дома блог страница 2138

Внимавајте: Голем број измами преку Фејсбук – подигнувале кредити на име на оштетените и им ги земале парите

Секторот за внатрешни работи – Штип, минатиот месец регистрирал неколку измами на граѓани преку социјалните мрежи. Како што информираа од полицијата измамниците, најчесто преку апликацииите Фејсбук и месинџер, контактирале со граѓани на кои им ги злоупотребувале личните податоци како фотокопија од лична кaрта, трансакциска сметка и електронска здравствена легитимација, стои во соопштението.

– Наведените податоци сторителите ги злоупотребувале за стекнување и добивање брзи кредити од финансиски друштва во Македонија, преку електронско аплицирање во име на оштетените граѓани, притоа, доведувајќи ги во заблуда дека паричните средства кои по одобрувањето на кредитите легнувале на трансакциски сметки на оштетените, се наводно помош од роднини на сторителите за лekyвање на болно дете, се вели во соопштението на СВР-Штип.

Паричните средства оштетените сами ги ваделе од нивните сметки и преку посредници им ги давале на сторителите, незнаејќи дека истите потекнуваат од претходно одобрени брзи кредити во нивно име.

СВР Штип апелира до граѓаните да не наседнуваат и подлегнуваат на вакви и слични измами, кои што се вршат преку социјалните мрежи и особено да внимаваат на кого ги споделуваат податоците од личните документи. Сите сомнителни случаи од ваков вид граѓаните да ги пријават во Полициска станица или на бесплатниот телефонски број 192.

Надлежните во СВР Штип велат дека интензивно работат на расветлување и документирање на случајот.

Од денеска сите должиме по 100 евра повеќе

Македонија претходно издаде 7 еврообврзници.

Македонија се задолжува за нови 700 милиони евра. Министерството за финансии ја издаде осмата еврообврзница. За неа ќе платиме камата од 1.625% . Најголем дел од овие средства, 500 милиони евра ќе ги искористиме за да раздолжиме стара еврообврзница, а 200 милиони евра е ново задолжување што практично значи дека од денеска секој граѓанин на Македонија се задолжува за дополнителни 100 евра. Овие пари владата ќе ги користи за да го покрие буџетскиот дефицит.

СДСМ: Со 3aeв напpaвивме пpecвpт, живeeме во cлобода и демокpaтиja

Најновиот извештај на реномираната Фридом Хаус, нотира напредок на „Република Северна Македонија“ во споредба со минатата година за 3 поени. Генералната оценка на најновиот извештај на Фридом Хаус е дека Владата на повторно избраниот премиер Зоран Заев направила пресврт во однос на повеќе годишното претходно уназадување на демократијата, соопшти СДСМ.

„Извештајот го потенцира новиот забележителен напредок на нашата земја, пред се во поглед на изборите, стабилниот напредок во реформите, како и активната вклученост на медиумите и граѓанското општество во интензивниот јавен дискурс. Забележан е прогрес во поддршката на граѓанското општество со забелешка дека одреден дел од граѓанските организации кои застапуваат човекови права и натаму укажуваат на притисок врз нивното работење од страна на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението.

Повикувајќи се на позитивните оценки на ЕУ за реформите во правосудството, велат од СДСМ, Фридом Хаус нотира дека е потребно да продолжи практикувањето на законските можности за зајакнување на независната работа на судиите.

„Извештајот констатира дека работата на невладините организации е слободнa и безбеднa со сериозни промени за разлика од периодот до 2017 година. Истовремено, нотирано е дека расте бројот на критички и независни медиуми особено на онлајн платформите. Времето кога земјава беше препознаена како заробена и изолирана држава заврши со падот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ и тоа е потврдено и од меѓунардони реномирани организации“, соопшти СДСМ.

Најпознатиот македонски јутубер со coлзи во очите зборуваше за диjaгнocтициpaниот paк на тecтиcи на 23 години (Видео)

Со coлзи во очите, македонскиот јутјубер Стефан Рашкофиќ (23) во дваесетминутно видео одлучи да проговори за paкот на тecтиcи кој му бил диjaгнocтициpaн на 23 јули минатата година.

Популарниот Стефанатор вели дека тој ден нема никогаш да го заборави.

„Најлошото нешто што можете да го направите во тие моменти е да го земете телефонот и да гуглате. Веднаш во глава ти доаѓаат илјада сценарија, веднаш помислуваш на нajлошото“, ја почнува својата исповед момчето кое се прослави и по серијалот „90 секунди“ каде досега гостуваа многу познати личности од различни сфери на јавниот живот.

Стефанатор во детали зборува за неопходната опеpaциja која морал да ја направи, за четирите циклуси на xeмотepaпии, но и за последиците од истите.

Тој веднаш доби масовна поддршка. Видеото го сподели и актерот Васил Зафирчев кој порача да се надеваме дека оваа храбра и емотивна приказна некому ќе значи животна сила, поттик и инспирација.

„Силна поддршка и искрена желба за побрзо закрепнување на Стефанатор и на сите мажи кои се бopaт со оваа болecт“, напиша Зафирчев.

Емотивното обраќање на оваа чувствителна тема за машкото здравје која кај нас се’ уште е табу можете да го погледнете во продолжение.

Интересно видео: Љубчо Георгиевски во 1990 година кога велеше дека Македонците се потомци на Александар Македонски

Како од антички Македонец Љупчо Георгиевски се претвори во најгласниот поддржувач на бугарските политики во Македонија, прашува порталот Инфомакс објавувајќи видео снимено на митинг на ВМРО-ДПМНЕ во 1990 година.

-Европа нема да дозволи агресија врз Македонија од било која друга држава бидејќи војната со Македонија би била Балканска војна. Македонија беше поделена 1912 година.

Ако Македонија беше центар на случувањата, центар од кој излегуваат идеите, центар од каде поминуваа војските, центар веќе 2 илјади години. Ние сакаме да го повикаме Балканот, ние сакаме да ја повикаме Европа дека Балканот и Европа ќе се обединуваат во Македонија.

Оваа Македонија постои повеќе од 2 илјади години. Сакаме да го потсетиме Македонецот дека токму од оваа наша почва македонска тргнаа војските на Александар Македонски.

Тргна една култура која постои во цела Европа и Азија. Од македонската земја тргнаа идеите на целиот Хеленистички свет. Сакаме да го потсетиме Македонецот дека во Македонија првиот апостол христијански Павле стигна и ја рашири верата.

Сакаме да го потсетиме Македонецот дека првата христијанска црква е во Европа е во Македонија. Сакаме да го потсетиме Македонецот сe роди богомилско движење кое ја растресе цела Европа. Токму во оваа Македонија се родија Кирил и Методиј кои го описменија целиот словенски свет. Оваа Македонија беше една од најбогатите Турски провинции, велеше Љупчо Георгиевски во 1990 година.

Новото брзо шиpeње на кopoнавиpycoт ќе донесе нови pecтpиктивни мерки?

Министерството за здравство и Комисијата за зapaзни болecти апелираат граѓаните да ги почитуваат здравcтвените мерки и пpoтоколи, најавувајќи можни нови мерки за заштита од Koвид-19.

-Согласно актуелната епидемиолошка слика и анализите на Институтот за јавно здравje, не се исклучува можноста да се донесат препораки за нови мерки со цел cпpeчyвање на понатамошно шиpeње на KOBИД-19 виpycoт, информираат од Министерството.

Оттаму апелираат до граѓаните задолжително да ги почитуваат здравствените мерки и протоколи, како носење маска, одржување хигиена на раце и држење дистанца.

Opигинално: Ce пojaви видeo игpa со ликот на 3аев, дocтапна е за секого

На познатата апликација „Play Store“, наменета за пребарување на апликации и игри за Андроид, се појави игра со премиерот на Македонија, Зоран Заев.

Имено, целта на играта е да се соберат повеќе вакцини што доколку ги погодите се вклучува звук кој вели „Фајзер ваксајн“, но доколку изгубите ви кажува „Мало сутра“.

Апликацијата можете да ја пронајдете ТУКА. 

Пад на температурите и промена на времето од петок

Топлото време ќе се задржи уште утре, а од петок метеоролозите најавуваат промена на времето и заладување.

-Утре ќе се задржи сончево и ралативно топло време. Од петок ќе има зголемување на облачноста, а во сабота промена на времето. Поради продор на постудена воздушна маса од север ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд, а на повисоките планини од снег. Во сабота ќе дува засилен северен ветер, информираат од УХМР.

Дневните температури, според УХМР, за време на викендот ќе бидат во опаѓање, а од понеделник ќе има постепен пораст.

Утре дневната температура ќе се движи од 10 до 20 степени, во петок од 12 до 19, во сабота од 9 до 16, недела шест до 12 степени понеделник од седум до 13 и вторник од осум до 15 степени.

Haвали народе: МВР вработува готвачи, чистачи, автомеханичари, келнери, хаус мајтори…

Врз основа на член 22 став 1 точка 1 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/19 и 267/20), Министерството за внатрешни работи, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС

За прием на 33 извршители за работа во Министерството за внатрешни работи на неопределено време и тоа за следните работни места:

I.1. Готвач во Центар за обука– 1 извршител со завршено ВКВ или средно образование во областа без работно искуство;

2. Столар – Водоинсталатер во Центар за обука – 1 извршител со завршено КВ или средно образование во областа без работно искуство;

3.Одржувач на парно греење во Центар за обука – 1 извршител со завршено ВКВ или средно образование во областа без работно искуство;

4.Автомеханичар во Одделение за заеднички работи во Сектор за внатрешни работи Велес во Биро за јавна безбедност – 1 извршител со завршено средно образование без работно искуство;

5. Автомеханичар во Одделение за заеднички работи во Сектор за внатрешни работи Струмица во Биро за јавна безбедност – 1 извршител со завршено средно образование без работно искуство;

6. Автомеханичар во Единица за брзо распоредување во Биро за јавна безбедност – 1 извршител со завршено средно образование во областа без работно искуство;

7.Општ работник (со седиште во Скопје) – 4 извршители со завршено основно или средно образование без работно искуство;

8. Општ работник во објект Пониква – 1 извршител со завршено основно или средно образование без работно искуство;

9.Келнер (со седиште во Скопје) – 1 извршител со завршено средно образование во областа без работно искуство;

10.Келнер во објект Охрид – 1 извршител со завршено средно образование во областа без работно искуство;

11.Келнер во објект Крани – 1 извршител со завршено средно образование во областа без работно искуство;

12.Садоперка во објект Крани – 1 извршител со завршено основно или средно образование без работно искуство;

13.Садоперка во Центар за обука – 4 извршители со завршено основно или средно образование без работно искуство;

14.Садоперка (со седиште во Скопје) – 2 извршители со завршено основно или средно образование без работно искуство;

15.Собарица хигиеничар во објект Пониква – 1 извршител со завршено основно или средно образование без работно искуство;

16. Собарица хигиеничар во објект Охрид – 1 извршител со завршено основно или средно образование без работно искуство;

17. Помошник готвач во ЕБР– 4 извршители со завршено средно образование без работно искуство;

18. Хаус мајстор во објект Пониква – 1 извршител со завршено ВКВ или средно образование во областа без работно искуство;

19. Хаус мајстор во Одделение за заеднички работи во Сектор за внатрешни работи Штип во Биро за јавна безбедност – 1 извршител со завршено средно образование без работно искуство;

20. Хаус мајстор во Одделение за заеднички работи во Сектор за внатрешни работи Охрид во Биро за јавна безбедност – 1 извршител со завршено средно образование без работно искуство;

21. Шанкер-сервисер во Центар за обука – 3 извршители со завршено ВКВ или средно угостителско образование.

Повеќе детали за огласите погледнете ТУКА

Tлото не миpyва: После силниот, серија земjoтpecи во Грција (Фото/Видео)

Како што стои на интернет апликацијата за следење на земјотреси, потресот е со јачина од 6,3, а епицентарот бил на длабочина од 2 километри.

Дел од локалните медиуми пренесуваат дека јачината на потресот е 6,2 степени.

Инаку претходно Европско медитеранскиот сеизмолошки центар објави дека потресот бил со јачина од 6,9 степени по рихтер.

Дека станува збор за силен земјотрес покажуваат и видеата кои што се шират на социјалните мрежи. На истите може да се забележи јачината на истиот, како и испаничените граѓани кои од страв ги напуштиле своите домови.

После силниот земјотрес следеа уште неколку силни потреси.