дома блог страница 3137

Kpивична приjaва против прилепчанец за производство и продавање на нapkoтични дpoги

Надворешната канцеларија за kpиминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Р.Д. (37) од село Дебреште поради постоење основи на сомнение за сторено kpивично дело „неовластено производствои пуштање во промет на нapkoтични дpoги, психотpoпни супстанции и прекурcopи“.

На 13.08.2019 година во село Дебреште, од полициски службеници, при претрес во домот на пријавениот била пронајдена и одземена мapихуана.

ГО ПОКАЖА ВИТКОТО ТЕЛО: Анастасија Ражнатовиќ се лади покрај река

Анастасија Ражнатовиќ со своите пријатели реши да се ckрие од гоpeштините покрај река.

Таа замина во близината на Нови Сад на Дунав на сплав каде се релаксира пред да замине на вистински одмop.

Секако и таму нe пpoпушти да се слика за на социјалните мрежи и да позиpa на чамец а во преден план дојдоа нејзините oблини.

ТАМУ НЕ ГИ БРУСАТ ШАХТИТЕ: Сонце со 16 краци и на шахтите во Лондон

Благој Шаклевски од Битола им реплицира на релативизаторите на социјалните мрежи што го оправдуваат брусењето на сонцето од Кутлеш од шахтите поради Преспански договор.

„Пошто гледам прикаски од типот
– па шахтите и онака кич биле,
– па на *Сонцето не му било местото таму на шахта …

Еве неколку шахти од Лондон (главно од Викторијанскиот период) чиј изглед е заштитен со закон и при реконструкција не смее да се менува. Некои денес се и целосен оригинал од пред 150 години.

Шо праеле Англичаните во зенитот на нивната империјалистичка сила со сонцето по шахти ?

А бре, толку разбираат и тие од симболи (колку Швеѓаните од право)“, напиша на Фејсбук Шаклевски, кој по името си има додадено „Македонецот“, а по презимето „Македонски“.

Извор: инфомах

Италијанскиот парламент одлучи: Гласање за недоверба на Владата на 20-ти август

Гласањето недоверба за италијанската влада на премиерот Џузепе Конте е закажано на 20-ти август, одлучи парламентот.

За датумот на гласање се договорија претставниците на сите парламентарни партии, освен на владеачката Лига, Форца Италија на Силвио Берлускони и Италијанските браќа, кои сакаа гласањето да биди веќе денес, пренесува порталот Политико.

Кризата на италијанската политичка сцена ја започна министерот за внатрешни работи и лидер на Лига, Матео Салвини, кога минатата недела повика на предвремени избори, наведувајќи дека движењето Пет ѕвезди веќе не постои.

“Српски медиуми”: Ckaндал го тресе Собранието- Најмалку пет пратеници се дел од разузнавачка мрежа, изнесуваат државни тајни

Постојат сознаинија дека во моментов во српскиот парламент има најмалку пет пратеници кои работат за странски тајни служби, пишува српски курир. Тоа претставува опасност за државата , бидејќи можат да откријат доверливи државни информации.

Како што пишува српскиот портал, нивниот извор им пренесол дека српските пратеници ги користат странските безбедносни служби како би го оствариле својотл интерес и би влијаеле врз настаните во Србија.

Претседателот на собранискиот Одбор за контрола на службата за безбедност, Игор Бечиќ, вели дека е свесен дека српскиот парламент е еден од важните канали за влијание на странските служби.

Денеска е Откривање и пренос на моштите на Св. архиѓакон Стефан

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 август- Откривање и пренос на моштите на Св. архиѓакон Стефан.

За моштите на Свети архиѓакон Стефан не се знаеше ништо по неговата смрт со каменување во Ерусалим. Дури во петтиот век на Кафаргамалскиот епископ Лукијан во сон му се јави Гамалил, учителот на апостол Павле, и му го откри местото на кое почиваа неговите мошти, како и начинот на кој тие стасале дотаму. Имено, по убиството на свети Стефан, јудејците оставија неговото тело да го изедат пците, така што се до овој век тие беа сосема заборавени. Епископот Лукијан дојде до пештерата што му беше покажана и таму најде се според кажаното. А кога почнаа да копаат по пештерата се рашири пријатен и добар мирис од светите мошти. Подоцна моштите на свети Стефан беа пренесени во Цариград.

Села: Предвремени избори! Оваа власт мора да се смени

Претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, во вклучување преку скајп за РТВ Ора рече дека во Северна Македонија треба да има предвремени избори и промена на власта.

– Ние како Албанци, како албанска партија, сметаме дека предвремените избори треба да се случат што е можно поскоро. Ова со цел конечно да се смени власта и на тој начин да се донесе демократија и да ја вратиме надежта на луѓето и да се запре егзодусот на младите кон ЕУ, рече Села.

Упати и критики кон ДУИ.

– Сите функционери на ДУИ се заштитени од овој сегашен полу режим на СДСМ и ДУИ, кои мора да одговараат за kpиминалот и kopyпцијата кои ги имаат направено. Затоа велиме дека е многу важно да има предвремени избори со цел да дојде до израз одговорноста на албанскиот дел од владата, која владееше незakoнски начин и со проблемите на ваквиот начин на владеење се соочуваме секој ден во албанското општество, додава тој.

(Фото+Видео) Им ја открија страшната тајна: На свадбата им подготвиле специјалитет на гостите, а потоа им кажале што всушност сервирале. Никој не можел да верува

Британскиот пар Кејли и Џо Тилстон поканиле 280 гости на свадбениот ручек, а на луксузната трпеза била оваа храна.

Морски плодови, печени свински ребра, но и цела низа вегетеријански, вегански и безглутенски специјалитети.

Дури откако завршил ручекот тие им откриле за каква храна се работи. Сите специјалитети биле подготвени од вишокот на намирници кои биле спремни да завршат во ѓубре.

(Видео) Играат Челси и Ливерпул, но таа е во прв план: Еве која е убавата Стефани

Французинката Стефани Фрапар доби можност да ја дели правдата на мечот од Суперкупот на Европа меѓу фудбалерите на Ливерпул и Челси.

Помошниците на Французинката се Мануела Николоси и Мишел О’Нил. Тие веќе ја делеа правдата и на други големи утакмици, како што се финалето на овогодинешното Светско првенство за жени, но нема сомнеж дека во фокусот ќе биде мечот кој се игра во Истанбул.

Запрашана дали се плаши од нееднаквите аршини во случај на грешка, Фрапар истакна дека е време женските судии да покажат дека се еднакво добри како и машките.

(Видео) Најголемата добивка на лотарија во историјата: Купил тикет за две евра, а добил 209 милиони

Најголемата добивка во историјата во италијанската популарна лотарија, СуперЕналото, вредна 209 милиони евра беше извлечена вчера, а среќниот тикет е купен во местото Лоди.

Добитникот за две евра купил тикет во бар во “Марино” и ја добил феноменалната добивка.

Оваа добивка ја надмина лотаријата на Еуромилиони и Еуроџекпот каде најголемиот износ беше 75 милиони, како и американската Мега Милиони и Пауербол, каде се извлечени добивки од 56 и 138 милиони долари (околу 58 и 123,5 милиони евра).