Села: Предвремени избори! Оваа власт мора да се смени

Претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, во вклучување преку скајп за РТВ Ора рече дека во Северна Македонија треба да има предвремени избори и промена на власта.

– Ние како Албанци, како албанска партија, сметаме дека предвремените избори треба да се случат што е можно поскоро. Ова со цел конечно да се смени власта и на тој начин да се донесе демократија и да ја вратиме надежта на луѓето и да се запре егзодусот на младите кон ЕУ, рече Села.

Упати и критики кон ДУИ.

– Сите функционери на ДУИ се заштитени од овој сегашен полу режим на СДСМ и ДУИ, кои мора да одговараат за kpиминалот и kopyпцијата кои ги имаат направено. Затоа велиме дека е многу важно да има предвремени избори со цел да дојде до израз одговорноста на албанскиот дел од владата, која владееше незakoнски начин и со проблемите на ваквиот начин на владеење се соочуваме секој ден во албанското општество, додава тој.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.