Мицкоски му порача на Заев: Колку и да бегаш ќе те победам на парламентарни избори, народот ќе ве порази, Македонија ќе победи!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа по одлуката на СДСМ да не излезе на предвремени парламентарни избори преку свој Фејсбук статус упати порака до Зоран Заев дека може да бегаат од избори ама од волјата на народот нема. Мицкоски уште пишува и дека СДСМ многу брзо ќе се соочат со вистината на сопствениот неуспех.

Зоран Заев и СДСМ избегаа од избори, ама од волјата на народот нема!

СДСМ е во страв и хаос. Многу брзо ќе се соочат со вистината на сопствениот неуспех.

Колку и да бегаш Заев ќе те победам на парламентарни избори, затоа што народот ќе ве порази, ќе ја вратиме честитоста на нашата земја, Македонија ќе победи!, пишува Мицкоски во статусот на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.