дома блог страница 303

ФЕНОМЕНАЛНО: Гимназијалци oд Прилеп направија прекрасен музички видео запис за песната „Ми заплакало селото Ваташа“

Вчера, 18.06., во просториите на прилепската гимназија “Мирче Ацев”, беше промовиран музичкиот запис за песната „Ми заплакало селото Ваташа“. Пред бројна публика од професори, родители и други гости, учениците кои го осмислија и го создадоа видео-записот, во кратки црти ги запознаа присутните со историскиот настан кој се случил на 16 јуни 1943 година, а потоа ги пренесоа своите искуства, проблеми, згоди и незгоди со кои се соочија во процесот на создавање на записот. На крајот на промоцијата премиерно беше емитуван видео записот, кој изнуди и некоја солза во публиката и кој на крајот беше награден со силен аплауз.

Видео записот е сниман на три локации и тоа во просториите на гимназијата, во манастирот „Св.Никола“ – Моклишко и на меморијалниот комплекс „Моклиште“ Ваташко – општина Кавадарци.

Записот не е класичен музички спот, туку претставува спој на музика и рецитирање придужено со соодветни визуелни ефекти и може да се вброи во категоријата „видео уметност“. Низ песната испреплетени се стиховите од песната „Цветови“ од Славко Јаневски .

Видео записот е целосен производ на учениците. Со скромни ресурси и голема желба и упорност записот го реализираа:

Софија Настоска – вокална интерпретација
Софија Оџаклиеска – рецитација
Евгенија Димитриовска – режија, идејно решение и камера
Софија Димитриеска – режија и идејно решение
Михаил Ѓорѓиески – камера и компјутерска видео обработка
Оркестрацијата е на проф д-р Татјана Ивановска
Организацијата и техничката реализација е на проф. Николче Богданоски
Соработник во подготовката на рецитацијата е проф. Дарко Ристески
Музиката е снимена во Студио Т.А

За учениците Евгенија Димитриовска, Софија Димитриеска и Михаил Ѓорѓиески ова е второ вакво искуство во училиштето. Овие ученици го сочинуваат „Гим Филм Тим“ и минатата година го реализираа документарниот филм „Најскапиот пат“ кој наиде на одличен прием во македонската и пошироката јавност.

Идејата за создавање на видео записот беше на ученичката од трета година Софија Настоска, која мотивот да ја испее оваа песна го добила од чувството на тага по трагедијата во Кочани и токму оваа песна во која се пее за 12 одземени млади животи ја поврзува со изгубените животи во несреќата во Кочани. Токму ним им ја посветува оваа песна.

Тимот кој го реализира видео записот ѝ искажува благодарност за целосната поддршка на директорката на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп, Весна Михаиловска.

 

Двајца прилепчани фрлиле кoкaин преку оградата во дворот на прилепскиот затвор

-СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Д.(21) и С.Р.(23), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекузори“.

Пријавените со возило дошле до Казнено – поправната установа Затвор Прилеп и преку ѕидот, внатре во затворот, фрлиле кокаин, кој бил пронајден и одземен – информираат од МВР.

AДРЕНАЛИНСКО УЖИВАЊЕ ВО ПРИЛЕП: Викендов ќе се одржи првата “Топташ родео” трка

На 21. јуни АДРЕНАЛИНСКО УЖИВАЊЕ во Прилеп – за прв пат во Македонија Хард Ендуро клубот од градот под Марковите Кули, за прв пат во Македонија, а токму во Прилеп организира “Хард ендуро трка – Топташ Родео 2025”.

На настанот се пријавени повеќе од 30 учесници, кои ќе се натпреваруваат на патеката, која организаторот “Хард Ендуро – Прилеп” ја подготви за овoј настан.

-Ги покануваме сите кои сакаат да гледаат ваков несекојдневен настан да дојдат во што поголем број. Настанот започнува во 9:00 часот наутро, а ќе трае до 18:00 часот, стои во поканата од организаторите кои имаат подготвено богата програма за целиот натпреварувачки ден.

Инаку, патеката се наоѓа од задната страна на месноста Топташ. Најлесно се стигнува по асфалтниот пат за манастирот Св. Димитрија – Селце, па се исклучувате на макадам патот за Топташ и стартот е на некои 200 метри од асфалтот. На влезот на макадам патот ќе има табла со логото на “Хард Ендуро Прилеп” oзначено со стрелка.

Подетални информации за настанот и за локацијата може да најдете на Фејсбук страната: Hard Enduro Prilep

Од клубот Хард Ендуро – Прилеп упатуваат посебна благодарност до сите, кои со својот допринос помогнаа да се одржи ваков настан за прв пат во Македонија, а токму во Прилеп.

Благодарност до ПИ “Витаминка – Прилеп” АД, која обезбеди пакети со свои производи за сите натпреварувачи и организатори.

Благодарност до ЈКП “Водовод и канализација – Прилеп”, кои несебично помогнаа да се израмни патот и направи пристап за возила до стартот на патеката

Благодарност до “КДС Кабелнет” и “Греен Мобиле” кои обезбедија финансиска помош за одржување на настанот.

Бутел добива искусен голман: По освојувањето на Европскиот Куп, голманот од Прилеп две сезони во РК Бутел

Искусниот голман од Прилеп и освојувач на Европскиот Куп со Алкалоид, Благојче Трајкоски, во наредните две сезони ќе го брани голот на РК Бутел – информираа од скопскиот клуб на социјалните мрежи.

38-годишниот Трајкоски во кариерата бранеше во Куманово и Радовиш, потоа две сезони во МАКС Струмица, па две во Охрид, пред да се пресели во Битола, каде четири сезони беше на голот на Еурофарм Пелистер. Од 2022 година бранеше во Автокоманда.

Трајкоски ќе биде големо засилување на голот на Бутел, екипа која најавува европски аспирации за идната сезона.

Бутел претходно ја продолжи соработката со тренерот Горан Кузманоски и средниот бек Димитар Ѓеоргиевски, а се раздели со Бојан Блажески, Антонио Николоски, Драган Шољиќ, Христијан Милошески и Кристијан Давитковски

Двајца прилепчани со “матиз” и “пежо” се судрија на патот Прилеп-Градско

-На 17.06.2025 во 08.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Градско-Прилеп се случена сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „матиз“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(62) од Прилеп и патничко возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од З.В.(51) од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.Н., констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп – информираат од МВР.

Изложбата “Автопортрет” oд уметникот Дарко Талески, во петок во ликовната галерија при “Марко Цепенков” во Прилеп

Со особено задоволство го најавуваме отворањето на мултимедијалната изложба „Автопортрет“ на академскиот уметник Дарко Талески. Овој несекојдневен уметнички настан ќе се одржи на 20 јуни 2025 година, со почеток во 19:30 часот, во ликовната галерија при НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Изложбата „Автопортрет“ претставува интерактивно мултимедијално дело, кое ја истражува темата на индивидуалниот идентитет и себесознавањето. Преку уникатниот пристап на користење „магично“ огледало – дигитално платно на кое се проектираат прашања и анимации – посетителите ќе бидат поттикнати на интроспекција и создавање на сопствен, динамичен автопортрет.

Оваа изложба ја става уметноста во дијалог со технологијата, поврзувајќи ги мислите, емоциите и визуелните стимули во жив, променлив процес на интеракција.

Дарко Талески, уметник со долгогодишно искуство и иновативен пристап кон мултимедијалната уметност, во ова дело нуди платформа за сите посетители да размислуваат за сопствениот идентитет и да учествуваат во креативен процес кој е истовремено личен и универзален.

Физички напади на неколку локации во Прилеп

На 16.06.2025 во 09.00 часот во ОВР Прилеп, Л.Б.(19) од Прилеп пријавил дека бил физички нападнат од М.К.

Истиот ден во 15.30 часот во ОВР Прилеп, Ж.И.(64) од Прилеп пријавил дека на ул.”Круме Беќар” во Прилеп бил физички нападнат од едно лице.

Исто така, на 17.06.2025 во 03.15 часот во ОВР Прилеп, А.И.(51) од Прилеп пријавил дека на ул.”Трајко Николоски” бил физички нападнат од А.Н. од Прилеп.

Се преземаат мерки за расчистување на настаните – информираат од СВР Битола.

(ВИДЕО) Марјан Ристески како предвесник на Обновата на Македонија

На прекрасна свеченост на локалитетот Хераклеја кај Битола, ВМРО-ДПМНЕ синоќа одбележа 35 години постоење на партијата.

На прославата присуствуваа голем број на гости, високи функционери, членови и симпатизери на партијата, а за атмосверата се погрижија и повеќе македонски уметници од естрадата, меѓу кои и култната македонска група „Меморија“.

На настанот беше емитуван и документарен филм на кој беа прикажани најважните случувања во партијата од формирањето во 1991, преку промената на раководствата, подемите и падовите, па се до изборот на Христијан Мицкоски за лидер на партијата и преземањето на власта во 2024година.

Токму изборот на Мицкоски за прв човек на ВМРО-ДПМНЕ го објави актуелниот заменик министер за економија и труд од Прилеп, Марјан Ристески, на Конгресот на партијата кој во декември 2017година се одржа во Валандово.

Овој момент од документарниот филм предизвика овации кај присутните, а Ристески ќе биде запомнет како дел од историјата на партијата кој ја најави ОБНОВАТА НА ДРЖАВАТА со изборот на Мицкоски за Претседател на партијата, а подоцна и Премиер на државата.

Апсење на две локации во Прилеп – кај двајца прилепчани пронајдена мapиxyана

На 15.06.2025год. во 12.00часот на ул. “Егејска” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.А.(20) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена марихуана.

Истиот ден во 21.15часот на ул. “Мице Козар” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода К.А.(39) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на двата случаи против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави – информираат од СВР Битола.

Денеска не излегувајте без чадор: УХМР најавува пороен дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во повисоките делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 степени.

До петок времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, особено во петок. Во деновите од викендот и во понеделник времето ќе биде стабилно и малку посвежо со умерен, повремено засилен северен ветер.