дома блог страница 3147

ПРЕПОРАКА: Бремените жени и постарите лица да се ослободат од работа поради топлотниот бран

По прогласувањето на портокалова фаза на територијата на цела држава до 14 август годинава, поради топлотен бран, Министерството за труд и социјална политика ги повика правните субјекти да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство донесени врз основа на заклучоците на Комисијата за следење на ефектите од високите температури.

-Согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови Министерството за здравство препорачува ослободување од работните обврски на најранливите групи население, како што се – бремените жени и лицата на возраст над 60 години. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Се препорачува сите правни субјекти што вршат активности на отворено да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот, се наведува во соопштението од МТСП. Ова, како што се потенцира, особено се однесува на градежните работници.

Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран, како што препорачува МТСП, треба да имаат проактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници согласно предвидените активности во Акциониот план.

-Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област, се посочува во соопштението.

Истовремено, МТСП апелира на зголемени контроли од страна на надлежниот Државен инспекторат за труд.

МВР: За палење стрништа затвоpcки kaзни до 8 години

Со порастот на температурите, се зголемува и опасноста од избувнување пожари, па поради тоа МВР апелира до граѓаните да не ги палат отпадоците, меѓите и стрништата на нивите и да не фрлаат неизгаснати цигари на отворен простор.

Министерството за внатрешни работи потсетува дека секој кој на било каков начин ќе предзвика пожар ќе се соочи со ригорозни казни односно затворска казни од шест месеци до осум години.

„Министерството за внатрешни работи презема координирани превентивни и други мерки, во месните заедници, со граѓански советодавни групи, навреме да се пресретнат овие појави, а во соработка со другите надлежни институции засилени се и контролно-репресивните активности“, велат од МВР.

Ивон Величковски: Она што важеше за Груевски важи и денес за Заев – оставка

Поскандалозно од самиот скандал со “Рекет” е само однесувањето на оние што 2014-16 беа “критичка јавност”, а денес се само релативизаторска фасада на СДСМ ухлебена во јавните служби, опинионисти на владин повик, медиуми блиски до власта и провладини “невладини”, пишува на свјот Фејсбук профил Ивон Величковски од Либералната партија.

„Она што важеше тогаш за Груевски, за доследните важи и денес за Заев – оставка“ порачува Величковски.
Тој смета дека со обзнанувањето на “Рекет” во домашните медиуми се срушени владата и правосудството. Со објавите на “Ла Верита”, аферата со СЈО добива назнака за меѓународна димензија.

Гласникот е од второстепено значење, најбитни се мотивите и организацијата на актерите на снимката, нивните соучесници, покровители и инспиратори.

Лесно е да се претпостави дека опфатот на “Рекет” веќе не е само домашно политички. Со темпото на објавување, најинтересното допрва следи.

Ова ни Буфон не може да го одбрани, а не па јадницине околу Заев

Актерот Сашо Тасевски со нов коментар за случувањата околу Рекет, откако беше објавено видео од моментот кога Зоран Милески и Бојан Јовановски ги изнесуваат парите за поткуп од домот на Орце Камчев.

-Комедија е финита. Ова ни Буфон не може да го одбрани, а не па јадницине околу Заев. Спуштајте завеса. Толку беше.

ФОТО: После објавеното второ продолжение од скандалот со рекетот, повторно на Фејсбук се огласи италијанскиот новинар Гајсер

Откако рано утрово во италијанскиот весник „Ла Верита“ беше објавено второто продолжение од аферата „Рекет“ која што ја тресе Македонија, на социјалната мрежа на Фејсбук повторно се огласи италијанскиот новинар Ларис Гајсер, односно и автор на самиот скандал и кој што го објави.

Во продолжение можете да го прочитате во целост неговиот денешен статус:

„Од 2015 година следам и известувам како група од неспособни политичари (десничари и левичари) и непријателски странски сили, како си играат со животот и судбината на Македонските граѓани. Слепилото на политичките елити заедно со злобниот меѓународен притисок ја доведоа Македонија до степен на корупција и опасно ограничен суверенитет.
Сите мои поранешни написи и говори беше во насока за да спречам Македонија да биде понижена, да ја предупредам ЕУ за нејзиниот погрешен пристап и за да ја спречам меѓународната заедница да направи неприфатлив преседан. Преседаните на Балканот ретко носат придобивки на меѓународната заедница.
Јас не сум богат. Немам големи финансиски фондови за да спроведам експериментални револуции. Како и моите пријатели од „Ла Верита“, мразам глупост и манипулации. Ние верувме во човечката интелигенција и во слободата. И двете секогаш наоѓаат начин да испливаат на површина и да преовладата. Дури и по подолги периоди на понижување. Мојата надеж, денес, преку моите написи е да ги поттикнам добрите, се уште независни, слободни судии, кои навистина веруваат во владеење на правото, да ги истражат наодите и да направат од Македонија светол пример на стабилна земја.

Одбегнувајќи да бидам инволвиран во меѓународни политички препирки, сакам само да дадам свој придонес во потрагата по вистината за да им помогнам на македонските граѓаните да најдат сила на патот кон успешна држава.

Имајќи ги предвид комплексните геополитички промени, ние Европјаните и должиме стабилност на Македонија, сигурност и историска мудрост. Наместо да биде вештачки изолирана, Македонија треба што поскоро да стане член на нашата несовршена Европска Унија, со што ќе не направи посилни и побогари“, пишува Гајсер на својот Фејсбук профил.

“Тунтев и Нефи правеле договори за вработување на писмено?”

Советникот Нефи Усеини на прес-конференција кажа дека пред да се одржат локалните избори во 2017 година, тој и Томислав Тунтев од СДСМ направиле писмен договор за вработувања во Општина Охрид и јавните претпријатија. Советникот вели дека тоа е нормално во политиката, но и дека станува збор за законска работа, која и без договор требало да биде направена – oбјави “Скопје 1”.

Договорот бил склучен и писмено, а потписи имале двете страни. За ова биле известени и Ахмети, но и Заев. СДСМ од Усеини требало да добие гласови за покојниот градоначалник Јован Стојановски да победи на изборите.

„Република Северна Македонија не е на Македонците туку на сите кои живеат во неа“, смета Усеини и додава:

„Пред изборите со покојниот градоначалик Јован Стојановски и господинот Томислав Тунтев имавме партиски договор, како и сите. Во секое јавно претпријатие, како „Нискоградба“ „Проаква“ „Градски пазар“, во Општина Охрид да се вработат Албанци, Турци, Египќани. И без овој договор ќе требаше да се исполнат овие места, бидејќи не може во ниту една институција да нема Албанец. Тоа е незаконски. Од 500 луѓе во Општината, има само двајца Албанци. Во политиката има договор за вработување, а не за градба“.

Извор: “Скопје 1”

Мицкоски: Зошто Катица не е во зaтвop, а главата на октоподот со лиcици на раце, овој kpиминал Вардар не го пepe

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски утринава сподели статус поврзан со аферата Рекет.

-Кога излезе аферата “Рекет” зборував дека имаме работа со криминален октопод. Денес е совршено јасно дека е така, и тоа е реалноста.

Но што превземаат власта и институциите: Наместо веднаш одговорност, тие одлучија да се вадат и да ги лажат нашите партнери од меѓународната заедница за некаква одлучна борба против криминалот. Играа на картата дека и ова ќе помине, а народот има кратко помнење, па старите и старо новите стратези од времето на “револуцијата”, скапо платени (додуша кај овие старо новите од времето на “револуцијата” најпрвин ќе ги подмират за заостанатиот долг…) ќе ги советуваат, сега треба позитивна кампања за да се покрие срамот и ќе почнат со украдени проекти и политики да се фалат, споредувајќи го напредокот на Република Македонија од 2012 до 2018. Но срамот и криминалот се големи и тешко дека некоја лага или измислена приказна ќе ги покрие. А ова било само мал дел, ќе речат познавачите…, срамот и криминалот се многу поголеми од што можете да замислите и зафатени биле повеќе области и личности.

Па така додека се приведуваат политички неистомисленици, со цел да се купи летниот период со некаков активизам, огромен број наши сограѓани денес си го поставуваат прашањето зошто сеуште Катица Јанева не е во притвор? Зошто ниту Фрики, ниту Кики не се повикани на распит? Зошто Заев ги штити криминалците во своите редови, па ќе се јави сомнеж или можеби себепотврда, нели тоа го прави ороводец во штитењето на тој криминал. А зошто премиер би штител криминал, причината е една, затоа што токму од таму извира криминалот.

Зоран Заев велеше дека Катица Јанева е добар човек со капацитет, дека не се откажува од неа и дека тоа е неговата црвена линија. Но денес, прашањето е дали сеуште верува во капацитетите на Јанева и дали можеби е тоа причината зошто не проаѓа законот за обвинителство, та нели Катица треба да биде дел од Републичкото Обвинителство? Сите знаат дека силата на тој октопод кој изнудувал пари не се ниту прво, ниту второ осомничениот, туку власта преку слугите во обвинителството и судството ги легитимирала како нивна силна рака. Залудни се обидите за дефокусирање. Овој криминал на Заевци, надојден Вардар не го пере. Ако ваков криминал е блескањето со кое се фалат, тогаш премногу е.

Тргуваат со правдата, како што тргуваа со името и идентитетот. И додека трговијата им врви, а џебовите им се полнат, нема ден а да не помислам на неправдите кои ги направија. На луѓето кои умираат по ходниците во болниците, зошто таму шајка не е закована, за бедата по студентските домови која одново ги чека студентите од септември, солзите на нашите родители кои невешто ги кријат кога ги испраќаат своите чеда во незвесност таму некаде далеку, за неплатената мака на земјоделците, за тоа како сеуште убијци се на слобода, за плачот на блиските на Саздо, Мартин Јанушев, Смилковско, за прогонот, за Ченто, Димитар, Дејан, Горан, Миле, Митко….

На народот му збогтиса од ваквото блескање на куфер политиката на Заев кој Македонија ја води во амбисот. Ако Македонија беше правна држава, денес главата на октоподот ќе беше со лисици на рацете. Но за жал понижена, украдена, обезличена е нивната приказна за Македонија, но не и мојата, не нашата приказна. Македонија мора да се исправи, а Заев да го поразиме. А после, после се знае, секој според заслуженото, без оглед кој е и од каде е. Ако сакаме напред, а мораме, зошто друг пат немаме.

Месеци ја делат Македонија од вистинска #ОбноваНаМакедонија, да покажеме дека веќе нема место за повластена политичка каста туку за политичари кои ќе служат на граѓаните и Македонија, а тие кои се огрешиле пред законот и се посрамотиле пред граѓаните да понесат одговорност!

ПС: И еве еден совет до сеачите на магла до СДСМ, непробувајте да одговорите преку она младо момче, чиј личен долг спрема Заевци, и амбиција во политиката се поголеми од здравиот разум. Не посегнувајте по таква злоупотреба.
Ниту преку еднолично соопштение со кој ќе си ја ишкате мувата од капата сакајќи да ги посипете сите други со вашата кал нема да помине. Вашиот образ одамна не е чист, а единственото нешто правилно и морално во едно такво ваше безморално мракобесие кое можете да го направите, е давањето оставка и ништо повеќе, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Катица ужива во масажа на плажа во Калитеа (ФОТО)

Нова фотографија од одморот на Катица Јанева денеска сподели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

Откако излезе снимката за „Рекет”, почитуваната Катица Јанева која е на ‘ваканција’ во Калитеа ја фати глава и си плати масажа која според неименуваниот извор чинела 10 евра.

Тек почеток е Катицеее, многу повеќе ќе те боли глава, порача Арсовски.

Александар не може да оди, Суарет не може да гледа, но заедно можат се`

„Барем на семафорите да има рампи и звучна сигнализација за слепите лица“, вели Александар

„Со 7 илјади денари не се решава проблемот на едно лице…“, вели Суарет

Александар Велески и Суарет Алиша ги споиле животните предизвици. Велески не може да оди поради параплегијата која ја има од 5 год возраст, Алиша пак не гледа од своето раѓање. Немањето инфраструктура за лицата со посебни потреби е главниот проблем за непречено функционирање во секојдневието.

„Покрај реката си ја скршив количката, а сервис нема во Скопје, во Македонија. Мораме сами да се снаоѓаме… Еве видете…“, вели Александар Велески

„Се што е направено е само урбана мафија… Нека одговорните размислат дека и тие имаат деца, внуци, на раце ли ќе ги носат…“, вели Суарет Алиша.

Глувите сакаат да ја победат тишината, а слепите сакаат да ја победат темнината, но само доколку им се даде можност да се оствари тој сон.

„Рекоа редовно образование за сите, јас тоа не го поздравувам. Кој асистент на слепо лице ќе му ја пренесе брајовата азбука, а никој не ја познава?“, вели Суарет Алиша

Суарет вели дека сите ветувања и проекти за нормално функционирање на лицата со попреченост функционираат на хартија.

„Упатувам апел до премиерот и до Владата, се обврзавте пред 2 години дека ќе ги решите проблемите на лицата со попреченост. Како лице со попреченост и претставник на тие лица ве поканувам да седнеме и заеднички да најдеме решение. Велат една држава вреди колку што се грижи за најбеспомошните“, вели Суарет Алиша.

Видо сторијата погледнете ја на Сител

“Никола Зисов распали по Венко Филипче” (ВИДЕО)

Прес конференција на претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Крушево, Никола Зисов: