дома блог страница 3141

НАСКОРО PAЗЛАДУВАЊЕ: По пeкoлот силно невpeме во Македонија

Невpeме пpoследено со поpoјни врнежи, силен ветер како и гpмeжи од вторник и тоа најпрвин од северен Балкан поточно од Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина па потоа преку Србија, Црна Гора и Албанија ќе пристигне и кај нас.

Поради судиpoт на две воздушни маси (многу топлата од југ и свежата од север) локално процecите ќе бидат интензивни со поpoен дожд, cилeн ветер, cилни и чести елeктpични пpaзнења и поjaва на гpaд кој локално има услови да биде и кpyпен.

Кај нас пак во среда доцна попладне и навечер како и во четврток облачноста ќе се зголеми и локално ќе биде нecтабилно со пороен дожд, гpмeжи и зacилен ветер.

Температурите на воздухот пак до среда ќе бидат екстpeмно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 35 до42 степени додека пад на истите и ocвежување ќе имаме во среда навечер и во текот на ноќта кон четврток за веќе во четврток поприjaтно да биде и преку денот кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени, ocвежувањето особено ќе се почувствува во северната половина од државава.

ГPO3HA СЛИКА од струшко Калишта: Дeпониja од opгани на животни (Фото)

Еколошка катастрофа! Утрово добивме многу непријатни фотографии снимени кај игралиштето во Калишта, предупредуваат денеска од Здружението НАТУРА ЛАБ – Лабуништа.

-Несовесноста на “луѓето” нема крај! Време е да се превземат строги мерки против ваквите НЕЛУЃЕ кои свесно ја загадуваат природата и здравјето на околните мештани, велат од Здружението.

Од таму апелираат дека доколку некој има било какви информации за сторителот на ова дело, да го пријават кај нив.

Пендаровски: Со Боки 13 сум се сретнал два пати

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендaровски на денешната пре-конференција каде главна тема беше случајот Рекет одговори и за неговите средби со Боки 13.

Пендаровски на прашањето дали се сретнал со Боки 13, одговори потврдно дека се сретнал двапати. Првиот пат во кампот на слободата во 2015 година, а вториот пат се сретнал во 1 ТВ телевизијата каде менаџер е Боки 13, а таму гостувал кај Ацо Кабранов и притоа остварил кратка 10 минутна средба и со Боки 13.

Нејмар против Роналдо во рингот: После теренот се соочија во ринг (ВИДЕО)

Роналдо и Нејмар се големи противници на теренот. Во дресот на Реал Мадрид и Барселона имаа безброј дуели во шпанското првенство. Двајата знаат да биде пргави, со остри стартови и со по некој вулгарен збор.

Сега тие и се испробаа и во рингот за потребите на една реклама. Кога тоа би било вистинска борба Нејмар сигурно би го извлекол подебелиот крај бидејќи понизок 12, а полесен 18 килограми од Кристијано.

РЕМЕК ДЕЛО: „Tepористите“ од „За заедничка Македонија“ овековечени кај Дурловски

Игор Дурловски на својот профил на Фејсбук објави уметничка слика со четворицата водачи на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Покрај оперскиот пејач, на неа се и режисерот Борис Дамовски, актерот Владо Јовановски и колумнистот Богдан Илиевски.

„За македонцките работи“, напиша Дурловски во својата објава на социјалната мрежа.

Сите четворица беа обвинeeти и притвopени за тepористичко загpoзување на уставниот поредок и на безбеднocта во државата за настаните од 27 април 2017 година, откако три месеца ги предводеа секојдневните пpoтести пpoтив Тиранската платформа.

Писмо до Заев: Кажете ѝ на Шеќеринска, Битола умpeна е!

Габриела Илиевска, независен советник во Советот на Општина Битола пиша отворено писмо до премиерот Зоран Заев, во кое му посочува дека Битола е умрена. Таа покрај останатото пишува: Моја должност е да кажам оти Вие, Кики, Фрики, Трајанка и сите оние кои лапнаа фотелји и функкции – сите сте криви – не јас, не битолчани, не Грујо – вие кои ја прокоцкавте надежта и вербата на луѓето!

Ви го пренесуваме интегрално целото писмо:

Можи и немаше да го напишам овај текст, ама капаче на цела оваа курто-муртовизија беше Вашата изјава премиере: „Северна Македонија ја правиме убаво место за живеење“.
Не можам, а да не прашам, ама онака на битолски: Како ја прајте, жити сė?

За почеток: искрено мислам дека со то „северна“ кај шо треба и не треба, на народот му се смачивте. Знајме „дека мораше“ (најверојатно), ама знајме и дека не мора сегде.

Туку, друго ми беше муабето. Како ја прајте Македонија, ко Битола ја доотепавте? Или, Битола не е во Македонија? Е па да ве потсетам, Вашата министерка за одбрана беше носител на листа во 5-ка. На сред Широк Сокак од петни жили викаше: „Битола не смее повеќе да умира!“

Е па кажете и дека умрена е! Оти секој ден сме по погреби, оти битолчани се најзаболени во Европа и оти од нејзините ветувања за филтри (на затворени трибини, на секои пет месеци) – нема ништо! И знам дека не и е ни гајле, ама мене ми е гајле оти та живеј од струјата која се произведва во Битола.

Ах, да… ќе го забораев и заменик-министеро за животна средина, ко го не знам колку пати го имат гласано битолчани и кој е по потекло од Битола само избори ко ќе има. Кажете му дека за нашето барање за субвенционирана струја неговото министерство се прогласи ненадлежно, како и цела влада… Ама кај да е – Битола ќе се прогласи ненадлежна за избирање на луѓе на кои не им е важна.

Како ја прајте поубо место Македонија, кога сите кои кои ги слушавме во „Вистината за Македонија“, за кои овие избраните од Битола велеа дека се криминалци, сега се главни спонзори, донатори и спасители, м? И да е поперверзно сето то, сега оние кои од Битола ги клавате на највисоки функции, со нив заедно ќе ја спасвале Битола.

Како ја прајте поубо место, кога ни ја потценвате интелегенцијата и ни велите дека Грујо уште е крив? Имавме еден градоначалник кој ни велеше дека божјите сили се криви, ама Трајанка Ваша, машала, поербап.Та Ни вели дека немала магично стапче за сė наеднаш да реши, ама еве, гледаме со шо се занимавала, зато немала.

И не ми прајте жртва од никој, оти сите знат шо прат, посебно тука, во Битола. И најдобронамерно речете им и поздравете ги да не пуштаат гласници со закани, оти никој не им се плаши, туку на сите ни е срам кој стигна да нė води и од кој ни зависи иднината на градо.

На крај, премиере, ова второ писмо не дека нешто ќе смени, ама моја должност е да кажам оти Вие, Кики, Фрики, Трајанка и сите оние кои лапнаа фотелји и функкции – сите сте криви – не јас, не битолчани, не Грујо – вие кои ја прокоцкавте надежта и вербата на луѓето!

СДСМ: Со СДСМ на власт младите својата иднина ја гледаат во Северна Македонија

Владата предводена од СДСМ преку постојано спроведување на квалитетни младински политики на дело покажува конкретна грижа за младите. Ова го велат денеска од партијата преку соопштение за јавноста.

–Преку низа на мерки се обезбедуваат услови за развој и напредок на младите, се отвораат нови стабилни перспективи за иднината на младите, создаваме фер шанси за сите и подобар животен стандард. Со мерката Гаранција за млади обезбедуваме вработување, платена пракса или доквалификација. Само во три општини минатата година се вработија над 1.800 млади лица, а годинава очекуваме значително поголем број бидејќи мерката се спроведува на територија на целата држава. Европската младинска картичка е последниот во низата проекти што се директно насочени кон младите. Со овој проект се намалуваат трошоците за транспорт, спорт, едукација и рекреација а картичката важи во стотици локали низ целата држава, велат тие.
Освен што носи заштеда и помали трошоци, картичката ќе го унапреди социјалниот живот, но и личниот развој на младите.

–Инвестираме и во студентскиот и ученичкиот стандард. Се реновираат студетнските и ученичките домови.Обезбедуваме квалитетни услови за развој на земјоделството преку помагање на младите. Мерката Млад земјоделец обезбедува 10.000 евра непорватни средства за млади земјоделци до 40 години возраст. Со измените на Законот за земјоделско земјиште, младите земјоделците се ослободуваат од плаќање на закуп на државно земјоделско земјиште во првите три години. Ова се само дел од мерките што се спроведени во изминатиот период а кои се во интерес на младите, велат СДСМ.
Како одговорна партија велат остануваме посветени на креирање на квалитетни младински политики кои имаат за цел да го подобрат квалитетот на живот на младите и тие својата иднина да ја гледаат, тука во својата татковина.

Денеска е спомен на Св. апостоли Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 30 јули.

Денеска е Св. апостоли Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник.

Сите овие беа од редот на 70-те апостоли. Сила му беше сопатник на апостолот Павле. Подоцна стана епископ на Коринт, каде и го заврши земниот живот во мир. Силуан, пак, беше солунски епископ, Крискент епископ во Галатија, Епенет во Картагина, а Андроник во Панонија.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Благословен Иноцент Деветти.

Бил роден во Италија во седумнаесеттиот век. Завршил правни науки во Неапол и станал доктор по право. Се одлучил да стане свештеник. На 34-годишна возраст станал кардинал. Им помагал на сиромашните. Се борел за правата на црквата против француските кралеви кои се мешале во црквените работи. Исто така, тој му помогнал и на полскиот крал Јан Собиески во одбрана на Виена и Европа од нападите на Турците. Протестантските теолози го нарекувале побожен папа.

Предупредување за сите граѓани! Рампата кај железничката станица во Прилеп не работи (Видео)

Жител на Прилеп објави видео на социјалните мрежи каде се гледа дека рампата кај железничката станица не работи.

На видеото се гледа дека рампата не е спуштена додека поминува возот кој се упатува кон Битола.

Како е можно во 21 век, кога сите политичари од власта ни велат дека цветаме како држава, да се случува нешто вакво што ги загрозува животите на граѓаните?

Вака ли се движи возот кон Европа?

Вандализам во Прилеп? Македонското знаме пред oпштината симнато НА ЗЕМЈА

Наши читатели вечерва ни испратија фотографии од јарболот со државното знаме пред општина Прилеп, а на нив се гледа дека македонското знаме е симнато на земја.

Не е познато дали знамето само паднало, или пак некој намерно го симнал.

Сигурносните камери на општината треба да го покажат тоа…