дома блог страница 3166

Во живо од автопатот Скопје-Тетово еве што се случува

Пред некое време на автопатот Скопје-Тетово се превртел автобус полн со патници.

Причините за нecpeќaтa се непознати.

ВИДЕО: “Radio Zhelina”

Запалено аудито на прилепчанец во Скопје

Aвтомобил на прилепчанец бил запален, вчера во населбата Кисела Вода, информираше МВР. Според полицијата, инцидентот се случил на улицата Димо Хаџи Димов.

Сопственикот на автомобилот „ауди“, Д.К.(32) од Прилеп, кој времено престојувал во населбата, во 23.40 часот се јавил во ПС Кисела Вода. Тој пријавил дека возилото било опожарено во време меѓу 23 и 23.30 часот.

Полицијата извршила увид.

(Видео) Руски специјалци нacилнo влегуваат просторија со Јеховини сведоци и го прекинуваат нивниот обред

На социјалните мрежи се прошири видео како руски специјалци насилно влегуваат во простории на Јеховини сведоци и го прекинуваат нивниот обред.

При упадот специјалците го одзеле целиот пропаганден материјал и компјутери.

Јеховините сведоци се забранети во Русија, а секој нивни активизам се смета за кривично дело.

“Алфа ТВ”: Раскол во Сојузот на тутунарите и тешки oбвинувaњa за kриминал

Денеска пелагониските тутунари и членови на Здружението од с. Добрушево и околните села, го кренаа својот глас.

Тешки обвинувања за криминал и злоупотребени пари на тутунските здруженија што требаше да им се исплатат на поверениците, тие упатија на сметка на Кире Неделковски, актуелниот претседател на Сојузот на тутунарите на Македонија, кој во последните неколку месеци во два наврата беше сменет, но Централниот регистер повторно го враќаше на функцијата, како што велат – пренесува “Алфа ТВ”.

Во минатата година кусокот бил девет милиони денари, а годинава фалат уште три милиони денари и без пари останаа поверениците и сите учесници во откупот на тутунот.

Парите од тобако- компаниите што пристигнувале на сметката на Сојузот, Неделковски ги подигал на своја сметка и ги трошел без поркитие, за што постојат налози, банкарски изводи и други документи, велат тутунарите.

Прилогот на ТВ АЛФА погледнете го ТУКА

Германија има потреба од 260.000 работници: Ќе се изненадите кои професии најмногу се бараат

Потребата за работна сила во Германија во периодот од 2017 до 2035 година ќе се намали за 1,13 милиони.

Дигитализацијата сепак не укинува онолку работни места колку што се мислеше – многу работни места исчезнуваат, но затоа се отвараат нови. Сето тоа со себе носи и поголема миграција во Германија – од Европската унија, но и од трети држави.

Тоа е заклучок на најновото истражување на Фондацијата “Бертелсман” наречено “Доселување и дигитализација”, пишува Дојче Веле.

Авторите на истражувањето прогнозираат дека во идинина речиси 80% од додадената вредност во преработувачката индустрија, како и во секторот на услуги, ќе се потпира на дигитални темели.

“Најголем е недостатокот на висококвалификуван кадар. Сега побарувачката на висококвалификувани работници е далеку поголема од понудата. Тој тренд се очекува да продолжи и во иднина”, се наведува во истражувањето.

Владиниот портпарол Бошњаковски обелодени: Граѓаните сами ќе си плаќаат за замена на пасошите и регистарските таблички

Замената на патните документи и регистарските таблички со новото име на државата ќе бидат на товар на граѓаните. Новите регистарски таблички се очекуваат да бидат издадени кон средината на мај, а патните документи кон крајот на годината, најави владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

На денешната прес-конференција во медија центарот каде што стои новото име на државата, Бошњаковски рече дека до издавањето на новите регистарски таблички ќе се користат налепници со ознаката НМК кои ќе им бидат давани на граѓаните на граничните премини при излез од државата.

Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи веднаш треба да ја започне постапката за набавка на новите пасоши, па првите документи со новото име се очекува да бидат издадени кон крајот на годината.

-Старите документи остануваат да важат до истекот на техничкиот рок утврден со Договорот од Преспа, а тоа се пет години. Ова значи дека секој граѓанин во рамки на редовната постапка кога ќе го менува пасошот, ќе го добие новиот и ќе ја плати цената која е редовна за замена на патните исправи, изјави тој.

Имињата на градовите како Македонска Каменица и Македонски Брод, како што рече Бошњаковски, ќе останат исти, додека институциите кои во своето име имаат македонска или македонско имаат рок од четири месеци да го променат името.

На граничните премини новото име ќе биде напишано на македонски, англиски и на јазикот кој го говорат 20 проценти од граѓаните во таа локална самоуправа.

Засега не се знае точно кога ќе биде поставено новото име на зградата на Владата, но тоа, како што вели Бошњаковски, треба да биде направено во рок од четири месеци, период во кој треба да се променат и таблите на институциите на централно и локално ниво.

Лила удри по студентите кои фрлаат ѓубре од прозор: „Битно за на Инстаграм ќе се нашминкате и настегате!“

Откако на социјалните мрежи се појави фотографијата од депонијата под прозорите од студентскиот дом „Пелагонија“, истата инстантно се прошири на многу профили и секако во медиумите.

Ова колективно однесување на „академските граѓани“, покажа дека им е потребно да се вратат неколку години наназад и да присуствуваат на дополнителни часови по општа култура и хигиена.

Откако работата стана голема, очигледно мораа повторно колективно да дејствуваат, но овој пат да си го исчистат ѓубрето и да ги коригираат тотално несовесните постапки.

На ваквата глетка од фотографијата, имуна не остана ниту ТВ водителката Лила Филиповска која „удри“ по нив без влакна на јазикот.

Не… не можете да бидете идни академски граѓани и иднината на една држава без основна култура и домашно воспитување!!! Колку треба да си прост ѓубрето да го фрлаш преку прозор. Битно за на Инстаграм ќе се нашминкате и настегате и мислите дека сте битни!!! Не, Не сте… За срамота сте!!!

Прашање е само до кога ќе потрае чистотата и дали лекцијата ќе биде научена и правилно совладана?

Револуција во медицината или Божјо чудо: Бебе извадено од стомакот на мајката, оперирано, па вратено назад

Бремената Бетан Симпсон беше подложена на револуционерен метод досега незабележан во медицината.

Нејзиното бебе беше извадено од стомакот за да биде излечено, а потоа докторите успеаја да го вратат назад.

Ваквиот потег е неверојатно ризичен, но исплатлив, а Бетан може да биде многу среќна бидејќи таа и нејзиното дете се совршено здрави по зафатот.

Видео пародија: “Кучето Џеки ДИЗЕЛ Стојчески доби решение за Командир во гранична полиција?”

“Македонската јавност вчера сведочеше за непотизам од огромни размери какви што не се паметат во нашава држава. После изнесените информации низ медиумите за наводно вработување на синот и братот на пратеничката Мира Стојчевска, низ интернет порталите протече информација за наводно вработување и на нејзиното куче”, велат од Унијата на млади сили при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, во денешната пародија, која е поттикната од непотизмот при вработувањето во државните институции.

Изјавата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“За задоволство на целата јавност, денес тука до нас успеавме да го донесеме Џеки Стојчевски, кучето за кое вчера на големо се пишуваше низ интернет просторот. Како што може да забележите, станува збор за ултра паметно куче, добро ухрането од дебели патни трошоци, спремно да го даде својот придонес во општеството.

Прашуваме дали кучето Џеки како единствен подобен кандидат пријавен на огласот преку Агенција за вработување, кое ги има примено сите вакцини, куче кое има покажано одлична физичка спремност, дисциплина и кое успешно ги реши сите тестови со највиско бодување е примено во гранична полиција? Или пак за истото е најдена работа во некоја друга државна институција?

Очигледно покрај децата на функционерите од редовите на СДС кои ги преплавија институциите, и нивните миленици заслужуваат чесно да си го заработат свото парче леб! Тезгаџиите, пензионерите, занаетчиите и сите останати, ќе мора да го почекаат малку доаѓањето на животот кој го ветуваа во изборната кампања”, изјави Никола Златески претседател на УМС при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Koja насмевка е вистинска, а која лажна – еве што зборуваат деталите на лицето од луѓето

Насмевката е визуелна експресија на позитивни емоционални состојби како радост, веселба, среќа и олеснување.

Во некои ситуации може да биде предизвикана со спротивни емоционални состојби, како што е срамот, изговор, збунетост или може да е тоа насмевка во насока на додворување. Дали нечија насмевка е искрена открива една мала ситница на лицето забележлива во неколку секунди.

Децата се смеат многу почесто од возрасните: просечно детето се насмевнува 300 до 400 пати дневно, во споредба со возрасните кои се насмевнуваат само 15 до 20 пати дневно.

Смеата се користи како сигнал за припадност на некоја група – го сигнализира прифаќањето и позитивните интеракции со другите. Смеата понекогаш се чувствува како заразна, односно може да предизвика смеење кај другите како позитивна повратна врска.

Проучување на хуморот и смеата и нивните психолошки и физиолошки ефекти на човечкото тело се нарекува гелотологија.

Прочитајте и 5 „чудни” факти за смеењето кои не ги знаете.

А како да се „прочита“ дали нечија насмевки е искрена или не е? Тоа го открива таа ситница која може да се забележи во само 3 секунди. Имено, кај лицето кое искрено се смее, се појавуваат бори и околу усните и очите. Кога насмевката е форсирана, односно лажна, борите се појавуваат само околу усните.

Исто така, кога лицето има силни, искрени чувства, очите се навлажнуваат и мора да проголта повеќе слинка. Ако нема ниту една од овие работи, тоа значи дека чувствата и насмевката на лицето не се искрени.

Извор: “Нетпресс”