дома блог страница 3155

Нов удар за бранителите: Драстично намалени платите на припадниците на специјалните единици

Синдикатот на Одбраната и Безбедноста во која членуваат припадници на Армијата на Република Македонија, особено припадниците на специјалните единици, реагираат на одлуката на Владата за укинување на дополнителните бодови со што нивните примања значително се намалуваат.

Од синдикатот реагираат дека Владата на ден 22.01.2019 година донела „ Уредба за престанување на важењето на уредбата за утврдување на посебните специјалности од особено значење за Армијата на Република Македонија“, со која од 05.02.2019 година се Укинува „Уредбата за утврдување на посебните специјалности од особено значење за Армијата на Република Македонија“ донесена на ден 27.08.2012 година.

“Тоа значи дека на припадниците на одредени единици од АРМ им се укинува законското право на дополнителни бодови, иако според Законот за Служба на Армијата на Република Македонија, член 153, тоа им следува.

Затоа СОБ изврши консултации со нашите правни застапници, и за понатамошните активности кои што ќе ги преземе раководството на СОБ ќе бидете известени преку претседателите на Регионалните синдикални организации и преку социјалните мрежи т.е преку нашата ФБ страница”.

Со оваа одлука, Владата им го ускратува правото на припадниците на Специјални сили да добивват дополнителни бодови и ги порамнува со останатие припадници од обични армиски одреди и администрација.

Со оваа одлука се фрла уште една црна дамка на Министерството за одбрана и Армијата во однос на третманот на бранителите, притоа обезвреднувајќи ги нивните дополнителни напори и работа во однос на безбедноста на државата и справување со специфични задачи како и посветеноста и обуките кои овие единици постојано ги имаат.

Извор: kurir.mk

Силјановска: Надвор сум од концептот за живот на Заев, во кој работа има само за децата на функционерите

Денеска премиерот Зоран Заев, за Силјановска, меѓудругото, изјави дека „таа е надвор од актуелниот концепт на живот, надеж и живеење на огромно мнозинство од граѓаните“.

Професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните претседателски избори, деновиве е цел на канонада сексистички и мизерни навреди од власта и нејзините апологети, со цел да се дискредитира нејзината личност.

Денеска и премиерот Зоран Заев, за Силјановска, меѓудругото, изјави дека „таа е надвор од актуелниот концепт на живот, надеж и живеење на огромно мнозинство од граѓаните“.

Професорката, пак, на својот Фејсбук профил, напиша: „Да, јас сум надвор од моралните норми во кои во сообраќајка загинаа 15 луѓе а никој не презема политичка одговорност за трагедијата“.

Извор: netpress

(Видео) Хит видео на Твитер: “Ќе ја запознаеш Русија подобро на -40 степени. Кога ќе бидеш подговтвен, јави ми се ! “

Дел од разговорот меѓу претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, кои се сретнаа во Сочи пред неколку денови, стана вистински хит на социјалните мрежи.

Путин го повика Ердоган да го посети Сибир, бидејќи на -40 подобро ќе ја запознае Русија.

“Се надевам нема да ме оставиш таму”, рече Ердоган.

“Кога ќе бидеш подготвен, ѕвони”, одговори Путин. Сето тоа го забележа новинарот на Косомополитска правда, Димитриј Смирнов, кој е акредитиран во Кремљ.

ЗАЕВ ОТКРИ ДВЕ ИМИЊА ЗА КОНСЕНЗУАЛЕН КАНДИДАТ: Абдулменаф Беџети и Теута Арифи се можни консензуални кандидати!

Одговарајќи на новинарско прашање, Зоран Заев откри дека на листата на претседателски кандидати на СДСМ се наоѓаат десет имиња за кои во моментов се прават анкети.

На таа листа се наоѓаат Абдулменаф Беџети, член на МАНУ како и Теута Арифи, поранешна вицепремиерка за европски прашања и сегашна градоначалничка на Тетово.

Извор: “Инфомакс”

Кога во далечната 1978 година Шабан Шаулиќ ја напишал оваа песна, сите му рекле дека е тотално промашување, а потоа била продадена во 400.000 примероци (Видео)

Шабан Шаулиќ загина во сообраќајна несреќа во Германија. Сите ги знаат неговите песни. Ако ги немате слушано, сигурно барем еднаш сте слушнале негова песна на веселба, на радио или телевизија.

Се работи за пејач кој во стара Југославија имаше поголема заработувачка од Здравко Чолиќ, “Бело Дугме” и “Сребрени Крила” заедно.

Песната “Дојди да остареме заедно” во 1978 година е продадена во 400.000 примероци, што било апсолутен рекорд во поранешна Југославија.

Во едно од неговите последни интервјуа кои ги дал пред трагичната смрт, за “Новости” во октомври минатата година, открива дека песната која најдобро ја отсликува неговата 50-годишна кариера е “Дојди за остареме заедно”.

“Иако секогаш сум бил доследен, понекогаш правев и по некој исклучок, ако мислев дека тој исклучок е добар за чекор понапред. Во таа смисла, најмногу се истакна песната “Дојди да остареме заедно”. Кога ја снимив, нема да верувате, добивав критики од моите колеги, кои ми рекоа: “Шaбан никогаш не си промашил ниту една плоча, но ова е дефинитивно промашување”. Образложението беше: “Ние тоа не го разбираме”. Сметаа дека сум заминал од народниот стил и навистина ми замерија. А јас само сакав да направам нешто ново, поразлично, интересно. Таа песна ја свиреа 50 луѓе во студиото, тоа беше симфонија. Ја пишував заедно со Раде Вучковиќ и се испостави дека навистина направивме револуција. Eксплодираше како атомска бомба и таа плоча беше најпопуларна во тогашна Југославија. Повеќе од милион и двеста илјади примероци. Беше вистински хит и голем чекор на музичката сцена”, рекол Шабан за “Новости”.

(Видео) Научниците го истражуваа дното на мистериозната сина дупка: На длабочина од 125 метри пронашле нешто неверојатно

Екипата на научници меѓу кои е и сопственикот на компанијата “Вирџин”, милијардерот Ричард Бренсон, се врати од важната мисија од дното на Големата сина дупка во Белизе со возбудливи извештаи.

Сината дупка е најголемата светска мистерија, таа има пречник 300 метри и длабока е 125 метри. Во екипата на научници бил и Фабијен Кусто, внукот на славниот истражувач Жак Кусто, кој во 1971 година ја открил дупката во Белизе.

Експедицијата започна во декември 2018 година, а планот беше да открие што точно се наоѓа на дното.

Користејќи две подморници, експедицијата снимила нови фотографии и снимки во внатрешноста на Сината дупка и направена е првата 3Д карта на она што не наоѓа внатре.

“Кога ќе им кажете дека вие сте Македонец, тие во вас гледаат ангел” (Видео)

“Македонскиот народ не е било кој народ. Значи ние сме еден од единствените во Европа кој што се запишани во Библијата. Ова го кажувам не само што е во делот на Павле каде што на него му се појавил човек од Македонија и му кажал “дојди во Македонија и помогни ни”. Тој дел од Библијата е толку битен што сите цркви во Америка кои што се Африканско-Американски, да кажам Баптистички цркви, речиси сите, или можеби 90% од нив се нарекуваат Македонски Баптистички цркви. Значи вие кога ќе отидете во Америка каде што еден голем дел од гласачите со Африканско-Американско потекло и кога ќе им кажете дека вие сте Македонец, тие во вас гледаат ангел”, вели Д-р Вера Лалчевска, Македонка од Скопје, политиколог во Женевскиот Институт за меѓународни односи и политики за меѓународен развој, при едно гостување во емисија на “Телевизија Алфа”.

Видеото деновиве е повторно актуелно на социјалните мрежи.

(Фото) Децата во ова градче во Србија секојдневно збираат пластични шишиња: Причината за тоа ќе ве воодушеви !

Количината на ѓубре која ја оставаме зад себе е загрижувачка, голем број на луѓе не се грижат за природата. За среќа има и луѓе како Миодраг Михајловиќ (58) од Куршумлија.

Миодраг пред една година започнал да собира пластичен отпад во населбата Кастрат во која живее, а неодамна во таа акција се вклучија и децата од населбата, на кои, за возврат, им направил игралиште во неговиот двор.

Михајловиќ за агенцијата Бета рекол дека цела година сам ја чистел населбата во која живее, така што секој ден го собирал пластичниот отпад во вреќи кои подоцна со трактор ги пренесувал до контениерите кои се наменети за тој вид отпад.

“Започнав да го собирам отпадот, бидејќи не можам да гледам како по улица се фрлаат шишиња, лименки и друг отпад. Залудно ги молев луѓето да не фрлаат отпад по улиците, па направив четири големи метални корпи кои ги поставив по улиците во Кастрат, но ниту тоа не вредеше”, вели Миодраг.

Тој потоа ги повикал децата од Кастрат да се вклучат во акцијата за чистење на населбата.

“Одзивот беше неверојатен, многу деца се вклучија во акцијата, секако со согласност на родителите. Мојата цел е децата да ги одвојам од компјутерските игри, мобилните телефони, повеќе од времето да поминуваат надвор од своите домови, да се занимаваат со спорт, а секој викенд организирам собирање на празни шишиња и друг пластичен отпад”, вели Михајловиќ.

Како би ги наградил децата за нивниот труд, тој во својот двор направил игралиште и им купил топки.

“Ги повикав децата и им кажав дека тоа е нивното игралиште, бидејќи во населбата нема друго”.

Акцијата вроди со плод па корпите кои Михајловиќ ги направил, секој викенд се полнис со отпад, а со помош на децата се празнат во другиот дел на дворот.

Не е само војската, еве што друго го врзувало Шабан Шаулиќ за Македонија

Не пропушташе посета, а да не се пофали колку го владее македонскиот јазик. Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ во Македонија ги помина војничките денови.

Во 2015 година, како и на секој од неговите концерти во Македонија, Шаулиќ не ја пропушти можноста на македонската публика да ѝ се обрати на јазикот кој што го научил додека служел војска.

Војската не секому му буди убави спомени, но за мене тоа е веројатно е еден од најубавите периоди во животот. Со Македонија ме врзуваат многу убави спомени и секое доаѓање долу е како враќање дома.

Знам дека не зборувам македонски најдобро, но се трудам. Вашиот јазик е многу убав. За песните воопшто и не станува збор, рече тогаш пејачот.

Дневен билтен на МВР за Прилеп

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Џ.О.(58) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено kривично дело „тешка телесна повPеда“.

На 08.02.2019 година во Прилеп, пред домот на пријавениот, по претходна вербална расправија, тој физички го нaпaднaл М.С.(42) од Прилеп и му нанел тешка телесна повPеда.