дома блог страница 3167

После повеќе од десет години на сцената, голем концерт на единствениот Влатко Лозаноски во Скопје

После повеќе од десет години на сцената Влатко Лозаноски ќе одржи голем концерт во Скопје.

Момчето кое има безброј хитови, три студиски албуми и награди на над 20 фестивали во Македонија и во регионот, ќе се претстави пред македонската публика на 23-ти март во ВИП Арената, со почеток од 20:30 часот.

Концертот ќе биде со спектакуларна продукција, на ниво на светските концерти, затоа што мислењето на Авалон Продукција е дека Влатко Лозаноски заслужува ваков третман.

„Сонце не ме грее“, „Ова лето ќе се памти“, „Јако јако“, „Мандарина“, „Километри“ и уште многу други песни што ја одбележаа кариерата на Лозано, ќе прозвучат во живо во Скопје, а не се сомневаме дека ВИП арената за концертот на Лозано ќе биде полна до последно место, велат организаторите.

Полицаец запрел студент за брзо возење, но наместо да го казни направил нешто многу неочекувано (ВИДЕО)

Полицаецот Мартин Фолчик запрел студент за брзо возење. Но, наместо да го казни или да му напише казна за надминување на брзината, полицаецот направи нешто сосема неочекувано.

Погледнете го видеото:

Мицкоски му порача на Заев: Колку и да бегаш ќе те победам на парламентарни избори, народот ќе ве порази, Македонија ќе победи!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа по одлуката на СДСМ да не излезе на предвремени парламентарни избори преку свој Фејсбук статус упати порака до Зоран Заев дека може да бегаат од избори ама од волјата на народот нема. Мицкоски уште пишува и дека СДСМ многу брзо ќе се соочат со вистината на сопствениот неуспех.

Зоран Заев и СДСМ избегаа од избори, ама од волјата на народот нема!

СДСМ е во страв и хаос. Многу брзо ќе се соочат со вистината на сопствениот неуспех.

Колку и да бегаш Заев ќе те победам на парламентарни избори, затоа што народот ќе ве порази, ќе ја вратиме честитоста на нашата земја, Македонија ќе победи!, пишува Мицкоски во статусот на Фејсбук.

Банкнотите со новото име ќе се појават на почетокот на следната година

Менувањето на банкнотите на кои ќе треба да стои новото име Република Северна Македонија ќе почне од идната година, соопштија од Владата која издаде серија на обврски со сите државни институции за почеток на примена на новото име.

„Народната банка, со оглед на комплексноста на постапката, да направи анализа и план на неопходните активности за постепена замена на банкнотите, со оценета временска динамика, во рамките на редовните нови емисии, водејќи сметка за макроекономската стабилност; првите нови банкноти со новото име на Народната банка би можеле да бидат изготвени на почетокот на 2020г. и потоа, сукцесивно, да бидат целосно заменети најдоцна во рок од 5 години од отварањето на релевантното ЕУ поглавје.“

Плажата со црн песок отворена за туристите: После ерупцијата на вулканот природата направи феномен на овој остров (Фото/Видео)

Преубавата плажа на најголемиот хавајски остров стана црна после ерупцијата на вулканот Килауеа во мај минатата година, што доведе до уништување на голем број куќи и загуба од милиони долари.

Сепак, сето тоа уништување донесе и нешто добро, затоа што ерупцијата доведе до тоа да се промени бојата на песокот на плажата во Похоики.

Популарниот парк Похоики беше затворен во изминатите 6 месеци од ерупцијата на вулканот. Но, од 6 јануари плажата одново е отворена.

Засега, сите посетители можат да се одморат и релаксираат на плажата која е единствена поради црниот песок. Првите фотографии од плажата се навистина интересни.

“Фуркан Салиу му го читаше цел непотизам на Заев вечерва?”

Новинарот Фуркан Салиу постави доста “незгодно” прашање до премиерот Зоран Заев и му ги прочита сите вработувања на првите луѓе во СДСМ и власта.

“Откако ги качија даноците и ja поскапија водата,”секуларните” од Општина Прилеп во црква со бакалите?”

Градоначалникот Илија Јованоски и претставници на Советот на Општина Прилеп, денеска присуствуваа на божествена литургијата во црквата „Св. Благовештение“, каде се одбележа празникот „Свети три светители“, којшто е познат како патрон празник на бакалскиот еснаф во општината.

Јованоски, на кој кога му одговара е секуларен, а кога му одговара заборава на секуларноста, за разлика од минатата година кога не се појави на одбележувањето на празникот, оваа година ги удостои бакалите.

Празниците и обичаите на сите верски заедници во Прилеп со години наназат се одбележувале со првите луѓе од локалната власт, што е традиција која ги обединува различностите и го гради соживотот.

Меѓутоа, со доаѓањето на Јованоски на позицијата градоначалник, работите се променија.

Прилепчани паметат дека градоначалникот две години со ред не ги прими коледарчињата за Бадник, a се појавува на одбележувањето на верски празници само кога нему му одговара.

Инаку празникот Св. Три светители во Прилеп се празнува уште од 1954 година, од кога постои и Здружението на бакали, кое претставува еден од најголемите еснафи во нашиот град.

Во живо: Втор дел од мега интервјуто на Никола Груевски за “Инфомакс.мк”

Втор дел од мега интервјуто на екс премиерот Никола Груевски за порталот “Инфомакс.мк”.

Следете во живо на линкот во продолжение:

Tвитерџиите распалија по пратеничката од СДСМ: Најсмешните твитови за вработувањето на синот и братот од Мира Стојчевска

Твитер заедницата распали по пратеничката од СДСМ Мира Стојческа, откако медиумите информираа дека во еден ден се вработиле нејзиниот син и брат во државни институции.

ФОТО: Сменето името на официјалната веб страница на Владата

Веб сајтот на Владата е со новото име. Горе пишува Влада на Република Северна Македонија.

Новото име веќе почна да се појавува во сите државни институции откако вечерва од Грција пристигна Вербалната нота.

Се очекува истото да го сторат и сите други институции во текот на овие денови.