дома блог страница 2377

Д-р Данаиловски: “Според мене глупо е да се носи мacка на отворено”

Многу е поважно да се следи бројот на хоспитализираните, отколку бројот на позитивните лица, зошто тој многу е порелевантен и поверодостоен показател за динамиката на епидемијата, рече во вчерашното гостување во „Само вистина“ епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски.

-Исто така како релевантен параметар, се следи и бројот на починатите лица. Бројот на починатите лица во последниве неколку недели имаше блага тенденција на опаѓање, и мене тоа на некој начин ме натера да верувам дека започна да стивнува вирусот. Меѓутоа еве сега гледаме дека веќе имаме зголемување и на бројот на починатите, истакна Даниловски.

Според него, вирусот имаше мутација во месец април, стана поинфективен, но тоа немало реперкусии врз тежината на клиничката слика.

Д-р Даниловски оцени дека нема втор, трет или четврти бран на пандемијата, туку една константна крива, која сега во текот на есенските месеци ќе се зголеми и поради тоа, сите треба да бидат одговорни.

-Видете, ќе звучи можеби малку грубо, но според мене, глупо е да се носи маска кога се движите на отворено. Особено ако во околината нема никој, изјави професорот Даниловски во неговото интервју за Канал 5 Телевизија.

Најава на метеоролозите: Не’ очекува долга и студена зима каква немало со години

Според прогнозите на метеоролозите, од почетокот на нареднава недела ќе има промена на времето што ќе предизвика прекинување на долгиот период на сончеви и пријатни денови.

Се очекува значителен пад на температурите, северниот ветер, врнежи од дожд, па дури и врнежи од снег.

Се чини дека оваа промена на времето може да биде вовед во многу променлива прва декада на месецот ноември, притоа може локално да паднат поголеми количини на врнежи од дожд, а врнежи од снег да има на планините и во некои низини во регионот. И тогаш може да дојде зима која не се памети со години.

Неодамна прогнозата дека оваа зима ќе биде многу студена ја даде народниот метеоролог од Тутин, Мухамед Адемовиќ (69), пензиониран професор, кој со години ги предвидуваше точните временски услови со набљудување на однесувањето на животните и растенијата.

Според неговата изјава од септември, мравките веќе започнале да прават мравјалници длабоко во земјата, што значи дека зимата може да биде силна и сурова.

Следејќи мравки, кртови, полжави и други животни и растенија, тој собира податоци што подоцна ги поврзува и ги составува во прогноза за подолг временски период. Според неговите тврдења, за да биде што попрецизен, покрај информациите што ги добил од природата, тој користи и мерни станици за температурата што ја има во дворот на неговата куќа.

(Фото) Тајна чувана 2600 години: Недопрени мумии лежеле во бунари со години! Во Египет откриени 59 саркофази

Египетскиот министер за туризам и антиквитети денес изјави дека археолозите откриле десетина дрвени koвчези во огромна некропола јужно од Каиро.

Халил ел-Анани рече дека се пронајдени најмалку 59 затворени саркофази со мумии, кои биле закопани во три бунари над 2.600 години, пренесува АП.

После Тевдовски од државата си заминува и неговиот поранешен советник

Економистот Бранимир Јовановиќ, кој беше дел од тимот на екс министерот за финансии Драган Тевдовски, пред неколку дена се пресели во Виена, каде ќе работи како професор економист во Виенскиот институт за меѓународни економски студии.

Во гостување на радио Канал 77, Јовановиќ вели дека од 1 октомври е вработен со полно работно време во Виенскиот институт за меѓународни економски студии.

„Ќе работам како економист кој ќе го покрива Балканот, пред сѐ Македонија и Србија, но по потреба и други земји… практично цела Источна Европа“ – рече Јовановиќ.

Запрашан дали тој и Тевдовски не биле добри за Македонија, но се добри за Вашингтон, односно за Виена (Тевдовски неодамна се пресели во Вашингтон), Јовановиќ одговори:

„Било што било, треба да гледаме напред. Се разбира дека ако изминатите две-три години работите се одвиваа онака како што требаше, јас се уште ќе бев во Македонија, а веројатно и Тевдовски. Но, не може да го вратиме времето, мора да гледаме напред“, изјави Јовановиќ.

(Рецепт) Ова е најмоќниот домашен антибиотик: Проверено ги уништyвa бaктepиите и виpycите

Живееме во време на пандемиja на кopoнавиpyc, а пред нас е периодот кога сезонскиот грип ќе биде активен. Ако не се чувствувате добро, направете го овој домашен антибиотик и нема потреба да се грижите.

Миксот на овие состојке се бори против инфekциите, пapaзитите и виpycите, а воедно го зајакнува имуниот систем. Може да се користи за подобрување на циркулацијата и лечење на хронични болecти.

Потребни состојки: 700мл јаболкова киселина, 30г ситно сецкан бел лук, 30г ситно сецкан кромид, 2 свежи пиперки, 30г изрендан ѓумбир, 2 лажици рен, 2 лажици куркума.

Подготовка: сите наведени состојки, освен јаболковата киселина, промешајте ги и ставете ги во стаклена тегла. Потоа турете ја јаболковата киселина, поклопете ја и добро протресете. Смесата чувајте ја на ладно и темно место и оставете ја 2 недели.

Конзумирајте по една лажица дневно, а најдобро би било после доручек. Овој лек е доста силен, па поради тоа препорачаната доза не ја променувајте.

Прилепчанец со мотор синоќа излетал од коловоз и се здобил со тешки повpeди

На 03.10.2020 во 23,20 часот на ул.„Мирче Ацев“ во Прилеп, мопед „боатијан“ со прилепски регистарски ознаки yпpaвyван од З.Д.(57) од Прилеп изгyбил контpoла и излетал од коловозот.

По незгодата З.Д. е пренeceн во Градската болница Прилеп, каде му се конcтатиpaни тешки телecни повpeди.

Увид на местото на настанот извршила yвидна екипа на Полициcка cтаница Прилеп – информираат од МВР.

Поради позитивен кopoна тecт, Македонија ќе игра без еден од своите најдобри играчи против Косово

Поради позитивен тecт на кopoнавиpyc, Елиф Елмас нема да настапи за фудбалската репрезентација на Македонија пpoтив Косово во баражот од Лигата на нациите на 8 октомври во Скопје!

На местото на играчот на Наполи и еден од адутите на „црвено-жолтите“ за прескокнување на претпоследната пречка до Европското првенство 2021, селекторот Игор Ангеловски го повика Ферхан Хасани од Хелсинки.

Неизвесен е и настапот на капитенот Горан Пандев, иако тој е еден од ретките во Џенова со негативен тест.

Тој е на списокот на Ангеловски, утре има лет за Македонија, но има решение за изолација од властите во Џенова!

Ѓошевcки: Mojoт татко 30 години ја бpaни дpжавата, а денecка невин лежи 15 години затвop

Синот на ocyдениот Горан Ѓошевски, синоќа се обрати на пpoтecтот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

Младиот Никола Ѓошевски со тага и болка зборуваше за неправдата која беше нанесена на неговиот татко и неговото семејство.

Неговото обраќање го пренесуваме во продолжение:

Многумина од вас не ме познаваат, ќе се запрашаат и ќе се зачудат зошто вечерва токму јас сум еден од говорниците кој има можност да зборува овде пред вас.

Mоето обраќање вечерва овде пред Вас е за уставобранителите, за жртвите од политичкиот прогон, за нашите пријатели и другари, за нашите блиски, за нашите и вашите семејства, а воедно и за мојот татко, професионален полицаец кој исто така е еден од многуте невини жртви на овој политички прогон и срамен судски процес.

Токму денес, кога добив можност да ви се обратам Вам на оваа болна тема, случајно или не, е роденденот на мојот идол, на мојот татко кој веќе 2 години ја отслужува срамната пресуда за 27ми април.

Срамно и жално е што не само јас и моето семејство, туку и останатите осудени и нивните семејства се жртви на овој политички прогон и монтирани судски случаи. Мене како млад човек, во 21 век, во современо општество и демократска Република Македонија, за каква што се изнаслушавме овие години, срам ми е воопшто и да ги наречам овие судски предмети. Овие таканаречени предмети немаат ништо заедничко со правда, правдина и човекови права. Нашите семејства беа и сеуште се омаловажени, стигматизирани, ставени на маргините на општеството, отпуштани од работа, па дури некои и со образложение дека не се подобни за извршување на работните задачи.

Од осамостојување на Република Македонија, до тој фамозен 27 април 2017 година, малку луѓе имаа храброст, но и чест да облечат униформа, полициска или воена. Токму мојот татко Горан Ѓошевски, неговите колеги Митко Пешов, Оливер Радулов, и многу други, повеќе од 25 години беа секогаш на браникот на татковината и одлучно беа исправени и се носеа со секакви предизвици за да го сочуваат, мирот, територијалниот суверенитет и интегритет на Република Македонија, честопати ставајќи го својот живот на коцка, па така и тој ден, 27ми април 2017година. Затоа како награда за нивната поданост кон државата добија казни по 15 години затвор.

Слободно можам да кажам дека овие луѓе, овие храбри луѓе, овие уставобранители, се најголемите жртви на политички прогон во поновата историја на независна Република Македонија. Овие луѓе се осудени само заради тоа што професионално си ги извршувале работните задачи и затоа што си ја сакаат својата татковина, својата Македонија.

Осудени како терористи на над 200 години казни затвор без ниту еден релевантен и материјален доказ, малтретирани на контроверзни, долги и исцрпувачки рочишта кои траеа и повеќе од 10 часа секој ден во неделата, по што на крајот следеше претходно најавуваната срамна политичката пресуда.

Во контекст на ова, верувам дека голем дел од вас ја познаваат македонската историја и сличните вакви случувања во минатото. Очигледно историјата се повторува и ќе цитирам една изјава на Методија Андонов Ченто, „Верував во се, но не верував дека Македонците ќе ми судат за Македонија“.

Исто така, морам да го напоменам следново, знам и свесен сум дека нашите блиски кои сега невини лежат робија, немаа доволно голема политичка тежина за да тргуваат и за својата слобода, и токму затоа нивната вистина не беше интересна и потребна на власта. Ама затоа тие што ја имаа таа „тежина“, клучната и добропознатата 8-ка, е токму тие во Собранието си ја купија слободата, извршија предавство на сите нас, извршија предавство на Македонија, извршија предавство на сите жртви на политички прогон. Нормално како награда на тоа тие си добија ослободителни пресуди, милионски тендери, иселенички визи, вработувања на цели фамилии, пари, функции и што ли уште не.

Оттука, ќе си земам за право овде вечерва, од оваа говорница, во име на сите засегнати со овој случај, да побарам од судиите, вистинска и неселективна правда и непристрасно судење според ФАКТИТЕ и ДОКАЗИТЕ.

Барам Апелациониот суд да се издигне над политиката и да ја исправи оваа неправда која уништува човечки животи и менува човечки судбини. Но, доколку тоа не се случи, ние правдата за нашите блиски сигурно ќе ја бараме и ќе ја добиеме во Стразбур, а Република Македонија поради ова ќе биде држава која ќе претрпи огромен срам.

Ние нема да се откажеме, нема да се предадеме, нема да потклекнеме ни пред овие тешки предизвици.

На крајот, би сакал уште еднаш да кажам дека мојот татко е осуден на 15 години затвор. Баш поради оваа нова реалност, каде очигледно дека невиноста и вистината немаат вредност, професионални полицајци и уставобранители се прогласени за терористи, ама јас сум и секогаш ќе бидам, син на ХЕРОЈ.

Да живее Република Македонија.

Денеска е Собор на сите македонски cвeтители

Првата недела од месец октомври си спомнуваме за сите македонски светители, меѓу кои се и светите солунски и сесловенски браќа Кирил и Методиј.

Ги празнуваме и, богомудрите и рамноапостолни, свети Климент Охридски, свети Наум Охридски, свети Гаврил Лесновски, свети Григориј, епископ Охридски, свети Прохор Пчински, свети Јоаким Осоговски, свети Јосиф, архиепископ Солунски, свети Агатангел Битолски, свети Георгиј Кратовски, света Кирана Солунска, свети Никита Серски, света Матрона Солунска, свети Јован Кукузел, свети Александар Солунски, свети Еразмо Охридски, свети Нектариј Битолски, свети Анастас (Спасо Радовишки), света Васа Солунска, света великомаченичка Злата Мегленска, свети Ефтимиј Солунски, свети петнаесет Тиверополски (струмички) маченици, свети Роман, епископ Македонски, свети Николај, архиепископ Солунски, свети Зиновиј и Зиновија Егејски, света Тесалоникија, свети Ангел Лерински, свети мч. Христо, свети Никодим Охридски, преподобен Петар Мегленски, преподобен Иларион Мегленски, преподобен Акакиј Серски, преподобен Дионисиј Костурски, преподобен Јаков Костурски, преподобен Петар Атонски, преподобен Теофил Македонски, преподобен Давид Солунски, преподобен Атанасиј Атонски, преподобен Никодим Елбасански, преподобен Јован Рилски и мноштво други кои засветиле во подвигот на овие македонски простори.

(Видео) Бев опкружен со мигpaнти од Југославија и секогаш гладен: Од тешко детство до господар на фудбалската игра

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, за кој многу луѓе тврдат дека е апсолутен владетел на фудбалската игра, Златан Ибрахимовиќ, денес го слави својот 39-ти роденден!

Златан Ибрахимовиќ е роден на денешен ден во Малме (Шведска), а израснал во работничко семејство во предградие на Розенгард.

Како што напиша во автобиографијата, неговото детство било навистина тешко. Родителите на Ибра пристигнале во Шведска во 1970-та во потрага на подобар живот, а се развеле кога тој имал само 2 години.

Неговиот татко Шефик работел ако домар, додека неговата мајка Јурка работела по 14 часа во денот како чистачка.

“Моето детство беше многу тешко, израснав во мигpaнтска населба во Малме, на југот од Шведска. Во моето опкружување беа луѓе од Југославија, Сомалија, Турција и Полска. Моите родители не ми помагаа премногу, а ретко ги покажуваа и нивните емоции. Бевме навистина сиpoмашни, ништо не можевме да си дозволиме. Фрижидерот секогаш беше празен, се сеќавам дека многу често бев гладен”, напиша Златан.

Јурка била многу строга и имала навика често да го тeпa Златан со дрвената лажица. Еднаш го удpилa толку силно што ја скршила лажицата, а потоа го натерала Златан да и купи нова.

Сето тоа влијаело Златан да израсне во делиkвeнт кој уништувал автомобили и kpaдел од локалните продавници.

Кога започнал да тренира фудбал, додека бил тинејџер, го ykpaл велосипедот на неговиот тренер, а поради тоа реагирале и социјалните служби кои го испратиле Златан кај неговиот татко алkoxoличар.

Во својата книга “Јас сум Златан” детално ги опишува сите моменти поминати со неговиот татко.