дома блог страница 3241

Сообраќајка на патот Битола-Ресен: Прилепчанец го загуби животот

Едно лице го заг уби животот, а четири се повре дени, меѓу кои две деца во сообраќајна несре ќа која се случила вчера во 16 часот на магистралниот пат Битола-Ресен, кај место викано „Чешми“.

Од МВР информираат дека се случила сообраќајна нез года помеѓу патничко моторно возило „Сеат кордоба“ со прилепски регистерски таблици, управувано од Љ.П.(64) од Прилеп, и патничко моторно возило “Фолксваген пасат“ со охридски регистерски таблици, управувано од Д.К.(38) од с.Дрмени-ресенско.

-На местото на настанот поч инал Љ.П. Со тешк и телесни повреди се здобиле возачот Д.К., како и сопатниците од истото возило Л.К.(39) и две деца на возраст од 14 и 11 години, сите од с.Дрмени-ресенско, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Клиничката болница во Битола, информираат од полицијата.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Битола.

“Кај и да си, за Бадник дома да си” – поговорка која за прилепчани се чини е закон! Фотографиите кажуваат се’

“Пред Божиќ, зад Божиќ дома да си”, или “Кај и да си, за Бадник дома да си”, се чини овие две поговорки се како закон за прилепчани.

Фотографиите кои ни ги испрати еден наш читател се доказ за тоа, а се направени за време на Бадниковата вечера.

Погледнете:

Koи холивудски ѕвезди и познати личности слават денеска Божиќ (Фото)

Некои го слават поради своите предци, некои поради емотивните партнери, а некои поради љубовта кон православието.

Холивудската актерка Џенифер Анистон православното христијанство го наследила од таткото Џон Анистон, кој исто така се занимава со глума. Тој е роден како Јанис Анастасакис на грчкиот остров Крит.

Џенифер давала добротворни прилози за црквата под покровителство на Вселенскиот патријарх.

Том Хенкс

Актерот Том Хенск е роден во католичко семејство, но подоцна преминал во православие. Причината за преоѓањето е неговата втора сопруга Рита Вилсон, актерка која има бугарско-грчки корени.

– Кога ќе одлучите да се венчате со некого и да имате деца, тогаш мора да одлучите и какво духовно наследство ќе им оставите на децата – рекол Том кој во 1988 година се венчал во истата црква во која е крстена неговата сопруга.

Ким Кардашијан

Американската старлета по потекло е Ерменка. Таа е четвртата генерација на иселеници од Ерменија. Ким Кардашијан минатата година на Твитер на сите им го честита Божиќ на 7 јануари.

„Депеш мод“

Пејачот на легендарната група „Депеш мод“, Дејвид Гахан, ја преземал православната вера од својата сопруга Џенифер Скилаз.

Наоми Кембел

Славниот топ модел Наоми Кембел станала верник на Руската православна црква во текот на врската којашто ја имаше со рускиот тајкун Владислав Дороњин.

Неодолив нутела божиќен колач кој се прави од три состојки, а ќе ги израдува вашите најмили (Видео)

Божиќните собири, покрај традиционалните јадења, не може да се замислат и без многу благи нешта, колачи, пити и божиќни торти. Но, иако секој ги сака веќе испробаните рецепти, понекогаш не е лошо да се проба и нешто ново.

За овој нутела колач ви се потребни 3 состојки:

– Три лажици нутела

– Две кори за печење

– Едно јајце

Се сеќавате ли на оваа песничка? Ова е најубавата Божиќна песна од нашето детство (Видео)

„Божиќна песна“ е изведена првпат во 1993 година на фестивалот „Златно славејче“. Музиката и аранжманот се на Кире Костов, текстот го напиша Љупчо Јакимовски, а песничката ја испеа Александра Кољозова.

Тивка јануарска ноќ
на исток ѕвезда свети,
купив божиќно дрвце
сила и моќ ми вети

Тивок јануарска ден
радост и среќа точи,
на Христос роденден
празник за очи

Сега мирно течете води
вистина е, Христос се роди!
Луѓе гласно запејте
Христос се роди!

Седмојануарски ден
црковни ѕвона слушам,
дрвце божиќно на врата
спокој во секоја душа

Сега мирно течете води
вистина е, Христос се роди!
Луѓе гласно запејте
Христос се роди!

Циркуз со паричката: Му ја наместија на градоначалникот за да се фали и фотографира (Видео)

По повод православниот празник, во Загреб вчера се одржал традиционален прием во организација на Српскиот национален совет, на кој се кршело и традиционалното бадниково лепче.

Токму овој адет предизвика големи реакции, кога на „Твитер“ се појави снимка на која попот му ја дава паричката на претседателот на Српскиот национален совет Милорад Поповиќ, а тој тајно му го подава на загребскиот градоначалник Милан Бандиќ.

Бандиќ потоа се фали со паричката.

Ако ова не е циркуз…, коментираат загрепчани.

(Фото галерија) Бадникова бела магија кај манастирот “Св. Архангел Михаил” во Варош

Бадникова честитка од манастирот “Св. Архангел Михаил” и од најстарата населба Варош во Прилеп.

Вистинска убавина!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ шести пат по ред најсреќен на Бадник

Во семејството Мицкоски, најсреќен бил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на кого одново му паднало паричето во Бадниковото лепче – дознава “Лидер”.

На Мицкоски паричката му се паднала шести пат по ред. Тој е оженет со Рози и имаат две деца, Јован и Антони.

Градоначалникот одново не ги прими коледарчињата, нешто што во минатото беше традиција (ФОТО)

Фото/printscreen/infokompas.com.mk

По повод Бадник денеска во Прилеп по 5-ти пат се одржа Бадниковата поворка. Дечињата носејќи ја макетата на пештерата во која се родил Исус Христос тргнаа од црквата „Свети Кирил и Методиј“ – Параклис и пеејќи ја песната „Вечниот Бог“ се прошетаа низ чаршијата и прилепскиите улици.

Како и ланската година и оваа, коледарчињата не ја посетија општина Прилеп и не добија подароци, нешто што беше традиција во изминатите години.

Прилепчани паметат дека 200 деца од Бадниковата поворка ниту ланската година не беа примени во општината со изговор дека “Традицијата треба да се култивира, а не да се примитивизира”.

 

Градскиот татко на Прилеп одби да ги прими бадникарите – не бил Дедо Мраз и бил неработен ден!?

Градоначалникот тогаш се повика на уставната секуларност на општината и функцијата градоначалник и верските традиции ги остави на МПЦ како институција.

Сепак, прилепчани беа и сведоци дека Јованоски не е толку секуларен колку што се прави. Пример за тоа беа празничните честитки кои градоначалникот ги упати за Велигден, Божиќ и други христијански празници.

Традицијата на бадникови поворки е нешто што се возобнови во изминатите години.

Според свештеникот Веле Спиркоски од црквата „Свети Кирил и Методиј“ – Параклис од Прилеп, ова било стара традиција која полека се возобновувала кај народот. Со ваквите иницијативи тие како црква се бореле против паганските елементи во одбележувањето на одредени празници и го покажувале вистинскиот начин како тие треба да се празнуваат.

Претходната локална самоуправа на чело со тогашниот градоначалник Марјан Ристески, редовно ги пречекуваше дечињата предвесници на Христовото раѓање и им даруваше пакетчиња.

Младите од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп со потег за почит: Поделија бадникови гранчиња на случајни минувачи и им го честитаа Божиќ (Фото)

“УМС Прилеп денес во центарот на градот на минувачите им подели бадникови гранчиња и им ги честита големите христијански празници.

Воедно на сите граѓани на Република Македонија им ги честитаме новогодишните и божиќните празници и нека овие денови донесат здравје,љубов,мир и топлина во секој дом”, напишаа од УМС при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.