Претседателот на ФК “Победа” си поднесе оставка

Откако за својата одлука ги информирал спонзорите и акционерите во клубот попладнево од функцијата Претседател на ФК Победа се повлече Небојша Стојковиќ.

-Одлуката да се повлечам од претседателската функција е од чисто лични причини. Би сакал да се заблагодарам за соработката на сите мои досегашни соработници, посебно на спонзорите за вложувањата во клубот особено во ситуација кога екипата не игра во Прилеп.

На клубот му посакувам успешно продолжение на сезоната – опстанок во Првата лига и освојување на пехарот во Купот на Македонија.

Стојковиќ од почетокот на јануари 2018 година беше вклучен во најтесното клупско раководство на Победа, најпрвин на потпретседателската, а од почетокот се сезоната 2018/2019 ја извршуваше функцијата Претседател на ФК Победа АД.

Станува збор за поранешен фудбалер на Победа за која настапуваше од 1998 до 2000 и од 2005 до 2008-ма година, по враќањето од успешната 5-годишна кариера во рускиот Анжи.

Пред повлекувањето на Стојковиќ и претходното назначување на Јане Николоски за Шеф на Стручниот Штаб, сега во клупската организациона структура на Победа остануваат упразнети претседателската и функцијата Спортски директор, па останува да се види за какви идни персонални решенија ќе се одлучат акционерите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.