дома блог страница 3156

Конечно: “Пратеничката Мира, поразена по бројот на вработени од оваа колешка…има ли ова крај???”

И по Мира Дизел доаѓа Милева Ѓорѓиева, исто така пратеничка на СДСМ. Пратеничката на СДСМ од Радовиш, Милева Ѓорѓиева, направила копи-паст на моделот за вработување наречен „Мира Дизел вработување“, ова денеска на прес-конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено освен што и се вработи синот во МВР како инспектор за јавна безбедност, радоста во семејството на Милева го дополнува и вработувањето на уште неколку други членови на семејството. Прашуваме, дали е точно дека Љубица Илиева Ѓорѓиева снаа за син на Милева Ѓорѓиева е вработена во општина Радовиш на неопределено време?

Дали е точно дека исто така Петре Партиков брат на Милева Ѓорѓиева е вработен како педагог во ОУ „Атанас Нивичански“ со несоодветно образование?

Патем дали е точно исто така дека синот на Милева Ѓорѓиева, освен што добил вработување во МВР како инспектор, е поставен и за управител на РК Радовиш формиран од општината преку кој располага и со 5 милиони денари народни пари доделени од општинскиот буџет на општина Радовиш, вели Арсовски.

Тој додава дека ако сето ова е точно тогаш станува очигледно по логиката на СДСМ во Радовиш нема никој друг способен, па мора семејството на Милева Ѓорѓиева да се жртвува и за вработувања и за менаџирања.

-Има ли некој во семејството Ѓорѓиеви кој остана невработен и незгрижен за дебел хонорар и високи плати. Ако има апелираме веднаш да го вработат и него. Кои се критериумите според кои токму членовите на семејството на пратеничката од СДСМ, Милева Ѓорѓиева се вработени?

Зарем нема други луѓе во државата кои би добиле шанса да работат за вака солидни примања, па мора да се вработуваат синовите, браќа, ќерки, снаи, мајки, сестрите, баби, дедовци и се останато блиско сродство на функционерите на СДСМ.

Станува јасно дека во услови кога упропастуваат се во Република Македонија , СДСМ врши бесрамна партизација на државната администрација со вработување на најблиските роднини на функционерите. Ова е своевидна евакуација во државни јасли, свесни дека политичките кариери им се пред самиот крајот.

Ја изгубија довербата во граѓаните и ќе си одат од власта. Граѓаните го гледаат замавот на епидемијата на непотизам на оваа неспособна власт и единствениот лек таа да заврши е да бидат казнети на избори. Тоа што бегаат од соочување на избори само говори дека сакаат да си купат уште време за да добијат уште некое вработување, гранд или тендер, додава Арсовски.

Прилепчанките освоија бронза на Премиер лигата во Дубаи: Девојките продолжуваат да редат успеси (Фото)

Девојките од Прилеп кои настапуваат за репрезентацијата на Австралија го освоија бронзениот медал во Карате Премиер лигата која изминатиот викенд се одржа во Дубаи.

Фантастичното трио составено од сестрите близначки Маријана и Мишела Димоски, заедно со Кириaна Камческа, за медал во Премиер лигата ја совладаа Русија со резултат 24.82 – 23.32.

Финалето им избега за половина поен, каде загубија од Иран, репрезентација која беше најдобра во групата.

Сепак, девојките добија најдобра оцена од сите женски тимови, дури и од прво и второ рангираните репрезентации.

Златото на крајот им припадна на репрезентативките од Италија кои ги добија Иранките до резултат 24.4 – 24.04.

Италија инаку е добар познаник на нашите девојки, против кои забележаа победа во Шангај.

Нареден предизвик е Салзбург Сериа А, каде Маријана и Мишела ќе настапат и во поединечна конкуренција.

Поскапуваат горивата: Ова се новите цени кои ќе важат од полноќ

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – бензините поскапуваат за 0.5, односно 1.00 денар, додека цената на дизелот останува непроменета.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 0.98 проценти.

Од полноќ литар ЕУРОСУПЕР БС 98-ца ќе се точи по цена од 64,50 денари, цената на ЕУРОСУПЕР БС инесува 62,50 денари за литар, а дизелот останува 60 денари.

Претседателот на ФК “Победа” си поднесе оставка

Откако за својата одлука ги информирал спонзорите и акционерите во клубот попладнево од функцијата Претседател на ФК Победа се повлече Небојша Стојковиќ.

-Одлуката да се повлечам од претседателската функција е од чисто лични причини. Би сакал да се заблагодарам за соработката на сите мои досегашни соработници, посебно на спонзорите за вложувањата во клубот особено во ситуација кога екипата не игра во Прилеп.

На клубот му посакувам успешно продолжение на сезоната – опстанок во Првата лига и освојување на пехарот во Купот на Македонија.

Стојковиќ од почетокот на јануари 2018 година беше вклучен во најтесното клупско раководство на Победа, најпрвин на потпретседателската, а од почетокот се сезоната 2018/2019 ја извршуваше функцијата Претседател на ФК Победа АД.

Станува збор за поранешен фудбалер на Победа за која настапуваше од 1998 до 2000 и од 2005 до 2008-ма година, по враќањето од успешната 5-годишна кариера во рускиот Анжи.

Пред повлекувањето на Стојковиќ и претходното назначување на Јане Николоски за Шеф на Стручниот Штаб, сега во клупската организациона структура на Победа остануваат упразнети претседателската и функцијата Спортски директор, па останува да се види за какви идни персонални решенија ќе се одлучат акционерите.

Честитка од Дорис Пак за кандидатурата на Силјановска

За изборот на Гордана Силјановска Давкова за кандидат за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ пристигна честитка од Дорис Пак, претседател на асоцијацијата на жени во Европската народна партија (ЕПП).

Вчера ме разбуди пораката: Драга Гордана, асоцијацијата на жени на ЕПП го честита изборот за кандидат за претседател. Со цело срце ти посакуваме голем успех, објави на својот Фејсбук профил професорката Гордана Силјановска Давкова која во саботата на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ беше избрана за кандидат за претстојните претседателски избори.

(Видео) „Луѓе мои ова е опасна и отровна змија“ – планинари не се надевале на ваква глетка во февруари

Планинарот Емир Мујчиќ снимил змија кајко се движи по снегот по Комара, планина во Босна.

Снимателот, како и неговите пријатели биле запрепастени ог глетката:?

„Ех, луѓе мои, на 17. февруари 2019 година на Комара змија. Ова е шарка – опасна, отровна змија“, наведува тој коментирајќи ја глетката.

Подоцна сфатиле дека сепак станува збор за поскок. Една од најотровните, најголемите и најопасните европски отровници. Главата ѝ има срцевидна форма и карактеристичен врв на носот.

(Видео) Можна е промена на химната и знамето: Груевски на „Пинк 1“ телевизија објаснува дека според Тиранската платформа, следи и промена на химната и знамето!

Во Тиранската е спомената промена на химната и знамето, и тоа не може да се исклучи, вели екс-премиерот Никола Груевски во интервју за српската „Пинк 1“ телевизија, објаснувајќи дека останува на Заев и Ахмети тоа да го договорат

„Во Тиранската платформа тоа е спомнато и не можам да го исклучам ниту пак можам да го потврдам. Не знам што ќе се договорат коалиционите партнери“ – вели Груевски, додавајќи дека Албанците веќе подолго време имаат такво барање.

„До сега, господинот Заев ја исполнува точка по точка Тиранската платформа, па може да се очекува дека и тоа ќе го оствари“ – констатира водителката.

Извор: infomax.mk

Воз излета од шините во Македонија

Патничкиот воз кој сообраќа на линијата Кичево-Скопје изутринава удрил во карпа која најверојатно паднала на шините во близина на селата Лакавица и Падалишта гостиварско. Повредени нема, но има материјална штета и во прекин е сообраќајот на тој дел од пругата.

Во полициската станица Гостивар утрово, во 6:45 било пријавено дека патничкиот воз кој тргнал од Кичево удрил во карпа на потегот помеѓу селата Лакавица и Падалишта. Од ударот композицијата излетала од шините.

По пријавувањето на местото на настанот е упатена екипа за увид, кој треба да започне наскоро.

Согласно со стандардната процедура, со помошен воз треба да се врати гарнитурата на шините по што ќе се утврди оштетувањето на пругата.

Поучна приказна: “Фарисејот и Господ”

(Фејсбук статус на Протоереј Љупче Петрески)

ФАРИСЕЈОТ И ГОСПОД

Според денешниот евангелски бисер, параболата за цариникот и фарисејот.

– ФАРИСЕЈОТ: „ Господе, знам дека имаш свои мерила и дека често судиш спротивно на нашата логика. Ама, дали тоа е праведно? Јас целиот живот се трудам, се обидувам својот живот да го усогласам со твоите заповеди. Не сум како другите луѓе: разбојници, несправедливи, прељубодејци, беззаконици, особено не сум како овој грешен цариник …

Мислиш дека ми е посебна радост со денови да постам, гладта и жедта да ме измачуваат? Мислиш дека мало одрекување е кога од се’ давам една десетина за Тебе?

Признавам, често го набљудував овој цариник и неговите пријатели и, понекогаш дури и посакував – прости ми Господе – да живеам како нив, по свое, без морал, без материјални грижи. Ама Ти останав верен. И сега вака ли ми плаќаш? И пред се’, дали овој цариник е поправеден од мене? Да бидам искрен, ми оди на нерви.

Му служи на окупаторот, го пљачка народот. Ги лаже работодавците. И сега ми дошол тука и божем се моли. Тоа е самоволие, а не правда Господи“.

– ГОСПОД: „Имаш право и вистина зборуваш кога своите големи заслуги ги набројуваш пред Мене. Се трудиш и многу си побожен и искрен. Ама каколот на нечовечноста кој расте во твојата пченица ги надвисил и ги загушил сите твои плодови. Твојот начин на живеењето на верата станал теснограден и немилосрден.

Како можеш да тврдиш дека ги почитуваш моите заповеди, кога така постапуваш со твојот брат цариникот? Како твојот презир се согласува со твојата побожност? Твојата гордост те заслепила.

Љубовта згаснала во твоето срце. Во својата праведност самиот себе си си станал Бог. Затоа во верата повеќе не наоѓаш мир и исполнување, затоа не можам да ти дарам нов живот и правда“.

Еве зошто германскиот овчар е повеќе од куче: Секој љубител на мачки треба да го погледне ова видео

Расата германски овчар е релативно нова раса, чие потекло датира од 1899-та година. Како вид кучиња, чувари на стада, германскиот овчар првенствено е наменет за чување на овци и други стада.

Благодарение на својата сила, интелигенција и способност за дресура, германскиот овчар многу често учествува во акциите на војската и полицијата. Во моментов на расата германски овчар ѝ припаѓаат 4,6 % од сите кучиња кои се заведени во клубот Америкен кенел (American Kennel Club).

Благодарение пак на неговата лојалност и заштитничка природа, германскиот овчар е една од најраспространетите раси во светот.

Германските овчари се одгледуваат посебно поради нивната интелигенција, карактеристика по која тие и денес се познати. Тие се сметаат за трета раса на кучиња со најголема интелигенција, веднаш по шкотските овчари и пудлиците.

Во книгата The Intelligence of dogs, авторот Stanley Coren ги рангирал како трета раса на кучиња со најголема интелигенција.

Тој заклучил дека тие се способни да научат едноставни задачи по само 5 повторувања на истите и дека во дури 95 отсто од случаите ја извршувале дадената наредба.

Оваа нивна карактеристика, заедно со нивната сила ја прави оваа раса соодветна за потребите на полицијата, како куче чувар и куче трагач, бидејки германските овчари се во можност да научат различни задачи и да извршуваат наредби подобро од другите големи раси на кучиња.

Како доказ на сето погоре напишано е и ова видео кое можете да го погледнете во продолжение: