дома блог страница 3129

Силјановска: “Демократија со предизборна кампања наспроти Хилтон кандидат” (Видео)

Кандидатката за Претседател на државата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова денеска беше на средби со граѓаните од Пехчево и Берово.

“Зборуваат за демократија и процедури а кандидатот го избраа во хотел по што само ќе го потврдат на партискиот конгрес. А предходно објавија оглас на кој се пријавија луѓе кои воопшто немаа шанса да бидат избрани”, истакна Силјановска Давкова.

“Кратеше трошоци, сега зема 3.000 евра плата?! Какво лицемерие?! Tунтев вели дека ни треба нов државен авион од 20 милиони евра”

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Томислав Тунтев во интервју за весникот „Независен“ вели дека е време за купување на нов државен авион затоа што времето на „лирџетот“ што го имаме му е „истечено“ , барем за ВИП-летови.

-Наше мислење или препорака е сериозно да се размислува за набавка на нов авион. Актуелниот државен авион е со стара технологија, земен многу одамна, не е земен нов, туку репариран. Технологијата што ја има дозволува слетување само на аеродроми од прва категорија, а денешните аеродроми нудат можност и за слетување во полоши услови. Затоа во случаи на магла или неповолни метеоуслови, авионот оди на околните аеродроми. Од безбедносен аспект ќе биде многу подобро. Не може авион со 7 седишта да биде авион на Влада. Треба да има минимум 15 седишта. Денеска не мора во готово да се купува, има форми на лизинг, може со месечни отплати. Јас сум цврсто убеден дека поради застарената технологија, итно треба да се размислува за набавка на нов авион за потребите на државните органи. Со тој авион ќе лета и претседател на држава и премиер, претседател на собрание и не само што треба да ги задоволи потребите од организациски аспект туку и најсовремените безбедносни стандарди. Таков авион може да чини меѓу 15-20 милиони евра, но тоа е инвестиција што ниту се плаќа наеднаш, ниту се прави без комплетна анализа. А имајќи ги предвид интегративните процеси што државата ги има во понатамошниот период, потребата од патување, особено до Брисел, Стразбур и другите ЕУ-центри за наши делегации, ќе биде сè поголема. Долгорочно, ако се имаат предвид цените на билетите во комерцијалната авијација, сигурно оваа инвестиција ќе биде исплатлива, вели Тунтев.

Пред да дојде на оваа функција, Тунтев беше координатор на пратеничката група на СДСМ во Собранието.

(Видео) Покажа “двоглав орел” на аеродром во Црна Гора: Обезбедувањето го избрка ! “Тоа не го правиме овде, оди надвор!”

Несекојдневна сцена забележана е е на аеродромот во Подгорица, кога еден Албанец по слетувањето во главниот град на Црна Гора покажа двоглав орел, симбол на “Голема Албанија”, а на тоа обезбедувањето бурно реагираше.

“Тоа го нема овде, ајде оди, па таму прави го тоа”.

“Има, има!”, се побуни Албанецот, а потоа во расправата се вклучија и неговите пријатели кои го чекаа.

Вардар го преслуша Европскиот шампион, “Koмити” со порака “Да живее Македонија” (Фото)

Фото/rkvardar.mk

Вардар со триумф од 33-27 (16-13) ја заврши групната фаза од Лигата на шампионите. Во осмина-финалето Вардар ќе игра со шестопласираниот тим од Група Б, екипите на Мотор Запорожје или ППД Загреб.

Навивачката група “Комити” како и секогаш, така и на овој натпревар беа главната поддршка на црвено-црните.

Ajде Македонијо! Лидија има потреба од сите нас! Потребни и се 8.000 евра за лекување во Русија

Лидија Ристевска боледува од прогресивна “мultiplex ѕcleroza“ која и предизвикува квадриплегија на сите четири екстремитети, како и тешкотии при голтање и дишење и многу останати тешки симптоми.

Во институт во Санкт Петерсбург, Русија, понудено и е лекување кое ќе и ја подобри значително состојбата, кое чини 8.000 евра, само за првиот третман. Бидејќи ќе биде подолготраен процес и ќе треба да се оди неколку пати.

Но, сега сакаме да упатиме апел за помош за првиот третман.

Тие средства не може сама да ги обезбеди, па затоа ги молиме сите хумани луѓе да донираат онолку колку што можат за нејзино лекување.

Предвреме ви упатуваме голема благодарност до сите, за заедно да спасиме нечиј живот.

Денарска сметка за донации: 500600016598443, Стопанска банка Битола.

Девизна сметка: IBAN MK07500080003654013 SWIFT CODE STBBMK22 – Стопанска банка АД Битола.

Донациски број од “Т-мобил“ 143-121, 100 денари.
Донациски број од “Вип” 143 474, 100 денари.

Кога ќе запее преубаво македонско девојче, тоа изгледа вака: Жирито остана без здив после изведбата на Aнтониа Гиговска (Видео)

Младата Антониа Гиговска ја затвори претходната ноќ на музичкото шоу “Пинкови ѕвездички” со изведбата на песната “Ако згрешам нека изгорам”.

Антонија го остави жирито без здив и сосема очекувано ги освои сите пет гласови.

“Браво Антониа. Што да ти кажам? Како владееш со гласот, колку само добро го користиш”, рече Марко Кон.

“Сето ова изгледаше затегнато како на снимка, како да имаш компресор за контрола, тоа изгледа неверојатно кога те слушаме. Да не те гледаме можеби оваа песна би била здодевна, затоа што се’ е исто. Но, едноставно ни годеше, ти си врвен пејач, нигде не погреши. Твојот начин на интерпретација не беше народњачки, но браво, браво, браво. Можеби оваа песна не е ни дорасната за твојата интерпретација” – и порача Леонтина Вукмановиќ.

Уживајте во изведбата на Антониа:

Амди Бајрам: “Стево Пендароски киселиот купуз го лапнавме како сарма во Шутка?” (Видео)

Пендароски сега го поддржува и тој што го бојкотораше, односно Ахмети во 2014, но и Амди Бајрам…Затоа овие избори се очекува да бидат втор пораз за Пендаровски во серија.

“Стево Пендаровски киселиот купус го лапнавме како сарма во Шутка. Ќе го нема на вториот круг, со 120.000 гласа во Македонија го победивме, тоа со нашиот претседател за Ѓорге Иванов кој гласавме”, рече Бајрам на митинг во Гевгелија за време на кампањата за претходните претседателски избори.

(Видео) Телохранителите на Ким повторно хит на интернет – погледнете како влегуваат во автомобил во движење

Самитот на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун завршил неуспешно, а на социјалните мрежи почнаа да се појавуваат многу интересни снимки од Ханои.

Познато е дека Ким има многу телохранители во својата придружба, а овој пат, камерите ги фатиле како влегуваат во автомобил во движење.

„Можеби бегаат од Трамп?“, „Кој влезе последен, мора да го бакне Трамп“, биле само некои од коментарите на Твитер, на ова видео.

ДОКТОР ИCTEПAЛ МЕДИЦИНСКА СЕСТРА: Му симнала икона од ѕидот

Доктор од Здравствениот дом во Врбас, Дражен Пеша, физички на паднал медицинска сестра на работното место затоа што симнала икона од ѕид, јави РТС.

Од Здравствениот дом потврдиле дека лекар специјалист по cпортска медицина фи3ички напа днал медицинска сестра пред еден сведок и тоа во текот на работното време во амбулантата за спортска медицина. Надлежните отворија иcтрага на 17 декември кога сестрата поднела пријава против нејзиниот колега.

– Немој да ја симнуваш Света Петка, се слуша како вика докторот, додека сестрата му одговара дека тоа е просторија во која и таа работи.

Сестрата која во моментов е на боледување, потврдила дека снимката е автентична и додала дека ги менувала календарите на крајот на годината, па затоа ја симнала иконата.

Добра вест: “Слободен влез во затворениот градски базент во двојазичен Прилеп?”

Прилепчани сеуште чекаат на ветениот затворен базен…