Нашиот актер и шоумен, Игор Џамбазов, веќе извесен период е доста активен на социјалната мрежа Инстаграм каде не ретко објавува фотографии од своето секојдневие, но и такви од минатото.
Во низата ретро фотографии кои постојано осамнуваат на неговиот профил се најде и таква од свадбата на неговите родители, композиторот и диригент Александар Џамбазов и неговата мајка, бардот на нашето глумиште – Анче Џамбазова.
Повеќето од неговите следбеници искажаа почит за племенитите уметници, а на Игор му порачаа дека е „плукнат“ на татка си Александар.
Министерот за здравство, Венко Филипче во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека вакцинирањето на неговата внука било со цел да ги увери граѓаните дека вакцините се безбедни, но и дека таа е се уште мала и не може да биде вакцинирана од МРП.
„Секогаш е добро да се покаже со личен пример дека нешто е вистина, дека нешто е вистински чекор и дека нешто е вистинска политика. И во таа насока беше вакцинирањето на мојата мала внука, која е се уште мала и не може да биде вакцинирана од МРП, меѓутоа и објавата беше во насока на тоа дека ние како здравствени власти ги уверуваме сите граѓани, родителите на малите деца дека вакцините се безбедни. Процесот на вакцинација е апсолутно безбеден, дека тоа е вистинска инвестиција во здравјето на децата. Мојот чин беше во однос на сите овие аргументи“, изјави Филипче.
„Македонија Пат“ или по ново „Северна Македонија Пат“ наместо да превземе одговорност за катастрофалната состојба во која се најдоа патиштата во текот на вчерашниот ден, кога речиси сите патни правци низ државата, без исклучок, беа под метарска обвивка од снег која предизвика низа на сообраќајни нecpeќи, излетани автомобили и отсечени населени места, ги oбвини возачите – пишува “Инфомакс”.
Колку и да звучи неверојатно, винaтa за блокираните патни правци низ Македонија поради врнежите од снег, раководителот во Македонија Пат ја најде кај возачите, небаре тие фрлаа снег по улиците и патиштата.
„Сообраќајот го чинат три чинетли, а се анализира само состојбата на патот. Забелешката наша е што треба да се направи анализа и на постојните возила кои се наоѓаат на патот и возачите на истите. Од долгогодишното искуство имаме сознанија и чести појави на управување на моторни возила под дејство на aлxoxoл, управување без возачка дозвола, нeпoчитувaњe на сообраќајните правила и поставената сообраќајна сигнализација, а во делот на состојбата на возилата посебно тешкиот товарен сообраќај сведоци сме на непоседување на соодветни пневматици“ – рече раководителот Сарџовски.
Човекот најверојатно ја немаше разбрано причината поради која беше повикан да даде изјава, односно да одговори зошто во текот на вчерашниот ден, но и снежните врнежи кои на почетокот на месецот ја оковаа Македонија не беа соодветно исчистени, а патните правци оспособени за нормално одвивање на сообраќајот.
Генералот Стојанче Ангелов кој во неколку наврати кршеше ѓерамиди со раце и глава, сега доби конкуренција – пишуваа на социјалните мрежи фејсбукџиите и твитерџиите кои го објавуваат видеото во продолжение:
Погледнете ги и видета на Ангелов, па направете паралела кој е подобар:
И покрај сите притисоци гордо се именувавме како Македонија и Македонци, и покрај сите неправди преку нашите спортисти Светот не именуваше и препознаваше како Македонија и Македонци. И беше вака се додека не се појави Зоран Заев, човек кој единствено поради личен интерес и заштита на криминалот прифати смена на името во Северна Македонија, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук.
-Затоа избори на кои народот ќе одлучи дали е за понижена Северна Македонија или достоинствена и успешна Република Македонија!, вели Мицкоски.
Ице Трајкоски е новата боксерска надеж од Прилеп, момче со карактер и извонреден спортски талент. Упорната работа, тренинг и желба, го внесоа во водите на професионалниот бокс, а тренингот под покровителство на тренерот Дарко Чатлески, од ова младо момче ќе направи спортист за почит. Трајкоски од мали нозе мечтаел за боксот. Неодамна во Тирана, Ице го победи на домашен терен Албанецот Јорго Гонај со нокаут во прва рунда. Во продолжение разговараме со него за досегашните успеси, но и идни планови, како и за тоа што се’ е потребно за еден млад човек да спортува бокс.
Кога се роди првата љубов кај тебе кон боксот и што беше пресудно да започнеш најпрво да тренираш, а потоа и професионално да се занимаваш со овој спорт?
Уште од мали нозе им се восхитував на брокерските атлети и имав голема желба да почнам да тренирам бокс, но моите родители не ми дозволуваа бидеќи е еден од поекстремните спортови во кој повредите се почести. Истата таа желба во текот на годините стануваше се поголема и пред три години беше пресудна да јас почнам да тренирам бокс, а моментот кога сфатив дека овој спорт ме исполнува и сакам максимално да се посветам на него, решив да преминам од аматерски во професионални борби.
Боксот е напорен спорт кој сигурно дека бара добра физичка подготвеност. Што друго е потребно да поседува еден спортист кој сака да се занимава со овој спорт и колку лесно или тешко се стигнува до тоа?
Точно, боксот бара огромна физичка подготвеност. Исто така огромната желба и посветеност се пресудни за успех во овој спорт, колку повеќе си амбициозен толку поголеми се шансите за успех.
Прилеп од секогаш имал добар потенцијал кога боксот е во прашање, но ќе се согласиш дека со исклучоци овој спорт стагнира во нашиот град, но и во нашата држава. Зошто е тоа така и што според тебе е потребно за работите да тргнат на подобро?
Точно така, Прилеп од секогаш имал квалитет и потенцијал кога е во прашање боксот и повеќе од очигледно е дека боксот како спорт стагнира во изминативе години, не само во Прилеп туку и во Македонија, се разбира секоја чест на исклучоците. Многу работи треба да се сменат, но не би сакал да коментирам и ќе останам воздржан на таа тема.
Тренираш под тренерската палка на мајсторот за бокс од нашиот град Дарко Чатлески, спортист со големи успеси во овој спорт и голема желба за напредок и очекувања од своите ученици. Како е да се тренира со Чатлески, дали е напорно и што може да се очекува од вашата заедничка работа?
Чест е и огромно задоволство да се има тренер како Дарко Чатлески, човек кој има многу придонесено за боксот во Прилеп и на ниво на цела Македонија. Има огромен придонес во мојот развој и напредок во боксот. Дали е напорно? Хахаха, нормално дека е, Дарко добро знае што е потребно за успех и секогаш се стреми да ме донесе ниво погоре, сепак е син на еден од легендите на Прилепскиот спорт Ѓорѓи Чатлески.
Ице, досега си имал повеќе борби. Кој е твојот биланс на победи и порази и дали желбата за победа е секогаш пресудна за успех во рингот?
Само што излегов од аматерските води, после 10 аматерски борби преминав во професионални, мојот биланс брои 2 професионални борби еден пораз и една победа со нокаут. Желбата е еден од клучните фактори за победа во рингот, но не и пресудна, потребна е голема дисциплина, тренинг и физичка подготвеност за успех.
Пред извесно време имаше професионална борба во Тирана Албанија каде победи. Како гледаш на овој триумф, што ти донесе и дали беше тешко да се победи на така жежок гостински терен?
Тирана беше тест за мене, со тренерот Чатлески сакавме да видиме до каде е мојот физички и психички напредок. Секогаш е тешко да боксуваш со противник кој е на домашен терен и публиката е на негова страна.
Што можеме да очекуваме од тебе за скоро време?
Во моментов имаме неколку понуди. Со тренерот Чатлески внимателно ги разгледуваме опциите и за брзо време може да очекувате нов боксерски меч.
До каде се твоите можности и што можеш да и ветиш на спортската јавност?
Напорно работиме со тренерот Чатлески и секој нов меч е чекор поблиску до целта, а тое е титула. Со Господ напред и напорна работа мислам дека еден ден ќе стигнеме до таму.
Нокаутот на Ице во Тирана против Јорго Гонај во прва рунда:
Крушево е вистинско совршенство во зима. Посебно денеска кога 80-тина сантиметри снег направија дебела снежна прекривка и по којзнае кој пат направија од Крушево прекрасен зимски пејсаж.
Затоа оставете ги обврските за миг и трк до Крушево! Уживајте во кристално чистиот воздух и прекрасниот зимски амбиент.
Овој објект првично изгледа како огромен индустриски оџак, но не е тоа. Се работи за џиновски прочистувач на воздухот, кој што е изграден во центарот на градот Ксиан во Кина.
За разлика од индустриските оџаци кои загадуваат, оваа 60 метарска кула прочистува.
Капацитетот на овој прочистувач е од 5 до 18 милиони кубни метри воздух во текот на еден ден.
Има огромна способност за справување со ситните ПМ 10 честички кои штетно влијаат на здравјето на луѓето, и тоа за 10 до 10% на 10 километри квадратни површина.
Загадувањето на воздухот според научниците е причина за смрт кај 7 милиони луѓе годишно во светот.
Сепак, оваа кула засега е сеуште во експирементална фаза. Истата била изградена во 2016 година, а досега ги надмина своите очекувања.
Доколку и понатаму покажува одлични резултати, властите ќе продолжат со изградба на вакви прочистувачи насекаде во Кина.
Анкара ја поздравува ратификацијата на Преспанскиот договор од грчкиот парламент и притоа истакна дека „сите пречки за членството на Македонија во НАТО и во ЕУ се отстранети“, изјави портпаролот на турското МНР, Хамами Ачкој.
Го поздравуваме прифаќањето на Преспанскиот договор, со кој се најде решение за името и се острануваат пречките за прием на Македонија во НАТО и во ЕУ, изјави тој.
По ова стигна првата реакција од Грција.
Почнува тешкиот период за грчките интереси, ја коментираше Џорџ Кумуцакос изјавата на Анкара.
Тој притоа истакна дека „Анкара очигледно намерно игнорира да го користи „Северна Македонија“ и притоа го поздравува идното членство а Македонија во НАТО и во ЕУ“, додаде поранешниот министер за надворешни работи од Нова демократија.
Според него, во иднина ќе се зацврсти соработката меѓу Турција и Македонија во рамки на НАТО.
Кој ќе биде приодот на Скопје во НАТО кога се во прашање грчките интереси?, праша Кумуцакос, и притоа истакнува – „почна тежок период за грчките интереси“.