран Заев истакна дека посакува да има консензуален кандидат, кој ќе биде татко на нацијата и зад кој ќе застанеме сите.

Засега е познато дека доколку ЛДП одлучи да настапува самостојно на претседателските избори кои што ќе се одржат во првата половина од наредната година, најсериозен потенцијален кандидат за претседател е Ангелка Пеева – Лауренчиќ. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, распишаа јавен повик за избор на кандидат.

Прилепчани и битолчани се соочуваат со вистинска агоНија (Фото+Видео)

Прилеп, Битола и Крушево отсечени од светот. Снежните врнежи ги завеаа патиштата, а надлежните екипи спијат во зимски сон.

Еве по што возат граѓаните и дење и ноќе:

Патен правец Прилеп-Битола денеска:

Патен правец Прилеп-Битола синоќа:

Патен правец Прилеп-Крушево вчера:

Патен правец Прилеп-Крушево денеска:

Ништо подобро не е ниту на Плетвар:

Листа на најглупави држави во светот: Три земји од регионот се наоѓаат на првите места, еве каде е Македонија

Листата на најглупави држави во светот која ја прави “Top Tens”, засега ја смести Хрватска на високото прво место.

Според гласачите Хрватите се најглупавиот народ во светот, а веднаш под нив се Амеркинаците.

На третото место е Северна Кореја, а веднаш потоа следува Србија.

Од земјите во регионот високо котира и Грција, која е пласирана на 15-то место на оваа листа.

Албанија е 42 земја по глупавост, а Бугарија 47.

Македонија за среќа ја нема на оваа листа.

Целата листа може да ја погледнете ТУКА

Прекрасна панорама од Крушево: Планинскиот убавец прекриен со бел јорган (Фото)

Oд хотелот “Монтана” во Крушево објавија пркрасна панорама утрово.

Снежното Крушево како и секогаш мами со неверојатна убавина и ве повикува да го посетите.

Еве зошто сите го нарекуваат зимскиот убавец на Македонија:

Kaко се празува Божиќ низ светот: Кај нас богата трпеза, во Франција се јаде на полноќ, а во некои земји на масата нема месо

Божиќ – денот на христовото раѓање според христијанската традиција, а кој започнува да се слави со Бадник, односно денот пред Божиќ, кај нас се слави со голема почит и внимание.

Со него се поврзани многу обичаи и симболи, а се почнува со пеењето на коледарските песни и денот кога семејството се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости.

Се поставува богата посна трпеза, која најчесто содржи гравче, сарми, риба, салати, колачи, овошје… Се меси погача (лепче) со паричка, а на некои места паричката се става во пита.

Се верува дека оној кај кого ќе падне паричката ќе го следи среќа во текот на целата година.

Пред почнувањето на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата, го крши кравајчето, а некаде го дели зелникот, на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и дел за куќата. Исто така, вечерта во огнот се става бадниково гранче кое се смета за најздраво дрво, со значење сите во семејството да бидат здрави.

За време на овој празник се пали и коледарски оган, кој е поврзан со обичајот наречен Коледица или Коледе. На Божиќ, рано утрото почнува богослужба во црквите. Причесната следува по службата кога искараните треба да се помират и да се поканат меѓу себе на гости.

Во некои села во Македонија по богослужбата девојките одат по овоштарниците и ги врзуваат дрвјата за да се сочуваат од разни болести и да бидат плодни. Овој обичај е проследен со песни. Исто така, со Божиќ е поврзана и поговорката – „Пред Божиќ, зад Божиќ дома да си”, што има значење дека за време на големиот празник треба да се биде дома во кругот на семејството и тука да се слушне и да се прослави радосната вест за раѓањето на спасителот.

Со бадниковата вечера завршуваат предбожиќните пости! Богатата трпеза и големиот број традиции го прават овој празник толку посебен, па на една македонска трпеза ќе може да се најде убаво печено месо, сарма или подварок, печен компир, по некоја заостаната риба од бадниковата вечера, црвено вино, а за десерт чоколадна торта, милиброд и печена тиква.

Сепак, од држава во држава, се негуваат различни традиции кои создаваат прекрасна атмосфера помеѓу семејството и пријателите. Еве како изгледаат божиќните трпези во земјите низ светот. Традицијата е поинаква, а богами и храната…

Франција

Божиќната трпеза во Франција и во местата каде се зборува француски јазик е наречена Le Reveillon. Тоа е долга вечера или по можност забава, а името потекнува од францускиот збор réveil (будење), бидејќи обичајот подразбира луѓето да останат будни до полноќ, кога се служи вечерата и часовите кои следуваат потоа.

За предјадење се служи „Foie gras” (џигер од гуска или патка), остриги, пушен лосос или тенки палачинки направени со брашно од хељда.

Главен оброк е печена гуска декорирана со костени, а место тоа може и мисирка, говедско или јагнешко печено месо. Пијалакот кој оди во комбинација со вечерата варира од едно до друго место, но најчесто се служи шампањско.

Перу

Уште на почетокот на декември во перуанските цркви се одржува настанот „Chocolatadas”. Користејќи пари донирани од граѓаните, организаторите на овој настан го печат колачот панеттоне и прават зачинето топло чоколадо во големи казани.

Колачот и чоколадото им се служат на луѓето од пониска социјална класа, во знак на прославување на празникот.

Главен оброк на трпезата е печена мисирка, гарнирана со свежо овошје, а се служи во комбинација со пире од јаболка и разни видови салати, погачица или сладок леб-марципан.

Литванија

Литванскиот божиќен оброк наречен „Kucios” произлегол од паганските обичаи и голем број ритуали се уште се одбележуваат. Специфично за него е што се состои од 12 различни видови јадења. Оброкот традиционално започнува кога првата ѕвезда ќе се појави на небото, која и најавува на мајката во секое домаќинство да скрши лепче за секој гостин.

Според литванските обичаи, а и во останатите Балтички земји, едно место на масата секогаш останува празно. На трпезата не се служат месо и млечни производи. За главно јадење се служи риба (крап, харинга или штука) во комбинација со кисел зеленчук.

Исто така, се служат и погачици т.н. „kuciukai” (мали, слатки печива без квасец, со афионово семе) потопени во млеко од афионово семе, кое е омилено јадење за празникот. Исто така, во Литванија се верува дека секој оној кој ќе ја напушти Божиќната трпеза пред да завршат сите со јадење, ќе го следи несреќа.

Шпанија

Во текот на божиќните празници во Шпанија традиционално се јаде касно навечер. Така, на ноќта пред Божиќ, вечерата почнува некаде помеѓу 22 и 12 часот на полноќ.

Оброкот обично започнува со разновидни мали садови т.н. „тапас” кои се сочинети од различни видови сирења, тиквички, шунка, маслинки. Супата од морски плодови е многу популарна за Божиќ, особено во крајбрежните региони.

Се служи и бела шпаргла, како и јадења од разновидна морска храна, вклучувајќи „angulas” (бебиња на јагула), „langostinos” (морски ракчиња) и „besugo” (печена морска риба од видот спариди).

За десерт Шпанците обично јадат колачиња од марципан, шпански крофни т.н. „churros” и „turron” (колач во форма на цигла направен од мед, шеќер, печени бадеми и белки од јајца).

Аргентина

Во Аргентина празникот се прославува вечерта пред Божиќ, а главен оброк на нивната трпеза е говедско, свинско или мисиркино месо. Во некои подрачја се јаде и печен паун. Исто така, се служат и разни видови пити од дробено овошје и зачини, а состојките кои се ставаат внатре, варираат од едно до друго домаќинство.

Омилено јадење на Аргентинците на божиќната трпеза се сармите т.н. „ninos envuettas” што во превод значи „завиткани деца”, исполнети со сечкано говедско на големи квадрати и тврдо варени јајца, кромид и зачини, кои потоа се печат.

Со вечерата се служи шампањско со парчиња свежо овошје, јаболков сок или друго цедено овошје. За десерт се јаде од слаткиот колач „pannetone” и пудинг.

Германија

Во оваа земја Божиќ се прославува два дена, на 25 и 26 декември. Семејството се собира околу трпезата ноќта пред Божиќ, а јадењето им е прилично едноставно и варира од една до друга фамилија. Главниот оброк традиционално се јаде дента на Божиќ, а е сочинет од печена гуска и печен крап.

Се служат и зготвени зеленчуци како кељ, зелка и кисела зелка. Божиќната трпеза ја заокружува колачот „christstollen” кој е вид на овошна торта приготвена со сушено зашеќерено овошје и јаткасти плодови, посеана одозгора со шеќер во прав.

Полска

Дента пред Божиќ цел ден се пости, а првото омрсување се случува на вечерата. Месо не се јаде на овој празник, а вечерата започнува со кршење лепче и се мести едно место на трпезата плус, како резерва за некој залутан патник кој може да дојде на врата. Тоа се смета дека носи среќа во домот.

Како главен оброк се служат разни видови риба како харинга потопена во кисела павлака, потоа риба приготвена со кулинарската техника „au gratin” потопена во сос од печурки и сирење и штука послужени во комбинација со тврдо варени јајца и варени компири.

Традиционалната божиќна супа во Полска е т.н. „боршч” (супа од цвекло), како што се и различните видови компоти приготвени од сушено овошје. Божиќниот десерт вклучува мед во комбинација со колачиња со афионово семе, како и слаткиот традиционален полски колач.

Извор: “Курир”

Аплицирајте за вработување! Отворени 84 работни места на патарина

Врз основа на член 23 од Законот заработните односи („Службен весникна Република Македонија” бр. 167/15 -пречистен текст, 27/16 и 120/2018) и член 22 од Законот за вработени во јавен сектор („Службен весникна Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 35/2018 и 198/2018) Јавното претпријатие за државни патишта, со седиште на ул. „Даме Груев” број 14, во Скопје, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС
за вработување на работници на определено време до 31. 12. 2019 година во Јавното претпријатие за државни патишта за следното работно место

1. Инкасант за наплата на патарина, во Одделението за наплата на патарина и контрола, во Секторот за одржување, заштита на патишта и наплата на патарина 84 (осумдесетичетири) извршители, со исполнување на следните посебни услови:

Најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четиригодишно средно образование
Работно искуство со или без работно искуство во струката, Работното време е распоредено во две смени и трае 12 часа, Работно време од 07, 00 часот до 19,00 часот и од 19, 00 до 07,00 часот, Работа на празник и работа ноќе, Неделното работно време изнесува 40 часа, Основната плата изнесува 1 9. 760, 00 денари

Покрај гореневедените посебни услови, предвидени со Правилникот за систематизација на работни места во Јавното претпријатие за државни патишта бр. 0211513/1 од 29. 11. 2017 година и број 024102/1 од 2. 4. 2018 година, заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат и општите услови за вработување на работници согласно Законот за работните односи.

Кон пријавата заинтересираните кандидати треба да достават:
Доказ дека не им е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност; Уверение / диплома за завршен степен на образование, Уверение за државјанство. Доказите за исполнување на условите треба да бидат во оригинална форма
или копија заверена кај нотар. Вработувањето ќе биде на определено време, до 31. 12. 2019 година.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Рокот за пријавување на кандидатите е 3 (три) работни дена, од денот на објавувањето на огласот во дневен печат.

Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пристигнатите пријави. Лице за контакт Албана Бајрами.

Контакт телефон 02/3118044.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат за вработување со доставување на пријава за вработување со контакт податоци и документи/докази за исполнување на условите за вработување на адреса на Jавното претпријатие;

ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ДРЖАВНИ ПАТИШТА ул. „Даме Груев” бр. 14 1000 Скопје или во писарницата на Јавното претпријатие за државни патишта, со назнака „за јавен оглас за пријавување на кандидати за вработување во Јавното претпријатие за државни патишта”

КАНДИДАТИТЕ СЕ ДОЛЖНИ ВО ПРИЈАВАТА ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА НАВЕДАТ ЗА КОЕ РАБОТНО МЕСТО АПЛИЦИРААТ.

Некомплетната и ненавремената документација нема да се земе во предвид при разгледувањето на пријавите.

Постапката за избор на кандидатите ќе ја спроведе Комисија формирана од страна на Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта. По завршување на постапката на селекција на кандидатите, за извршениот избор секој кандидат ќе биде писмено известен.

Извор: “fakulteti.mk”

Aлбанец хит во регионот: Погледнете како тој го доживеал донесувањето на новиот закон со кој се забpанети сите обложувалници

Во Албанија од 1-ви јануари со закон се забpанети сите обложувалници, а многу мажи кои биле „навлечени“ на обложување, останале без своето омилено хоби.

Властите во Тирана велат дека со овој потег ќе го разбијат негативното влијание на обложувањето кое го има врз населението, а ова значело дека во еден ден се затворени дури 4300 обложувалници кои постоеле во оваа држава.

Инаку, забраната се однесува и на онлајн обложувањето и на коцкарниците, кои од пред 3 дена дозволени се само во хотелите со 5 ѕвезди.

Оваа одлука многу тешко ја поднеле некои Албанци, а еден од нив снимил и видео, кое за кратко време станало вирален хит на социјалните мрежи.

Погледнете како тој го доживеал донесувањето на новиот закон.

Што треба да има на Бадниковата трпеза: Според верувањата овие јадења на празничната трпеза ќе ви донесат здравје и бериќет во домот

Божиќ или Рождество Христово — денот на Христовото раѓање според Христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигеден.

Црквите кои се водат според јулијанскиот календар, вклучувајќи ја и македонскатата православна црква, го прославуваат Божиќ на 7 јануари.

Еве што треба да имате на трпезата Бадник за здравје, среќа и плодност во домот

Лепче со паричка, Суви пиперки со грав/ сарма со зелка, Компот од суви сливи, Овојше ( јаболка, мушмули, ореви, дуња), Кисела Зелка, Печена тиква, Лук