дома блог страница 2146

Пoжap во куќа во прилепско: Изгopeлe кровната конструкциja и покуќнината

Пoвpeдeни лица нема, а увид изврши увидна екипа.

На 22.02.2021 во 10.35 часот во Полициското одделение Ропотово било пријавено дека во с.Десово, прилепско, настанал пожap во куќата на А.Ѓ.(59), при што изгopeлe кровната конструкциja и покуќнината, пишува во дневниот билтен на МВР.

Пожapoт бил изгacнат од екипа на Територијалната противпожapна единица Прилеп.

Симптоми кои најчесто укажуваат на лош имунитет

Падот на имунитетот најчесто се случува во периодот на доцна есен па до рана пролет. Најизразен е во текот на зимата, кога нашето тело троши повеќе енергија за да се стопли со што станува помалку отпорен на инфекции.

Како да знаете дали ви е отпаднат имунитетот?

Честите настинки, вклучително и сериозните заболувања како воспаление на бели дробови и бронхитис, како и влошување на хроничните болести, укажуваат на нарушување во работата на одбраната на телото.

Херпесот е исто така показател на некој воспалителен процес во телото, дека организмот не функционира како што треба.

„Ако личноста, дури и во зима, ретко се разболува или кога ќе се разболи има добар апетит, тогаш може да се каже дека има силен имунитет“, објаснува главниот имунолог-алерголог Људмила Сизјакина од Ростовска област, Русија.

Освен овие, други показатели се и чувството на умор и исцрпеност, чести алергии, промени на кожата, јазикот и усната шуплина, отоци на лимфните јазли, варијации во телесната тежина, изостанок на температура и зголемена температура која долго време не се намалува, често чувство на студенило, бавно зараснување на рани, често чувство на надуеност.

Сизјакина истакнува дека во исхраната е многу важно внесувањето на протеини, хранливи материи од кои се синтетизираат имуноглобулини, односно заштитни антитела.

На имуниот систем многу влијае стресот, па неопходно е секојдневно да се „храните со позитивни емоции“, смета таа.

ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Испланирајте го добро времето, се најавуваат натпросечни температури

УХМР соопшти дека продолжува периодот на стабилно, сончево и топло време. Утре ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во деновите од викендот во утринските и претпладневните часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност. Утринските температури на места ќе се спуштат под нулата, а дневните ќе бидат над просекот за овој период од годината. Топлото време ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка на планините.

Утре минималната утринска темшература ќе се движи од -3 до 3 степени, а максималната дневна ќе достигне 20 степени.

Во четврток дневната температура ќе биде максимум 19 степени,а во петок и сабота 20. Во недела ќе има постепено намалување, на 16 степени, додека за понеделник се прогнозираат максимални 14 степени.

Macaжа од која ќе ви се нaeжи телото: Вpaќање на енepгиjaта со caтapи (Видео)

На Тајван е сè популарен третманот „dao liao“ – бизарна масажа со сатари која ја враќа енергијата и балансот во телото.

Иако изгледа опасно, за оваа терапија се смета дека е стара повеќе од 2.000 години.

Научниците сметаат дека овој третман го изведувале монасите во древна Кина. Третманот се проширил во Јапонија, па потоа и на Тајван, пишува BBC.

Луѓето го бараат овој третман со сатари за да ги олеснат тегобите во телото и да го подобрат квалитетот на сон.

Павле Tpajaнов: Со бегcтвото на Миjaлков е загpoзена Bладата, главен виновник е 3aeв

„Со овие случувања загрозена е Владата. Владата е во исклучителна сложена состојба, во криза условно кажано. И како ќе се менаџира овој процес времето ќе покаже. Тоа е една димензија, јас анализирајќи ги барем досега присутните информации објавени, јавни информации од јавноста, мислам дека ние имаме системска грешка во целиот систем, не функционира. А, за нефункционирање на системот првенствено е одговорноста кон Владата“, нагласи Павле Трајанов во јавување за „Утрински Брифинг“.

Трајанов додаде дека главниот виновник за нефункционирање е токму Зоран Заев.

„Виновникот е претседателот на Владата, бидејќи тој систем мора да се постави и да функционира, и во услови на криза, и во вакви услови кои навистина личат на криза, бидејќи е загрозена националната безбедност на нашата држава“, истакна Трајанов.

Трајанов посочи дека институциите не функционираат самостојно, тие се под директна контрола од извршната власт. И поради тоа се случува тешки криминалци да бегаат од земјата.

Багep ја yништи нajyбавата фонтана во Прилеп: Се’ се yништи во овие 4 години (Видео)

Ете и тоа дочекаа прилепчани. Се направено во минатото да се уништи безмилосно само за 4 години. Најубавиот македонски плоштад и ѕвездената улица денеска се срам за секој прилепчанец.

Нема фонтана што не е уништена…нема проект што не е урнисан… Последно во озата скандали е пропаднатиот багер во фонтаната на “Арт плоштадот”.

Ниту еден медиум, ниту еден новинар не се заинтересира кој е сторителот, колкава е штетата и кој ќе ја плати?

Дали овој скандал е пријавен во МВР?

Будните критичари своевремено правеа прилози и за накриво засадено дрвце… Се надеваме дека од октомври ќе се вратат во форма…

Зајкова и Мојсоски од ЛДП ја напуштија пратеничката група на СДСМ

Либерално-демократската партија донесе одлука за самостојно делување на своите пратеници Моника Зајкова и Боби Мојсоски. Оваа одлука била донесена на седница на Централниот одбор на партијата уште од месец август 2020 година, но се уште не е реализирана од објективни причини, соопшти ЛДП.

– Како партија донесовме одлука уште пред седум месеци за самостојно делување во македонскиот Парламент заради подобро претставување на либералните вредности и поголем простор на делување од страна на нашите пратеници. Тоа за нас претставува демократски потег и не е поврзано со дневно политички теми. Оставивме доволно простор за имплементација на оваа одлука. ЛДП како и нејзините пратеници и понатаму ќе продолжат да ја поддржуваат Владата, а тоа ќе се потврди и со гласањето на доверба на министрите Љупчо Николовски и Бојан Маричиќ, се вели во соопштението од Либерално-демократската партија.

Од партијата додаваат дека во следниот период одлуката ќе се реализира и ќе делуваат како и останатите либерали во парламентите низ Европа.

Распишана национална потерница за Мијалков, МВР ќе бара и меѓународна

Министерството за внатрешни работи се уште трага по екс директорот на УБК, Сашо Мијалков за да му го врачи решението за куќен притвор одреден од судот.

Бидејќи се уште не е лоциран, од МВР потврдуваат дека по него е распишана национална потерница. Од Министерството посочуваат и дека од Судот ќе побараат распишување на меѓународна потерница за Мијалков.

Од Кривичниот суд денеска информираа дека предлогот за одределување мерка притвор од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во Судот е пристигнато вчера во 15 часот.

-Откако е утврдено дека надлежен за постапување по предлогот е Кривичниот совет при Oдделението за организиран криминал и корупција, а имајќи ја предвид итноста на постапката, иако судот Законски имал рок од 24 часа да одлучува со оглед да предлогот е поднесен за време на викенд, советот во корелација со документацијата за соменвањето за бегство приложена од обвинителството со прилог известување доставени од Бирото за јавна безбедност при МВР, веднаш започна со постапување и донесе решениe со кое на обвинетиот му определи мерка куќен притвор со 24 часовен надзор како и видео и електронски надзор, а во 18:30 часот решението веќе беше експедирано до МВР како надлежни за понатамошно постапување, информираат од Судот.

Во петок судот треба да ја изрече пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“ во кој обвинет е Мијалков.

Рецепт за кралско пилешко во сос кое што ќе стане омилен ручек за целото семејство


Ова е навистина едно прекрасно јадење кое што се приготвува на лесен начин, а е сочно и вкусно и сигурно не сте го пробале досега.

Подготовката е навистина едноставна и брза, а вкусот неодолив! Ова јадење ќе го обожувате сите.

Состојки:
– 500 грама пилешко филе;
– 5-6 парчиња млад кромид;
– 300-400 грама блитва;
– 600 милилитри млеко;
– 200 грама сирење;
– 2 лажици брашно;
– сол по потреба;
– бибер;
– оригано.

За да ја видите постапката на подготовка, погледнете го видеото:

Американската амбасадорка: За независно сyдство не се преговара во одговорна демократија, промени веднаш треба да се направат

„Ние многу вложувавме во обидите да се изградат институции што ќе влеваат доверба во независното судство. Но потребно е време, а луѓето се исфрустрирани поради одолговлекувањето. Затоа сметам дека е важно, да се забрзаат тие реформи, тоа да се надмине“, истакна Кејт Мари Брнз, амбасадор на САД во емисијата „Само интервју“.

Брнз додаде дека потребно е во судството да се направат правилни промени и да се воведат побргу.

„И потоа ќе биде потребно време да се изгради доверба во јавноста во тие институции. Но на крајот на краиштата, слободно и независно судство, независни јавни обвинители се елементите за кои не се преговара во одговорна демократија и се клучните составни делови за долгорочен раст и економска стабилност“, нагласи Брнз.

Брнз нагласи дека овие промени во судството треба што поскоро да се направат.