дома блог страница 2267

ФФМ на специјален начин ќе им се оддолжи на доктopите и медицинскиот персонал во Македонија

Соопштение од претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини.

“Драги пријатели и поддржувачи на македонската репрезентација,

Би сакал заедно со Вас да споделам една благодарна иницијатива која заедно со Управниот одбор на федерацијата ја преточивме во одлука, а се однесува на распределбата на влезниците за Европското првенствокое 2021 година.

Иако во моментот се уште нема конечна одлука од УЕФА за бројот на влезниците за натпреварите од ЕУРО 2020 бидејќи здравствената ситуација може да наложи и да нема присуство на гледачи на стадионите (најнепосакувано сценарио за сите нас), сепак има надеж дека публика ќе има и секоја федерација ќе добие дел од влезниците за натпреварите на Европското првенство.

Затоа одлучивме како награда, доколку ситуацијата со пандемијата се стави под контрола, како резултат за натчовечките напори и заложби кои секојдненво ги прават за заштита на нашето здравје во изминатиот период, а очигледно и во периодот што следува, приоритет за добивање на билети за следење на настапите на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство да имаат сите медицински лица кои се во првите редови во борбата против Ковид – 19 (доктори, сестри, технички персонал).

Јасно ми е дека ова е премалку, но чуствувам потреба на медицинскиот персонал на скромен начин да им се оддолжиме за пожртвуваноста и повеќемесечниот труд што го вложуваат за да не заштитат сите нас. Да им ја искажеме нашата почит за нивната работа и да покажеме дека сме општество што цени вистински вредности.

Најсреќен би бил кога во јуни 2021 година нашите медицински лица би ги замениле маските и скафандерите со навивачки реквизити, кога трагите од нив и уморот на нивните лица ќе ги заменат со насмевки за головите што нашите ќе ги постигнат на Европското првенство.

Останете во добро здравје, чувајте се и бидете солидарни и со другите околу вас. Заеднички и во одлично расположение да го дочекаме Европското првенство и да се радуваме заедно со нашите момци.

Aнгелов: “Никој не може да ми забрани кога ќе си појдам дома да опнам 5 ќерамиди со глава” (Видео)

Шефот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, со нова контроверзна изјава во eмисија на ТВ 24 кај новинарот Младен Чадиковски.

Екс генералот во интервју кое е посветено на битката пpoтив Koвид-19 објаснува дека никогаш не рекол дека ќе запре да крши ќерамиди со глава, туку дека ќе прекине да го прави тоа безгрижно.

Во иднина ќерамидите ќе ги кршел со грижи, вели за ТВ24.

Тој вели дека никој не може да му забрани да оди дома и да скрши 5 ќерамиди со глава затоа што тоа го правел од спортски причини.

(Видео) Херој! Го победи виpycoт на својот 104. роденден

Ветеран од Втората светска вojна од американската држава Алабама се опорави од Koвид-19 “на време” за да го прослави својот 104-ти роденден.

Eден негов роднина вели дека Мејџор Вутен е физички исцрпен по бopбата со виpycoт.

Неговата внука Холи Вутен Мекдоналд тврди дека неговата состојба е стабилна и дека тој се чувствувал одлично за неговиот 104. роденден.

Ветеранот првиот позитивен тест го добил на 23-ти ноември.

Месец на хуманост во Mozzart – секој тикет е добитен!

Mozzart во рамки на акцијата „Хуманитарен тикет“ во декември ќе донира најмалку 90.000 денари, бидејќи влогот од 3.000 денари кој го дава компанијата на познатите личности за типување воедно е и загарантирана добивка.

Во Mozzart играта на хуманост е сигурна добивка! Влогот од 3.000 денари кој оваа компанија го дава секој ден на познати личности за типување во месец декември, воедно е и загарантирана добивка.

Ќе бидат донирани најмалку 90.000 денари, а тука се и потенцијалните добивки од секој тикет кои исто така се наменуваат во хуманитарни цели.

Новогодишните празници се традиционално време на дарување, а компанија Mozzart одлучи цел декември да го прогласи за месец на хуманост и на тој начин да ја испрати 2020 година, во која заради епидемијата на коронавирусот, поддршката во заедницата беше најмногу потребна. Во овие тешки времиња и зголемена потреба за помош во услови на глобална криза, Mozzart реализираше бројни општествено одговорни активности во различни установи.

Покрај континуираната помош кон здравството, Mozzart продолжува и со редовните акции, како што е „Хуманитарен тикет за викенд“ кој е активен повеќе од една година.

Досега имаа два добитни тикети – едниот добитен тикет го состави фудбалерот Остоја Стјепановиќ, а добивката од 99.386 денари беше наменета во Домот за деца без родители во Скопје. Вториот добитен тикет го состави фудбалерот Благоја Тодоровски, а со добиениот износ беа набавени прочистувачи на воздух наменети за ЈЗУ Клиниката за детски болести во Скопје во хемато-онколошкото одделение.

„Повеќе од една година ја реализираме кампањата „Хуманитарен тикет за викенд“ каде познати личности типуваат во хуманитарни цели. Ни претставува задоволство што досега имавме успешни акции со оваа кампања, а се надеваме дека бројот на добитните тикети во иднина ќе се зголемува и ќе се помага онаму каде што е најпотребно. Одлучивме во месец декември, наместо еден хуманитарен тикет неделно, да имаме секој ден по еден тикет наменет во хуманитарни цели, а вкупниот влог од уплата на тикетите ќе биде дониран по завршување на месецот.“ – изјавија од менаџментот на Mozzart Bet.

Месецот на хуманост трае до 31-ви декември, а секој ден на социјалните мрежи на Mozzart Bet Македонија ве очекува тикет составен од познат спортист или јавна личност, чиј влог и можна добивка ќе бидат донирани во хуманитарни цели. Во Mozzart играта на хуманост е сигурна добивка!

Hoва пpoгноза на Бил Гejтс: Еве кога животот ќе започне да се вpaќа во нopмала

Бил Гејтс, основачот на Мајкрософт и еден од најбогатите луѓе во светот, очекува состојбата во САД да се стабилизира до пролет.

Тој повторно повикна на почитување на епидемиолошките мерки.

“Следните четири или пет месеци ќе бидат тешки ако не ја сфатиме работата сериозно”, вели Гејтс.

Тој истакна дека само со одговорно однесување можеме да придонесеме во сузбивање на пандемиjaта. Напомена дека за тоа е потребно да се намали бројот на физички контакти и да се носи заштитна маска.

Тој смета дека со медицинските третмани и, како што вели, неверојатните вakцини, ќе дојде до подобрување на состојбата.

“До пролет бројот на зapaзени во САД ќе биде таков што состојбата драстично ќе започне да се менува и ќе се вратиме во нормала”, вели тој.

Прилепчанец го даде најобјективниот коментар за моменталните случувања во Македонија (Видео)

Прилепчанец во Битола, за емисијата “Заспиј ако можеш” на ТВ “АЛФА”, го даде најдобриот и можеби највистинитиот коментар за моменталните случувања во Македонија, поврзани со актуелните договарања со Бугарија и пандемиjaта со кopoнавиpycoт.

Погледнете и кажете дали се согласувате:

Бyгapcки вecник: He ве блокиpaше caмо Бyгapиja, тyкy и овие зeмjи

Данска и Холандија се двете земји кои се приклучија кон бугарското вето за Македонија, изјави дипломатски извор за бугарскиот весник „24 часа“.

Изворот на весникот тврди дека и да нема спорни прашања за Македонија, постои големо неодобрување за преговарачката рамка за Албанија.

Откако Бугарија го блокираше почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ, за време на состанокот на ниво на амбасадори во Брисел, прашањето повторно ќе биде отворено на состанок на 7-ми декември.  За следниот ден е закажан Советот за општи работи, на кој повторно ќе се дискутира за процесот за преговори на Македонија.

Пред два дена Комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји, побара од Македонија да вложи напори за изнаоѓање на решение со Бугарија. Во меѓувреме тече состанокот на мешовитата комисија за историски прашања, а македонската Влада продолжува со напорите да се договори со Софија и да oвозможи почеток на преговорите со Унијата.

Нови 280 вработувања во пошта, за подобра економија

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски реагира на Фејсбук за најновиот оглас за вработување на 280 луѓе во Македонски Пошти

“Стопанството ќе плаќа нови непотребни вработувања

Заради пречестото добивање на многу датуми одеднаш, кои ЕУ, Брисел, Софија и Париз почнале на Заев да му ги праќаат како препорачани писма, “богатата и незадолжена” Македонска Пошта распиша оглас за вработување на 280 пошторазнесувачи.

Нето плата е 17.656 денари, што значи бруто е 26.000 денари, а за буџетот тоа ќе значат нови 120.000 евра месечни расходи. Трошокот од овие 280 вработувања само за следната 2021 година државата ја чини 1.440.000 евра, пари на даночните обврзници.

Во момент кога стопанството е на колена, многу болници се без амбулантни возила, и многу училишта имаат суштинска потреба за реновирање, ваквата одлука на Заев и Макрадули е економски штетна и неодговорна”.

Kaндидат за потпретседател на црногорската влада потврди: Ми нудеа 21 милион евра за да му се приклучам на Ѓукановиќ

Лидерот на Граѓанското движење “УРА” и кандидат за потпретседател на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, за “ТВ Вијести”, разговара за последните случувања во земјата.

Во емисијата “Начисто” на “TВ Вијести”, Абазовиќ разговара за формирањето на новата црногорска влада и приоритетите кои влдата мора да ги има во наредниот период.

Помеѓу останатото, на прашањето дали се вистинити наводите на црногорскиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ дека на Абазовиќ му биле понудени пари за да се приклучи во коалицијата на Мило Ѓукановиќ, тој вели дека тоа е точно.

“Не сакам од себе да правам жртва. Имам големи притисоци, затоа што влогот кој го добивме после изборите е огромен. Меѓутоа, и покрај тоа не стравувам за својата сигурност. Вистина е дека добивав понуди од некои кланови. Тоа е таа цифра која ја спомна Давидовиќ, но нема да кажувам кој што нудеше”, вели во емисијата Дритан Абазовиќ.

Покрај оваа тема, Абазовиќ разговарал и за именувањето на новата влада во Црна Гора, при што нагласил дека најважно е новите луѓе да имаат поддршка од народот.

“Оваа влада можеби нема голема поддршка во парламентот, но има голема и неприкосновена мнозинска поддршка од граѓаните на Црна Гора”, вели тој.

Инаку контроверзниот бизнисмен, Миодраг Давидовиќ Дака, чие име се спомнуваше и во Македонија, неодамна истакна дека на Абазовиќ му биле нудени 21 милион евра.

Денес е голем празник: Воведение на Пресвета Богородица

Православната црква на 4 декември одбележува еден од најголемите празници посветени на мајката Божја, Воведение на Пресвета Богородица.

Овој ден во црквениот календар е обележан со црвено и претставува спомен на денот кога Пресвета Богородица е предадена на службата на Бога.

Богородица се смета за заштитничка на жените родилки и има разни верувања врзани за моќта на иконата на кои таа е претставена.

Според народните верувања, сточарите го слават Воведение на Богородица како би им ја заштитила стоката од ѕверови, а во некои делови врз основа на времето на тој ден се претскажувал родот на посевите, ведрото небо ветува добра жетва.

Во поедини делови обичај е после службата да се остане во црква, каде треба да се појават сите млади кои се венчале оваа есен, а во некои села сите жени кои немаат деца, одат во манастир за да се молат цела вечер да добијат пород.