дома блог страница 3168

Тие се светски познати дами кои имаат повеќе од 50 години, а делат и уште една заедничка работа – никогаш не направиле пластични операции (Фото)

Навикнати сме да слушаме дека светски познатите дами во светот “одат под нож” за да изгледаат помлади и поубави. Но, дури и помеѓу сите тие познати чичности постојат и такви кои не се плашат од староста, ја прифаќаат и одбиваат да се подложат на естетски зафати.

Изабела Роселини

Во едно од своите интервјуа, глумицата нагласила дека никогаш не би правела козметички зафати. Нејзиниот рецепт за младоликост е: микс од органска храна и добра крема за лице!

Шерон Стоун

Шерон Стоун вежба по 4-5 пати неделно и купува крема за лице во дрогериите. Во едно интервју изјавила дека никогаш немала пластични операции на нејзиното тело.

Брук Шилдс

Поранешниот модел и глумица, признава дека во една прилика испробала ботокс, но дека не и се допаднал резултатот. Во секој случај, таа не сака да отиде кај пластичен хирург, затоа што се плаши дека би можела да изгледа како Џокер.

Селма Хајек

Глумицата во бројни интервјуа нагласува дека никогаш не била под нож.

Џоди Фостер

Џоди Фостер смета дека модерното друштво и наметнува на жената да се трансформира во нешто што едноставно не е потребно. Глумицата е против пластичната хирургија и не се срами од своите бори на лицето.

Енди Мекдауел

Енди Мекдауел е сигурна во тоа дека не и е потребен ботокс, ниту затегнување на лицето. Таа едноставно се грижи за својата кожа и води здрав начин на живот.

Ема Томсон

Познатата глумица заедно со Кејт Винслет и Рејчел Вајс ја основа британската лига против пластични операции. Ема смета дека инјекциите со ботокс се чисто лудило.

Сигорни Вивер

Глумицата неодамна изјави дека стареењето и се допаѓа и дека нема ништо одвратно кога се работи за борите на лицето.

Хали Бери

Глумицата тврди дека никогаш не се подложила на пластична хирургија. Таа го обожава спортот, а на својот Инстаграм профил редовно споделува фотографии од своите тренинзи.

Мерил Стрип

Мерил Стрип секогаш била отворен противник против пластичните операции. Нејзиниот изглед докажува дека жените се како виното-изгледаат се поубаво со текот на годините.

Синди Крафорд

Поранешниот топ модел води грижа за својата кожа и редовно вежба. Синди обожава крема за сончање, маски за лице и производи кои ја негуваат и навлажнуваат кожата.

(Фото+Видео) Ова мистично животно не е видено 100 години: Британец во Африка сними ретка “ѕверка” и го исполни сонот од детството

Британскиот фотограф Вил Бурард Лукас со својата камера сними мистично животно во дивината на Кенија.

Црниот леопард е млад мажјак, а патувал во крдо со поголеми леопарди чија боја е карактеристична за тој вид.

Црната боја на крзното на овој леопард е резултат на малнизам, процес спротивен на албинизам, а главна карактеристика е темната пигментација. Ова е прв пат црн леопард да биде фотографиран во Африка во последниве 100 години.

Повеќе фотографии и видео можете да погледнете ТУКА.

Само 2% од луѓето можат да ја решат оваа загатката на Ајнштајн: Проверете дали сте дел од нив без да го видете одговорот

Ова е загатката на Ајнштајн, а тој рекол дека само 2% од луѓето можат да ја решат.

Обидете се.

Постојат пет куќи во кои живеат петмина луѓе. Секој има куќа во различна боја, пуши различни цигари, пие различен пијалак и има свое милениче. Целта е да откриете кој ја има рибата.

1. Англичанецот живее во црвената куќа.

2. Швеѓанецот чува кучиња.

3. Данецот пие чај.

4. Зелената куќа е лево од белата куќа.

5. Сопственикот на зелената куќа пие кафе.

6. Човекот кој пуши Пал Мал одгледува птици.

7. Сопственикот на жолтата куќа пуши Данхил.

8. Човекот кој живее во куќата во центарот пие млеко.

9. Норвежанецот живее во првата куќа.

10. Човекот кој пуши Бленд живее покрај оној кој чува мачки.

11. Човекот кој пуши Блу Мастерс пие пиво.

12. Човекот кој чува коњи живее веднаш до оној кој пуши Данхил.

13. Германецот пуши Принц.

14. Норвежанецот живее покрај сината куќа.

15. Човекот кој пуши Бленд има сосед кој пие вода.

Одговорот е подолу…

Германецот

Видео: “Мира во шеста брзина – вчера го вработила и братот во РЕК?”

Воопшто не и е лесно на пратеничката Мира Дизел Стојчевска штом не знаела и морала од медиумите да разбере дека нејзиниот син Виктор Стојчевски аплицирал и за негова среќа бил вработен во државната ЕЛЕМ, реагира Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-За да не ги обвини медиумите дека кријат информации од нејзе, еве да и помогнеме со уште една информација, која би сакале да ја потврдиме пред целата македонска јавност. Почитувана Мира, дали е точно дека покрај Виктор, твојот син вработен во ЕЛЕМ, преку агенција за времени вработувања е примен и твојот брат како перспективен бравар со завршено средно училиште? Еве и шанса на Мира Дизел Стојчевска да се јави кај нејзиниот брат и да го праша дали и тој е ангажиран во ЕЛЕМ односно во РЕК Битола? Дали е на определено или неопределено време? Дали и тој стартува со работа од 11 февруари? Според нашите информации датумот на спроведување на вработувањето на син и на брат и во Агенцијата за вработување се на 09.02, односно во саботата, а изборите се распишани во петокот на 08.02. Првиот работен ден на Виктор и на брат и на Мира бил вчера односно на 11.02 во понеделник три дена после распишувањето на претседателските избори од страна на Собранието. Она што е симптоматично и ја интересира јавноста е следново: Дали е точно и како е можно да син и на Мира Стојчевска да биде пријавен за вработен во државната ЕЛЕМ ден после распишување на претседателските избори во Собранието? Премногу е симптоматично исто така, како е можно сите блиски роднини на функционерите од власта токму сега да добијат шанса за вработувања и тоа баш во институциите и претпријатијата каде што платите се многу повеќе од 500 евра просечната плата која што ја ветуваше Зоран Заев пред изборите. Но, еве најверојатно тоа е дел од планот на СДСМ и Владата за покачување на просечната плата, така што ќе си ги вработат своите роднини на места каде што ќе земаат многу повисока плата од просечната за сметка на сите оние граѓани кои што земаат далеку пониска плата од просечната, истакна Арсовски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ порачува дека ова е лицемерие од кое што сите граѓани се згрозени.

-Барем малку ако имате срам, барем само грам срам ако имате, веднаш ќе си поднесете оставки и ќе се срамите за се што претходно сте зборувале. Но, бидејќи немате ниту срам ниту перде, вие и понатака пробувате да ги оправдате овие постапки. Ова нема оправдување! Слободно вие правдајте се, граѓаните гледаат и никогаш повеќе нема да ја добиете нивната доверба која што ја изгубивте. Дополнително, сите овие вработувања и класични примери на непотизам по доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат ревидирани и за истите ќе бидат поведени постапки на кој начин и како се вработени, порачува Арсовски.

“Нови конкурси за работа во Општина Прилеп…аплицирајте, можеби не се за некој син, баџанак или сестра”

Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 38/2019
за вработување на 2 државни службеници од група I, подгрупа I во Општина Прилеп за следните работни места

1. УПР0101Б02000 Раководител на сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина(1) извршител(и)

Општи услови

Да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место, со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови

Ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Архитектура, Урбанизам и планирање, најмалку 5 (пет) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку 8 (осум) години работно искуство во струката од кои најмалку 3 (три) години на раководно работно место во приватен сектор

Општи работни компетенции

Решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг, учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, стратешка свест, ориентираност кон странките/засегнати страни, раководење и финансиско управување

Посебни работни компетенции

Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, потврда за положен испит за административно управување, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Распоред на работно време

Работни денови понеделник-петок, Работни часови неделно 40, Работно време од 08:00 до 16:00

Паричен нето износ на плата: 35.770,00 денари

2. УПР0101В01000 Советник за образование и спорт, Одделение за јавни дејности, Сектор за правни, општи работи и јавни дејности(1) извршител(и)

Општи услови

Да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место, со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови

Ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Образование, Правни науки или Јавна управа и администрација, најмалку 3 (три) години работно искуство во струката

Општи работни компетенции

Решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг, учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, стратешка свест, ориентираност кон странките/засегнати страни и финансиско управување

Посебни работни компетенции

Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Распоред на работно време

Работни денови понеделник-петок, Работни часови неделно 40, Работно време од 08:00 до 16:00

Паричен нето износ на плата: 25.023,00 денари

словите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.

Рокот за пријавување изнесува 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Агенцијата.

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на административен службеник, на интернет страницата на Агeнцијата за администрација.

Фаза 1 – административна селекција се спроведува во рок од 15 дена од завршувањето на објавениот оглас.

Фаза 2 – испит за административен службеник се спроведува во рок кој не може да биде пократок од 10, а подолг од 30 дена од завршувањето на фаза 1 и истата се снима и емитува во живо на интернет страницата на Агенција за администрација.

Фаза 3 – проверка на веродостојност на докази и интервју се спроведува во рок од 10 дена од завршување на фаза 2.

Бројката на партиски вработувања од страна на СДСМ вртоглаво расте- функционерите секојдневно си ги вдомуваат најблиските (ФОТО)

Непотизмот продолжува да царува во државната администрација и единиците на локалната самоуправа.

СДСМ, партијата која се „колнеше“ во политика спротивна на онаа која ја напаѓаше десет години наназад очигледно тоа го правела само со единствена цел- борба за функционерска фотелја-пишува “Курир”.

Најсвежиот пример во јавноста веќе со денови е вест број еден, а тоа е дека синот на Мира Стојчевска, пратеничката од СДСМ си го вработила синот Виктор Стојчевски во ЕЛЕМ, додека својот брат Цветан Велевски во РЕК Битола.

Мирослав Грчев неодамна синот Димитар Грчев си го вработи исто така во ЕЛЕМ, а на листата за државна плата од ЕЛЕМ се најде и ќерката на Талат Џафери, Бесија Џафери, додека неговиот баџанак Нури Бајрами е член на Државната комисија за спречување корупција ДКСК.

Пратеничката Магдалена Несторовска исто така сопругот си го вработила во ЕЛЕМ, додека пак синот на Љубомир Фрчковски е втор човек на АД за стопанисување со станбено деловен простор.

Градоначалникот на Неготино, Тони Делков си ја вработил сопругата како наставничка, додека Владо Бучковски синот си го вработи во МЕПСО.

Листата на партиски вработувања на СДСМ не застанува тука, па така ги има наградено и Невзат Бејта чија ќерка Фиторе Бејта во МЕПСО, а сестрата на Асаф Адеми, Хидоете Алили во ЕЛЕМ.

Горан Мисовски како награда за успешноста кон власта и СДСМ доби вработување на својот син Кристијан Мисовски во Агенцијата за супервизија на осигурување.

Костадин Костадинов си ја вработи мајката Фанија Костадинова во Централниот регистар на Струмица, додека Рената Дескоска си го вработи зетот во Државно воздухопловно претпријатие.

СДСМ не му остана должно ниту на Крешник Бектеши чија сестра Влора Бектеши ја вработи во МЕПСО, додека градоначалникот на Берово Звонко Пекевски сопругата си ја вработил како наставничка.

Теута Арифи нејзината сестра Кујтиме Беќири ја назначила за заменик директор на ОУ „Истикбал“ Тетово.

Наташа Петровска братот си го вработила како наставник по математика во ОУ „Е.Карамнди“ Битола, додека Александар Кирацовски, сестрата Марија Јосифовска ја поставил за Советник во Централниот регистар.

Градоначалникот на Прилеп Илија Јовановски во знак на благодарност кон прилепчани и победата на изборите си ја вработил внуката Цвете Станојоска во општината.

Извор: “Курир”

ВИДЕО: Ја јавна на сцената на Гранд – Саша Поповиќ и Ана Бекута ги запрепастија сите со својот потег

Ана Бекута, која е член на жирито на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ во една емисија се пофалила со добра физичка подготвеност, па без проблем покажала како прави склекови. Саша Поповиќ ѝ пријде зад грб, па застана зад неа.

-Немој Саша тоа да го правиш? Што правиш бре? – викнала Ана во еден момент кога ѝ засметал во вежбањето.

Видеото погледнете го ТУКА

(Видео) ВУЧИЌ: Да изгубев на референдум како Заев ќе си дадев оставка

Српскиот претседател Александар Вучиќ во своето гостување на српската телевизија „Хепи“ даде осврт и на неодамна одржаниот референдум за промена на уставното име на Македонија.

„Нема да си играм како во Македонија народот вика не, а во собранието се изгласа за. Во Србија да се одржеше референдум и да изгубевме ќе си дадев оставка и ќе речев граѓаните се против и не можам да одам против тоа.“, потенцираше српскиот претседател во своето интервју.

Пет лица учествувале при кражбата на златарата во Прилеп

Секторот за внатрешни работи Битола – Надворешната канцеларија за kриминалистички работи Прилеп, во соработка со Единицата за имотен и насилен kриминал од Секторот за општ и насилен kриминал од Оделот за kриминалистичка полиција при БЈБ , до ОЈО Прилеп поднесе kривична пријава против Д.П. (41), М.А. (35) и У.П. (38), сите од Република Србија поради постоење основи на сомнение за сторено kривично дело “разбојништво”, предвидено и казниво во член 237 од КЗ на РМ и против лицата М.К. ( 44) и В.Т. ( 44) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено kривично дело “помагање” по член 24 од КЗ на РМ а во врска со член 237 од КЗ на РМ.

На 25.12.2018 год околу 08.45 часот додека вработената во златара „Буба Мара“, лоцирана во старата градска чаршија во Прилеп, го поставувала излогот, второпријавениот го скршил стаклото од влезната врата со помош на чекан и влегол внатре, а по него и првопријавениот, кој вперил пиш тoл кон вработената и почнал да го собира златниот накит од излогот и од сефот во кој имало и торбичка со пари.

Потоа, заедно со третопријавениот, кој ги чекал пред дуќанот избегале со возило Форд Фиеста.

Четвртопријавениот им помагал така што им обезбедувал сместување, храна, мобилни телефони и друга логистика додека тројцата го подготвувале кривичното дело.

Петтопријавениот исто така им помагал со прикривање на возилото Форд Фиеста и друга логистика. М.К. и В.Т се приведени и предадени на ОЈО.

“Еве која друга пратеничка освен Мира си го вработила синот деновиве? Вирус од непотизам и шок за шарените револуционери?

Tвитерџиите објавуваат дека и поранешна пратеничка на СДСМ деновиве си го вработила својот син.

“Поранешна пратеничка Билјана Настеска @SDSMakedonija, си го вработи синот Дарко Настески во болницата во Кичево, каде што сега директорува. Не се сами Мира Дизел, Талат Џафери, Асаф Адеми и Горан Мисовски! #Непотизам”