Лоши вести за возачите: Поскапуваат горивата и дизелот во Македонија

По една релативно долга серија во која регулаторот ги намалување малопродажните цени на нафтените деривати, од вторник веројатно ќе возиме поскапо гориво. Движењето на цената на суровата нафта на берзата во Лондон го најавува тоа.
Од вторникот на 8 јануари, кога и се креираа актуелните цени до денеска, барел сурова нафта на лондонската берза е поскап за околу 3 долари и повторно е над границата од 60 долари.

Во такви услови за очекување е благо зголемување на малопродажните цени, кои не треба да биде изненадување ако се зголемат за околу денар до денар и половина по литар.

Минатиот вторник, цените се намалија за 2,5 односно 3 денари по литар. Во моментов бензините се продаваат за 58,5 односно 60 денари по литар а нафтата за 55 денари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.