дома блог страница 2014

Балет и опepcки концepт во петок бecплатно во ЦК “Mapко Цепенков” во Прилеп

На 11. 06. 2021 /петок/ од 20.00 ч. во ЦК „Марко Цепенков“ гостува Националната опера и балет, која ќе го изведе балетот Болеро и ќе одржи оперски концерт.

Заради почитување на протоколите за заштита од корона вирусот, бројот на седишта во големата сала е ограничен. Сите заинтересирани можат да подигнат бесплатни влезници од денес, среда од 10 до 13 часот, и в четврток и в петок од 10 до 13 часот на билетарницата од Центарот.

Гостувањето на Националната опера и балет (НОБ) е во рамките на Програмата за работа на ЦК„Марко Цепенков“ за 2021 година, поддржана од Министерството за култура.

Болеро

Танцот е прослава на животот. Танцот е уметност на простор и време, едно бесконечно патување,една форма на медитација која живее низ векови. Танцот е аранжман или патерн во простор и време, исто како и музиката, и привлекува временски ритам, како и музиката. Танцот носи ритам и во двете сфери – звучен и визуелен. Танцот е уметност во временскиот простор и како таква е единствена.

Музиката мора да биде конектирана со движењато, магнетни сили кои обединуаат групи, а силите на ритамот го носат телото низ просторот. Имајќи ги овие цитати како рефернца за делото, темата со која се занимаваме е многу комплицирана и ограничена, но сепак ни даваедна слобода на изразување. Имајќи ја оваа идеа, ги гледам играчите како музички ноти кои патуваат низ времето и просоторот, музиката е основата, телото е инструментот. Како што сликарот ја користи четката на платно, скулпторот ги користи своите раце или писателот користејќи ги празните страници, пополнувајќи ги со секоја буква.

Танцот ги поврзува уметноста и културата, што ги обединува сите нации низ целиот свет. Танцот е универзален јазик. Можеби од тука доаѓа и инцпирацијата за “ Болеро ”, која за носи емоција на среќа, на преродба, на нови почетоци, на надеж. Секој од нас се соочува со сопствени проблеми за кои никој не знае. Затоа, секогаш мораме да гледаме напред, да бидеме сплотени, да бидеме љубезни еден кон друг, да се разбираме…можеби тоа би било пораката меѓу редови.

Оперски концерт

Во оперскиот концерт ќе настапат еминетни оперски пејачи од НОБ кои ќе исполнат дела од Бизе, Чајковски, Моцарт, Пучини….

Tри лица од Прилеп поминаа со полecни повpeди при денешната cooбpaќаjна нecpeќа кај Плетвар (Фото галерија)

На планинскиот превој Плетвар утрово се слyчи тешка cooбpaќajна нecpeќа во која учествуваa aвтомобил марка “фиат пунто” со прилепско регистарски ознаки и караван со кавадаречки таблици.

Сообраќајот на патниот правец се одвиваше отежнато по една лента, па тоа предизвика километарски колони.

Причините за настанатата нecpeќа остануваат непознати, а дознаваме дека возачот и двајца сопатници во автомобилот “фиат пунто” поминале со полесни повpeди, констатирани во прилепската болница “Борка Талески”.

Машини! Погледнете ги борбите на прилепските боксери од БК “АС”, кои донесоа злато и бронза од Државното првенство (Видео)

Од 05 до 06 јуни во салата “Работнички Градски Парк” во Скопје, се одржа 27-то Државно првенство во бокс, во организација на Националната Боксерска Федерација.

Боксерскиот клуб “АС” од Прилеп зеде учество со три боксери: Дамјан Талимче до 60 кг. јуниор , Матеј Чатлески до 80 кг. кадет и Невена Стојаноска до 46 кг. кадет.

Дамјан Талимче во четврт финалето го победи фаворитот Кемал Фетаи од БК Шкендија Но Лимит – Тетово со нокаут во втората рунда. Оваа борба вооедно беше и најдобра на првенството.

Во полуфиналната борба Дамјан загуби од Рузгар Асановски од БК Борец-Велес со поделена одлука на судиите 1:2.

Борбата беше 3 рунди неизвесна со предност на Дамјан, но на крајот судиите му ја доделија победата на боксерот од Велес, а Дамјан се закити со бронзениот медал.

Дамјан Талимче од оваа среда е на 8 дневни припреми во Охрид, каде ќе ја претставува Македонската репрезентација.

Матеј Чатлески во финалната борба до 80 кг. кадети го совлада боксерот Кораб Билибани од БК Шкендија Бокс Тетово.

Со добро прикажаната техника и тактика, Матеј беше надмоќен сите три рунди над противникот. Со едогласна одлука на судиите победата и златниот медал му припаднаа токму него.

Невена Стојаноска е во одлична форма но во нејзината категорија немаше пријавено боксерки. Сигурно ќе имавме уште еден златен медал и тоа во женски бокс.

Верувам во сите наши такмичари , со голем труд правиме големи резултати. Сериозно работиме и сум презадоволен од резултатот на нашите боксери. Од двајца боксери имаме два медали за нашиот град Прилеп, и тоа златен и бронзен.

Во продолжение проследете ги борбите на прилепските боксери:

Во четврток следете го онлајн традиционалниот годишен концерт на прилепското музичко училиште

Во Четврток на 10.06.2021 година со почеток во 19 часот, учениците заедно со своите наставници од Општинското Основно Музичко Училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“ од Прилеп ќе го одржат традиционалниот годишен концерт.

Поради ситуацијата со Ковид пандемијата, овојпат концертот ќе се одржи ONLINE, во соработка со IN Produkcija и MT music studio – Prilep

Во програмата учество ќе земат наградените ученици од државните и меѓународни натпревари заедно со нивните наставници.

Очекувајте линк во живо во четврток!

Maкpoн доби шамap од гpaѓанин (Видео)

Две лица се приведени откако еден од учесниците на средбата со граѓаните во францускиот департман Дром со Емануел Макрон, му удри шлаканица на претседателот на Франција

На видеоснимката која стана вирална на социјалните мрежи, може да се види како Макрон во текот на престојот во департманот, се упати кон масата локални жители зад заштитната ограда и започнува разговор со нив, ракувајќи се со еден од нив.

Во тој момент мажот нешто му возвраќа и силно го удира по лицето. Припадниците на oбезбедувањето потоа реагираат брзо, повлекувајќи го Макрон наназад и соборувајќи го напаѓачот на земја.

Обвинителството поведе постапка против 47-годишна гостиварчанка: Преземала фотографии од Фејсбукот на малолетничка и ги објавувала на својот профил

Гостиварското обвинителство поведе постапка против 47-годишна гостиварчанка за која постои основано сомнение дека злоупотребила лични податоци со тоа што во неколку наврати преземала фотографии од Фејсбук профилот на малолетничка и ги прикачувала на нејзиниот личен прифил.

Како што стои во соопштението од Јавното обвинителство, на така преземените фотографии, осомничената додавала недолични и лажни коментари, кои што предизвикале чувство на омаловажување на малолетничката и нејзината мајка.

Осомничената се товари дека го сторила кривичното дело „злоупотреба на лични податоци“ поради тоа што, како што се маведува во соопштението, без согласност, на 14 и 15 мај 2021 година, во неколку наврати ги сторила горенаведените активности казниви според член 149 став 1 од Кривичниот законик.

(Видео) Костовски: „Еве како партиската полиција на Заев и Спасовски приведува недолжни граѓани“

Еве доказ како партиската полиција на Зоран Заев и Оливер Спасовски апсат недолжни граѓани кој мирно протестираат, објави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев со вакви исценирани инциденти се обидува да го прикрива предавството и kpиминалите кое го прави врз македонскиот народ

Македонија и македонскиот народ ќе победат. Нема да не скршите“ – напиша тој во објавата со видеото.

(Видео) Ѕвездата на социјалните мрежи: Хасбула-Мини Кабиб има 18 години

Ако во последните неколку денови барем една минута сте поминале на Инстаграм, ТикТок или Твитер, тогаш сигурно сте го виделе лицето на 18-годишниот блогер Хасбула Магомедов.

Хасбула или Мини Кабиб, како што уште го нарекуваат, на социјалните мрежи е активен од минатата година, но последните неколку недели стана хит, благодарение на ТикТок.

Неговата популарност моментално е толку голема, што Јутјуберот Логан Паул својата борба против Флојд Мејватер ја посветил токму на Хасбула.

Хасбула е роден со генетско пореметување (иако официјално не е потврдено, се смета дека станува збор за џуџест раст), поради кое му е запрено растењето на рана возраст. Има 18 години и тежи 16 килограми, а висок е околу 106 сантиметри. Доаѓа од рускиот град Махачкала, од каде што е и борецот Кабиб Нурмагомедов.

Хасбула поради видеата во кои го имитира славниот борец, добил прекар Мини Кабиб и стекнал популарност во ММА заедницата. Кабибовото УФЦ мерење го рекрирал со уште еден руски блогер со пореметување во растот, Абду Розик, и привлече внимание на социјалните мрежи.

Oбjaвен jaвниот повик: Аплициpajте за cyбвенции за вгpaдyвање плин на вашите возила

Согласно Програма за субвенционирање на дел од трошоците за купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 14/21 и 79/21), Министерството за економија објавува:

ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на дел од трошоците за купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата

Предмет на јавниот повик е надоместување до 50% од трошоците за купен и вграден уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилото, но не повеќе од 18.000 денари по возило.
Согласно Програма за субвенционирање на дел од трошоците за купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата се предвидени средства во вкупен износ од 11.000.000 денари.
Ќе бидат надоместувани само трошоците за купен и вграден уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилото, настанати по денот на објавување на овој јавен повик.

Надоместок на дел од трошоците од дел II од оваа програма ќе се врши за само едно возило во семејство.

Право на учество на јавниот повик имаат физички лица, сопственици на возила произведени од 2005 година наваму, кои ќе извршат купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата.

Документација потребна за пријавување:

пополнето Барање, кое може да се подигне од архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на министерството (www.economy.gov.mk); изјава за веродостојноста на податоците и верноста на приложената документација, заверена на нотар под морална и материјална одговорност, која може да се подигне од архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на министерството (www.economy.gov.mk); фискална сметка (во оригинал), или фактура (во оригинал) со извод од деловна банка за извршено плаќање за купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата, издадени по денот на објавување на јавниот повик; копија од сообраќајната дозвола за возилото, заверена на нотар, во која е евидентирана промената (вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилото), и потврда за вграден уред за погон на течен нафтен гас или компримиран земјен гас во возилото, издадена од правно лице овластено (од Министерството за економија) за вградување на уреди за погон на течен нафтен гас и/или компримиран земјен гас во возилото; фотокопија од лична карта; број на трансакциска сметка;

Барањата заедно со потребната документација и уплатниците се доставуваат во затворен плик до Архивата на Министерството за економија, ул. Јуриј Гагарин бр. 15, Скопје, секој работен ден од 9,30 до 15,00 часот.

На пликот треба да стои: До Министерство за економија За „Јавен повик за субвенционирање на дел од трошоците за купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата“, со назнака „НЕ ОТВОРАЈ“. Подносител на барање: (име и презиме на подносителот).

Секој барател има право да поднесе Барање за само едно возило во семејство. При поднесување на Барањето, барателот од Архивата на Министерството за економија добива архивски број со датумот на поднесување на барањето.

Доколку барањето се доставува преку пошта како датум на поднесување на барањето ќе се смета датумот кога барањето е пристигнато и заведено во Архивата на Министерството за економија.

Разгледувањето и изборот на апликантите кои ги исполнуваат условите утврдени со Јавниот повик, ќе се прави по принципот „ПРВ ДОЈДЕН, ПРВ УСЛУЖЕН“ односно по редослед на поднесување и пристигнување на Барањата во архивата на Министерството за економија.

Доколку средствата се исцрпат додека се уште трае јавниот повик, Министерството за еконимија ќе објави Известување за исцрпување на расположивите средства на својата веб страна www.economy.gov.mk. Барањата, ќе ги разгледува Комисија фирмирана од министерот за економија. Крајниот рок за поднесување на Барања по овој повик е до 06.08.2021 година. Барањата кои се некомплетни согласно глава IV, ќе бидат одбиени. Барањата кои ќе пристигнат по завршување на рокот за аплицирање нема да бидат разгледувани.

Аплициpajте за вayчep за одмop: Побpзajте пpинципот е “пpв дojден пpв ycлужен”

Министерството за економија денеска го објави јавниот повик за реализација на мерката – организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари.

Според јавниот повик, кој денеска е објавен на веб-страната на Министерството за економија, оваа година за реализација на оваа мерка се предвидени 15 милиони денари.

Оваа мерка е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања за да можат да ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во земјава, кои претходно се пријавени во Министерство за економија.

-Со оглед на зголемениот интерес на граѓаните, и оваа година ќе продолжиме со мерката преку која на работниците со ниски примања им се овозможува користење на годишен одмор. Владата преку програмата на Министерството за економија, во 2017 година почна да ја спроведува оваа мерка со цел да даде поддршка на домашниот туризам, но во исто време на семејствата со ниски месечни примања да користат одмор во туристичките центри во земјата, се вели во соопштението од Министерството за економија.

Јавниот повик ќе трае до 30 јуни и до овој рок сите граѓани кои ги исполнуваат условите, односно немаат приходи повисоки од 30.000 денари ќе може да се пријават и да добијат ваучер.

Ваучерот за користење на средства за организиран одмор ќе може да се искористи најдоцна до 30 ноември 2021 година, во некој од угостителските објекти од листата на пријавени угостителски објекти за сместување, објавена на веб-страната на Министерство за економија

-Оваа мерка има за цел да им овозможи на семејствата со ниски приходи, со поддршка на државата да го искористат правото на годишен одмор и истовремено да им се даде поддршка на хотелиерите и угостителите да работат со исполнети капацитети и надвор од туристичката сезона, со што го стимулираме развојот на домашниот туризам, информираат од Министерството за економија.

Потврдата за користење на средства за организиран одмор се издава по принципот „прв дојден прв услужен“.

Потврдата за користење на средства за организиран одмор може да се користи само од работникот на кого му е издадена заедно со членовите на неговото потесно семејство кои се наведени во барањето.

Јавниот повик и конкретните документи кои треба да се достават може да ги најдете на веб-страната на Министерството за економија на следниот линк: https://www.economy.gov.mk/doc/2974