дома блог страница 3165

Полицијата во оваа држава користи змии за да ги натера kpиминалците да зборуваат (Видео)

Властите во Индонезија почнале истрага откако полициските претставници признале дека нивни вработени во Папуа користеле змии како метод за обвинетите за грабежи да признаат дали го сториле делото.

Видео поставено на социјалните мрежи покажува како обвинет за кражба на мобилен телефон, седи на подот со врзани раце додека змијата се витка околу него.

Човекот вреска додека полицаецот го прашува:„Колку пати си украл мобилен“?

„Само два пати“, одговара уапсениот.

Потоа полицаецот како да сака змијата да му ја стави во уста, додека неговите колеги се смеат на глас.

Полицаецот бил повикан на распит, а надлежните не го открија неговото име.

Полицискиот командир се извинил за случајот и притоа додал дека „иако однесувањето на полицаецот не било професионално, сепак змијата не била опасна, затоа што не била отровница“.

Сепак, се чини ова не е изолиран случај, затоа што се верува дека полицајците, особено во Папуа, користат змии во истражните постапки. Со истиот метод се користеле и во војската.

Извор: “Прессинг ТВ”

Народни верувања поврзани со денешниот празник: Што според народот не чека ако денеска врне дожд

На денешен ден кога се прославува православниот празник Свети Трифун, народот извршувал најразлични обичаи.

Се верува дека ако на Свети Трифун паѓа дожд, годината ќе биде родна, а најдобро ќе родат сливите. А, ако биде ведро, годината ќе биде сушна и неродна.

На овој ден лозарите одат во лозјата и закројуваат барем по едно гранче винова лоза и го полеваат со вино, за грозјето добро да роди.

Денес се слави Св. Трифун- маченик за верата и покровител на земјоделците

Денеска се слават Светиот маченик Трифун, Светите маченици Перпетуа, Фелицитате, Сатир и другите со нив, како и Преподобен Петар Галатиски.

Светиот маченик Трифун

Роден е во селото Кампсада во Фригија од сиромашни родители. Во детството беше чувар на гуски. И уште од детството врз него беше голема Божја благодат и можеше да исцелува болести кај луѓето и кај животните и да изгонува бесови.

Во тоа време со Римското царство завладеа царот Гордијан, чијашто ќерка слезе од умот и со тоа го фрли царот во голема жалост. Ниеден лекар не можеше да ѝ помогне на лудата Гордијана.

Тогаш демонот прозборе преку девојката и рече дека освен Трифун никој не може да го истера. После многумина Трифуни ширум царството, по Божја Промисла го повикаа и овој млад Трифун. Го доведоа во Рим и тој ја исцели царската ќерка. Царот му подари многубројни дарови, а тој на враќање им ги раздели на сиромасите.

Потоа ова свето момче продолжи да чува гуски и да Му се моли на Бога. Кога се зацари христоборниот Декиј, Свети Трифун беше малтретиран и свирепо измачуван заради Христа.

Но, тој со голема радост ги поднесе сите мачења, велејќи: „О кога би можел да се удостојам во оган и маки да завршам за името на Исус Христос, мојот Бог и Господ!“ Маките не му наштетија ни малку и најпосле мачителите го осудија на смрт со меч. Му се помоли на Бога и издивна во 250 година.

Светите маченици Перпетуа, Фелицитате, Сатир и другите со нив

Во времето на царот Септимиј Север ги фрлија во затвор зашто беа христијани. Света Перпетуа беше по потекло благородничка и таа ги храбреше другите затвореници да не се исплашат да пострадаат за Христа.

На сон виде лествица од земјата до небото, сета начичкана со остри ножеви, јадици, клинци и други смртоносни оружја. А на дното од лествицата лежеше страшна змија. И виде како Сатир прв претрча низ лествицата до врвот неповреден, па од врвот ѝ довикна: „Перпетуа, ајде, те чекам!

Но, чувај се од змијата!“ Охрабрена од ова Перпетуа застана на главата од змијата како на прво скалило, па брзо редум истрча до врвот. И кога се искачи на врвот, влезе во небесата и ги виде прекрасните дворци небесни и беше многу радосна.

Кога им го раскажа овој сон, затворениците растолкуваа дека наскоро им претстои смрт, и тоа прво на Сатир, коешто набрзо и се исполни. Прво го убија Сатир, а потоа Перпетуа и другите редум. Примија од Господ вечна награда во царството на светлината. Пострадаа сите за Христа во 202 или 203 година.

Преподобен Петар Галатиски

Во својата седма година го напушти родителскиот дом заради Христа и се повлече во пустина. Овде со пост и молитва толку се восоврши што правеше многу чуда со силата на Духот Божји.

Околу 429 година се пресели во вечното Христово Царство во деведесет и деветтата година од животот.

Доаѓа нов снежен бран – нагла промена на времето во Македонија

Територијата на нашата држава се наоѓа под влијание на многу постудена воздушна маса која се спушта од северните гфеографски широчини и истата и понатаму ќе условува многу ниски температури на воздухот, кои утрово се спуштија во интервалот од -10 до 0 степени, објави најпознатиот македонски метеоролог Славчо Поповски.

Денеска преку денот ќе имаме сончево време со умерена облачност, а ќе продолжи да дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Во текот на ноќта, како и во петок, ќе има врнежи од снег од локален интензитет и истите ќе бидат со слаб до умерен интензитет, па така ќе дојде до зголемување на снежната покривка на повисоките и планинските места, услови за сосема тенка снежна покривка ќе има понекаде и на пониските места.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 9 степени во најтоплите делови од државава.

И понатаму ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Денеска и утре денови на жалост во Македонија

Владата на синоќешната седница донесе одлука со која денешниот и утрешниот ги прогласи за денови на жалост.

Согласно со одлуката на Владата 14 и 15 февруари ќе бидат денови на жалост во знак на почит кон загинатите патници во автобусот кој доцна попладнето се преврти на автопатот Скопје-Тетово.

Постои верба во човештвото! Граѓани нудат сместување за најблиските на повpeдeHите во сообраќајката кај Ласкарци

Граѓани на социјалните мрежи понудија сместување за роднините и најблиските на повредените во страшната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово кај местот Ласкарци.

“По желба секуларни по желба не: Градоначалникот и општинарите во црква со бакалите?”

Градоначалникот Илија Јованоски и претставници на Советот на Општина Прилеп, вчера присуствуваа на божествена литургијата во црквата „Св. Благовештение“, каде се одбележа празникот „Свети три светители“, којшто е познат како патрон празник на бакалскиот еснаф во општината.

Јованоски, на кој кога му одговара е секуларен, а кога му одговара заборава на секуларноста, за разлика од минатата година кога не се појави на одбележувањето на празникот, оваа година ги удостои бакалите.

Празниците и обичаите на сите верски заедници во Прилеп со години наназат се одбележувале со првите луѓе од локалната власт, што е традиција која ги обединува различностите и го гради соживотот.

Меѓутоа, со доаѓањето на Јованоски на позицијата градоначалник, работите се променија.

Прилепчани паметат дека градоначалникот две години со ред не ги прими коледарчињата за Бадник, a се појавува на одбележувањето на верски празници само кога нему му одговара.

Инаку празникот Св. Три светители во Прилеп се празнува уште од 1954 година, од кога постои и Здружението на бакали, кое претставува еден од најголемите еснафи во нашиот град.

Eурокомпозитци: Заев на приватни винарии им ги простува долговите со буџетски средства, а не сака да го реши проблемот со државна компанија

На веќе агоничната потрага по правдата на работниците: сегашни, поранешни и пензионирани од загубарот „Еурокомпозит“, никако да и се стави крај. Тие денеска повторно излегоа на протест, барајќи од премиерот да го исполни даденото ветување и до крајот на месецов да им ги исплати отпремнините, како и заостанатите плати и придонеси – јавува дописникот од Прилеп за “Aлфа ТВ”, Каролина Дурло.

Револтот на овие луѓе е уште поголем и заради неодамнешната одлука на власта финансиски да им помогне на приватни компании, а додека нив, како државна фирма под капата на Владата, ги остава на милост и немилост.

Инаку, вчера по неколкумесечен застој, конечно им биле исплатени уште по 5.000 денари, од остатокот од отпремнините кои просечно изнесуваат околу 100.000 денари по работник, а од кои досега им беа исплатени само по 25.000 денари. Работниците велат дека ќе продолжат со протестите, бидејќи не им се доисплатени ниту платите, а ниту придонесите за 6,5 години.

Каролина Дурло за Алфа Телевизија

„СОЧНИ БЛАГОДАРНИЦИ“ ЗА НАЈЗАСЛУЖНИТЕ

(Фејсбук статус на Протоереј Љупче Петрески)

„СОЧНИ БЛАГОДАРНИЦИ“ ЗА НАЈЗАСЛУЖНИТЕ

Државната администрација на СФР Југославија, со шест републики и две покраини броела околу 28.000 лица. Ако ја земеме предвид последната официјална бројка од 1991 г., според која во СФРЈ имало 23.230.000 жители, ќе видиме дека секој од овие 28.000 државни службеници опслужувал по околу 830 жители.

На последниот попис во 2002 г. Македонија имала 2.000.000 жители. Денес во државната администрација работат 14.800 лица кои опслужуваат по околу 135 лица!

Бројот на вработени во јавниот сектор изнесува 128.253 лица во вкупно 1.354 институции. Но, во овие податоци не се вбројани и луѓето кои работат во јавните претпријатија, агенциите, општините, што значи дека бројот изнесува многу повеќе и се калкулира со бројка од 150-160.000 лица.

Пребукираноста и партизацијата на јавниот сектор експлодира во последниве неколку дена, откако бројот на вработените драстично се зголеми „благодарение“ на заложбите на владата по прашањето за намалување на невработеноста.

Имињата на најзаслужните неколкумина и’ се познати на пошироката јавност и деновиве, иако во недоволна мера, народот им искажува „сочни благодарници“.

Трајно одземање на возачките на пијаните возачи, наместо само 12 месеци

Од возачите во Македонија 80 проценти барем еднаш во животот возеле под дејство на алкохол, а пет отсто тоа го прават чето, покажало истражувањето на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и патиштата РСБСП.

Статистиката покажала дека во 2018 година во сообраќајни незгоди загинале 129 лица, во 2017 година 155, а во 2016 загинале 165 лица. Од РСБСП информираат дека околу 6.000 во сообраќајки се повредени секоја година.

Оние пет проценти кои често возат пијани заслужуваат секаква осуда. За нив дефинитивно само големи казни, одземање на возачката дозвола и исклучување од сообраќајот, не привремено како што налага Законот (максимум 12 месеци), туку и трајно (со измена на законската регулатива). Нив слободно можеме да ги наречеме: несовесни, неодговорни, недостојни, непримерни возачи, па и личности. Тие претставуваат голема опасност за безбедноста во сообраќајот и за животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот. За ова, сите се сложуваме, нагласуваат од РСБСП.

Според нив опасни возачи се и оние 80 проценти кои барем еднаш возеле пијани и дека и тие се несвесни подеднакво како оние кои чето управуваат возило под дејство на алкохол.