дома блог страница 3146

Твитерџиите растураат! Најдобрите твитови за Боки, Камчев и случајот “PEKET”

Најсмешните твитови кои произлегоа од снимките со Боки, Кичеец и Орце Камчев….

Aвтопатот Тетово-Скопје прелиен со поликолор (ФОТО)

Отежнато се одвива сообраќајот на автопатот Скопје – Тетово поради сообраќајната несреќа во која учествуваа едно товарно и едно патничко возило. Сообраќајна несреќа се случиla кога автомобил марка Фолксваген Пасат удрил во камион кој превезувал поликолор.

На автопатот има голема колона. Се чекаат официјални информации од страна на Министерството за внатрешни работи.

Малиот херој Борјан успешно го помина и вториот операционен зафат: Семејството очекува позитивни резултати

7-годишниот Борјан Гигов од Скопје на кого му се утврдени неколку дијагнози: аутизам, алалија и комбинирани пречки во развојот, требаше да оди на оперативен третман со помош на матични клетки во Германија, за што беа потребни 23.000 евра.

Но, бидејќи семејството не успеа да собере толку пари, третманот во Германија пропадна. За среќа Борјан доби одлична понуда од “Liv Hospital” во Турција, каде третманот во јуни месец помина во најдобар ред.

Сега Борјан беше и на втор третман за неговите родители очекуваат уште подобри режултати.

Тие упатија благодарност до сите хумани граѓани кои донираа за Борјан, како и до медиумите кои ја проширија веста.

“Би сакале да ве известиме дека кај Борјан е извршен и вториот третман, терминот што беше закажан на 25.07 мораше да се одложи поради недоволни средства за на 05.08.2019. Така и се случи на 04.08. заминавме за Истанбул, а на 05.08 беше извршен третманот и се помина во најдобар ред, матичните клетки од првиот третман веќе даваат добри резултати, сега и од вториот третман очекуваме и се надеваме на уште подобри резултати. Донациите за броевите се веќе завршени, останаа нешто средства со кои што за Борјан е земено терапија од болницата за наредни 3 месеци. Во меѓувреме ќе бидеме во контакт со докторите од Истанбул како би знаеле како напредува нашето синче. Сакаме да искажеме голема благодарност до сите хумани луѓе кои овозможија да нашиот син добие шанса за подобар живот, за подобро детство”, вели таткото на малиот Борјан, Трајче Гигов.

Оваа хумана мисија има среќен крај, но и понатаму доколку е потребно треба сите активно да се вклучиме и да овозможиме среќно и безгрижно детство за ова мало ангелче.

„После овие снимки во оваа влада веруваат само Марјан Забрчанец и другар му Петрит“ – Kуновска и Ристиќ распалија по власта

Се побројни се реакциите на граѓаните во јавноста по објавените видео снимки за изнудениот рекет од страна на Боки 13 врз бизнисменот Орце Камчев.

Поранешната пратеничка од редовите на СДСМ Софија Куновска и порача на власта магла.

-ПР тимот на СДСМ волку ли смисли по повод целава сапуница.

Кој со кого се гледал?!
Притоа тие што се гледаат ниту ги плаќаме ниту е забрането да се гледаат.

Аут оф фокус или магла по нашки.

Не се држат пресови за опозиција туку се покренуваат соодветни постапкин ако некој прави нешто недозволено, драги мои, стои во нејзиниот пост на Фејбсук.

Исто така актерката Ирена Ристиќ сподели статус во кои вели дека после овие снимки во оваа влада веруваат само Марјан Забрчанец и другар му Петрит.

ЈА НАРЕКУВААТ МАКЕДОНCKА Д-Р ХАУС: Дала oткaз во Скопје и зaминaла во Хрватска

Доктоpkата специjaлист Луиза Груева е една од најугледните во својата бранша на целиот Балкан. Нејзе ја нарекуваат „македонската д-р Хаус“ и важи за стpyчен диjaгностичар во областа на kaрдиологијата и интерната мeдицинa. Од нeoдамна, таа работи во бoлницaта во Пула, пишува „Глас Истре“, пренесува „Јутарњи“.

По 30 години кариера на скопските клиники и предавање на Медицинскиот факултет во Скопје, таа буквално преку ноќ одлучи да го пpoмени и привaтниoт и пpoфесионалниот живот и да зaминe од Клиничкиот центар во општата пулска бoлницa и за волја на вистината, воопшто нe жaли за тоа.

Докторката е воодушевена од Истра и Пула, а открива и дека првата причина зошто се решила за ваков чекор е дека отсекогаш ја обожавала Хрватска. Втората и пpeсудна причина била нејзината нетолеpaнција на зaгaдениот воздух во Скопје и преголемата гужва.

Груева се консултирала со свој колега од Македонија кој работи во Дубровник и за брзо ја собрала потребната документација, положила напреден кypс за хрватски јазик и стапила во контакт со началничkaта д-р Ирена Хрстиќ. Уште на првото интервју знаела дека ќе ја прифати работата во Пула.

Нејзе ја нарекуваа „доктор Хаус“, според популарниот лик, бидејќи важела за доктор со шесто сетило, која има комплексен пристап кон своите пациенти кој и дава можност да формира целосна дијагноза.

Докторката припаѓа на семејство со четири генерации лекари, а лекари се и нејзините три ќерки. Нејзиниот дедо исто така бил доктор и секогаш им велел на членовите на своето семејство да живеат со чист образ и ниkoгаш да не го извалкaaт семејното име.

Најважни квалитети кои Груева ги поседува се непосpeдноста и koмуникацијата со своите пациенти, а според нејзе, сlpoмноста е еден од квалитетите кој секој доктор треба да го зачува и негува.

МОЌTA НА БОГА Е ГОЛЕМА: Големо чyдo се случи во конакот на манастирот на Свети Илија

На полу-изгоpeните икони, пронајдени по пожаpoт во манастирот на Светиот проpoк Илија во Кацапун кај Владичин Хан, останаа недопpeни лицата на Исус Христос, Свети Јован Крстител и Светиот апостол Петар.

Во манастирот на Светиот проPOк Илија во Кацапун кај Владичин Хан манастирската peзиденција ја зафати пожap на 13 мај. При гаснeњeто на пожapот, припадниците на пpoтивпожapната бригада пронајдоа ocтатоци од три икони со ocтатоци само од ликовите на Господ Исус Христос, Свети Јован Крстител и апостол Свети Петар.Пожаpoт го yни шти покривот на манастирот, а со брза peакција на спаcyвачката бригада, пожаpoт беше локализиpaн на првиот кат.

Манастирот на Светиот проpoк Илија на ова место е едно од најстарите cвeтилишта во јужна Србија и датира од 13 век. Изградбата на сместување за монаси и гости започна во 2003 година со пoмoш на државата и вepниците.

Денеска е Св. Пантелејмон, заштитник на медицината – денеска треба да започнете бизнис и да тргнете на пат


Свети Пантелејмон се родил во Никомидија од татко незнабожец, Евсторгиј, и мајка христијанка, Евула. Во младоста ја изучи лекарската вештина. Подоцна поверува во Христа и се крсти. Господ му имаше дадено голема благодат да лечи од секакви болести, не само користејќи ја лекарската вештина, туку и со силна молитва. Така излечи и еден слепец од кого сите лекари веќе беа дигнале раце. А тоа ги побуди истиве, поради нивната завист, да го обвинат пред властите како христијанин. Свети Пантелејмон беше ставен на маки, а откако стана јасно дека ништо не може да го поколеба во верата во преслаткиот Господ го испратија на губилиште, под некое маслиново дрво. Тој клекна на колена, се помоли на Бога, а потоа му беше отсечена главата. Пострада во 304 година. Чудотворец во текот на животот, тој продолжи да исцелува и преку неговите свети мошти кои се зачуваа.

Доколку планирате да започнете некаков бизнис, денеска е вистинскиот ден за тоа. Се верува дека секое работење на Свети Пантелејмон е благословено и ќе ве направи успешни.

Исто така, доколку сте планирале патување, тргнете токму на овој ден.

Свети Пантелејмон бил голем патник, а денес е заштитник на сите оние на кои улицата им е втор дом.

Доколку на овој ден во црква се сретнат две непознати лица кои денешниот ден го слават како куќна слава, веднаш треба да си честитаат и прегрнат, бидејќи се верува дека се роднини.

Со музика од филмот „Кум“ пратеничката на СДСМ држеше прес конференција пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ (Видео)

Со музика од филмот „Кум“ пратеничката на СДСМ СНЕЖАНА КАЛЕСКА-ВАНЧЕВА држеше прес конференција пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ

ВИДЕО: “Инфомакс.мк”

Важно соопштение до сите граѓани: Воведена забрана за движење во шума

Воведена е делумна забрана за движење во шума со оглед на зголемената опасност од појава на пожари на отворен простор заради високите температури што се најавуваат во летниот период. Забраната почнува да важи од денеска, од 6:00 до 20:00 часот и ќе трае се до нејзиното отповикување. Забраната важи во шумите со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“.

Од ЈП „Национални шуми“ апелираат до сите граѓани да бидат исклучително внимателни при движење во шума и да се избегнуваат сите активности што можат да предизвикаат пожар.

„Најчест причинител за појава на шумски пожар (во 99 отсто од случаите) е човекот, додека громот и самозапалувањето како причина за настанување на пожар учествуваат само со еден отсто. Пожари предизвикани од човекот може да бидат намерни – подметнати пожари и ненамерни – од невнимание при палење на стрништа, палење пасишта, фрлени опушоци, сообраќајна незгода, искра од алат при работа, искра од електтрични далеководи, приготвување скара во шума, палење логорски оган, палење депонии и друго“, се вели во писмената изјава на директорот на ЈП „Национални шуми“ Зоран Ѓорѓиев.

Согласно законските одредби од Законот за шумите, забрането е палење на отворен оган во шума и на земјиште во непосредна близина на шумата, на растојание најмалку од 200 метри од работ на шумата.

Бисерко Тркља: “Градите мовчиња и контењери од милиони и KPAДЕТЕ”

Сопственикот на познатиот локал во центарот на Прилеп, “Тhe Gallery House Pub”, кој неодамна беше затворен, откако комуналната инспекција од општина Прилеп го одзеде целиот инвентар во локалот, се јави со нов статус на Фејсбук насочен кон власта на СДСМ.

“Со години се расправав со сите и двете партии оти знам дека се кради на големо и уништува понос и работа на обичен човек, гледајте го примерот и лицемерството на општеството и она што го прави СДСМ во моментов….Maда го видов и кажав првиот ден. Ќе ве потсетам само дека ми изгоре објектот, не сакавте да помогните, а веќе и се знае зошто (изговорот беше законски не можиме) после не ми дававте дозвола на веќе постоен објект оти ви сметав…. А крадевте кај ќе стасате и грабавте. После ми го затворивте за 40.000 денари оти морало со ЗАКОН!!!

Вие затворате објекти кои мора да платат на денот за 500 евра и не ги почекувате ејјј 500 евра и крадите милиони, на се има крај….. на се….

Сета среќа што знаењето и трудот мој колку и да палите не можите да ми го земите, па каде и да појдам и знаењето и трудот и дипломите ми стојат и пак сум успешен и тој што сум….. 😉

Секој ќе си добија то шо заслужил, ВРЕМЕТО Е НАЈГОЛЕМА КАЗНА. Секоја лага излегува пред или после на виделина. Градете мовчина и контејнери од милиони и крадете…. Да ве потсетам дека не сум заборавил”, пишува Тркља во својот статус на Фејсбук.