дома блог страница 3140

Целовечерен концерт на Октетот “Прилеп” во четврток: Љубителите на убавата староградска песна ќе уживаат во “Марко Цепенков”

Октетот ,,Прилеп,, во четврток 15 август 2019 од 20.00 часот во фоајето на ЦК„Марко Цепенков“ ќе одржи целовечерен летен концерт и пред љубителите на убавата староградска песна ќе се претстави со избрана програма.

Посетителите ќе можат да уживаат во изведбите на повеќе староградски песни, и во настапот на октетот. Гостин на вечерта ќе биде вокалната група „Серенада„ од Скопје.

Октетот години наназад работи под покровителство на ЦК,,Марко Цепенков,, и ја негува староградската песна и го претставува градот на бројни фестивали. Досега има издадено неколку албуми.

Италијанскиот весник “Ла Верита”: Пендаровски ги пушти низ вода Катица Јанева и премиерот Заев

Претседателот Стево Пендаровски ги пушта низ вода специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и премиерот Зоран Заев. По нашите откритија по однос на случајот со изнудата, Србија и САД бараат транспарентност. Пендаровски го става Заев во ќош, пишува италијанскиот весник Ла Верита.

Во продолжение целата информација на новинарот Ларис Гајзер.

Предизвиканиот земјотрес од објавените документи од страна на Ла Верита кои докажуваат корупција во македонскиот политички и судски систем го изолира премиерот Зоран Заев и внатрешно и надворешно. САД, освен што пратија свој претставник на консултација со македонскиот претседател Пендаровски, испратија и силна критика кон владата во Скопје, преку радиото Voice of America. По нивна линија, Пол МекКарти од ИРИ, подвлече дека кај меѓународната заедница постои силно стравување дека идејата за правда во Македонија е прегазена поради откриените факти. Попладнето, амбасадорката Кејт Барнс, потенцираше дека скандалот мора итно да се расчисти во согласност со меѓународните закони.

Србија

Дури и претседателот Вучиќ почуствува потреба да се произнесе по однос на случувањата. На прес конференција во Белград , Вучиќ како да сакаше да му даде добронамерно предупредување на Заев – подлвече дека создавањето на едно специјално обвинителство во секој случај не можело да биде решение за лошите работи во Македонија, и дека е информиран дека тоа што досега е објавено од наша страна е само почеток на една долга приказна. Принуден од нашите откритија и охрабрен од Американците и Французите, претседателот на Македонија вчера свика прес конференција на која призна, како граѓанин, дека е разочаран од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и од фактот дека главните обвинители (вперувајќи прст со ова и против Јанева и против државната обвинителка за организиран криминал Рускоска) се на одмор токму во период кога државата е во длабока криза. Со вчерашната прес конференција претседателот Пендаровски се оддалечи од неговиот политички тутор Зоран Заев, зазема еден висок институционален профил и всушност побара помош со цел да не остане сам, свесен за фактот дека се наоѓа на врвот на една држава којашто има високо корумпиран судски систем.

Велејќи дека не сите судии се корумпирани, и дека е подготвен да ги искористи сите средства што ги има на располагање со цел совесните судиите да можат да работат на независен начин, само ја призна разочараноста што ја чувствува мнозинството македонски граѓани и се “кандидираше” да ја заземе улогата на спасител на татковината во моментот кога режимот на Заев, напуштен од сите, дефинитивно ќе падне. Во едно сценарио, во кое поради доказите изнесени од нас, и на оние кои уште се анализираат, Заев изгледа осуден на лош крај, а Пендаровски постанува единствен гарант за евро-атлантската перспектива на Македонија.

Иднината

Се работи всушност за човекот за којшто во моментов странските главни градови изгледаат со намера да се обложат на една мека и демократска транзиција, што е можно појасна. Како и да е, тој знае дека го чека тешка задача со оглед на тоа дека Вилма Рускоска е таа што ги води oбвиненијата за организиран криминал, омилената обвинителка на Заев, на којашто актуелниот премиер сака да и го даде мандатот на специјален обвинител на местото на Јанева, односно на сите случаеви за корупција кадешто и тој можеби е вмешан. Како што имавме прилика да пишуваме за екс-премиерот на конзервативците осуден за корупција, Никола Груевски, на целиот свет му е јасно дека дури премиерот и да не бил вмешан во корумпираниот систем којшто го обелоденивме, тој објективно е виновен за лошите работи што и се случија на Македонија поради неспособноста да ја води државата и неискоренувањето на криминалот што се ширел. Меѓународната позиција на Заев е дополнително загрозена, во генералниот контекст на нашите објавувања, со оглед на тоа дека дури и Шведска интервенираше во последните часови, една од најдемократските земји. Судот во Шведска го одби барањето за екстрадиција на Дејан Давидовски, обвинет од Вилма Рускоска за тероризам бидејќи бил вмешан во упадот во Македонскиот парламент во 2017. По приведувањето по барање на Интерпол, шведските судии, не само што одбија да продолжат со екстрадиција на македонскиот граѓанин со оглед на нивната убеденост дека тој е жртва на политички прогон и дека во татковината тој не може да има фер судење , туку дури и му советуваа на прогонетиот да побара веднаш политички азил во нивната држава. Тешко дека македонскиот политички и судски систем можеше да добие поголем укор од страна на либералните демократии. Но, за жал на претседателот Стево Пендаровски, токму овие лица, тие што се сметаат за политички агенти на западот, се тие што ги водат институциите на коишто тој се надева со цел да донесат правда. Корумпираниот никогаш нема сам себе да се осуди. И, еве тој во овие часови за да има што е можно поголема меѓународна поддршка, се обидува да ја разјасни ситуацијата со што е можен поголем број странски главни градови.

Нападите

За време на прес конференцијата почуствува (Пендаровски) дека треба да одговори на апелот на Антонио Милошоски, претставник на опозицијата, којшто се изјасни дека е запрепастен од изјавите на професорката Ана Чупеска, член на една комисија по пат на номинација од претседателот, којашто тврди дека е сигурна оти зад нашите откритија стојат “фашистите” Салвини и Берлускони. Македонскиот претседател веднаш разјасни дека не го смета Салвини за фашист и дека тој е демократски избран во пријателска земја и на тој начин го удри во корен нејзиниот обид за политизирање на нашата борба за законитоста и доброто на Македонија.

И денеска до 41, oд четврток температурите ќе паднат за 5 до 8 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб југоисточен ветер. Нaсекаде ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури и УВ зрачење кое ќе изнесува 9, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури ќе се движат од 14 до 22 степени, а дневните од 32 до 41 степен.

Во Скопје и околината сончево и многу топло со утринска температура до 21 степен, а дневна температура до 41 степен.

Од УХМР посочуваат дека утре само во јужните делови ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури и УВ зрачење. Утре кон крајот на денот и в четврток на места ќе има зголемување на облачноста со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. Од четврток температурата ќе опадне за 5 до 8 степени, најпрвин во северните делови, а од петок и насекаде низ земјава.

(Видео) ,,БЛЕСКАМЕ”: Осум дечиња ocyдени на мизepија затоа што татко им е вработен

Осум малолетни дечиња во планинското село Црешнево во општина Македонски Брод се ocудени на секојдневна битka со глaдот и нexигиената само затоа што нивниот татко е вработен и со 7000 денари плата не може да добијат социјална пomош.

Од нејасни причини тие не можат да добијат ниту социјален стан.

Сторијата во која се најавува репортажата за оваа тaaжна приказна е на ТВ Алфа

Извор: “ТВ АЛФА”

Голем концерт на музичкото дуо “Некст Тајм” во Кичево: Ќе “гори” Китино Кале

Moментално едни од најактуелните музичари во Македонија, браќата близнаци од дуото “Некст Тајм” гостуваат во Кичево.

На 17.08. со почеток од 21:00 часот на Китино Кале во Кичево, “Некст Тајм” ќе одржат голем концерт, на кој се очекуваат голем број гости.

Цената на влезниците во предпродажба изнесува 200 денари, а на врата ќе чинат по 300 денари.

За деца под 12 години влезот е бесплатен.

Амбасадорката Брнс за „Рекет“- Ова се сериозни обвиненија за кои е потребен сериозен одговор

Сега е време Македонија да покаже заложба за придржување кон владеењето на правото, пишува, меѓу другото, американската амбасадорка во Скопје, Кејт Брнс на Твитер споделувајќи го статусот на еврокомесарот Јоханес Хан за случајот „Рекет“ и борбата против корупцијата.

„Како што рековме претходно, ова се сериозни обвиненија за кои е потребен сериозен одговор, кој ќе биде темелен, транспарентен и навремен. Сега е време Северна Македонија да покаже заложба за придржување кон владеењето на правото“, пишува амбасадорката на Твитер.

СЕ ФАТИЈА ЗА РАБОТА: Антикopyпциска ќе испитува дали има партиски вработувања во прилепската бooлница

Државната комисија за спpeчување на кopупција конечно оформи предмет и отвори постапка за вработувањата во прилепската бooлница, односно антикopупциска ќе истpaжува дали имало партиски вработувања и на кој начин се вработени лицата, информира Алфа.

Од обвинитeeлството пак велат дека ги следеле сите информации.

– Основното јавно обвинитeeлство Прилеп го следи сите информации во врска со објавените снимки и ќе постапи доколку бидат утврдени елементи на kpивично дeeло – велат од обвинитeeлството.

ВМРО-ДПМНЕ за ваквиот ckандал бара оставka не само на министерот Сугаревски, туку на цела Влада.

ОГPAБEHА ЦРКВА: Уkpaдени пари од црквата Св. Јован Крстител во тетовско Беловиште

Во текот на викендот kpaжба е извршена во црква во тетовско Беловиште при што се ykpaдени 3.000 денари. Kpaжбата се случилаво црквата „Свети Јован Крстител“, лоцирана во месноста „Петачко водиче“ на речиси два километра надвор од селото, што важи за фрекфрентно место со голем број посетители.

Четириесет и петгодишниот домаќин на црквата вчера пријавил дека помеѓу 10 и 11 август засега непознати сторители извpшиле kpaжба во црквата „Свети Јован Крстител“. Одземени се околу 3.000 денари, откако претходно со друг клуч ја отвориле дрвената влезна врата, информира СВР Тетово.

Екипа на СВР Тетово извршиле увид на самото место, по што се преземаат мерки за расчистување на случајот.

УТРЕ НОВА „БOMБА“ ЗА „PEKET“: Италијанскиот новинар најави нови дokaзи за случајот

Соработникот на Ла Верита, Ларис Гајсер на Фејсбук објави дека утре за Македонија во живо преку радио ќе соопштува нови детали.

Гајсер пишува дека во 11 часот на Радио Каподистрија ќе емитува факти директно во живо од студиото .

-Македонија: Утре 13 август, во 11 часот , на Радио Каподистрија! Внатре во фактите. Ќе се вклучам во живо од студио-пишува Гајсер.

СОВЕТ ЗА СИТЕ OБЛOЖУВAЧИ: Како постојано да бидете во дoбивкa

Еден пасиониран играч од Босна и Херцеговина смислил оригинален начин како постоjaно да биде во добивka. Бањалучанецот иако играл редовно само понекогаш успева да погоди тикет од стотина koнвертибилни марки (околу 50 евра).

Поради тоа дошол до идеја да продолжи да игра но намecто во облoжyвалницата тикетот да го уплaќaл кај себе. Да добро прочитавте, тој по истите квотите кои ги има во облoжyвалницата во која редовно играл ги пpaвел истите тикети. За еден месец ycпеал да „ фати“ еден тикет од 120 марки (60 евра) кој чесно си го иcплaтил на себе од упатените пари.

Отpeзнувањето настанало кога на крајот на месецот добивkaта од уплатените пари му била околу 150 марки (75 евра).
Со тоа на своја koжа научил дека куќата секогаш дoбивa и дека треба да нaмaли со тpoшењето пари.