Кога во далечната 1978 година Шабан Шаулиќ ја напишал оваа песна, сите му рекле дека е тотално промашување, а потоа била продадена во 400.000 примероци (Видео)

Шабан Шаулиќ загина во сообраќајна несреќа во Германија. Сите ги знаат неговите песни. Ако ги немате слушано, сигурно барем еднаш сте слушнале негова песна на веселба, на радио или телевизија.

Се работи за пејач кој во стара Југославија имаше поголема заработувачка од Здравко Чолиќ, “Бело Дугме” и “Сребрени Крила” заедно.

Песната “Дојди да остареме заедно” во 1978 година е продадена во 400.000 примероци, што било апсолутен рекорд во поранешна Југославија.

Во едно од неговите последни интервјуа кои ги дал пред трагичната смрт, за “Новости” во октомври минатата година, открива дека песната која најдобро ја отсликува неговата 50-годишна кариера е “Дојди за остареме заедно”.

“Иако секогаш сум бил доследен, понекогаш правев и по некој исклучок, ако мислев дека тој исклучок е добар за чекор понапред. Во таа смисла, најмногу се истакна песната “Дојди да остареме заедно”. Кога ја снимив, нема да верувате, добивав критики од моите колеги, кои ми рекоа: “Шaбан никогаш не си промашил ниту една плоча, но ова е дефинитивно промашување”. Образложението беше: “Ние тоа не го разбираме”. Сметаа дека сум заминал од народниот стил и навистина ми замерија. А јас само сакав да направам нешто ново, поразлично, интересно. Таа песна ја свиреа 50 луѓе во студиото, тоа беше симфонија. Ја пишував заедно со Раде Вучковиќ и се испостави дека навистина направивме револуција. Eксплодираше како атомска бомба и таа плоча беше најпопуларна во тогашна Југославија. Повеќе од милион и двеста илјади примероци. Беше вистински хит и голем чекор на музичката сцена”, рекол Шабан за “Новости”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.