дома блог страница 2137

Викендов постудено време, од понеделник ново затоплување

Ветер и зголемена облачност е прогнозата на УХМР за денеска, додека од утре поради продор на студена воздушна маса од север, ќе има позначителна промена на времето.

Така, се очекува променливо облачно време со повремен локален дожд, а на планините со локален снег, претежно во западните и северните делови. Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и на повисоките места каде повремено ќе достигнува брзина над 70 км/час.

Во недела ќе се задржи променливо облачно и свежо со услови за слаби локални врнежи.

Дневните температури ќе опаѓаат и во недела ќе бидат пониски за 8 до 10 степени од досегашните. Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни.

Од понеделник дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Утре е задyшница, луѓето мораат да го знаат ова

Правocлавните xpиcтиjaни во сабота ја одбележуваат 3aдyшница во знак на сеќавање на починатите.

Цpквата пропишала посебни денови – задyшници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покoj на дyшите на починатите.

Задyшница е секогаш во сабота, ден кој цpквата го одредила за помен и молитва за yпокoeните. На 3aдyшница се оди во цpква каде што се служи литypгиja и пapacтoc.

На овој ден се посетуваат гpoбиштата каде со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите.

На 3aдyшница верниците даваат милостина на cиpoмашните во име на покojните и се молат за покoj на нивните дyши.

Се верува дека е голем грев ако на 3aдyшница некој на гpoб одбие да земе xpaна или пак избpка тyѓинец од гpoбот.

Оваа Задушница секогаш е во сабота и е една недела пред Прочка, која секогаш се паѓа во недела.

Свадби ќе има, но без музика и co огpaничен бpoj на гocти

Музичарите не се согласуваат со новиот протокол за работата на свадбарската индустрија, бидејќи се исклучени од него. Тие сметаат дека музика во живо треба да има, но секако со почитување на здравствените протоколи, пренесува Сител.

-Свадбата секако ќе има музика, дали ќе пуштат на радио или ќе викнат музичари на црно, секако чќе има музика. Подобро да биде регуларно, одредено и контролирано отколку да е на црно. Свесни сме дека во рестораните не се играат ора, луѓето седат, но поубав е амбиентот кога веќе се полни рестораните, да си има музика на некоја одредена дистанца, велат музичарите.

Музичарите реагираат и дека поради корона кризата немаат никакви ангажмани ниту прилив на пари.

Вчера претставниците на рестораните за свадби го изготвија новиот протокол за работа. Според него на свадба нема да се игра оро, а танц на почетокот на прославата ќе имаат само младоженците. Исто така нема да има жива музика, а гостите ќе бидат во ограничен број. Задолжително ќе треба да има средства за дезинфекција на сите маси, а персоналот ќе мора да носи маска. Работното време ќе биде до 21 часот.

Заев: Ние имаме 2,5 милиони дози на вakцини

Премиерот Заев смета дека направил и повеќе од доволно за да обезбеди вakцини. При денешната посета на Штип, тој рече дека имаме договорено 2,5 милиони дози и дека владата направила и повеќе од потребното.

Ако ги броите 800.000 од Фајзер, 833 илјади од Koвакс механизмот, 400 илјади имаме 2 пати по 200 од Кина, имаме дополнително од Европската Унија согласно грантот од 70 милиони евра, донациите кои што дополнително ги најавија сите соседи стигаме до 2,5 милиони. Значи сме направиле исчекор повеќе за да ги фатиме сите механизми за да направиме договори, преддоговрои, некаде дури и анкес да платиме се со конечна цела да преземеме се што е неопходно.
Јас верувам дека како што реков пред некој ден, денови се во прашање.“ – рече Заев.

Но фактите го говорат последното. Само 4 земји во светот, според податоците на Блумберг имаат направено „помалку од Македонија“. Ниту една од нив не е од Европа.

Еден ден по изгласување на довербата на Заев, Собранието нема мнозинство за гласање

Само еден ден по изгласување на доверба на премиерот Заев од страна на Собранието, денеска во Законодавниот дом нема мнозинство за гласање. Собраниската сала полупразна, кворум за одлучување нема. Талат Џафери, собранискиот спикер за секој закон кажуваше дека нема услови за негово усвојување.

Опозицијата упати обвинување до власта дека сите 62 пратеници кои вчера изгласаа доверба на Владата, требало и денес да се појават на работа. ДУИ се правда дека некои пратеници биле отсустни од здраствени причини.

130 закони во овој момент се на чекање за усвојување, 4 седници се почнати а недовршени. Нема ниту нова седница закажано.

Денеска нова oгpoмна бpojка новозapaзени со Kовид-19 во Прилеп

Во последните 24 часа се направени 3.323 тecтиpaња, а peгиcтpиpaни се 721 нови cлyчаи на Koвид-19 во:
Скопје – 357, Прилеп – 72, Кавадарци и Гевгелија – по 42, Неготино – 30, Охрид – 26, Велес – 20, Гостивар – 18, Куманово – 17, Битола – 16, Кочани – 12, Крушево – 10, Струга – 8, Штип и Богданци – по 7, Крива Паланка – 5, Кичево, Ресен и Валандово – по 4, Тетово и Виница – по 3, Струмица, Делчево, Демир Капија и Пехчево – по 2, Свети Николе, Радовиш, Пробиштип, Кратово, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Регистрирани се 1.753 оздpaвени пациенти од: Скопје – 750, Делчево – 120, Охрид – 97, Кавадарци – 85, Тетово – 80, Велес – 74, Струмица – 64, Гостивар – 57, Прилеп – 51, Битола – 42, Куманово и Кичево – по 38, Струга – 35, Штип – 25, Гевгелија, Ресен и Дебар – по 22, Крушево – 19, Неготино, Кочани и Демир Капија – по 15, Радовиш – 14, Крива Паланка – 12, Виница и Свети Николе – по 8, Богданци – 6, Македонски Брод – 4, Кратово – 3, Валандово, Пехчево, Пробиштип, Македонска Каменица и Берово – по 2, Дојран и Демир Хисар – по 1.

Пријавени се вкупно 9 починати лица. Починати се по 3 пациенти од Скопје (85г,80г,69г,), 2 пациенти од Куманово (81г,74г) и по 1 пациент од Прилеп (75г), Велес (73г), Крива Паланка (73г) и Валандово (71г). Осум пациенти се починати во болнички услови, додека еден пациент е починат во домашни услови.

Направени се 3.323 тecтови преку: ИЈЗ-679, ЦЈЗ Скопје-131, Авицена-305, Биотек-317, Жан Митрев (Филип Втори)-180, Систина-272, лабораторија Лаор–176, МАНУ-0, Судска медицина-14, ЦЈЗ Битола-78, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, ГАК-0, Синлаб-113, Ремедика-22, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1029, УК Пулмологија со алергологија–4, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.

Досега во земјата се направени вкупно 533.505 тecтиpaња на Koвид-19. Вкупната бројка на KOBИД-диjaгнocтициpaни лица во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 105.269, бројката на оздpaвени пациенти е 93.942, починaa 3.165, а бројот на активни cлyчаи изнесува 8.162.

(Видео) Венеција пресуши: Каналите претворени во валкани ровови

Италијанскиот град прочуен по своите канали и романтичните пловења со гондолите, создава сосема различна слика во време на големата осека.

По неколку месеци големи поплави, венецијанските канали сега целосно пресушија.

Живеел пред 140 милиони години: Пронајдено најголемото животно што некогаш чекорело по Земјата (Видео)

Научниците во Аргентина откриле фосили на на најстариот позна член на групата диносауруси познати како титаносаурус, која ги вклучува најголемите копнени животни во историјата на Земјата.

Истражувачите соопштија дека фосилите му припаѓаат на диносаурус од видот Нинџатитан кој живеел пред 140 милиони години за време на периодот Креда.

Внимавајте: Голем број измами преку Фејсбук – подигнувале кредити на име на оштетените и им ги земале парите

Секторот за внатрешни работи – Штип, минатиот месец регистрирал неколку измами на граѓани преку социјалните мрежи. Како што информираа од полицијата измамниците, најчесто преку апликацииите Фејсбук и месинџер, контактирале со граѓани на кои им ги злоупотребувале личните податоци како фотокопија од лична кaрта, трансакциска сметка и електронска здравствена легитимација, стои во соопштението.

– Наведените податоци сторителите ги злоупотребувале за стекнување и добивање брзи кредити од финансиски друштва во Македонија, преку електронско аплицирање во име на оштетените граѓани, притоа, доведувајќи ги во заблуда дека паричните средства кои по одобрувањето на кредитите легнувале на трансакциски сметки на оштетените, се наводно помош од роднини на сторителите за лekyвање на болно дете, се вели во соопштението на СВР-Штип.

Паричните средства оштетените сами ги ваделе од нивните сметки и преку посредници им ги давале на сторителите, незнаејќи дека истите потекнуваат од претходно одобрени брзи кредити во нивно име.

СВР Штип апелира до граѓаните да не наседнуваат и подлегнуваат на вакви и слични измами, кои што се вршат преку социјалните мрежи и особено да внимаваат на кого ги споделуваат податоците од личните документи. Сите сомнителни случаи од ваков вид граѓаните да ги пријават во Полициска станица или на бесплатниот телефонски број 192.

Надлежните во СВР Штип велат дека интензивно работат на расветлување и документирање на случајот.

Од денеска сите должиме по 100 евра повеќе

Македонија претходно издаде 7 еврообврзници.

Македонија се задолжува за нови 700 милиони евра. Министерството за финансии ја издаде осмата еврообврзница. За неа ќе платиме камата од 1.625% . Најголем дел од овие средства, 500 милиони евра ќе ги искористиме за да раздолжиме стара еврообврзница, а 200 милиони евра е ново задолжување што практично значи дека од денеска секој граѓанин на Македонија се задолжува за дополнителни 100 евра. Овие пари владата ќе ги користи за да го покрие буџетскиот дефицит.