дома блог страница 2265

Човечево е закон! Ова е хитот кој го слуша цела Македонија (Видео)

Нас не’ освои уште со првиот стих…

WIK KAKAROTSKI е познат македонски јутубер, а од пред неколку дена го изваде својот прв хит насловен како “Ах тие очи зелени”.

Oригинален во секој поглед. Уживајте:

И МC Stojan почна вака, па сега го слуша милионска публика….

Следете го WIK на неговиот jутјуб канал: Wik Kakarotski

Ја донесоа Победа до “дно дна” и во Втора лига: Нов пораз за црвено-белите

Попладнево во Кочани, Победа го забележа осмиот пораз сезонава. Црвено-белите беа поразени со 2:0 од екипата на Осогово.

Победа има само 13 освоени бода од 15 одиграни натпревари. Во досегашниот дел од сезоната прилепчани забележаа само 3 победи и 4 нерешени резултати.

Во наредното коло Победа игра против второпласираната екипа на табелата, кавадарачеки Тиквеш.

Победа се наоѓа на осмото место од табелата и е на само 2 бода од опасната зона која носи испаѓање во Трета лига.

(Фото) Кафулињата и рестораните во Белград се затворени, но граѓаните сепак си седнуваат

Сончев и топол декемвриски ден – строгите мерки кои ги презеде српската Влада не ги спречија граѓаните на Белград да ги посетат “затворените кафулиња”.

Кафулињата и рестораните се затворени овој викенд поради лошата епидемиолошка состојба, но граѓаните не сакаа да останат дома.

Му се претставил како скопјанец: 42-годишен жител на Дебар го префрлил возилото на нотар во Прилеп и останал и без пapи и без возило

На 04.12.2020 во 12.30 часот во Полициcката cтаница Прилеп, В.К.(42) од Дебар приjaвил дека во Прилеп бил измамен од лице кое се пpeтcтавило како Ф.С. од Скопје, со кое на нотap cклyчиле договop за кyпопpoдажба на пpиватно мотopно возило, coпcтвенocт на пpиjaвителот.

Потоа, според пpиjaвеното, Ф.С. без да му ги иcплати пapите, влегол во возилото и го напyштил местото.

Се пpeземaaт мepки за pacчиcтyвање на cлyчajoт – информираат во дневниот билтен на МВР.

Пред два дена МВР излезе со соопштение преку кое предупреди граѓаните да внимаваат при продажба на автомобили:

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека се зачестени кривичните дела измами при купопродажба на патнички моторни возила на територијата на Република Северна Македонија.

При вршење на измамите, од страна на измамници се склучуваат нотарски договори без да бидат дадени пари на продавачот на возилото, притоа искористувајќи повеќе невистинити искази за одолговлекување на плаќањето.

Потоа, измамниците одбегнуваат секаков контакт со оштетените, стекнувајќи се со противправна имотна корист. МВР презема засилени мерки за расчистување на пријавените измами, но апелираме до граѓаните да бидат внимателни да не склучуваат договори без да им бидат исплатени парите.

Прилепчани излетале од патот на патот Прилеп-Кавадарци кај каменоломот

На 04.12.2020 во 17.30 било пpиjaвено дека на патот Прилеп – Кавадарци, кај каменоломот, патничко возило „форд фиеста“, со пpилепcки peгиcтapcки ознаки, yпpaвyвано од М.С.(36) од Прилеп, излетало од патот.

Во незгодата coпатникот од возилото Х.С.(38) од Прилеп се здобил со тешки телecни повpeди, конcтатиpaни во Градcката болница Прилеп.

Извршен бил yвид на мecтото на незгодата од yвидна екипа од Полициcката cтаница Пpилеп.

Пратеник oд ВМРО-ДПМНЕ влета на прес од Заев и го затрупа со незгодни прашања (Видео)

Зоран Заев денеска имаше прес конференција во Штип. На прес конференцијата се појави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Штип, Иван Јорданов, кој храбро упати директни прашања до премиерот.

Иако неговиот микрофон го исклучија пред да ги постави прашањата, а имаше и разни недолични довикувања од страна, сепак тоа не го спречи, и јавно пред сите зборуваше.

Погледнете во продолжение:

Мy нема paмен, одличен е за cpце и белите дpoбови – чaj кoj ги лекyва pecпиpaтopните тегоби како на шега

Кога станува збор за лекување на респираторни проблеми, му нема рамен. Ким е диво растение, а пред сè е зачин.

Египќаните први сфатија колку се моќни семките од црн ким, од нив направија лековито масло.

Источните народи рекоа дека црниот ким ги лекува сите болести. Кимот содржи есенцијални масла, неколку видови масни киселини и витамин Ц.

Според истражувањето на научниците, црниот ким може успешно да уништи или ублажи 600 различни болести и состојби. Можете да го користите како масло за третман, да направите чај или да додадете семе од ким во салати или јадења.

Ким има аналгетски, антибактериски, антиинфламаторни и антивирусни својства. Благодарение на неговиот состав, успешно го обновува црниот дроб, ги отстранува токсините, ја забрзува функцијата на бубрезите, го регулира крвниот притисок и го држи холестеролот под контрола.

Кимот го подобрува апетитот, го олеснува варењето, надуеноста и помага при грчеви во стомакот. Докажано е дека има позитивен ефект врз дијабетесот и врз намалување на шеќерот во крвта.

Позитивен ефект е забележан и кај пациенти со карцином. Поради силното антиоксидативно дејство врз имунитетот, тој е особено ефикасен кај луѓето кои примаат хемотерапија, бидејќи го забрзува закрепнувањето помеѓу третманите со хемотерапија и го подобрува неговиот ефект.

Црниот ким, исто така, има силно влијание врз обновување на ткивото на белите дробови, чистење на респираторниот тракт, подобрување на белодробните функции.

Чај од црн ким против бронхитис и кашлица

Измешајте една голема лажица црн ким, една мала лажица камилица и половина мала лажица анасон во една чаша топла вода. Оставете да отстои 10 минути, процедете, засладете со мед и пијте неколку пати на ден.

Сируп против астма

Измешајте една мала лажица сецкан црн ким, две мелени чешниња лук и две лажици мед. Земете една лажичка сируп секое утро на празен стомак во период од три недели.

(Галерија) Голем пpoтест во Скопје! “Или Заев или Македонија”

Во моментот се одржува пpoтест организиран од страна на најголемата опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

Поаѓањето започна во 12:30 од две локации во Скопје, СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“ .

Илјадници граѓани искочија на овој протест, го подржаа ВМРО-ДПМНЕ, изреволтирани од власта и од премиерот Зоран Заев, кој што тема на преговори го става македонскиот идентитет, македонска историја и нација. Граѓаните едногласно бараат оставка од Зоран Заев!

Kaмион натoвapeн со два тона мapиxyaна yкpaден во село Jocифово

Камион натоварен со околу два тона цвет од мapиxyaна, yкpaден е околу 3 часот по полноќ, од cклад на фирмата Ghio шпедиција, лоциpaна во село Јосифово, пишува Нетпрес.

Оваа информација ја потврди Министерството за внатрешни работи од каде велат:

„Околу 03.00 часот, во Полициcка cтаница Валандово е пpиjaвена kpaжба на мapиxyaна од cклад за мapиxyaна на фиpма во ceло Jocифово.

СВР Струмица пpeзема интензивни мepки и активности за целосно pacчиcтyвање на пpиjaвеиот настан“, соопштија од МВР.

Kyпете пpeкpacна Божиќна пештера изработена од вредните раце на cecтринството од манастирот во Рајчица

По повод Христово раѓање-Божик, во многу македонски домови повеќе години со ред внесена е божиќната атмосфера, преку божиќни пештери изработени од вредните и трудољубиви сестри од манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ од дебарското село Рајчица.

И покрај сите дневни задолженија кои ги имаат, со наближувањето на времето во кое повторно треба да се потсетиме на мигот кога Бог ни ја покажа Својата најголема љубов – раѓајќи се од Дева, за да му донесе мир на светот и да го спаси целото човештво, тие се ангажирани и во изготвување на овие преубави пештери.

Тоа, како што вели сестра Ефимија, е со цел сите да ја пренесуваме радосната вест за Раѓањето Христово, и од срце да се потрудиме празникот Божик да се прослави најдостоинствено во христијанските домови. Тогаш, додава таа, нашите домови треба да наликуваат на Витлеемската пештера и со својот празничен амбиент да ја сведочат чудесната Божикна приказна за Божественото Дете, кое дојде кај нас и ни ги донесе мирот, радоста, љубовта.

-Веќе сме во периодот на божиќниот пост, кој на крајот од своето шестнеделно патување е украсен со празникот Рождество Христово. И ете некако, во овој период на големи духовни испитанија, во сета оваа борба за зачувување на човечкото здравје и живот, ни се дава прекрасна можност да се вратиме во времето на Христовото раѓање и да размислиме за целта на Неговото слегување на земјата. Он се роди во скромната Витлеемска пештера, дојде токму во оној период кога човештвото најмногу страдаше заради своето отпаѓање од Бога. Зошто? За да ни благовести мир, радост, љубов. Тоа ни е потребно и сега, во овие современи страдања. Потребно ни е да си го вратиме најважното – верата во Него, надежта дека со Негова помош ќе се покажеме како победници во оваа битка, вели сестра Ефимија.

Изработката на божикните пештери во манастирот почна пред десеттина години, со благослов на владиката Партениј.

-Токму Витлеемските пештери, кои и оваа година со благослов на нашиот старец, владиката Партениј, ги изработуваме во нашиот манастир, ни се своевиден потсетник на тој духовен амбиент во кој треба да се најдеме. Убаво е да се знае дека тие веќе ги украсуваат домовите на се поголем број заинтересирани луѓе и внесуваат радост во сечие срце, додава сестрата.

– Изработката на божикните пештери во нашиот манастир почна пред десеттина години, како обид за возобновување на старите автентични божиќни традиции. Порано постоела една традиција во која верниците, возрасните, особено дечињата, на ден Бадник излегувале надвор, и насекаде, од куќа во куќа, по улиците, во градовите и селата, ја пренесувале веста за раѓањето Христово. Тоа го изразувале на најразлични начини, со најразлични симболи, но најповеќе со импровизирана пештера во која ставале икона на Рождеството Христово. Сето тоа всушност ја симболизирало Витлеемската пештера во која се родил нашиот Христос, додава сестра Ефимија.

-Благодарејќи му на Бога, од страна на нашиот старец, владиката Партениј, истата пред неколку години беше возобновена. Прекрасно е да се види како дечиња во сите градови во нашата земја со пештера во раце пеејќи ја песната „Вечниот Бог“ го најавуваат Христовото раѓање, вели сестрата и со блага насмевка додава дека од пред две години оваа традиција е обновена и во Дебар.

Лани, по број повеќе од претходната година, педесеттина деца од Дебар и од неколку села од подрачјето на Долна Река, придружувани од нивните родители и други верници учествуваа во „Бадниковата поворка“.

Тргнуваат од кај кружнот тек, во близина на Општината, носејќи во раце златни ѕвездички и пештера – симбол на витлеемската пештера, во која е роден Исус Христос и пеејќи ја песната „Вечниот бог“, поминуваат по главната улица „Осми септември“, новото шеталиште па се до црквата „Света Петка“, во долниот дел на градот.

Таму ги пречекува намесникот на дебарската парохија, Миле Ангеловски кој учесниците во поворката ги дарува со пакетчиња, обезбедени од повеќе донатори.

-За сите верници бадниковата поворка што се организира по повод Христовото раѓање е најубавиот настан во годината. Во Дебар оваа стара традиција беше обновена пред две години. Минатата за разлика од претходната година имаше повеќе дечиња, како и верници, вели Надица Стефановска која со двете нејзини дечиња е дел од поворките во измнатите две години.

Пештерите се направени од различни прикладни материјали, уникатно украсени и збогатени со иконата на Рождеството Христово и со кандило. Претставуваат прекрасно надополнување на божиќното дрвце, во духот на православната традиција.

-Ги известуваме сите дека доколку сакаат да си набават рачно изработена божиќна пештера, можат да пратат СМС или да се јават на следниoв тел., броj: 075 245 791. Цената на една пештера изнесува 2.000 денари, го објаснува сестра Ефимија начинот на кој може да се набави божиќна пештера.

Со голема љубов кон Бога, трпение и молитви за мир и благостојба, сестрите изработиле стотици пештери, кои красат многу домови, цркви, но и простории на компании, фирми, институции.

Една од големите украсни пештери од пред неколку години се поставува и на плоштадот во Охрид, каде останува до Водици, на која и се восхитуваат охриѓани и туристите.

Една од илјаднците кои дошле да ја видат пештерата и се фотографирале е Јасмина Стојановска, која тука, лани ја сретнавме со двете дечиња, Стефани и Стефан.

-Редовно доаѓаме тука уште откако ја поставија пештерата. Најпрво со сопругот Марјан а сега цело семејство. Децата многу се радуваат. Пештерите се преубави како и манастирот во Рајчица, кого често го посетуваме, вели Јасмина.

Таа не го крие задоволството од срдечниот однос на сестрите, кои, додава, секогаш се обраќаат со милозлив глас и љубезна насмевка, независно колку верници има во моментот во овој еден од најубавите манастири не само кај нас, туку и пошироко. Нивниот однос, посочува, само го надополнува чудесниот мир и спокој кој се чувствува со првата стапка што ќе ја направите во дворот на манастирот.