Победа – Беласица 0:3: И во Втора лига тешко до бодови

Попладнево на стадионот на Мигилата во првенствен меч од 2-то коло на Втората лига-Исток фудбалерите на Беласица забележаа неочекувано вбисока но сосема заслужена победа над прилепскиот второлигаш Победа со 0-3, полувреме 0-1.

Трумфот на струмичани, според се прикажано на натпреварот, е сосема заслужен. Поискусниот и покомпактен тим стигна до втората првенствена победа, додека прилепска Победа го претрпе првиот овосезонски пораз. Тежок и непријатен на свој терен кој несомнено тешко паѓа на сите. Но треба да се биде реален дека пред овој постоен состав на Победа претстои тешка и неизвесна сезона во која приоритет ќе биде хрчевита борба за осптанок. Ова дотолку повеќе ако се има предвид реорганизацијата-промените во системот за натпревари за следната сезона кога Вторите лиги ќе бројат по 8 екипи, а директно ќе испаѓаат последните 4пласирани екипи од годинашните шампионати на Вторите лиги-од 7-мо до 10-то место, а можеби и повеќе во зависност од тоа кои екипи ќе ја напуштат Првата лига и во која група од двете Втори лиги територијално ќе припаѓаат.

Денес Победа беше надиграна и со само една шанса-директен удар во рамката на голот-зицерот на Благоја Наумоски во 61-та минута на 0-2 кога од 5 метри го погоди дирекот на гостинскиот гол. Затоа пак без играч кој ќе креира игра и ќе застане на топка, кој ќе повлече и соло но и ќе ја понесе целата екипа Победа имаше многу проблеми во организацијата на играта и не можеше да воспостави надмоќност во играта во поле. Од друга страна евиденни беа многуте грешки во додавањата и преголемата статичност но и нерешителност да се тргне похрабро и во фајтерско надигрување на противникот.

Струмичани поведоа од пенал преку Милушев по стартот на Дунимаглоски врз Размоски во 32-та минута. На 0-2 во 52-та минута зголеми најдобриот гостински фудбалер екс играч на Победа Мирчески со силен и прецизен удар од 16 метри, а конечните 0-3 ги постави штотуку влезениот во игра Истатов во 88-та минута од средбата, а гостите имаа и уште неколку изгледни прилики преку Мирчески и Радојчиќ кои заедно со Размоски како тројка во нападот со својата брзина и продорност создаваа доста проблеми на домашната одбрана.

Победа:Иванов, Д.Наумоски, Најдоски, Дамески, Колески, Вецески(од 46 мин. Каралиоски), Дунимаглоски, Јошески(од 67 мин Дебрешлиоски, Митрески(од 28 мин Карапеев), Б.Наумоски и Гешоски.

Резултати 2 коло Втора МГЛ-Исток: Победа-Беласица 0-3, Тиквеш-Плачковица 3-1, Брегалница-Осогово 5-0, Кит Го – Кожуф 1-1 и ИКаменица Саса-Питу Гули 4-1.

Табела:Брегалница и Беласица по 6 бодови, Тиквеш 4 бодови, Каменица Саса, Питу Гули и Победа по 3 бода, Кожуф 2 бода, Кит Го 1 бод, а Плачковица и Осогово без бодови.

Во следното 3 коло ќе играат:Кожуф-Победа, Питу Гули-Брегалница, Беласица-Каменица Саса, Осогово-Тиквеш и Плачковица-Кит Го




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.