дома блог страница 3231

Лоши вести за возачите: Поскапуваат горивата и дизелот во Македонија

По една релативно долга серија во која регулаторот ги намалување малопродажните цени на нафтените деривати, од вторник веројатно ќе возиме поскапо гориво. Движењето на цената на суровата нафта на берзата во Лондон го најавува тоа.
Од вторникот на 8 јануари, кога и се креираа актуелните цени до денеска, барел сурова нафта на лондонската берза е поскап за околу 3 долари и повторно е над границата од 60 долари.

Во такви услови за очекување е благо зголемување на малопродажните цени, кои не треба да биде изненадување ако се зголемат за околу денар до денар и половина по литар.

Минатиот вторник, цените се намалија за 2,5 односно 3 денари по литар. Во моментов бензините се продаваат за 58,5 односно 60 денари по литар а нафтата за 55 денари.

(Фото) Прва реакција на Душко Тошиќ по гласините за развод со Карлеуша: Објави фотографија со која ја запрепасти Србија

Откако неговата сопруга Јелена Карлеуша се најде во центарот на афера со босанксиот фудбалер Огњен Врањеш, Душко за прв пат се огласи на социјалните мрежи.

Освен што порача дека сега ќе биде уште посилен, денес на Инстаграм објави заедничка фотографија со Јелена.

Колку што е познато на јавноста, пејачката е и понатаму во Кина, каде Душко се наоѓа поради работни обврски, а судејќи по објавата на фудбалерот, гласините за развод не се точни.

Поздрав од Анкара: Ладен туш за Димитров од Чавушоглу – Македонија во НАТО да ама под Уставно име

Турција сака да ја види Македонија како 30-та членка во НАТО без никакво одлагање, изјавил шефот на турската дипломатија Мевлет Чавушоглу, на средбата со македонскиот МНР Никола Димиров, и истакнал дека неговата земја ја признава Македонија под уставното име, пренесуваат грчки медиуми.

Во рамки на работната посета на Анкара, министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевљут Чавушоглу, како и со претседателот на Собранието, Бинали Јилдирим, а претстојат средби со министерот за одбрана, Хулуси Акар и високи претставници во Кабинетот на претседателот Ердоган, пишува Инфомакс.

На средбата со Чавушоглу беше потврдена посветеноста на двете страни за натамошно градење на блиски, пријателски и партнерски меѓусебни односи. Се дискутираа можностите за подобрување на соработката во економијата, инвестициите, образованието, културата итн. Министерот Чавушоглу потенцираше дека Република Турција и понатаму максимално ќе ја поддржува Република Македонија во евроатлантските интеграции. Тој позитивно ги оцени најновите случувања во Република Македонија во тој контекст – соопштија од МНР.

(Фото) Што има во црната торба која телохранителот на рускиот претседател не ја испушта од раце

За време на доаѓањето на Путин во Белград, руксиот претседател беше следен од телохранител со црна актовка во рацете. Тој не се одвојуваше од рускиот претседател, а причината за тоа е што во неа се наоѓаат контролите за нуклеарното вооружување на Русија.

“Чегет”, како што се нарекува актовката (името го добила по еден планински врв на Кавказ, а во превод значи “црн”), во употреба е од осумдесеттите години на минатиот век.

Станува збор за системот на контроли со посебен аудио-визуелен систем “Кавказ”, а чија задача е да ја одржува врската меѓу рускиот претседател и штабот во случај на употреба на нуклеарно оружје.

Шарпланинецот “Паша” мирно го чека рускиот претседател: Има и пасош со кој од Србија ќе патува во Русија!

Малиот шарпланинец по име Паша, кого српскиот претседател Александар Вучиќ ќе му го подари на неговиот руски колега Владимир Путин, е подготвен во Белград да го пречека својот нов стопан.

Тримесечното кученце е целосно исчистено и средено за првата средба со рускиот претседател, пишуваат српските портали. Познато е дека Путин обожува кучиња и дека неколку државници досега му имаат подарувано кучиња од раси кои се симбол на нивните земји.

„Кутрето има сериозно педигре од седум генерации. Станува збор за нашата најстара автохтона раса и познато е дека претседателот Путин сака токму такви раси“, изјави вчера извор од српското претседателство.

Паша има пасош со кој ќе отпатува за Русија, а во него се наведени сите најважни податоци за него, како на пример каде му е вграден чипот и кога е вакциниран.

Секоја чест! 10 девојчиња оваа година ќе скокнат по Светиот крст во Прилеп за Водици

Празникот Богојавление – Водици секоја година зема се поголема масовност во Прилеп околу неговото чествување. Пријавувањето на кандидатите кои скокаат по Светиот Крст е се поголемо. За оваа година се пријавении 98 кандидати, од кои 10 девојчиња, а од нив најмалото е родено 2005 година. Најмалиот пак учесник, момче, е роден 2007 година. Како и лани така и оваа година фрлањето на Крстот ќе се изврши во Аква паркот Салида во Прилеп со почеток во 12 часот.

Mоќно видео во пресрет на клучната битка: Храбро момци! Исланд ќе падне!

Видео за мотивација во пресрет на клучниот дуел од групната фаза на Светското првенство против Исланд.

Во досегашниот дел од првенството година ги совладавме Јапонија и Бахреин, а забележавме порази од Хрватска и Шпанија.

Денеска нашите ракометари со почеток од 18:00 часот одново ќе одлучуваат за пласман во втората фаза против секогаш незгодниот Исланд.

“Лидер”: Eве кои почитичари се поканети на Молитвен појадок кај Трамп: Меѓу нив Николоски и Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ

ваа година вицепремиерот Бујар Османи, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, пратеникот Влатко Ѓорчев, пратеничката од СДСМ Фросина Ременски, градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари и сопругата на поранешниот претседател Вилма Трајковска се поканети на традиционалниот Молитвен појадок во Вашингтон, дознава Лидер.

Нашите извори потврдија дека сепак има покана и за некој од владејачката партија, а станува збор за пратеничката Фросина Ременски. Освен неа поканети се и Таравари од Алијанса на Албанците, како и сопругата на покојниот претседател Борис Трајковски.

Настанот ќе се одржи на 7 февруари, а се очекува гостите да се заложат за соработка, пријателство и благосостојба, како и да разменат мислења за глобалните случувања и предизвици со кои што се соочуваат современите општества.

Молитвениот појадок се одржува секој прв четврток во февруари уште од 1953 година. Зачетник на случувањето е Абрахам Вереида, методист од норвешко потекло. На појадокот во хотелот „Хилтон“ во Вашингтон присуствуваат околу 3.500 гости, при што главно станува збор за истакнати личности, претседатели, премиери, политичари, бизнисмени, верски лидери, студенти.

На Водици сите одат по света вода, но грешат во една работа- ова никако не го заборавајте во сабота!

Богојавление е ден кога според преданието, божјиот глас објавил дека Исус е негов син и се верува дека воочи овој празник на полноќ се исполнуваат сите желби.

Бројни верници на Богојавление одат во црква по света вода со која домашните потоа ќе измијат, но за да осветената вода навистина биде делотворна, пред и после земање на водата, потребно е да се помолите.

Обичај е на овој ден ништо да не се работи по дома, да не се пере облека, а ткаењето задолжително треба да се изостави. Никако не треба да се мисли лошо, ниту пак некому да се посака зло. На овој ден не е задолжително да се пости.

Од временските прилики за Богојавление зависи какво време не` очекува. Се верувало дека ако за Богојавление има мраз или паѓа снег, година ќе биде родна, а ако биде ведро, годината ќе биде сушна.

Пет „трки“ на големите сили кои ќе ја одбележат 2019 година

Годинава која штотуку започна, ветува мноштво случувања како на меѓународната политичка, така и на економка сцена. Едно по секако ќе биде заедничко, несогледливата конкуренција помеѓу политичките, економски и технолошки „гиганти“, пред се меѓу Кина, САД и Русија.

На политичката сцена, неколку жешки теми ќе ја одбележат оваа година, парламентарни избори кај американските демократи, избори за Европскиот парламент, но и предвремени избори во Израел, додека економски гледано, оваа година ќе ја одбележат два големи натпревари – освојувањето на вселената, но и борба за пазарот на петата генерација во сферата на телекомуникациите.

Избори кај демократите во САД

Следните претседателски избори во САД ќе се одржат кон крајот на 2020 година. Меѓутоа, кандидатите кои ќе се тркаат за место претседател на САД, ќе бидат познати неколку месеци пред тоа. Дали некој ќе ја преземе „диригентската палка“ од Доналд Трамп, се уште не се знае.

Меѓутоа, кај демократите желбата да се земе „палката“ е голема. На претстојните пратенички избори во трката за кандидати кај демократите се очекуваат дури 40 имиња. Меѓу нив е некогашниот потпретседател на САД, Џо Бајден, но и некој други лица како популарната тв водителка Опра Винфри, иако не е сигурно дали таа ќе даде согласност да учествува во трката за следен американски лидер.

Избори за Европскиот парламент

И порај тоа што Европскиот парламент не влијае во голема мера на политиката на Европската унија, токму ова тело привлекува огромно внимание кај медиумите и јавноста. Распоредот на силите во парламентот во одреден степен ја претставува сликата и приликата на политичката состојба на Стариот континент.

Целата сторија прочитајте ја ТУКА