дома блог страница 3101

ОТКРИЛА КОЈ ЌЕ JА НАСЛЕДИ: Баба Ванѓа на cмpтнaтa постела открила кој ќе ги наследи нејзините мoќи

Како да гледа филм, видовитата Баба Ванѓа од Македонија раскажуваше иднина и не се плaшeше од ништо.

Ваѓа како пишуваа за неа беше феномен на сегашноста и во исто време најголемата миcтерија на вистината.

Ванѓа на cмpтнaтa постела открила и дека ќе се врати: Едно видовито девојче, таа која ќе биде наследничката ќе живее во едно француско гратче. Чудо од дете на седум години. Руските медиуми неодамна пишуваат за девојче од Франција за кое нејзините родители немаат објаснување како точно и прецизно може да ја предвиди иднината.

-Секој пат до најситен детаљ таа ги претскажува настаните. Нејзиното семејство го kpиеше овој факт плaшwјќи се дека со отkривање на нeјзиниот идeнтитет таа ќе биде злoyпoтребена – пишуваат медиумите.

Малечкото девојче им раскажало на нејзините родители дека навечер ја посетувале дyxовите на пoчинaти луѓе кои и кажуваат што и кога ќе се случи. Иако никогаш не слушнала за Ванѓа, девојчето ја опишала Баба Ванѓа како една од „нoќните“ гости со кои комуницира.

ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Оваа банкнота вреди 15 000 евра

100 српски динара, вредат околу 50 денари, освен ако не станува збор за банкнота од 1884 година. Таа банкнота вреди 15.000 евра.

Цената на старите банкноти зависи од зачуваноста на банкнотата и реткоста, а најскапа на Балканов е токму 140 години старата банкнота од 100 динари.

Следна по вредност е банкнотата од 10 динари од 1885 година, која вреди околу 8.000 евра.

Доколку во некоја фиока низ домот имате стари банкноти, проверете да не имате некој од овие.

Победа – Беласица 0:3: И во Втора лига тешко до бодови

Попладнево на стадионот на Мигилата во првенствен меч од 2-то коло на Втората лига-Исток фудбалерите на Беласица забележаа неочекувано вбисока но сосема заслужена победа над прилепскиот второлигаш Победа со 0-3, полувреме 0-1.

Трумфот на струмичани, според се прикажано на натпреварот, е сосема заслужен. Поискусниот и покомпактен тим стигна до втората првенствена победа, додека прилепска Победа го претрпе првиот овосезонски пораз. Тежок и непријатен на свој терен кој несомнено тешко паѓа на сите. Но треба да се биде реален дека пред овој постоен состав на Победа претстои тешка и неизвесна сезона во која приоритет ќе биде хрчевита борба за осптанок. Ова дотолку повеќе ако се има предвид реорганизацијата-промените во системот за натпревари за следната сезона кога Вторите лиги ќе бројат по 8 екипи, а директно ќе испаѓаат последните 4пласирани екипи од годинашните шампионати на Вторите лиги-од 7-мо до 10-то место, а можеби и повеќе во зависност од тоа кои екипи ќе ја напуштат Првата лига и во која група од двете Втори лиги територијално ќе припаѓаат.

Денес Победа беше надиграна и со само една шанса-директен удар во рамката на голот-зицерот на Благоја Наумоски во 61-та минута на 0-2 кога од 5 метри го погоди дирекот на гостинскиот гол. Затоа пак без играч кој ќе креира игра и ќе застане на топка, кој ќе повлече и соло но и ќе ја понесе целата екипа Победа имаше многу проблеми во организацијата на играта и не можеше да воспостави надмоќност во играта во поле. Од друга страна евиденни беа многуте грешки во додавањата и преголемата статичност но и нерешителност да се тргне похрабро и во фајтерско надигрување на противникот.

Струмичани поведоа од пенал преку Милушев по стартот на Дунимаглоски врз Размоски во 32-та минута. На 0-2 во 52-та минута зголеми најдобриот гостински фудбалер екс играч на Победа Мирчески со силен и прецизен удар од 16 метри, а конечните 0-3 ги постави штотуку влезениот во игра Истатов во 88-та минута од средбата, а гостите имаа и уште неколку изгледни прилики преку Мирчески и Радојчиќ кои заедно со Размоски како тројка во нападот со својата брзина и продорност создаваа доста проблеми на домашната одбрана.

Победа:Иванов, Д.Наумоски, Најдоски, Дамески, Колески, Вецески(од 46 мин. Каралиоски), Дунимаглоски, Јошески(од 67 мин Дебрешлиоски, Митрески(од 28 мин Карапеев), Б.Наумоски и Гешоски.

Резултати 2 коло Втора МГЛ-Исток: Победа-Беласица 0-3, Тиквеш-Плачковица 3-1, Брегалница-Осогово 5-0, Кит Го – Кожуф 1-1 и ИКаменица Саса-Питу Гули 4-1.

Табела:Брегалница и Беласица по 6 бодови, Тиквеш 4 бодови, Каменица Саса, Питу Гули и Победа по 3 бода, Кожуф 2 бода, Кит Го 1 бод, а Плачковица и Осогово без бодови.

Во следното 3 коло ќе играат:Кожуф-Победа, Питу Гули-Брегалница, Беласица-Каменица Саса, Осогово-Тиквеш и Плачковица-Кит Го

Голем пожар беснее во прилепско: Огнот им се заканува на куќите во селото (ФОТО)

Голем пожар беснее во близина на село Годивје во општина Кривогаштани.

Пожарот е речиси стасан до куќите во селото, а ситуацијата е алармантна, информираат читатели на Маркукуле.

Повеќе информации подоцна!

“К(Г)радиначалник земал пари во плико, но Заев го открил?”

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во колумната која пред неколку дена ја напиша за порталот “MКД.МК”, во еден дел вели:

“Одговор на овие прашања нема да добие јавноста, но затоа помалку мистично ќе почне да се шири една приказна за еден г(к)радоначалник од Полошкиот упс пардон, Пелагонискиот регион, од редовите на СДСМ. Тој бил мераклија од сопартијците да побара паричка за вработување, потоа приказната оди за состанокот што го имал со еден сопартиец кој одлучил да плати за работно место, па како пликото полно со пари било потпишано од Заев и конечно како Заев му се јавил на тој г(к)радоначалник и онака помалку шеретски го поздравил градоначалникот, демек знаел што прави. На прашањето, и што понатаму? Одговорот е само што не го уапсиле, ама не е само тој. Ги има неколку такви. Јасно ми е кој ја води државата и како, но и да е точна оваа мистична приказна за тој или тие г(к)радоначалници, уште колку дена граѓаните на тие општини ќе бидат жртви на мистиката, наместо закон и правдина веднаш.”

Оваа дилема на Мицкоски ги прави се пољубопитни жителите на Пелагонискиот регион.

Целата колумна прочитајте ја ТУКА

Прилепчанка е стјуардеса во Saudia Airlines: Прочитајте за нејзините искуства и како е да се работи во облаците

Сосема случајно се пријавив на огласот за SAUDIA на кој налетав на порталот „Вработување”. Во тоа време работев како агент во еден call центар во Скопје. Едно од прашањата што ми го поставија претставници од САУДИА на конечното интервју беше што си чекала толку долго за да се пријавиш и да си го оствариш сонот. И јас тоа сега се прашувам зошто не порано а сум била само на чекор од едно поразлично поглавје – вели Елизабета Николовска од Прилеп во интервју за порталот “Женски Магазин”

* Како ти се роди желбата да станеш стујардеса?

– Морам да бидам искрена и да кажам дека не носев огромна желба кон оваа професија, а сега кога веќе ја работам во еден здив кажувам се заљубив во истата. Предизвикот да ги видам убавините на светот од друг аспект и возбудата што ја носи оваа работа се неодолив залак за секоја храбра девојка.

* Постојано патувате, како го поминуваш слободното време кога не си на работа?

– Престојувам во Џеда, Саудиска Арабија, туристички град кој излегува на Црвено Море. Поради високите температури најчесто денот го поминуваме на базените во комплексот каде што сме сместени само девојки или поретко на некоја од приватните плажи. Сместувањето го обезбедува компанијата. САУДИА има организирано превоз до “Балат” стариот дел од градот каде што пазариме по пристапни цени и до неколку поголеми шопинг центри. Локацијата на комплексот каде што сме сместени е во центарот на градот а во околоната има прекрасни ресторани, шеталишта.

Целото интервју прочитајте го ТУКА

Наставниците утре НЕМА да примаат ученици: СОНК алармира дека се шират неточни информации, штрајкот е конечна одлука!

Оставивме простор со очекување дека до крајот на оваа недела ќе изнајдеме заеднички прифатливо решение со надлежните, но изгледа дека преговорите денес завршуваат. МОН не излезе со поконкретен предлог кој ние можеме да го прифатиме. Одлуката е конечна, во понеделник наставниците, учителите и другите вработени ќе бидат во предупредувачки штрајк, истакна претседателот на СОНК, Јаким Неделков во гостувањето на Тв Алфа.

-Согласно законските одредби ние смееме да организираме штрајк во установата каде што сме вработени. Се одредува една просторија, во договор со директорот каде да штрајкуваме. Штрајкуваме во текот на работното време, тоа значи дека нема прифаќање на учениците и нема реализирање на воспитно-образовни активности. Ние немаме законска можност да им кажеме на родителите да не ги пуштаат децата во училиште, тоа не е наша работа, меѓутоа логична последица е ако наставниците се во штрајк и ако наставниците не ги прифаќаат нивните деца на првиот училишен ден, која е причината нивните деца да дојдат на училиште? Има информации дека општините дале информации дека училиштата ќе бидат ширум отворени, дека ќе се прифатат учениците дека ќе има претстави и приредби за првиот училишен ден. Тоа создава забуна и затоа родителите се збунети. Јас уште еднаш кажувам дека наставниците нема да ги прифатат нивните деца и не знам на кого би ги оставиле во училиштето, истакна тој.

Челниците и членовите на СОНК деновиве се мета на голем притисок. Тој вели дека не се точни информациите дека ќе бидат примени првачињата, уште еднаш потенцирајќи дека вработените во училиштата утре нема да одржат никаква настава или собир со учениците, туку ќе штрајкуваат.

Стевананџија до Заев: Фризерка 48.000, просветар 21.600 плата – Сите на штрајк за 25% повисоки плати

Дискусија на пратеникот Димитар Стевананџија на собраниската седница за избор на нови министри во Владата, преку која му се обрати на премиерот Зоран Заев.

Имаме со што да се гордееме! Прилепчанка истрча 170 километри околу Мон Блан за околу 42 часа

Прилепчанката Мери Мирческа ја заврши најпрестижната ултра маратонска трка во светот Ultra Trail du Mont Blanc – UTMB во должина од 170 КМ за 42:13:31(42 часа 13 минути и 31 секунда) – објави порталот “Infokompas.com.mk”.

Ова е една од најсуровите планински трки и се смета за неофицијално светско првенство во планинското трчање. Ова е суштински настан за сите планински тркачи од целиот свет. Секоја година, елитата на светските тркачи се наоѓа во Шамони заедно со скоро 10.000 тркачи кои сакаат да учествуваат на една од 7-те трки на настанот. Оваа година настанот се одржува од 26-ти август до 1 септември.

На настанот волонтираат преку 2.000 доброволци од 15 различни земји и 18 француски, италијански и швајцарски комуни во околината на Мон Блан кои работат за успешен настан и ги поддржуваат тркачите на UTMB®. 20.000 поддржувачи доаѓаат да ги охрабрат своите најблиски и најмили и повеќе од 50.000 гледачи кои ќе го посетат настанот и ќе учествуваат во анимациите во сите села во околината на Мон Блан.

Шахтите во Лерин, со сонцето од прилепско БОНЧЕ (Фото)

Наш читател ни испрати фотографија од шахтите во Лерин во Грција, на кои е претставено шеснаесеткракото сонце oд Кутлеш и прилепското село Бонче.

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска на неодамнешната седница на Собранието наменета за пратенички прашања, му одржа лекција на премиерот Заев околу шеснаесеткракото сонце од Кутлеш.

Ласовска зборуваше за книгата “Антички македонски штитови од Пелагонија” и за сонцето кое е пронајдено на штитовите во локалитетот на прилепското село Бонче.

Пратеничката му укажа на премиерот дека сонцето од Кутлеш не е ексклузивно право само на нашиот јужен сосед, како што тоа е предвидено со Преспанскиот договор, туку и право на македонскиот народ.

Премиерот потоа влезе во конфликт со Ласковска дофрлајќи од место.