Македонската заедница од Малта доделува билети за посета и смештај во егзотичната Малта: Се што треба да направите се неколку кликови

Maкедонската Заедница од Малта организира една интересна наградна игра преку нивната Фејсук страна.

Се што треба да направите е да ја лајкнете страната Македонска Заедница во Малта/Macedonian Community in Malta, да ТАГНЕТЕ 4 особи во коменар под сликата со кои би сакале да дојдете на Малта, да коментирате 7 дена одмор на Малта и да ја споделите објавата на вашиот профил.

Наградната игра трае до 01.09.2019, а изборот на добитниците ќе биде случаен.

Македонската заедница од Малта на овој начин ќе додели 4 авионски билети на релација Скопје-Малта-Скопје, а добитниците ќе добијат 7 дневен платен смештај, карти за бродска екскурзија, карти за посета на музеи и автобуски билети за 7 дена.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.