(Видео) Хит видео на Твитер: “Ќе ја запознаеш Русија подобро на -40 степени. Кога ќе бидеш подговтвен, јави ми се ! “

Дел од разговорот меѓу претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, кои се сретнаа во Сочи пред неколку денови, стана вистински хит на социјалните мрежи.

Путин го повика Ердоган да го посети Сибир, бидејќи на -40 подобро ќе ја запознае Русија.

“Се надевам нема да ме оставиш таму”, рече Ердоган.

“Кога ќе бидеш подготвен, ѕвони”, одговори Путин. Сето тоа го забележа новинарот на Косомополитска правда, Димитриј Смирнов, кој е акредитиран во Кремљ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.