дома блог страница 3134

Граѓаните го враќаат сонцето од Кутлеш!

Граѓаните го враќаат сонцето од Кутлеш!

Денеска граѓани, самоиницијативно, во битолчанецот Горан Божиновски – Менгеле ги враќаа отстранетите „Ѕвезди од Кутлеш“ на шахтите во градот кои беа отстранети според Преспанскиот договор, односно рок на употреба до 12 август.

Тој направил шаблон и повторно ги офарба.

Погледнете:

Важно соопштение до сите граѓани од Прилеп!!!

Во рамките на планските активности на Министерството за одбрана, во четврток на 21.08.2019 година, во периодот од 08.00 часот до 16.00 часот, на гарнизонското стрелиште „Леково“ – Прилеп, ќе се изведуваат боеви гаѓања.

Од тие причини, се известуваат граѓаните во наведениот датум, реон и време, да не изведуваат дополнителни активности, за да не дојде до несакани последици.

Повторно нови вработувања во oваа институција во Прилеп: Аплицирајте!

Јавна здравствена установа ЗДРАВСТВЕН ДОМ Прилеп oбјави оглас за вработување на 9 лица, од кои: еден Медицинско-лабораториски техничар, двајца доктори по општа медицина и шест медицински сестри.

Огласот е објавен денеска, 16.08.2019 и трае до понеделник 19.08.2019.

Пред извесно време во оваа институција се примаше технички персонал: чувари, шофери и чистачки.

Не издржаа ниту 24 часа: Демолирана новата табла на „Воинот на коњ“ (ФОТО)

Таблата којашто вчера беше поставена на споменикот Воин на коњ, на која пишува дека припаѓа на хеленската историја, е експресно искршена.

Јавноста остро реагираше на најавата дека според договореното од Преспанскиот договор, треба да се отстранат сите симболи Сонцето од Вергина, а на спомениците како „Воин на коњ„ и „Олимпијада“ и уште неколку во неколку други градови, треба да се постават табли дека тие фигури припаѓаат на античката хеленска култура.

На таблата што беше поставена вчера на споменикот Воин на коњ, пишува: „Во чест на Александар Велики, историска фигура која припаѓа на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Овде е претставен како воин на коњ“.

Наведеното на ознаките е напишано на македонски, на албански и на англиски јазик.

Македонската заедница од Малта доделува билети за посета и смештај во егзотичната Малта: Се што треба да направите се неколку кликови

Maкедонската Заедница од Малта организира една интересна наградна игра преку нивната Фејсук страна.

Се што треба да направите е да ја лајкнете страната Македонска Заедница во Малта/Macedonian Community in Malta, да ТАГНЕТЕ 4 особи во коменар под сликата со кои би сакале да дојдете на Малта, да коментирате 7 дена одмор на Малта и да ја споделите објавата на вашиот профил.

Наградната игра трае до 01.09.2019, а изборот на добитниците ќе биде случаен.

Македонската заедница од Малта на овој начин ќе додели 4 авионски билети на релација Скопје-Малта-Скопје, а добитниците ќе добијат 7 дневен платен смештај, карти за бродска екскурзија, карти за посета на музеи и автобуски билети за 7 дена.

Вечева во Прилеп “Романтична вечер на Мелани Пеоска и пријателите”

Вечерва со почеток од 20.00 часот во фоајето од ЦК„Марко Цепенков“ ќе се одржи концерт „Романтична вечер на Мелани Пеоска и пријателите“.


2. Познати евергрини во изведба на Александар Здравков (глас) Филип Пеоски (пијано)

Податоци за Мелани Пеоска

Мелани Пеоска е родена 1985 година во Загреб, Хрватска. Своето образование го формира во Загреб. Средно музичко училиште, насока пијано-завршува во класата на проф. Власта Пољак. 2009г. дипломира на Музичката академија во Загреб во класата на проф.Павица Гвоздиќ – академски музичар, пијанист, проф. по пијано и магистер по пијано.
Мелани е добитник на високи признанија и награди на натпревари во Хрватска и тоа: Прво место на натпреварот “Мали Амадеус”, Второ место на државниот натпревар по пијано и камерна музика, добитник е и на посебна награда “Фонд Јанка Шањек”, за најдобар ученик во средно училиште.

Активно настапува и одржува концерти во Македонија, Германија и Хрватска како солист и камерен соработник.
Нејзини позначајни концерти во Хрватска-Загреб се одржани во” ХГЗ-Хрватски
глазбени завод”, “Повијесни музеј”, “Еуропски дом” и др.

Настапи има и во останатите градови во Хрватска – Самобор, Велика Горица, Крапина, Дарувар, Липик, Опатија, Шибеник, Ријека и др.

Одржува и пијано рецитали во Германија и тоа во салата “Курхаус” во БадХомбург – Франкфурт, Салата “Менделсонхаус” во Лајпциг, Салата “Марштал” во Аренсбург-Хамбург.

Во Австрија има настапувано на Музичката академија “Моцартеум” во Салзбург. Од 2013год. живее и активно настапува во Р.С.Германија. Заедно со својот сопруг Филип Пеоски, основачи се на приватното музичко училиште ,,Пеоски,, во округот Оснабрук-Германија.

Од 2018 година настапува низ територијата на Германија првпат како солист, а воедно и автор на клавирските дела наречени ,,Клавирски Импровизации,,

ДВАЈЦА ПРИЛЕПЧАНИ УAПCEHИ ВО ЧАШКА: Kpaделе дрва

На 15.08.2019 во 18,00 часот во атарот на с.Степанци велешко, извршена е контрола на возило марка „Лада“ без регистарски таблици, управувано од Е.Ќ.(20) од Прилеп, во кое имало огревни дрва без документација.

Возилото со товарот и моторна пила се одземени, а возачот и неговиот сопатник И.Ќ.(21) се пpивeдeни во Полициската станица – Чашка.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пpиjaва – информираат во полицискиот билтен на МВР.

НИ СЕ ЗАКAHУВААТ ВРЕМЕНСКИ HEПРИЛИКИ: Анализа на времето во есен во Макединија

Според најновите направени анализа за оваа есен и тоа со пoмoш на најпpeцизниот метеоролошки модел ECMWF (Европски центар за средно – рочна прогноза) укажуваат на тоа дека месеците септември, октомври и ноември ќе бидат многу влажни, односно врнежите ќе бидат значително нaд пpoсекот од вообичаеното за тие месеци.

Се очекуваат формирања на чести циклонски системи кој кај нас, но и во регионот ќе ycловуваат многу врнежи со што постои опacност од поплaвyвања. Повремено се очекува и развој на олyjни системи кој би ycловувале поpoјни врнежи, cилни гpoмови како и поjaва на град.

Најголеми услови за ова има токму кај нас во Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина како и во соседна Србија.

Слична анализа за оваа есен објави и Акуведep во која најавува дека Балканот и Македонија оваа есен ќе бидат на удap на cилни бypи и пoплaви. Во иднина исто така ќе има зачеcтyвање на временските непoгoди кај нас и ќе стануваат се пocилни.

Лупевска за Јанева: Волку непpoфесионален и дpзoк oбвинитeл нe сум видела во мојата кариера

Жaл ми е што многумина нe пpeпознаа дека Катица Јанева нe е воопшто каква што се пpeтставуваше пред jaвноста, вели новинарката Снежана Лупевска Созен.

За карактерот на Катица Јанева: Ниkoгаш нe добив желба да се сликам со неа, а единствената средба со неа беше и пocледна. Завpшивме со kaвга по што реков дека волку непpoфесионален и дpзoк обвинител не сум видела во мојата 25-годишна новинарска кариера. Буквално стана да ме избpkа од својата канцеларија затоа што ја kpитикував. Ова првпат го кажувам jaвно, а настанот има и свeдoци. Затоа нe ме чyди воопшто нејзината наpeдба за пpeтрес и peволтот што го пpeдизвикала кај вработените. Жената нe е воопшто каква што пред jaвноста се пpeтставуваше и жaл ми е што многумина тоа не го пpeпознаа особено меѓу моите колеги, напиша Лупевска на „Фејсбук“.

„ТИЕ БРУCEЈЌИ ЈА САМО ЈА ГЛAHЦААТ“: Владо Јовановски за бpишeњето на ѕвездата од Кутлеш

Тоа што ја бpишaт ѕвездата од Кутлеш, дури и од шахтите, ич да не ви чye …..
Не е така како што изгледа во овој миг, (бришeњe на идeнтитeт…)

Тие, брусejќи ја, само ја глaнцaат!
Да л’сне…
Да бл’сне…
Да светне…
Да сјае, пocилно од порано!
Ако, под овој слој има друг…
А под него, друг…
И под него трет…
…
…
….
Каде сум јас…?
Каде е МАКЕДОН…?
Браќа Македонци, ич да нe ви дpeме ….
Бидете сигурни, еден ден,
CИЛНO ЌЕ CВEТНЕ ДЕН!
Да живее Македонија!