Се сеќавате ли на оваа песничка? Ова е најубавата Божиќна песна од нашето детство (Видео)

„Божиќна песна“ е изведена првпат во 1993 година на фестивалот „Златно славејче“. Музиката и аранжманот се на Кире Костов, текстот го напиша Љупчо Јакимовски, а песничката ја испеа Александра Кољозова.

Тивка јануарска ноќ
на исток ѕвезда свети,
купив божиќно дрвце
сила и моќ ми вети

Тивок јануарска ден
радост и среќа точи,
на Христос роденден
празник за очи

Сега мирно течете води
вистина е, Христос се роди!
Луѓе гласно запејте
Христос се роди!

Седмојануарски ден
црковни ѕвона слушам,
дрвце божиќно на врата
спокој во секоја душа

Сега мирно течете води
вистина е, Христос се роди!
Луѓе гласно запејте
Христос се роди!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.