Пет „трки“ на големите сили кои ќе ја одбележат 2019 година

Годинава која штотуку започна, ветува мноштво случувања како на меѓународната политичка, така и на економка сцена. Едно по секако ќе биде заедничко, несогледливата конкуренција помеѓу политичките, економски и технолошки „гиганти“, пред се меѓу Кина, САД и Русија.

На политичката сцена, неколку жешки теми ќе ја одбележат оваа година, парламентарни избори кај американските демократи, избори за Европскиот парламент, но и предвремени избори во Израел, додека економски гледано, оваа година ќе ја одбележат два големи натпревари – освојувањето на вселената, но и борба за пазарот на петата генерација во сферата на телекомуникациите.

Избори кај демократите во САД

Следните претседателски избори во САД ќе се одржат кон крајот на 2020 година. Меѓутоа, кандидатите кои ќе се тркаат за место претседател на САД, ќе бидат познати неколку месеци пред тоа. Дали некој ќе ја преземе „диригентската палка“ од Доналд Трамп, се уште не се знае.

Меѓутоа, кај демократите желбата да се земе „палката“ е голема. На претстојните пратенички избори во трката за кандидати кај демократите се очекуваат дури 40 имиња. Меѓу нив е некогашниот потпретседател на САД, Џо Бајден, но и некој други лица како популарната тв водителка Опра Винфри, иако не е сигурно дали таа ќе даде согласност да учествува во трката за следен американски лидер.

Избори за Европскиот парламент

И порај тоа што Европскиот парламент не влијае во голема мера на политиката на Европската унија, токму ова тело привлекува огромно внимание кај медиумите и јавноста. Распоредот на силите во парламентот во одреден степен ја претставува сликата и приликата на политичката состојба на Стариот континент.

Целата сторија прочитајте ја ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.