дома блог страница 3246

Решение за проблемите кои ги имате секое утро: Како да ја одмрзнете шофершајбната за помалку од една минута?

Една од најлошите работи во студените зимски месеци е чекањето да се одмрзне шофершајбната.

Ако ја вклучите вентилацијата на одмрзнување, тоа може да потрае некое време и исто така да потрошите гориво.

Во случај да се обидувате со стругалка да се ослободите од мраз, постои голема веројатност да се смрзнете и тоа е тешка физичка работа која воопшто не е пријатна рано наутро.

За среќа, овој раствор ќе ја заврши работата подобро од било што од горенаведеното, и за помалку од една минута, а и лесно се прави.

Најдобро е да се направи навечер за да бидете подготвени во утринските часови.

Едноставно измешајте 1/3 вода со 2/3 обичен медицински алкохол (седумдесетпроцентен).

Течноста сипете ја во шише со распрснувач и наутро испрскајте ја замрзнатата шофершајбна. Мразот треба да исчезне во истиот момент.

Ова решение е толку ефикасно бидејќи медицинскиот алкохол не замрзнува се додека не достигне температура од минус 53 Целзиусови степени.

На крај, важен совет, никогаш не прскајте топла или врела вода по замрзнатата шофершајбна ако надвор е студено, бидејќи така ќе додадете уште еден слој мраз на стаклото, а во најлош случај може да дојде до негово пукање.

Вработените во „Еурокомпозит“ незадоволството од директорот ќе го истурат пред влада

Околу 100 вработени во прилепски „Еурокомпозит“ и 154-ица работници прогласени за технолошки вишок денеска пред фабриката го искажаа својот револт кон раководството, зашто се чувствуваат излажани и изманипулирани, особено по последната информација од раководството дека нема пари за плата, ниту за отпремнините.

Според претседателот на синдикатот Роберт Богданоски, трпението го загубиле и се зголемил револтот по последната информација на генералниот директор дека ја откажува исплатата на отпремнините и на платата за вработените.

-Нема ништо од тоа што директорот го вети пред Нова година. Беше ветено, ние вработените да земеме по една плата, а прогласените технолошки вишок да земат дел од отпремнините во висина од 8.000 до 10.000 денари – рече Богданоски.

Тој информира дека на вчерашната средба со раководството, директорот ја откажа исплатата на отпремнината и платата.

– За плата вели да продолжиме да работиме, да се сработи авансот што е земен од МВР и околу 20 јануари да сме земеле некоја плата. Ние не веруваме во тоа. Се јавувавме во владата, но немаме никакви одговори, зашто надлежните биле на годишни одмори. Се собравме и на јавноста и соопштуваме дека в среда, наредната недела планираме да протестираме пред Владата, сите заедно, вработените, технолошкиот вишок, пензионерите. Немаме друг избор – рече Богданоски.

Тој рече дека од септември досега вработените зеле вкупно по 20.000 денаири, во два наврата еднаш 12.000, а другиот пат по 8 000 денари, а за технолошкиот вишок исплатена е една рата од отпремнината по 25.000 денари, иако било ветувано до 30 ноември да земат по 50.000 денари.

Жарко Талески, прогласен за технолошки вишок нагласува дека се чувствуваат излажани и изманипулирани од раководството иако според договорот требаше досега да добијат по 50.000 денари, што е околу половина од отпремнината, а остатокот до крајот на февруари.

– Според договорите заминавме технолошки вишок со платени отпремнини. До 30 ноември требаше да земеме по 50.000 денари, а остатокот до крајот на февруари. Но од раководството се чувствуваме измамени и изманипулирани. Инаку, за инвеститор долго време се споменува дека има заинтересирани, но досега ништо – рече Талески.

Раководството најавува средба за наредниот вторник со вицепремиерот Анѓушев за да се разгледа ситуацијата, а работниците најавуваат в среда, наредната недела , протест пред Владата.

Детската амбасада од Прилеп по 13-ти пат го организира Божиќниот ручек: 500 деца ќе се дружат на една заедничка трпеза

Оваа година по 13-ти пат, традиционално, во организација на „Детската Амбасада За Сите Деца Во Светот“ , во хотелот „Кристал Палас“ во Прилеп, со почеток во 12 часот, 500 деца ќе се дружат на свечен Божиќен ручек и ќе го слават Христовото раѓање. Оваа година, по 10-ти пат на оваа прослава „ Детската Амбасада За Сите Деца Во Светот “ го доделува престижното признание за општествена одговорност „Орден за носител на мирот“. Оваа година ова меѓународно признание му го доделуваме на г-дин Живко Мукаетов, генерален директор на А.Д. „Алкалоид“ од Скопје.

Александра Северкоска Стојаноски од Детската амбасада истакна:

“Дозволете ми најпрво од името на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот, како и од мое лично име, да упатам честитка до сите вас присутните и македонската јавност по повод Новогодишните и Божиќните празници, со желби за љубов, мир, здравје и благосостојба.

Ви благодарам за вашето присуство и што денес сте тука да го најавиме највеселиот настан за децата кој ја одбележува годината, Божиќниот Ручек. Значи оваа година по 13-ти пат, традиционално, во организација на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот, во хотелот „Кристал Палас“ во Прилеп, со почеток во 12:00 часот, 500 деца ќе се дружат на свечен Божиќен Ручек и ќе го слават Христовото раѓање. Оваа година, по 10-ти пат на оваа прослава Детската Амбасада за Сите Деца во Светот го доделува престижното признание за општествена одговорност ОРДЕН ЗА НОСИТЕЛ НА МИРОТ. Оваа година ова меѓународно признание му го доделуваме на г-дин Живко Мукаетов, Генерален Директор на А.Д. „Алкалоид“ од Скопје.

Петстотини деца од целата територија на Република Македонија на заедничка трпеза ќе го прослават Божиќ, денот на Христовото раѓање и на таа заедничка трпеза ќе седнат деца од различни целни групи, како и истакнати деца – членови на Детската Амбасада. Децата се од Прилеп, од Скопје, Штип, Тетово, Крушево, Демир Капија, Струмица и од другите градови ширум државава. Исто така, како во нашите програмски задачи и Конвенцијата за правата на децата за еднаквоста на децата, а во интерес на нашето мото „Едно небо за сите деца“ на оваа Божиќна трпеза имаме покането и деца од другите верски заедници, од исламската, католичката, еврејската и евангелско-методистичката, кои заедно ќе се дружат и ќе празнуваат. На сите деца ќе им се доделат пакетчина за слатки сеќавања на Божиќниот Ручек, за кои се погрижи Градоначалникот на Општина Прилеп г-дин Илија Јованоски.

Божиќниот Ручек ќе го благослови Неговото Високо Преоствештенство, Митрополитот Преспанско-Пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски, Господин Петар. За збогатување на свеченоста ќе се погрижат од танц студио „Зодијак“ од Прилеп и Марија Костоска, a како и секој Божиќ, за уште повесела забава на овој Божиќен Ручек, ќе настапи македонскиот идол Христијан Тодороски.

И оваа година, покрај добитникот на Орденот за носител на мирот, ќе има и доделување на ПЛАКЕТА ЗА ПРИЈАТЕЛ НА ДЕЦАТА, за кои Детската Амбасада за Сите Деца во Светот одлучи да ги додели на најзаслужните, а тоа се: А.Д. „Мермерен комбинат“ од Прилеп, ДГТ „Жикол“ од Струмица.

Организацијата на овој 13-ти по ред Божиќен Ручек за 500 деца успешно се реализира благодарение на пријателите на децата и Детската Амбасада, ЕЛС на Општина Прилеп, Алкалоид А.Д. од Скопје, Кромберт и Шуберт од Битола, А.Д. Реплек од Скопје, Жикол од Струмица, Прилепска Пивара од Прилеп, Млекара А.Д. Битола од Битола, Винчини од Виница. Медиумски покровители на овој настан се: Канал 5 Телевизија, Алфа Телевизија, Македонската Радио Телевизија, Наша ТВ Телевизија, Тера Телевизија, Сити медиа, Акцент медиа, Радио 5 чоки и Радио Холидеј, веб порталите Плус Инфо, Бриф, Слободен печат, 10без10, Шеталиште, Маркукуле и Инфокомпас”.

Со ваучер од “Кожувчанка” стани камперист на мадридистите

На 10 дена пред почетокот на вториот камп на мадридистите брендот “Кожувчанка” подарува ваучери за учество на 5 деца во висина од 12.000 денари.

Пријави се и искористи ја можноста која ти ја нуди “Кожувчанка”.

Доплати го остатокот од сумата и стани учесник на кампот кој се организира во 50 земји на планетава и е прогласен за најдобар фудбалски камп, и камп со најголема репутација во светот.

Пријавувањето направи го со испраќање порака на официјалната страна на фејсбук “Кожувчанка” линк до истата:

https://www.facebook.com/kozuvcankadoo/

и следи ги упатствата или на телефон 075 329-745.

Целосната понуда за фудбалскиот камп можете да ја погледнете на следниот линк http://www.sportarena.mk/vest-statija/69541/vi-go-najavuvame-vtoriot-kamp-na-real-madrid-foundacion-campus-experience

Кој прв ќе се пријави тој ќе ја има можност да ја искористи поволноста од “Кожувчанка”. И не заборавај на кампот на најтрофејниот клуб на планетава кој се одржува од 14 до 18 јануари ќе почуствуваш светски фудбал, донесен преку шпански тренери, и секако кралско искуство.

Пријавувањето е за момчиња и девојчиња од 7 – 17 години.

Патниот правец Прилеп-Кривогаштани целосно завеан: Возете внимателно (ФОТО)

Внимателно на патниот правец Прилеп-Кривогаштани!

Од фотографиите кои ни ги испрати наш читател може да се види дека патот е целосно завеан.

Поради ниските температури наместа имало и голомразица.

Стерјовска Локвенец: “Ќе преземат ли нешто ОЈО и МВР по објавата дека се земало ми то за вработување?! (Видео)

Прес-конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

„Веќе 14 месеци во Прилеп сведочиме за криМинал до криМинал, афера до афера, за кои немаме сознание дека се поведени постапки пред надлежните органи. За жал како да сето ова останува незабележано од прилепското јавно обвинителство и од МВР.

Секоја професионална институција досега би постапила по службена должност и би се заинтересирала за расчистување на фактичката состојба поврзана со тврдењето на вработена во Општина Прилеп, која на својот Фејсбук профил имаше објава дека и кажале како за втор случај било земано мито во Прилеп и Општина Кривогаштани за вработување.

Истата вработена, позната по нејзиниот професионален интегритет, долгогодишното искуство во новинарското истражување побара од МВР да го расчисти случајот. Прашуваме дали МВР досега презеде нешто околу ова? Дали постојат осомничени лица, дали можеби е извршен и распит на истите?

Бараме под итно градоначалникот на Прилеп да даде изјава околу оваа констатација и да ги посочи можните сторители. Нека се изјасни за овој скандал од невидени размери затоа што прилепчани заслужуваат одговор на ова прашање.

Исто така ги повикуваме сите новинари, а сега вработени во Општина Прилеп, кои се истакнати борци за човекови права и слобода, да се зафатат со истражување за овие невидени афери и скандали и пред очите на јавноста да ги посочат сторителите.

Почитувани, Прилеп полека се претвори во град на криМиналот, кој е одраз на неспособноста на локалната и централната власт. Сигурноста е на најниско можно ниво. Граѓаните стравуваат за своите животи! Се вработуваат преку ноќ блиски роднини, пријатели на истакнати функционери од СДСМ на високи позиции. Прашуваме колку чини едно работно место?

Затоа оваа власт мора што поскоро да заврши и ќе заврши. После оваа црнила која се надвисна над Македонија, ќе ја вратиме светлината во секој дом. Затоа што граѓаните го заслужуваат тоа“, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп”, истакна Ирена Стерјовска Локвенец од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Откриена вековната мистерија! Повеќе не е тајна дека не сме сами во вселената: ФБИ објави документи за постоењето на НЛО

Вечното прашање на кое научниците се обидуваат да пронајдат одговор е прашањето дали нашата популација е сама во вселената или не?

Денес потрагата по вонземјани и вонземски летала замина толку далеку што конечно се доби одбговорот на ова прашање. САД е земја во која луѓето најмногу веруваат во оваа теорија. Американската политичарка Хилари Клинтон рече дека ќе ги открие сите документи како конечно би се решил случајот за постоењето на НЛО.

Џон Подеста беше десна рака на претседателот Барак Обама и началник на штабот под администрација на Клинтон, а неодамна објави дека жали што во 2014 година не успеал да го “осигура откривањето на НЛО досиеата” и тоа го смета за негов најголем неуспех.

Кој го пушти “животот” на најјако: Повеќе од 80 проценти од граѓаните би ја напуштиле Македонија!

Поразителни резултати од анкетата што ја спроведе тимот на Факултети.мк на прашањето „Кога би можеле, дали би се отселиле од Македонија?“. Дури 83,7 отсто од испитаниците би си заминале од Македонија кога би имале шанса. Анкетата беше отворена пред две недели, а на прашалникот анонимно одговорија вкупно 1.474 читатели.

Интересен е податокот што во првите неколку часа имаше масовно одговарање на трите поставени прашања.

На прашањето „Кога би имале шанса, дали би заминале од Македонија?“ одговорија 1.491 читател. Од нив дури 1.234 (83,7%) одговориле со „да“, 123 (8,3%) се двоумат, додека 117 испитаници (7,9%) би останале во Македонија.

Различни се одговорите за земјата каде што би се преселиле. Германија, Австралија, Канада, Франција, Холандија, Данска, Австрија, Скандинавија, Швајцарија, Словенија, Нов Зеланд, Шведска, САД, Англија… Има и вакви одговори: „Каде било, само не Македонија“, „Подалеку оттука“, „ Во земја каде што владеат закони и каде што има нормален здравствен систем и образование“.

На прашањето: „Зошто би заминале?“ одговорија 1.054 читатели. Најчестиот кус одговор е „за подобар живот“. Еден читател ја сублимирал целата реалност во неколку реченици:

– Катастрофално лошо функционирање на сите институции. Корупција, мито, непотизам. Голема злоупотреба на должностите и функциите што им ги доверила државата. Лоша инфраструктура, лоша организација во функционирањето на сите институции. Тие што се одредени да ја организираат работата и функционирањето на институциите се неспособни, корумпирани, алчни да заработат многу за кратко време. Не постојат долгорочни планови за развој и напредок. Корумпирана полиција, судство… Здравствениот систем многу лошо организиран, нефункционален. Образовниот систем корумпиран. Факултетите се натпреваруваат кој ќе им додели (продаде) повеќе дипломи на неспособни кадри! Способните, вредните, тивките, трудољубивите… се оставени на маргините, да се снаоѓаат како знаат и умеат.

Во продолжение се дел од одговорите на нашите читатели зошто би заминале од Македонија:

– Бидејќи во нашата држава не функционира никаков систем (политички, образовен, здравствен итн.), покрај тоа и народот е тотална катастрофа.

– Подобри работни позиции, подобра плата, поголема општествена свест, помало ниво на корумпираност во тие земји. Вработениот кадар таму е барем соодветно образован за своите работни места. Без навреда на чесните исклучоци во нашата земја, дури и самите експерти што ги имаме се со многу низок морал за да може да ја извлечат оваа земја од дупката во која е падната.

– Подобра иднина на моите деца и сигурност.

– За да дишам чист воздух.

– Затоа што ова не е држава.

– Лош и недостоен живот во Македонија.

– Поради нефункционирањето на институциите составени од партиски и неписмени кадри. Поради ужасното здравство. Поради фаќањето врски во сите сфери од секојдневниот живот. Да одиш на добар лекар, ти требаат врски и многу пари. Да добиеш соодветна позиција на работно место, ти требаат врски и многу пари. За да завршиш факултет, ти требаат врски и многу пари. Секоја чест на поединци што работат по закон, ама ретки се. Па се прашувам зошто држат позиција да земаат плата од државата, а ништо да не сработат? Зошто за такви луѓе да плаќам даноци? Можеби треба и кога одиме по шалтери, да му платиме само на оној што ќе мрдне со прст и ќе ни заврши работа, а не за сите, па и на оние што дремат.

– Ниските плати, урнатиот образовен и правен систем, пропаднато здравство, т.е. во целина нашево општество има тренд во негатива, секој ден тонеме сè повеќе и повеќе, а никој не презема ништо околу тоа. Напротив, преокупирани сме со хаосот во политиката од кој само политичарите имаат корист, а додека ние, граѓаните, на оваа мала држава сме принудени да бараме начин како да го поминеме денешниот ден, а сето тоа да го скриеме од очите и чувствата на нашите деца.

– Преку глава ми е од недоквакани политичари и останати подлизурковци што раководат со општеството, компаниите и сè друго во државата.

– Не е до парите. Секојдневието е катастрофа од сите аспекти (народ, опкружување, манири, ставови, институции, општини, ВОЗДУХ).

– Нема една причина зошто би останал. Животот ми е уништен овде, работам по 13 часа секој ден и едвај преживуваме. – За да не ги гледам повеќе овие ѓубриња од пратеници (важи за сите партии) како ја докрајчуваат државата.

– Затоа што и покрај тоа што за година дена ќе станам магистер по фармација, не гледам дека овде можам да заработам за нормален живот. Во 21 век татко ми е заминат на печалба…

– Поради долгорочната невработеност на сопругот иако е магистер. Одвратното владеење каде што институциите те дерат на секој чекор и тоа малку што ти останува. Немање никаква економска сигурност, при што една плата нè дели од бездомништво.

Извор: infomax.mk

Бараат работници кои ќе се преселат таму: Даваат 10.000 долари, а ова им е најголем бизнис

Една од најмалку населените области во САД и лидер на производство на јаворов сируп, Вермонт, усвои закон по кој ќе дозволи прилив на работници и во таа цел ќе им плати 10.000 долари за две години.

„Имаме демографски проблем во државата. Потребни ни се повеќе луѓе“, вели гувернерот Фил Скот.

42,7 години е просечната возраст на населението, а Вермонт има 600.000 жители.

За оваа програма се издвоени 500.000 долари, а оние кои први ќе аплицираат, имаат поголеми шанси да добијат пари.

Светот ја знае како наЈубавата полицајка, а сега одново се враќа на работа (Фото)

Најубавата полицајка во Германија, Адриене Колешар, одново ќе патролира. По половина година неплатено отсуство, 34-годишната блондинка се враќа на работа во Дрезден, пишува „Билд“.

Ја облекувам униформата и одам на работа, напиша Адриене на својот профил на Инстаграм на кој има 630.000 следбеници.

Со свои пријатели, таа во декември две недели престојувала во Јужна Африка. Последниве месеци таа ги посетила Мајами, Дубаи и Малдивите. Во ноември, меѓутоа, објави дека си ја сака полициската служба и оти ќе им се врати на обврските. Во меѓувреме, Адриене на Инстаграм рекламирала козметика, автомобили и спортска опрема.