Koja насмевка е вистинска, а која лажна – еве што зборуваат деталите на лицето од луѓето

Насмевката е визуелна експресија на позитивни емоционални состојби како радост, веселба, среќа и олеснување.

Во некои ситуации може да биде предизвикана со спротивни емоционални состојби, како што е срамот, изговор, збунетост или може да е тоа насмевка во насока на додворување. Дали нечија насмевка е искрена открива една мала ситница на лицето забележлива во неколку секунди.

Децата се смеат многу почесто од возрасните: просечно детето се насмевнува 300 до 400 пати дневно, во споредба со возрасните кои се насмевнуваат само 15 до 20 пати дневно.

Смеата се користи како сигнал за припадност на некоја група – го сигнализира прифаќањето и позитивните интеракции со другите. Смеата понекогаш се чувствува како заразна, односно може да предизвика смеење кај другите како позитивна повратна врска.

Проучување на хуморот и смеата и нивните психолошки и физиолошки ефекти на човечкото тело се нарекува гелотологија.

Прочитајте и 5 „чудни” факти за смеењето кои не ги знаете.

А како да се „прочита“ дали нечија насмевки е искрена или не е? Тоа го открива таа ситница која може да се забележи во само 3 секунди. Имено, кај лицето кое искрено се смее, се појавуваат бори и околу усните и очите. Кога насмевката е форсирана, односно лажна, борите се појавуваат само околу усните.

Исто така, кога лицето има силни, искрени чувства, очите се навлажнуваат и мора да проголта повеќе слинка. Ако нема ниту една од овие работи, тоа значи дека чувствата и насмевката на лицето не се искрени.

Извор: “Нетпресс”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.