УХМР предупредува: Во овие денови температурите ќе паднат на -15 степени

Сончево и студено, со мала до умерена облачност е прогнозата за утре.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогнозата на УХМР покажува дека во сабота минималните температури ќе се движат во интервал од – 15 до – 5, а максималните од – 5 до 2 степена.

Во недела минималните температури ќе се спушат до – 13, во понеделеник до – 12, во вторник до – 15, а во среда до – 13 степени.

Максималните температури во тие денови ќе бидат во интервал од – 6 до два или три степени, со исклучок на недела кога се прогнозираат 6 степени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.