Поздрав од Анкара: Ладен туш за Димитров од Чавушоглу – Македонија во НАТО да ама под Уставно име

Турција сака да ја види Македонија како 30-та членка во НАТО без никакво одлагање, изјавил шефот на турската дипломатија Мевлет Чавушоглу, на средбата со македонскиот МНР Никола Димиров, и истакнал дека неговата земја ја признава Македонија под уставното име, пренесуваат грчки медиуми.

Во рамки на работната посета на Анкара, министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевљут Чавушоглу, како и со претседателот на Собранието, Бинали Јилдирим, а претстојат средби со министерот за одбрана, Хулуси Акар и високи претставници во Кабинетот на претседателот Ердоган, пишува Инфомакс.

На средбата со Чавушоглу беше потврдена посветеноста на двете страни за натамошно градење на блиски, пријателски и партнерски меѓусебни односи. Се дискутираа можностите за подобрување на соработката во економијата, инвестициите, образованието, културата итн. Министерот Чавушоглу потенцираше дека Република Турција и понатаму максимално ќе ја поддржува Република Македонија во евроатлантските интеграции. Тој позитивно ги оцени најновите случувања во Република Македонија во тој контекст – соопштија од МНР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.