дома блог страница 3125

MECHA ИЛИ CИPHA недела: Еве што треба да се прави во деновите пред ПPOЧKA

Кога станува збор за празникот Прочка не смее да се изостават деновите што му претходат на овој празник.

Неделата пред Прочка се вика Месопусна или Месна недела, а некои ја викаат и Месни поклади, затоa што на тој ден се запокладува (односно се запостува) со месо, месни производи и свинска маст.

Овој период од седум дена од Месни поклади до Прочка се вика и Сирна недела или Сирници, поради тоа што во овој период се јадат млечни производи. Некои ја викаат и Бела недела.

Од Сирни поклади, односно од Прочка не се јадат и млечни производи, со што започнуват големите, долги седум недели, Велигденски пости.

Викендов во Прилеп стартува 18-то издание на Меѓународниот карневал “Прочка 2019”: Oва е програмата

Викендов во Прилеп ќе се одржи 18-то издание на Меѓународниот карневал “Прочка 2019”.

Програмата започнува во петок (08.03) со изложба на рачно изработени традиционални маски која започнува во 12:00 часот во фоајето на Центарот за култура “Марко Цепенков”.

Во сабота (09.03) со почеток од 12:00 часот на плоштадот “Методија Андонов-Ченто” ќе се одржи традиционалниот Детски карневал на кој учество ќе земат деца до 14 годишна возраст. Покрај тоа ќе има музичка програма и настап на “Статуа фест”.

Главното дефиле на маски е закажано за недела (10.03) со почеток од 13:00 часот, а карневалот ќе се заокружи со традиционалниот ручек на Здружението “Прилепски мечкари” кој ќе се одржи во понеделник (11.03) со почеток од 12:00 часот во манастирот “Св. Ѓорѓија”.

Прилеп: Сопругот пет дена ја држел затворена во нивниот дом

На 03.03.2019 во 20.00 часот во Полициската станица Прилеп, М.А. (30) од Прилеп пријавила дека нејзиниот сопруг Ф.А. околу пет дена ја држел затворена во нивниот дом во Прилеп – информираат во полицискиот билтен на МВР.

Според пријавеното, на 03.03.2019, Ф.А. и физички ја нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Нов голем успех на “Бушидо”: 13 медали од Меѓународниот џудо турнир “Турија 2019”

Џудо клубот “Бушидо” од Прилеп продолжи да реди меѓународни успеси. Имено, на Меѓународниот џудо турнир “Турија 2019” освоени се 13 медали од 13 натпреварувачи. Повторно стопостотен учинок на прилепчани.

Ова е четврто учество на “Бушидо” на Меѓународниот турнир во Србобран, на кој се натпреваруваа такмичари од Србија, Унгарија, Романија, Грција, Бугарија и Македонија.

Прилепчани беа единствените кои ги бранеа боите на Македонија.

Пендаровски: “Кој ќе влегува во колаиција да го менува името, велеше кандидатот на СДСМ за претседател!?” (Видео)

Каков став за промената на името имаше Стево Пендаровски?!

Oва се мајсторите од Прилеп кои со 20 денари добија 1,7 милиони денари

ФОТО/setaliste.com.mk

Мики Ристески и Илчо Талевски од Прилеп се мајсторите кои викендов со 20 денари успеаа да погодат 21 утакмица, што им донесе добивка од неверојатни 1,7 милиони денари.

Последниот пар на ливчето бил Клуж-Сепси, натпревар од романската Прва лига, кој заврши со победа на домаќинот од 1:0, доволно за Мики и Илчо да стигнат до оваа висока сума.

Браво мајстори! Да се трошат за добро!

“Не било до НАТО за инвестиции? Фолксваген замина во Србија, нашиот министер за инвестиции е наставник, замислете?”

Германскиот автомобилски гигант “Фолксваген” одлучи новата фабрика да ја гради во Србија, дознаваат од “Новости”. Најголемиот производител на автомобили во светот се одлучил за Србија во конкуренција на Бугарија, Романија, Турција и Македонија.

Иако како фаворити за добивање на оваа инвестиција долго време биле Бугарите, Германците сепак ја избрале Србија. Според сознанијата на српскиот портал “Новости”, првиот автомобил во српската фабрика на “Фолксвеген” би требало да биде произведен во 2023 година.

Според изворот на “Новости”, како локација за новата фабрика се споменува Шумадија, а новата фабрика би требало да има капацитет од 300.000 автомобили годишно.

Вредноста на инвестицијата би изнесувала 4,5 милијарди евра, а во Србија би се произведувале 5 модели од “Фолксваген”, “Шкода” и “Сеат”, односно марки на возила кои се во состав на оваа германска фирма.

Според изворот, фабриката ќе вработува 5000 луѓе, од кои 650 ќе бидат вработени како инженери. Она што е исто така важен фактор, е тоа што Србија располага со 10% од светските залихи на литиум, елемент од кој се прават батериите на електромобилите.

Покрај оваа фабрика, според “Новости” за инвестирање во Србија се заинтересирани и инвеститори од Кина и другите азиски земји, кои исто така планираат да отворат производствени капацитети во авто-индустријата.

(Видео) САКАЛА ДА ПРОДАДЕ ПОЛОВЕН АВТОМОБИЛ ЗА 500 ДОЛАРИ: По само една минута ѝ понудиле 100.000!

Една Американка од Калифорнија одлучила да ја продаде својата половна “Хонда Акорд” од 1996-тата година на “eBay”, и тоа за само 499 долари. За да успее во тоа, нејзиниот свршеник Макс Ланмен, инаку режисер, и понудил да направи реклама за автомобилот.

Овој автомобил веќе минал 227.000 километри, па сопственичката му одредила цена од само 499 долари.

Господинот Ланмен тука добро ги искористил своите таленти, и направил реклама која за кратко време станала многу популарна, па со самото тоа цената на возилото почнала вртоглаво да расте.

Последната понуда на “eBay” изнесува неверојатни 100.000 долари, а продажбата ќе трае уште само 3 дена.

“Инспирација за рекламата добив кога со мојата девојка Кери се возевме покрај брегот, додека одевме на кампување”, рекол тој за BBC.

Сметал дека навистина би било смешно за толку стар автомобил да се сними реклама во толку раскошно окружување покрај море.

“Нареално е тоа што рекламата стана толку популарна ширум светот. Фала Му на Бога за интернетот”, рекол тој.

Безвременска убавина и светост: Фотографија од манастирот Св. Архангел Михаил во населбата Варош од 1926 година и денеска

Варошкиот манастир се наоѓа во подножјето на Маркови кули во населбата Варош во непосредна близина на Прилеп. Манастирот се состои од црквата „Св. Архангел Михаил“ и двата манастирски конаци. Денот на манастирот е празникот Балаклија или Источен Петок. Манастирот е посветен на светиот Архистратиг Михаил (св. Архангел Михаил) – Началник и Војвода на сите небесни чинови. Во 1998 година, во манастирот е обновен монешкиот живот и денес, за него се грижи петчленото сестринство.

Манастирот е масовно посетен од верниците, бидејќи во него се чуваат дел од моштите на св. Козма и Дамјан, како и моштите на св. Стилијан. „Св. Архангел Михаил“ се вбројува меѓу најубавите и најзначајните културни споменици и религиозни центри во Македонија поради што е ставен под заштита на државата како Споменик на културата.

„Свети Архангел Михаил“ е главната и единствена манастриска црква во Варошкиот Манастир. Легендата за потеклото на манастирот започнува во X век, кога некој непознат ученик на св. Климент Охридски се населил во некоја од карпите каде што водел осаменички живот.

Денес, неговото име не е познато, но во прилог на легендата зборува фактот што местото каде што се наоѓа манастирот се вика кај Светецот. Црквата е изградена на старо култно место за што сведочат античките мермерни столбови кои се употребени во нејзината изградба. На едниот од нив е исклесан стар натпис со кирилично писмо од 996 година кој е втор најстар кириличен натпис пронајден во Македонија.

Меѓу XI век и XIII век, црквата била повеќепати градена и разурнувана. Од тој период, постои трага само од северниот ѕид на црквата каде сé уште постојат делови од фрески од XII век. Исто така, од тоа време останале и фреските во подземјето на црквата кои образуваат тунел.

Кон крајот на XIII век, големиот хартулариј Јован повторно ја изградил црквата и ја посветил на св. Архангел Михаил. Имајќи предвид дека од претходната црква останал само мал дел, може да се заклучи дека црквата во целост е ктиторско дело на владетелот Јован.

За тоа сведочи и фреската на западната страна на црквата на која Јован е претставен како ктитор кој во рацете го држи моделот на црквата. Притоа, тој е насликан како великосхиник, а натписот кажува дека тој се замонашил во манастирот. Подоцна, прилепските владетели Волкашин и Крале Марко ја обновиле црквата за што сведочат двете фрески на влезот на кои се претставени двајцата владетели.

Денешниот изглед на црквата, со исклучок на западниот дел, ги носи сите карактеристики од последната преправка која е извршена во 1861 година.

Koга љубовта кон животните ќе го обземе човечкото срце: Млад полициски академец од прилепско одгледува и храни 34 кучиња скитници во својот двор

ФОТО/printscreen/alfa.mk

Дури 34 улични кучиња, поголемиот дел со некаков хендикеп предизвикан од суровоста на луѓето, веќе пет години ја уживаат комплетната грижа и љубов на младиот дипломиран, но невработен полициски академец, Влатко Заткоски од Кривогаштани – oбјави “Алфа ТВ”.

Тој, разочаран од негрижата на институциите, а поттикнат од силната љубов кон животните, својот двор, го претворил во вистински приватен стационар за бездомни кучиња, каде овие негови пријатели редовно добиваат: храна, здравствена помош и многу посветена љубов.

За малата, селска средина во која ја реализира оваа своја хумана мисија, Влатко е еден голем чудак, но како што вели самиот, одамна престанал да се обѕрнува на тоа. За него е битно само неговите миленици да ги тргне од улицата, а уште повеќе од лошите сопственици кои се изживуваат со нив.

За да им ги спаси животите, Влатко го дава и последниот денар. Вели дека помошта што ја собира од донации е минимална во однос на она што реално треба да се потроши, бидејќи поголемиот дел од кучињата доаѓаат со сериозни повреди, па оперативните зафати не се реткост, а тие се скапи.

Во недостиг на законска регулатива за решавање на овој горлив проблем, Влатко е скептик дека со вакви поединечни примери ќе може нешто значително да се направи. Тој вели дека има изготвено и план, кој не бил многу скап, ама тој план прво требало некој да го чуе, а тој досега, никаде не наишол на отворена врата.

ВИДЕО ПРИЛПГОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА

Каролина Дурло