дома блог страница 269

Се огласи ФК Победа: Гостите oд Арачиново фрлија со шише кон трибината и го предизвикаа инцидентот!

Фудбалскиот натпревар меѓу Победа и Шкендија Арачиново (0-1) доби свое „трето полувреме“. Се случи скандал кога лут навивач од Прилеп го скрши прозорот на соблекувалната со гостински навивачи, а веднаш потоа беше тргнат од страна на полициски службеник.

Поради тоа, со официјална реакција решија да се обратат и од страна на прилепскиот второлигаш. Победа објасни дека инцидентот е предизвикан од страна на гостинските фудбалери. Имено, дел од играчите на Шкендија Арачиново по крајот на мечот фрлале со шишиња вода кон трибината на која беа навивачите, по што следел инцидентот.

„Фудбалскиот клуб Победа од Прилеп уште еднаш покажа високо ниво на организација при одигрувањето на натпреварот против екипата на Шкендија Арачиново, кој се одигра во фер и спортска атмосфера сè до последниот свиреж на судијата.

Иако мечот помина без поголеми проблеми на теренот, по неговото завршување настана инцидент предизвикан од провокација на дел од гостинската екипа. Според присутните сведоци, кон домашната публика беа фрлени шишиња од страна на играчи и членови на гостинскиот тим, што предизвика реакција од дел од прилепската публика.

Навивачите на Победа, испровоцирани од ваквиот потег, спонтано реагираа, но ситуацијата брзо беше ставена под контрола благодарение на брзата интервенција на обезбедувањето и присутните редари, како и полицијата.

Од клубот ФК Победа истакнуваат дека натпреварот бил организиран според сите пропишани стандарди и мерки за безбедност, и дека инцидентот настанал исклучиво како резултат на несоодветното однесување на гостинската екипа по завршувањето на мечот.

И покрај непријатниот епилог, прилепскиот клуб останува посветен на спортскиот дух, фер-плејот и почитта кон сите противници, со надеж вакви појави да не се повторуваат на фудбалските терени, соопштија од клубот.

Се очекува да се види реакцијата од страна на Фудбалската федерација на Македонија и Дисциплинската комисија за ситуацијата.

Чонески: Победата не е моја, таа е на сите нас, следува ревизија на работењето во изминатите 8 години

Со 19 гласови разлика, Нико Чонески победи во вториот изборен круг над својот конкурент од СДСМ, Томе Христоски, и ќе биде нов градоначалник на Крушево. По прославата на победата, Чонески се обрати на социјалните мрежи и вети многу работа, но и ревизија на досегашното работење во општината.

ФБ статусот на новиот градоначалник на Крушево во целост во продолжение:

-Победата не е моја, таа е на сите нас!

Сите заедно победивме со желбата Крушево да биде поубаво и попросперитетно место за живеење, но и попривлечно за посетување!

Од утре ќе работиме на она кое го ветивме во текот на изборната кампања, но и на многу повеќе од тоа.

Победата ми е особено драга бидејќи одлучија малку гласови, а тоа е уште еден доказ дека СЕКОЈ ГЛАС Е ВАЖЕН.

Во иднина, кога ќе го видите Крушево какво сакаме да биде-ЕСНАФСКО, сетете се дека токму вие пресудивте! И јас ќе се сетам на тоа и ќе ја оправдам вашата доверба.

Ви ветувам ревизија на досегашното работење во општината и институциите и ветувам дека ќе имате градоначалник за сите луѓе, за сите проблеми и градоначалник кој нема да користи службено возило, дневници и репрезентации.

Вечерва е време да прославиме, од утре е време за акција!

Историска ретроспектива – Текот и акцијата за ослободување на Прилеп, еве каде се воделе најжecтоките бopби

Во деновите што му претходеле на ослобудувањето и конечното изгонување на германскиот и бугарскиот окупатор од територијата на Прилеп, претходеле жестоки борби. Многумина ќе кажат дека Македонците биле помогнати од овој или оној, но според историските податоци македонскиот народ речиси целосно сам го избркал непријателот, особено во Прилеп. Градот херој бил главното упориште и во овој дел на историјата, нескршливоста и упорноста на прилепчани била главниот бедем со кој се соочил непријателот.

На Брдо, под пиварата, 3 топа противавионски и една чета Германци кај железничката станица.

На “Црвени Брегови”, на излезот кон Битола 2 противавионски топа и 2 артилериски, како и 300 Германци.

Штабот на 15 корпус на 24 октомври издал наредба да на 28/29 октомври 41 и 49 девизија да го нападне и ослободи Прилеп. Претходно на 27 октомври единиците на 41та девизија го ослободиле Кавадарци.

На 29 октомври бил запоседнат Плетвар од страна на XI бригада. Германците биле опседнати околу селото Плетвар. Наредниот ден првиот баталјон го започнал нападот, но германските сили ги збиле своите редови и го одбиле првиот и вториот јуриш. По четириесет часовна борба Германците биле совладани. Наредниот 31 октомври, Германците биле потпомогнати со засилени трупи и вршеле силен притисок да продрат повторно до Плетвар, но сите нивни заложби биле неуспешни, бидејќи бргадата се држела добро и пружала силен отпор.

Силни борби се воделе и на Маркови Кули. Таму германските сили биле потпомогнати и од артилериско оружје, а нашите трупи иако биле со малку муниција го напаѓале непријателот, дури и со камења. Ги држел силниот дух и желбата за слобода. Во повлекувањето кон Варош и Прилеп, Германците ги запалиле зградите на Институтот за тутун, за веднаш потоа сите сили ги упатат повторно кон Плетвар каде и успеале да направат продор помеѓу позициите на XI бригада. Но обидите биле спречени од страна на Штабот кој издал наредба V бригада да изврши напад од кај касарните и да го пресечи патот за Плетвар.

Во мугрите на трети ноември започнал и последниот напад за ослободување на Прилеп. Последните германски истрели откај гробиштата и Варош набргу запреле. Најтешката задача ја имал Третиот баталјон кој во огромен јуриш, правејќи жртва, настојувал да зароби што повеќе непријателски војници. Кај седум часот се слушнала и последната германска детонација, кога биле активирани мините под Ленишки мост. Тоа е последната акција за Прилеп и оттогаш градот живее слободно.

Во последните два дена треба да се напомене дека Прилеп дал 78 жртви, херои на Народноослободителната војска на Македонија. Германците претрпеле 160 жртви и стотици ранети и заробени. Со запленетото оружје, борците се упатиле кон Битола, при што ја ослободиле на 4ти ноември.

ВЕЧНА НЕКА ИМ Е СЛАВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ ХЕРОИ, ПРИЛЕП ПАМЕТИ И ДОСТОЈНО СЕ СЕЌАВА НА СЕКОЈ ОД НИВ.

Имено во овие денови во Прилеп распоредот на германските сили бил следниот: 600 војници и офицери во касарната, северно од неа 2 топа и 5 митралески гнезда. Кај месноста “Садика”, од едната страна на реката 2 тешки митралези, а од другата уште 3.

НЕОФИЦИЈАЛНО! ВМРО-ДПМНЕ победи во Кичево – Д-р Александар Јовановски го победи Фатмир Дехари

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Александар Јовановски победи во Кичево.

Неофицијално, според првичните резултати од овие локални избори кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ го победи Фадмир Дехари од ДУИ во вториот круг и после 12 години владеење на ДУИ во оваа општина, Македонец ќе ја предводи општината.

Како што најави Маркукуле пред 15 дена: Нико Чонески е нов градоначалник на Крушево

Нико Чонески е нов градоначалник на Крушево, според информации од ВМРО-ДПМНЕ, тој победи над актуелниот градоначалник Томе Христоски во вториот изборен круг со триесетина гласа разлика.

Чонески во првиот круг беше во негатива од околу 400 гласа, но во вториот круг крушевчани и жителите на околните населени места масовно излегоа на гласање и се случи пресврт.

Во највисокиот град на Балканот имаше исклучително висока излезеност од 70%.

Со тоа Христоски после два мандати ќе ја напушти градоначалничката функција и ќе ја отстапи на човек со визија и проекти за целосна промена на Крушево.

Уапсени четворица битолчани и четворица Косовари – организирале борби со кучиња во битолско Црноец

На 01.11.2025 во 23:00 часот во с.Црноец, битолско, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода А.Д.(49), К.С.(43), Р.Б.(48) и Б.Н.(53), четворицата од Косово, Г.С.(51), И.Ж.(41), М.Х.(43) и В.Л.(43), сите од Битола и В.М.В.(59) од Штип. Тие се затекнати во дворното место на М.Х. во селото, каде што организирале нелегални борби со кучиња. Притоа, пронајдено е едно повредено куче и предмети кои потекнуваат од кривичното дело.

По целосно расчистување и документирање на настанот, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 233 од Кривичниот законик – „мачење животни“.

Никој не очекуваше дека во Велес ќе се вее бугарското знаме – Мики Секулоски откри што се случило на концертот од Цеца

И на Балканот ништо ново… не стивнуваат реакциите по големиот гаф што го направи познатата фолк-пејачка на концертот во Македонија.

Кралицата на балканската фолк-музика, Светлана Цеца Ражнатовиќ, концертот во Македонија ќе го памти засекогаш.

Имено, таа на 31 октомври одржа концерт во спортската сала Гемиџии во Велес кога заради еден непромислен чекор што го направи на сцената, и веруваме, ненамерно, следуваше вистинско фијаско.

Имено, Цеца во еден момент доби бугарско знаме од публиката кое го бакна, a потоа и го префрли преку рамениците.

Овој гаф што пејачката го направи во Велес предизвика негодување кај самата публика, но и бурни реакции на социјалните мрежи.

Цеца веднаш се извини, но…

По концертот се огласи и Цеца, која истакна дека знамето го добила од фанови од публиката и дека сакала само да ги испочитува, без намера никого да навреди, а најмалку публиката во Македонија.

И како што самата вели во своето обраќање, не и е прв пат да истакнува знаме на сцената, без никаква намера некого да повреди.

„Тоа е моја публика, мој народ, мои луѓе. Нас не поврзува љубовта кон песната, без разлика кој од каде доаѓа“, изјави таа по концертот.

Со слична изјава се огласи и Мики Секуловски, кој беше со неа на сцената кога пејачката испровоцира многумина со бугарското знаме.

Од снимките што испливаа на социјалните мрежи, може јасно да се види дека тој во прв момент се фати за главата кога виде што се случува, а потоа се обидуваше да ја смири публиката во салата.

И како што самиот вели, Мики најпрво не видел дека станува збор за знаме, туку мислел дека е некоја порака за Цеца од нејзините фанови. Но кога публиката почнала да реагира, Мики сфатил каква „глупост“ направиле, па веднаш и го земал знамето на Цеца и го отстранил, но како што самиот вели, штетата веќе беше направена.

Мики во ова свое обраќање и се извини на публиката, но и потенцираше дека Цеца не знаела за проблемот што Македонија го има со Бугарија, бидејќи во спротивно, најверојатно поинаку ќе реагирала.
Таа ме погледна збунето, не знаеше ни што се случува. Но штетата веќе беше направена“, вели Мики во видеото.

„Можеби требаше јас порано да изреагирам, но навистина не забележав дека се работи за бугарско знаме… Навистина жално, навистина штета што се случи оваа случка, никој не очекуваше дека, во мојот град, во Македонија, ќе се вее бугарското знаме, никој не го помисли тоа“, вели Мики.

Навистина ми е жал, требаше да биде прекрасен концерт, и беше додека не се случи оваа.. несреќна случка“, изјави пејачот.

Обраќањето на Мики погледнете го во продолжение, но погледнете и дел од реакциите под истото на социјалните мрежи.

Законот е дециден: Еве што се случува доколку во некоја општина не се избере градоначалник

Во 32 општини и во Градот Скопје денеска се гласа за градоначалници, а на три избирачки места во Шуто Оризари се повторува гласањето и за советници.

Во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови, а за градоначалник е избран кандидатот кој добил поголем број гласови.

Според Изборниот законик, ако и по вториот круг од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите ја известува Владата. По добивањето на известувањето Владата во рок од 15 дена ќе именува повереник за вршење на работите од надлежност на градоначалникот.

Владата најдоцна во рок од 15 дена по денот на именувањето на повереникот го известува претседателот на Собранието заради распишување на избори за градоначалник.

Државната изборна комисија првичните резултати од изборите добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии односно Изборната комисија на градот Скопје во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

Kонечните резултати од изборите ДИК ги објавува веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

Денеска сите во сала! Мега Баскет игра одлично, заслужува голема поддршка на трибините

Денеска со почеток од 16:15 часот, во спортската сала во ООУ “Добре Јованоски”, екипата на КК Мега Баскет од Прилеп ги пречекува Водно Санс, во рамки на третото коло од Првата лига.

Екипата на Мега Баскет од Прилеп ја продолжува одличната серија оваа есен во А-групата од Првата лига на Македонија. Еден од најзабележителните играчи е плејмејкерот Владимир Враниќ од Србија, кој досега беше единствениот странец во тимот. Отсега па натаму, Враниќ ќе настапува со македонско државјанство, со што станува дел од домашниот играчки кадар. Ова отвора можност клубот да ангажира нов странец, најверојатно на позицијата центар.

Очекувањата за денешниот натпревар против Водно Санс се за полна трибина и силна поддршка од прилепската публика, додека домашниот состав ќе се обиде да стигне до третата есенска победа, по двата претходни триумфи – најновиот против Тетекс во Тетово (85:78), каде Враниќ беше најпрецизен со 23 поени.

Да ги поддржиме момците и да се радуваме на уште една победа!

Искуство за сите сетила и настан што не се пропушта! Браќата кои ја напишаа бургер историјата во Македонија доаѓаат во Прилеп

Седум години страст, вкус и безгранична љубов кон гастрономијата! Приказната на Bro’s Burger Station започна во срцето на Охрид, како визија на браќата — Бојан и Филип Стојковски, кои од мал киоск создадоа едно од најпознатите street food имиња во Македонија. Од првиот македонски бургер со ајвар, овчо сирење и охридско макало, до иновативни вкусови со тартуфи, диво месо и вино — нивните креации го освоија вкусот и срцето на гурманите низ целата земја.

А сега, нивната кулинарска магија доаѓа во Прилеп!

Во четврток, 06.11, во Ресторан Порта, браќата Стојковски ќе приредат ексклузивен Private Burger Experience – настан со ограничен број места, резервиран за вистинските љубители на уникатниот вкус.

Гостите ќе имаат ретка можност во живо да гледаат како се подготвуваат три специјални бургер креации, а потоа да ги доживеат сите нијанси на вкусот што го направија Bro’s Burger Station легенда на македонската бургер сцена.

Покровител на настанот е Zlaten Dab Amber, пиво чиј автентичен карактер совршено се надополнува со уникатните бургер вкусови што ќе бидат подготвени специјално за оваа прилика.

Ресторан Порта повторно ја потврдува својата репутација како единствениот ресторан во Прилеп што нуди ваков вид на гастрономски доживувања – каде храната е уметност, а секој настан е ново искуство. Ова е нешто што не смее да се пропушти – единствена можност да погледнете во живо, а потоа да вкусите дел од гастрономскиот свет кој го има во најдобрите светски метрополи, но кај нас е вистинска реткост.

Вечерта ќе биде збогатена со одлична музичка програма, за совршен спој на вкус, атмосфера и уживање. За настанот да биде уште подобар ќе се погрижат Каролина и Роберт – врвно музичко дуо што ќе ја направи вечерта специјална.

Побрзајте и резервирајте навреме на тел.бр. 078 368 111

ЧЕТВРТОК, 06.11.

Подгответе се за искуство што се памети – Bro’s Burger Station во Порта!