дома блог страница 295

Прилепските археолози неуморни! Кај Прилепец пронајдена голема римска бања – претпоставките се дека тука се наоѓал античкиот град Пелагонија (ФОТО)

Прилепскиот Завод и Музеј штотуку ја реализира втората истражувачка кампања на мошне значајна градба во месноста Долиште во близина на селото Прилепец. Првпат на оваа локација се истражуваше во 2022 година.

Оваа година во рамките на годишната проектна програма поддржана со 180 000 денари од страна на Министерството за култура и туризам на РСМ, продолжи да се открива една просторија од римска античка бања. Тоа е просторијата во рамки на бањата во која луѓето кои доаѓале да ја одржуваат својата телесна хигиена се потеле. Тоа е т.н. судаториум. Оваа просторија имала висечки под од керамички плочи и малтер кои лежеле врз столбчиња од т.н. хипокаустни керамички кружни тули. Под овој висечки под струел топол воздух. Тоа е всушност еден вид на подно загревање, но со мошне топол воздух. Евидентиран е и сегмент од уште една просторија од бањата, т.н. префурниум, во која се ложел оган кој го затоплувал воздухот кој струел под подното ниво на просторијата за потење.

Римските бањи од овој тип се појавуваат во средината на 1 век пред нашата ера. Покрај двете наведени простории имале уште соблекувална, просторија со базен со топла вода, друга со базен со ладна вода и трета со базен со млака вода. Помали бањи имале во рамките на своите луксузни куќи побогатите граѓани од тоа време, додека за останатото население на градовите биле градени јавни бањи како што е бањата кај Прилепец.

Констатира дека е тоа јавна градба се според огромните димензии од 11 х 8 м. на просторијата за потење којашто се истражува, како и според откриениот мермерен столб од преку 2,5 м. во должина (заради лимитираниот буџет за истражување столбот не е откриен во целосна должина), а кој стоел покрај влезот од надворешната страна. Оваа бања била речиси неколку пати поголема од јавните бањи откриени во другите антички градови кај нас.

Што се однесува до тоа кој град егзистирал на поширокиот простор кај селото Прилепец, би можело да е тоа сеуште неубицираниот град Пелагонија. Покрај бањата која се истражува оваа година, од движни наоди се откриени две бронзени монети, една на Александар и една кована од градот Пелагонија. Монетите на градот Пелагонија кои се ковале веднаш по поделбата на античка Македонија а по окупација од страна на Рим во средината на 2 век пред нашата ера, се мошне ретки.

Во претходните години во непосредна близина се истражувани неколку пунктови за погребувања во подолг временски интервал од околу 800 години (од 6 век пред нашата ера до 3 век од нашата ера. Во двориштето на селската црква во Прилепец во минатото мештаните имаат донесено неколку мермерни плочи со натписи кои говорат за значењето на градот, за жал без спомнато негово име. На еден од овие натписи се спомнува Стибера, така што дознавме за врските на двата градови во античко време. Во педесетите години од минатиот век е случајно откриена остава со над 200 сребрени монети на античките македонски и пајонски кралеви која денес се наоѓа во Археолошкиот музеј во Скопје.

Премиера на претставата „Едмонд“ денес во Битолски театар

Претставата „Едмонд“ според текстот на Дејвид Мемет, а во режија на Оливер Мицевски, денес премиерно ќе биде одиграна на големата сцена на Битолскиот народен театар. Се работи за петта по ред премиера за оваа година. На прес конференцијата директорот Васко Мавровски истакна дека во периодот септември 2024 / јуни 2025, постигнат е апсолутен рекорд на премиерно изведени претстави, 12, а следи и премиерата на
“Рибарски караници” која ќе се одигра на 25.07.

„Во овој период одиграни се 129 претстави, или на секои 2.5 дена се изведувала по една претстава. Во салите на НТБ, не посетиле
25.141 гледач, или во просек сме имале по 194 гледачи по претстава“.

„ Јас сум радосен што работам овде, бидејќи не сум работел во земјава од 2011, и е убаво да се работи на својот јазик. Ние имавме многу убави осум недели работа и веруваме дека завршивме одлична работа. Беше задоволство да се работи со талентираниот ансамбл на Народен Театар Битола, предводен од Огнен Дранговски, еден од најдобрите актери во Македонија и Балканот. Верувам дека ЕДМОНД ќе стане значајна точка во несомнено богатата историја на Народен Театар Битола“, истакнува режисерот Оливер Мицевски.

Претставата го следи вртоглавото / спирално патување на бизнисменот Едмонд Бурк и неговите кошмарни 48 часа во њујоршкото подземје, каде што барајќи возбуда и среќа, од баналноста на неговата канцеларија и монотон семеен живот завршува како убиец и подоцна како затвореник, најверојатно осуден на доживотен затвор. Богат со многу параболи, референци на Хамлет и Библијата, прошаран со несекојдневно брутален јазик и агресивни сцени, главното прашање коешто ЕДМОНД го отвора е прашањето на слободата. Што е слободата всушност? Дали потрагата по слобода прави всушност, незабележително да станеме робови на својата (потрага по) слобода. Дали откажувањето / лимитирањето на своите желби го олеснува патот кон слободата? Не случајно, мотото на ЕДМОНД е : “Внимавај што посакуваш.”

Покрај Дранговски во претставата играат Валентина Грамосли, Соња Михајлова, Марјан Георгиевски, Ана Грамосли, Борче Ѓаковски, Александар Стефановски, Филип Мирчевски, Викторија Степановска-Јанкуловска и Маја Андоновска-Илијевски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски, а музиката на Марјан Неќак.

Во Прилеп започна традиционалниот детски фудбалски турнир – “Прилеп Куп 2025” (ФОТО)

Денеска на Градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп, започна традиционалниот детски фудбалски турнир – Прилеп Куп 2025!

Турнирот е во организација на фудбалската школа “Тони”, која оваа година одбележува 25 години постоење. Турнирот ќе трае во наредните три дена, а гости на турнирот ќе бидат познати фудбалери, фудбалери коишто својата кариера како деца ја почнале токму во Фудбалската школа „Тони“.

На турнирот играат екипи од дечиња кои се родени 2013, 2014, 2015, 2016, 2017 и 2018 година.

Прилепчанец продавал марихуана и таблети, прилепчанка нападната од нејзиниот вонбрачен партнер

Извадоци од полицискиот билтен на МВР:

-СВР Битола поднесе кривична пријава против А.А.(21) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 17.07.2024 во Прилеп, полициски службеници извршиле преглед на едно лице од Прилеп, при што е пронајдена и одземена марихуана и таблети, кои ги набавил од пријавениот. На 25.11.2024 при извршен преглед, кај пријавениот е пронајдена и одземена марихуана.

-На 26.06.2025 во 18.00 часот во ОВР Прилеп, 46-годишна жена пријавила дека околу 00.30 часот во домот во Прилеп, била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер А.А. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Што се’ планираше Ристески за Прилеп и дали од ноември може да почне реализацијата на овие проекти? (ФОТО)

Кога ќе се спомне името Марјан Ристески, веднаш се будат спомени за златната ера на Прилеп. Како поранешен градоначалник, Ристески остана запаметен како визионер, лидер и човек кој несебично се залагаше за доброто на својот град и граѓаните. Со својата работа, иницијативи и храбри одлуки, тој постави нови стандарди во локалната самоуправа – не само во Прилеп, туку и на ниво на цела Македонија.

Неговите големи и долгорочни планови за развој на Прилеп, модернизација на инфраструктурата, поддршка за младите, културата и економскиот напредок остануваат запишани како пример за тоа како се води еден град.

Разгледувајќи ги плановите од 2017година, наидовме на еден куп одлично испланирани проекти кои и ден денес чекаат да го видат светлото на денот. Визијата на Ристески и тогашната локална самоуправа за градот под Марковите Кули се чини била широка. Се планирале паркови и инфраструктурни објекти во сите населби, па во продолжение ви пренесуваме дел од нив и прашуваме за ваше мислење – Дали после локалните избори годинава, прилепчани можат да се надеваат на реализација на овие проекти?

Изградба на модерен парк со фонтани, игралишта и пешачки патеки кај зградите во населбата “Бончејца”

Изградба на парк и уредување на простор во населбата “Варош”

Mузички парк во Врбеско маало

Парк за домашни миленици на Могила

Градска порта кај турската бања

Пешачки мост отспроти црквата Св. Преображение

Уредување на коритото на Градската Река

Ова се само мал дел од проектите кои ќе беа реализирани и денеска ќе го разубавуваа Прилеп. Секако денес приликите се променети, можеби и приоритетите, но факт е дека на Прилеп му недостигаат нови содржини.

Големо намалување на цената на дизелот од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,40% во однос на одлуката од 23.6.2025 година.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,499 ден/кг. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат.

Од 28.6.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 77,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 79,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 70,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 72,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 40,188 (денари/килограм)

„YouTube“ има нова функција која ќе биде од огромна корист на сите

Популарната видео-платформа воведе нова можност за полесно пребарување содржини.

„YouTube“ ја претстави новата опција за полесно пребарување на содржини и информации со помош на вештачка интелигенција.

Како што пренесува порталот „TechCrunch“, функцијата наречена „AI carousel“ е достапна за „Premium“ корисниците во САД.

Овој алат генерира описи на теми со помош на „AI“, а потоа предлага релевантни видео-клипови, што го олеснува пронаоѓањето на посакуваната содржина.

Според најавите, оваа функција може значително да го намали бројот на кликови потребни за пребарување на платформата „YouTube“.

Со маестрален концерт на култните “Леб и Сол” на античкиот локалитет Хераклеја, синоќа започна 17. издание на “БИТ ФЕСТ”

Со концерт на „Леб и сол“ во античкиот локалитет Хераклеја, синоќа беше отворено 17 издание на Битолското културно лето. Фестивалот го отвори градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, потенцирајќи дека БИТ ФЕСТ е фестивал кој ја слави Битола како град на културата, уметноста и традицијата.

„Годинава сме особено горди што фестивалот продолжува да расте, што имаме добра програма и што заедно со уметниците, институциите, но и со секој од вас, ја негуваме убавината на уметноста, затоа што таа е најголемата вредност што можеме да ѝ ја даруваме на нашата Битола. Искрено им благодариме на сите кои вложуваат во културниот живот на нашиот град, особено на Министерството за култура и туризам за континуираната поддршка. Благодарение на ангажманот на бројни уметници, организации и културни институции, со задоволство најавуваме дека фестивалските настани ќе траат сè до 31 август. Но, Битола веќе пулсира во ритамот на уметноста – уште од првиот календарски летен ден и Празникот на музиката „Солстис“, а така ќе биде сè до септември, со бројни културни случувања. И оваа година, ќе имаме содржини проткаени во традиционалните манифестации кои се дел од нашата годишна програма за култура, како: Битола отворен град, Илинденски денови, Битолино, Локум фест, но и многу други настани поврзани со јубилеи на наши домашни изведувачи, како што е вечерашниот настан, настанот на Стефанија мјузик ворлд, групата Гром, но и музички спектакл од светски ранг како што ќе биде гостувањето на еден од највлијателните DJ артисти – Армин ван Бурен“, рече градоначалникот Коњановски во своето обраќање пред публиката, по што следуваше концертот на „Леб и сол“, со кој групата го означи почетокот на БИТ ФЕСТ и ја започна турнејата по повод одбележувањето на 50-годишниот јубилеј на музичката сцена.

Културното лето во Битола има континуитет повеќе од 48 години. Од некогашните Хераклејски вечери, во 2006 година, организацијата на културното лето ја презема Општина Битола, а овој настан се трансформира во препознатливиот битолски фестивал — БИТ ФЕСТ, кој во текот на летниот период, значително го збогатува културниот живот во градот.

Внимавајте, казните се огромни! Oд први јули забрана за движење во шума

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно насоките на Владата по барање од корисниците на шумите – ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство даде согласност за целосна забрана на движење во шумите и шумското земјиште. Согласноста е издадена врз основа на членот 57 став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор.

Целосната забрана за движење во шумите започнува од 01.07.2025 година и ќе трае се до 31.08.2025 година. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кои управуваат.

За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност.

Успева да стигне секаде! Од Охрид на трибина во Прилеп, па директно во Илинден на бизнис саем (ФОТО)

Општина Илинден денеска и утре е домаќин на Првиот Регионален саем за економски развој – „ЕКСПО ИЛИНДЕН 2025“, што е одлична платформа за компаниите од нашата и околните општини кои ќе се претстават и ќе имаат можност за воспоставување на соработка, размена на искуства, деловно вмрежување, отворање нови можности и нови работни места.

-Овој саем претставува важна пресвртница за економскиот и општествениот развој на нашата општина и поширокиот регион, ова е конкретен чекор напред со која го потврдуваме капацитетот на Илинден како регионален економски центар, двигател на соработка и на промени – напиша градоначалникот на општината Александар Георгиевски.

Како претставник од Владата, на саемот присутен беше и заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, кој истакна дека организирањето на овој регионален саем за економски развој е одлична идеа и можност за поврзување на локалните бизниси, претприемачи, инвеститори и други клучни актери, а со цел стимулирање на економскиот развој и создавање на нови можности за раст во општината и во државата.