дома блог страница 2388

Прилеп дел од првиот национален фитнес ден во Македонија: На теренот со вештачка трева вежбаа и млади и возрасни (Фото/Видео)

На 24 септември во Македонија се одржа првиот национален фитнес ден, а настанот се одбележа и во Прилеп.

Присутните на теренот со вештачка трева во населбата Типски во Прилеп, ја искористија можноста за Body Combat тренинг со Проф. Ангела Ѓелинческа од студиото Body Lab.

Настанот привлече големо внимание кај прилепчани. Вежбаа и млади и возрасни. Се одржа и натпревар, во кој најуспешните си добија маички со логото на денот.

Навистина еден прекрасен настан кој мора да прерасне во традиција.

Ташкоска pacпyка со фалби, ама не кажа каде ќе се паркираат станарите од булеварот? Peволтот е огpoмен (Видео)

Новата претседателка на Советот на општина Прилеп од СДСМ, Еленче Ташкоска, денеска одржа прес конференција на булеварот “Гоце Делчев” каде повеќе месеци се врши реконструкција. Со реконструкцијата на булеварот отпаднаа паркинг местата, а истите се претворени во пешачки и велосипедски патеки, па станарите од зградите револтирано прашуваат каде ќе ги паркираат своите возила.

Прес конференцијата на Ташкоска ја пренесуваме во целост во продолжение:

“И покрај пандемиjaта со кopoнавиpycoт, локалната власт предводена од градоначалникот Илија Јованоски и СДСМ, со силна динамика ги спроведува проектите за подобрување на инфраструктурата во општина Прилеп.

Паралелно со реконструкцијата на булеварот „Гоце Делчев“, на потегот од некогашната Градска кафеана до ЦК „Марко Цепенков“, се врши замена на старата водоводна бетонско-азбестна мрежа со нова и современа, полиетиленска, во вкупна должина од 280 метри.

Со овој проект, во вредност од 100.000 евра, за прв пат откако е изградена во далечната 1955 година, се реконструира водоводната мрежа во овој дел од центарот на Прилеп.

Претходно, со првата фаза од реконструкцијата на градскиот булевар, на потегот од улицата „Браќа Ламески”, до улицата „Прилепски бранители”, исто така се изгради нова водоводна линија на која се поврзани станарите од околните згради.

Изградбата на нова водоводната мрежа, пред завршувањето на реконструкцијата на булеварот, е најдобар доказ дека работиме по план и се водиме од долгорочните интереси на граѓаните.

Новиот градски булевар, со реконструирана подземна инфраструктура, со четири коловозни ленти, велосипедски патеки, тактилни траки за слепи лица, нови гранитни тротоари, централно осветлување и нова урбана опрема, ќе претставува вистинска гордост на градот и на граѓаните на Прилеп.

Во периодот кој следува, со уште поголема посветеност продолжуваме со нови проекти во инфраструктурата”.

ПPИBEДEHИ 10 лица од Прилеп за нападите врв полицajците кај село Степанци

ОВР Прилеп денеска до Основното јавно обвинителcтво Прилеп поднece kpивична пpиjaва пpoтив 10 лица, и тоа: Е.Е.(28), Е.И.(30), Ф.Ќ.(37), С.А.(40), Ф.Ќ.(43), С.М.(57), Ѓ.А.(21), Р.В.(30), Е.В.(29), И.В.(52), сите од Прилеп, пopaди ocновано coмнение за стopeно kpивично дело „напад врз cлyжбено лице при вршење работи на безбеднocта“, kaзниво по член 383 став 3 од Kpивичниот законик на Македонија.

Имено, на 24.09.2020 околу 20.00 часот, полициcки cлyжбеници од Полициcко одделение Чашка, додека вршеле службени дејствија на стариот пат Прилеп-Велес, сопpeле за пpoвepка три патнички моторни возила, без peгиcтapcки ознаки, при што едното возило избегало.

Останатите две возила биле натоварени со огpeвни бyкови дpва, кои од страна на полициcките cлyжбеници биле одземени.

Притоа наишла поголема група граѓани, меѓу кои и десетте пpиjaвени лица, кои почнале агpecивно да се однесуваат и игнорирајќи ги усните наредби, со тврди предмети ги иcкpшиле стаклата од полициcкото слyжбено возило.

Пpвопpиjaвениот со тврд предмет го нападнал полициcкиот cлyжбеник Д.Ц., а потоа останатите пpиjaвени ги нападнале неговите колеги, по што полициcките cлyжбеници иcпyкале неколку пpeдyпpeдyвачки иcтpeли во воздyx и пpиjaвените се повлекле.

Повpeдениот Д.Ц. бил пpeнeceн во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што му биле конcтатиpaни тешки телecни повpeди, а четири полициcки cлyжбеници се со телecни повpeди. Десетте пpиjaвени лица се пpиведени и пpeдадени на обвинителcтвото.

Денecка е позната пejaчка, а одлично се снajде и во актepcките води: Ќе пpeпознаете ли за кое македонcко девojче станyва збop? (Фото)

Албумите со фотографии секогаш ни будат спомени и не потсетуваат на одреден период во животот.

Некои од нив не враќаат на детството, на моменти кога сме биле успешни, кога сме биле среќни и насмеани. Или пак некои од нив не потсетуваат на време поминати со одредени драги личноси.

Македонската пејачка, актерка, водителка со белградска адреса на живеење очигледно дека пребарувала по своите спомени, па се потсети на време кога била во цутот на младоста.

Имено, Тијана Дапчевиќ на социјалните мрежи објави фотографија во народна носија и покажа како изгледаше како девојче. Може да забележите дека малата Дапчевиќ имала црна коса, а еве колку се променила оттогаш.

Тијана, денес важи за еден од најдобрите вокали во Македонија и регионот. По успехот со „Ресет“, неодамна ја препеа на српски јазик песната „Километри“ на Влатко Лозановски.

Исто така се покажа и како одлична актерка, а последниот период ја играше улога на Ула во „Прспав“.

Дапчевиќ се докажа и во улога на водителка на својата емисија „Вечер со Тијана“ каде што успеа да донесе гости од македонската и регионалната музичка сцена.

На приватен план, Тијана е во повеќегодишен брак со Милан Дапчевиќ, а заедно го имаат синот Вук.

Ќе ве вooдyшеват: Никола и Талиа во чecт на Македониja напpaвиja пpeкpacна пpepaботка на пecната “3aветна” (Видео)

Никола и Талиа Василови, или дуото “Танини”, се брат и сестра од Кавадарци кои неодамна направија прекрасна преработка на песната “Заветна” од Пепи Бафтировски.

Иако е уште мала, Талиа има врвен глас, а нејзиниот брат ја придружува со кларинет.

Спотот за преработката на песната е сниман во Националниот парк Пелистер, Националниот парк Галичица и куќата на цвеќето во Волкодери, ресенско, a истата е посветена на 29-годишнината од независноста на Република Македонија.

Слушнете ги, дечките се вистинско уживање за срце и душа, а кореографијата дополнително ќе ве восхити.

Paперот Kaнје Вест објави икона од Св. Климент, па доби илјадници коментари и уникатна покана да ја посети Македонија (Фото)

Американскиот рапер и кандидат за претседател на САД, Кање Вест, на Твитер објави 40-тина икони од православни светци, вклучувајќи го и Климент Охридски.

Без никакво објаснување, раперот одеднаш ги објави иконите на социјалната мрежа.

Инспириран од твитот на Канје Вест со иконата на Свети Климент Охридски, охридскиот карикатурист со уметничко име Седо Перо го нацрта американскиот рапер од светски глас и го покани во Македонија.

„Скромна покана до Канје Вест да ја посети земјата на апостолот Павле, на европејката Лидија, првата жена што го прими христијанството, и градот на Свети Климент, патронот на Охрид, Македонија. Ти посакуваме добредојде, брату!“, објави Седо Перо во придружниот коментар на карикатурата.

Благодариме Хрватска: “Скриеното богатство на Македонија” ќе биде претставено во Дубровник (Фото)

Убавината на македонската традиционална облека и везови ќе биде претставена на изложба во Етнографскиот музеј во Дубровник, до 6. декември, а изложбата е наречена “Скриеното богатство на Македонија”.

Со оваа изложба, музеите во Дубровник претставуваат бројни текстилни и други ракотворби, собрани во Македонија на крајот на 19 и 20 век, како и во текот на 50-тите и 60-тите од минатиот век. Сите експонати се дел од колекцијата или музејските збирки сочувани во Дубровник.

Изложбата е дел од истражувањето на текстилните ракотворби и нивните трансформации во различните културни и историски реалности. Целта е да се потенцира придонесот на хрватските истражувачи во собирањето, заштитата, зачувувањето и презентацијата на македонските народни носии како национално културно наследство и општо добро на сите словенски народи од Југоисточна Европа.

Покрај музејските експонати, на изложбата има и вредни примероци од сопствениците на ансамблот за фолклор „Линџо“, како и приватни колекционери.

Автор на изложбата е Бранка Хајдиќ, додека изложбата е потпишана од Ивона Михл. Во реализацијата на изложбата помогнаа и етнолозите од Заводот за заштита на спомениците на културата и музеите во Битола.

ФОТО/BOŽIDAR GJUKIĆ

Невepojaтна убавина: Млечниот пат фотографиран од црквата Св. Никола во Мавровското езеро (Фото)

Скопското астрономско друштво објави прекрасна фотографија од авторот Боби Кузмановски, на која е фотографиран млечниот пат од потопената црква Св. Никола во Мавровското езеро.

Невидена убавина која доби еден куп позитивни коментари и реакции.

“Нема одмора, док трае oбнова”: Град Скопје се пофали со реализиран “мега проект” на Фејсбук (Фото)

Градот Скопје на Фејсбук се пофали со реализиран “мега проект”, ни помалку ни повеќе, туку поставиле паркинг држачи за велосипеди. Оваа објава предизвика бура реакции и потсмев од граѓаните, кои сметаат дека за нешто толку банално нема потреба од јавни фалби…

“Во рамки на Факултетот за ликовни уметности-Скопје, во објектот Сули Ан во Старата скопска чаршија, деновиве, беа поставени десетина паркинг држачи за велосипеди. Град Скопје, со оглед на зачестената употреба на велосипедот како превозно средство во овој период, ја препозна потребата од зголемување на капацитетите за паркирање, но и за проширување на велосипедските патеки, па оттука континуирано работи на реализација на вакви проекти со кои што ќе им излезе во пресрет на бројните велосипедисти”, напишаа од Град Скопје на Фејсбук.

Елена Pиcтecка: Ако не нajдам пapтнep, планиpaм да cи пocвojaм детенце (Видео)

Македонската пејачка Елена Ристеска музичка кариера ја стави во втор план, а неодамна почна сопствен бизнис односно козметичката линија „ЕРА“.

Пејачката гостуваше во естрадниот магазин „Бекстејџ“ каде што зборуваше за својот нов бизнис, односно козметичката линија „ЕРА“, за музиката, како и за својот приватен и љубовен живот…

-Мислам дека нема нешто попаметно од тоа човек да се заштити себеси од непотребни и пријателства и партнери, па и соработки. Ако видите од самиот почеток дека некоја приказна нема иднина, подобро да не влегувате во некоја приказна во која го знаете исходот. Навистина многу ми пречи човек кој нема еднаква амбициозност како мене. Се додека не најдам човек кој е еднакво амбициозен како мене, кој што единствениот порок ќе му биде да биде работохолик и да јаде слатки, ако тоа му единствениот порок, тогаш тој е вистинскиот за мене. Ако вашиот партнер не ви е вистински другар, нема никакви шанси да успеете професионално – вели пејачката.

-Сите ние на 30-тина и нешто години најверојатно размислуваме за мајчинство. Најважно е дека дете не се прави со било кој. Не е тешко да имате дете во овој 21 век, постојат многу медицински иновации со кои може да го имате тоа дете, некогаш дури размислувам да си повојам детенце се додека не се појави некоја личност со која ќе имам свои деца – додава Елена.