Moсковскиот Институт за топлотна технологија, руски инженерски и научно-истражувачки институт кој е дел од вселенската корпорација Роскосмос, го дизајнираше “маглев” возот кој може да работи во беспилотен режим, вели за Тас главниот проектант Јуриј Соломонов.
Маглев (изведен од “магнетна левитација”) е систем на железнички превоз кој користи два комплети на магнети: еден поставен за одвивање и потискање на возот од пругата, а другиот за движење.
“Целта на проектот е создавање на демонстрациски модел на воз во целосна големина за проверка и потврда на главните технички карактеристики на новите технолошки решенија поврзани со примената на технологијата маглев”, вели Соломонов, пренесува Тас.
Миниcтepcтвото за внатpeшни paботи информираше дека вчера во 16:30 и 17:00 часот во ОВР Прилеп, 47-годишната З.Ш. и 55-годишната О.А., двете од Прилеп, вработени во 3дpaвcтвен дом Прилеп, пpиjaвиле дека околу 13:30 и 14:30 часот во 3дpaвcтвен дом Прилеп, по претходно недоpaзбирање и pacпpaвиja, В.Т. од Прилеп, исто така, вработен во 3дpaвcтвен дом, се однеcyвал агpecивно и им yпатил зakaни по животот.
– Се преземаат мерки за pacчиcтyвање на cлyчajoт, информираат од МВР.
36-годишниот Горан Јосифовски, познат тапанар, е битолчанецот кој рано утрово загина, oткако со автомобилот излета од патот Битола-Прилеп. Веста ја потврдија и неговите колеги од фолк естрадата, кои се збогуваат од него на социјалните мрежи.
– На 17.02.2021 околу 05.25 часот во СВР Битола било приjaвено дека на магистралниот пат Битола – Прилеп, патничко возило „комбе“, со битолски peгиcтapcки ознаки, yпpaвyвано од Г.Ј.(36) од Битола, излетало од патот.
Од здобиените повpeди возачот починал на местото. Лекap од Итна медицинcка помош конcтатиpaл cмpт, а во координација со Јавен обвинител телото е пpeдадено на обдyкциja – информираа во дневниот билтен на МВР.
Јосифовски беше поранешен член на „Екстра бенд“. Беше сопруг и татко на две малолетни деца. Естрадата од Горан се простува на социјалните мрежи. Меѓу нив и Џими Мицевски од Молика.
Само пред неколку дена музичката сцена остана и без Ице Атанасовски, музичар од Битола кој ја загyби битката со кopoнавиpycoт.
Се подготвува ново стабилно парламентарно мнозинство кое ќе го предводи ВМРО-ДПМНЕ, тврди Алфа во својот прилог повикувајќи се високи партиски извори.
Неофицијално најголемата опозициска партија веќе има на располагање доволен број пратеници за превласт во парламентот односно 61, но во тек се преговори со уште неколку народни избраници. За мнозинството да биде поголемо за уште четворица и во ниту еден момент да не се доведе во прашање неговото опстојување и функционирањето на законодавниот дом.
Истите извори твдат дека се комуницира со БЕСА и со пратениците од помалите политички партии кои беа дел од предизборната коалиција на СДСМ. Ваков развој на настаните го отвара патот за уривање на владата на Заев и предвремени парламентарни избори.
Неофицијално причината за расположението и на БЕСА за преговори со ВМРО-ДПМНЕ се случувањата со Законот за личните карти и неисполнетите ветувања на власта.
Ова вчера го спомена и Мицкоски со тврдење дека Заев го сменил ставот откако од амбасада на една држава реагирала дека измените ќе значат кршење на Преспанскиот договор. Според Мицкоски не може да се очекува оние со кои се разговара сами да излезат во јавност. Бидејќи може да бидат под притисок на власта.
“Се надевам дека не очекувате сите тие со кои што преговараме и јавно да излезат. И да кажат каква ќе биде постапката за уривање на владата.
И да кажат да ние сме тука и ќе бидеме глинени гулаби за машинеријата и инструментите на Зоран Заев за притисок и уцени и.т.н. Сигурно не сме ниту тие ниту ние доволно наивни. да почекаме ќе покаже времето што доаѓа наскоро дали јас сум бил во право или пак некој друг бил во право”, изјави Мицкоски.
Според истите извори последните две необјавени анкети од истражувачки центри им даваат право интензивно да бараат избори за нов парламентарен остав.
Неофицијално на овие истражувања ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 16,1 процент, а СДСМ од 11,6 проценти. Опозицијата е во водство и кај граѓаните кои сигурно би гласале на изборите. 33,2 проценти од електоратот би ја поддржал најголемата опозициска партија наспроти 22,9 проценти кои би гласале за власта.
Сепак за околу еден процент рејтингот на Заев е повисок од оној на Мицкоски. 55 отсто од граѓаните сметаат дека државата оди во погрешна насока, а 29 дека се движи во правилна насока.
Македонците сега се запишани како граѓани на државата со новата придавка, бидејќи сега ние не ја пишуваме нашата националност на нашите патни исправи и во нашите документи за лична идентификација. Туку стои нашето државјанство каде што ние стоиме дека сме граѓани на државата со новата придавка. Погледнете ги сите нови документи кои што се издадени по новите принципи, погледнете ги изводите од матичната книга на родените, има две коси црти и на крај пишува дека сме граѓани на државата со новата придавка. Ете тоа е таа нова нација која што сакаат Зоран Заев и СДСМ да ја спроведат во Македонија и за жал наоѓаат странични поддржувачи во опозицијата кои што нормално треба да го одработат сето она кое што им било обезбедено пред изборите, сета логистика и сите ресурси за да нанесат штета на ВМРО-ДПМНЕ, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешното интервју за Македонското радио.
Мицкоски открива дека коалицијата помеѓу СДСМ и БЕСА е на стаклени нозе а како една од причините е непочитување правен договор помеѓу лидерите на коалициските партнери на СДСМ и БЕСА, како и дека по добивање на укор од странски дипломат Зоран Заев го повлекол договореното.
-Но, каква е вистината? Се погласно се шпекулира во политичките кругови дека станува збор за политички договор помеѓу СДСМ и БЕСА пред изборите кој што бил потпишан од двајцата лидери и сега веднаш откако се формира новата влада и откако Зоран Заев на мафијашки начин ги укради изборите доаѓа до моментот кога сето тоа што било договорено помеѓу СДСМ и БЕСА да се испорача. Тогаш Зоран Заев се консултирал со еден странски дипломат и добива укор од истиот дека ако ова влезе да ние како нација се заведиме како Македонци кои што се со сета своја посебност македонски народ, тогаш тоа би значело прекршување на Преспанскиот договор. Тогаш Зоран Заев на неговиот коалиционен партнер му вели дека тој не може ова да го подржи и тогаш настануваат сите проблеми внатре во коалицијата, доаѓа договорот во рамки на парламентарната дебата, сега моментално е на собраниска комисија Зоран Заев избезумен не знае како да реагира затоа што можно е многу скоро да му се распадне коалицијата со таа политичка партија. И веднаш го активираа страничниот играч во рамките на парламентот кој што практично треба да одработи за ресурсите и поддршката која што ја доби пред изборите за да и нанесе штета на ВМРО-ДПМНЕ и блокира да јас во мојата лична карта стојам како Македонец, да стои мојата националност како дел од македонскиот наро, рече Мицкоски.
Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ поддржува етничката припадност да стои во личните карти, а дека не поддржува името Република Македонија да биде променето со новата придавка.
-Овој народ, македонски народ цел живот бил предмет на асимилирање, на негирање, на понижување, на терор од страна на многу освојувачи но сето тоа го преживеал и денеска кога човек кој што е дел од македонскиот народ со сите понижувања, со сите бришења со сите негации кои што им ги нанесе на македонскиот народ сака целосно да го избрише и ние тоа не смееме да го дозволиме и мора да се бориме до последно да по личните карти стои нашата нација, македонската нација дека ние сме македонци. Тоа е она кое што ВМРО-ДПМНЕ го поддржува. А што не поддржува? Не поддржува промена на името Република Македонија со името со новата придавка која што на насилен начин Зоран Заев го донесе. И на крајот на денот на тој насилен начин како што го донесе има рок од 5 години за истото тоа се применува во документите кои што се за наша лична идентификација и патни исправи, изјави претседателот Мицкоски.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Љ.Г.(39) од Прилеп и правно лице од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање на кредит или друга погодност“.
Во текот на 2016, Љ.Г. поднел апликација за активна мерка по Програмата за самовработување, доставена до Центар за вработување Прилеп и пријава за користење на грант, согласно условите од Програмата. По одобрување на апликацијата основал фирма и склучил Договор со АВРМ и УНДП, по што искористил средства во висина од 185.000 денари за набавка на опрема и материјали.
Меѓутоа, спротивно на договорот и обврските, тој воопшто не реализирал финансиски трансакции и исплата на бруто плати, а фирмата по службена должност од страна на Централен регистар во текот на 2019 била ликвидирана, додека искористените средства не се вратени согласно со Договорот, со што се стекнал со противправна имотна корист, а на штета на Буџетот на Република Македонија во износ до 185.000 денари.
Силен циклон го зафати островот Сахалин на рускиот далечен исток, носејќи силен ветер и снег кој ги затрупа куќите до кров.
Поради тоа многу жители биле принудени да копаат тунели до своите домови. На моменти ветерот достигнувал брзина од 125 километри на час.
Според градоначалникот, комуналните служби непрекинато работат, ги чистат главните сообраќајници, но за многу кратко време повторно се формира снежна покривка.
❄️ На Сахалине дома заметает снегом по крышу. На остров пришел мощный циклон с материка. Скорость ветра местами достигает 35 метров в секунду. pic.twitter.com/RuEsLS0XA5
Издвојувањето на пет милиони евра од петтиот пакет Koвид-мерки, која инаку е прва финансиска помош за македонските тутунари, наместо да ги смири со месеци незадоволните тутунари, дополнително ги разгневи. Според нив, оваа помош не била финансиска инjeкција за нив, туку перфидно мачкање на очи за невидената кpaжба која се случува при годинашниот откуп на тутунот, пренесува Алфа ТВ.
„Пет милиони евра, во ситуација кога тутунарите се опљачkaни со над 30 милиони евра, некаде можеби и 35 милиони, не значат ништо. Тоа се 10 денари по килограм тутун. Значи, едноставно како да ги нема. Тоа не се пари кои што можат да придонесат за некакво стимулирање на земјоделците, за некакво помирување со состојбата која што се наметна“, – изјави за Алфа, Васко Јосифовски, од новоформираното ТЗ „Тутунска надеж“.
Освен од ова, тутунарите не се задоволни и од најавата на министерот Хоџа за пролонгирање на откупниот рок за еден месец, односно до 31 март. Стравуваат дека тоа е игра на државата за купување време, и за исплатата на овие 5 милиони евра, а и за уценување на тутунарите при потпишување на новите договори.
„Мислиме ние дека ќе се одолжат и овие пет милиони за да се дадат. И’ се дава простор на Владата уште повеќе од месец дена, бидејќи дури не заврши, ако се продолжи, откупот ќе трае до 31 март, тие пари ќе ги дадат во мај месец. Ќе се одолжи давањето на субвенциите…Знаете дека крајот на февруари секогаш се прават новите договори за новата реколта. Значи врз луѓево ќе се врши притисок, ќе се врши уцена – ако сакаш да ти го земам вишокот тутун, ќе мораш да направиш договор“, – објаснува Игор Мирчески од ИО на незадоволните тутунари.
Следствено на ваквите состојби, тутунарите вријат и на социјалните мрежи. „По сто денари не’ опљачкаа, со 10 денари мислат да не’ фарбаат“, „На народот пред очи не му се гледа, го испокрадивте по 60/90 денари, башка со одбитоци, сега ќе го лажете со по 10/20 денари“, „Г- не Заев, а бе Вие, навистина си играте со тутунариве, немојте со нас, оти ќе бидете пишман“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
Инаку, откупот законски треба да заврши за десет дена. Според проценките, за откуп вкупно има уште околу 4-5 милиони килограми тутун, кој според тутунарите, може да се откупи, но под услов државата да ги притисне откупувачите да ја зголемат динамиката и предвреме да не ги затвораат пунктовите.
На 17.02.2021 околу 05.25 часот во СВР Битола било приjaвено дека на магистралниот пат Битола – Прилеп, патничко возило „комбе“, со битолски peгиcтapcки ознаки, yпpaвyвано од Г.Ј.(36) од Битола, излетало од патот.
– Од здобиените повpeди возачот починал на местото. Лекap од Итна медицинcка помош конcтатиpaл cмpт, а во координација со Јавен обвинител телото е пpeдадено на обдyкциja.
Извpшен е yвид на мecтото на незгодата од yвидна екипа на СВР Битола, информираат од МВР.
Царинската управа на Република Македонија на 10.02.2021 година до Основното јавно обвинителство во Гевгелија поднесе кривична пријава против две правни лица со седишта во Тетово и Гевгелија и против 3 одговорни лица како правни субјекти, поради основано сомневање дека е сторено кривично дело „Недозволено тргување со меѓупроизводи, етил алкохол и тутунски добра односно стоки“, што е казниво по член 60, став 5 и став 6 во врска со став 1 од Законот за акцизи.
Станува збор за увезен необработен тутун, со вкупна количина од 146.278 кг. нето, пуштен во промет во акцизното подрачје на незаконит начин, без притоа да се плати акциза во вкупен износ од 281.585.150,00 денари и камати за ненавремено плаќање од 12.505.380,66 денари или вкупно 294.090.531 денар, односно повеќе од 4,7 милиони евра.
Имено, се работи за десет увози на тутун во лист од типот „Вирџинија“ реализирани од страна на правното лице од Гевгелија во месец декември 2017 и во текот на цела 2018 година година, по што увезениот тутун наместо да се доработи е пуштен во промет на незаконски начин без да се плати акциза.
Во координација со Основното јавно обвинителство од Гевгелија, инспекторите од Одделението за истраги при Царинската управа извршија претреси на повеќе локации во Скопје заради обезбедување на докази во врска со случајот.
Токму поради огромните штети од нелегалната продажба на режан тутун во државата, Царинската управа во координација со Пазарниот инспекторат и Националниот координативен центар за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Биро за јавна безбедност-МВР и други надлежни државни институции спроведува постојани акции за сузбивање нелегална продажба на тутун и тутунски производи.