Секоја чест! 10 девојчиња оваа година ќе скокнат по Светиот крст во Прилеп за Водици

Празникот Богојавление – Водици секоја година зема се поголема масовност во Прилеп околу неговото чествување. Пријавувањето на кандидатите кои скокаат по Светиот Крст е се поголемо. За оваа година се пријавении 98 кандидати, од кои 10 девојчиња, а од нив најмалото е родено 2005 година. Најмалиот пак учесник, момче, е роден 2007 година. Како и лани така и оваа година фрлањето на Крстот ќе се изврши во Аква паркот Салида во Прилеп со почеток во 12 часот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.