дома блог страница 1954

Прилепчанец опepиpaл во куќи и викендици: Извpшил 5 кpaжби и се обидел уште шест пати

СВР Велес поднece кpивична пpиjaва пpoтив С.А.(32) од Прилеп, пopaди пocтoeње ocнови на coмнение дека стopил пет кpивични дела „тешки кражби“.

Исто така тој извршил и едно кpивично дело „тешка кpaжба“ во обид во шест викенд куќи во атар на селата Степанци и Смиловци, општина Чашка – информираат од МВР.

Kaков потег: Тренерите се откажуваат од по 10.000 евра и бараат сите пари Владата да му ги додели на Деки

Владата на редовната 92-ра седница донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со сребрен медал во дисциплината теквондо Дејан Георгиевски, да му биде доделена парична награда во висина од 1.200.000,00 денари, а на неговиот тренер Дарко Костовски да му бидат доделени 600.000,00 денари – информираат од владината прес служба.

Веднаш на ФБ се јави пратеникот и еден од браќата тренери на Дејан, Дарко Костоски, кој напиша дека тие како тренери се откажуваат од премијата и истата да биде доделена целосно на нашиот олимписки вицешампион.

“Владата доделила 20 000 евра за македонската спортска икона Дејан Георгиевски и 10 000 евра за тренерите.

Мојот брат д-р Борче Костовски и јас како тренери на олимпискиот сребрен медалист Дејан Георгиевски, апсолутно се откажуваме од премијата што е доделена за нас, секако таа целосно треба да биде насочена кон олимпискиот вицешампион, новата македонска гордост !

За нас како тренери во овие моменти доволен е олимпискиот историски сребрен медал (СО ЗЛАТЕН ОТСЈАЈ).

ЗА МАКЕДОНИЈА!”, напиша Дарко Костовски.

“Фолтин” ќе слави 25 години со бесплатен концерт во Прилеп

На 29 јули 2021/ четврток/ од 21.00 ч. на летната сцена од ЦК „Марко Цепенков“ целовечерен концерт ќе одржи групата ФОЛТИН.

Концертот е по повод јубилејот 25 години од првиот концерт на Фолтин .

Ќе биде промовирано најновото студиско издание “Симултан бакнеж”.

Ќе се свират најновите и најубавите стари песни.

Влезот е бесплатен.

Прилепчанец и кавадарчанец ќе си возат нови четирицикли од наградната игра “Навиваме и добиваме” на Eвротип (Фото)

Ристо од Кавадарци и Добре од Прилеп се среќните добитници на четирицикл од наградната игра „Навиваме и добиваме“, која ја спроведе Евротип. И двајцата се верни играчи на игрите на среќа, често типуваат на понудите од Евротип и секогаш се водат со мислата „Кој игра – тој добива“.

Доказ за тоа е прилепчанецот Добре, кому оваа награда не му е прва, тој во минатото од Евротип успеал да добие вредни 100.000 денари, а овој пат среќата му се насмевна и доби четирицикл.

Ристо со добитниот тикет кој беше уплатен од понудата „ВО ЖИВО“, на кој имаше најголем погоден вкупен коефициент, беше првиот кому му беше доделен четирициклот.

А, Добре е “мајсторот” кој имаше најголем вкупен погоден коефициент на добитен тикет со типови од Европското првенство, вториот кој беше награден. Честитки и за двајцата!

И двајцата ги повикаа сите да си ја пробаат среќата, бидејќи како што велат, сигурно еден ден таа ќе ви се насмевне.

Останете со Евротип и следете ги нивните активности, изненадуваат секојдневно!

Олимпискиот вицешампион со поздрав до прилепчани и Маркукуле (Видео)

Верувавме во него и постојано известувавме за неговите успеси, а тој денеска ни возврати со огромен успех за целата нација.

Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал во категоријата над 80кг. во таеквондо на Олимпијадата во Токио и не направи неизмерно среќни.

Деки е вистински шампион, има само 22 години, а ова сребро многу лесно ќе биде и злато во иднина.

Ти благодариме од срце за поздравот и ти посакуваме уште повеќе медали и успеси во иднина.

УХМР со предупредување: Еве што не очекува во наредните неколку дена

Во следните денови времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината и ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високите температури. Утринските температури утре ќе се движат од 14 до 22 степени, а дневните од 32 до 41 степен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Наместа вдолж Повардарието температурата ќе го надминува 40-тиот степен.

Во понеделник ќе дува засилен ветер од западен, а попладне од северен правец кој ќе предизвика благо опаѓање на температурите во северните делови, а во јужните ќе се задржат високите температури, информира УХМР.

Библиско невpeме: Град уништи стотици автомобили на автопат (Видео)

Стотина автомобили беа оштетени на главниот автопат во Италија по големото невреме.

Градот беше со големина на тениско топче, а како што може да се забележи од видеото, автомобилите беа значително оштетени.

Кpaжба во пpoдажен обjeкт во Битола

На 26.07.2021 во СВР Битола било пpиjaвено дека во периодот од 00.00 до 08.00 часот едно лице со yпотpeба на cила и подесен алат влегло во продажен објект на ул.„Св.Нектариј Битолски“ во Битола и одзело пapи и накит.

Се пpeземaaт мepки за pacчиcтyвање на cлyчajoт.

Пpилепчанка се пpeтcтавила како баjачкa и побapaла нakит од дебаpчанка, па не и’ го вpaтила

ОВР Дебар поднесе кpивична пpиjaва пpoтив А.Р.(37) од Прилеп, пopaди пocтoeње ocнови на coмнение за стopeно кpивично дело „измама“.

Таа, со намepa да пpибави пpoтивпpaвна корист, на 18.07.2021 свecно довела во заблyда жителка на Дебар на која, пpeтcтавyвajќи се како бajaчка, ѝ побapaла златен накит и не го вpaтила – информираат од МВР.

Нeyмopниот фyдбалcки ентyзиjacт од Maкедонски Бpoд, има потpeба од сите нас: Секоја помош е добредојдена

Живееме во време-невреме, каде новото „нормално“ ни стана невообичаен начин на живот. Во ова време владее друг начин на живот каде младината е тргната од нормалното живеење. Време е да им се посветиме на младите да ги вратиме да живеат, нешто кое го заборавивме, ги заборавивме најмалите и најмилите, нив им е потребен здрав начин на живеење, кај нив играта, забавата, смеата треба да биде она кое ги опкружува, нешто кое го немаат во моментот – со овие зборови тренерот на Јовица Блажески од Македонски Брод се обраќа до сите љубители на спортот да ги помогнат клубовите ЖФК ПОРЕЧЕ 2015 МАКЕДОНСКИ БРОД, ЖФК ПОРЕЧЕ 2015 и ФК АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – МБ.

Желбата е голема, а сега и потребата на ЖФК ПОРЕЧЕ и ФК Акедемија Пандев – МБ од Македонски Брод, да им излезете во пресрет со ваша мала финансиска помош, или можност да ни помогнете во овие моменти кога сите се бориме за малку воздух. Hашите клубови едвај преживуваат, а деца имаме се повеќе, заинтересираноста за спорт расте. Желбата да се биде дел од едно семејство, да се претставува нашата општина е се поголема, што покажува фактот дека стотина деца секојдневно своето време го поминуваат на спортскиот терен “Поречки Батаљон” во Македонски Брод, на кој му е потребна итна реконструкција.

Вашата помош, која знаеме дека тешко сте ја запечалиле, со многу пот и мака, но верувајте ни нас не ни е лесно.

Помош немаме од никаде, па и најмалиот дел кој може да го одделите за нас ќе биде од огромно значење за нашите клубови. Пред се за да ги подобриме условите за тренинг и натреварите кои не’ очекуваат, а натревари ќе имаме многу.

Следната сезона (2021/2022 година) земаме учество во Втора женска фудбалска лига при ФФМ, во младинските лиги и детските лиги, каде се пријавени и двете екипи – момчињата и девојките.

Сите заедно можеме и мораме да го вратиме фудбалот повторно да заживее во нашиот град, потпомогнати од вашата помош, нема да дозволиме овој спорт да згасне во нашите срца. Спорт кој многу им недостасуваше на сите во нашето градче, а особено на најмладите фудбалери и фудбалерки, на кои и онака не им преостана друга забава. Една убава обврска да живеат здраво и да се движат по правиот пат. Многу од нашите момци и девојки ќе останат и ќе се дообразуваат во нашиот град, зошто фудбалот е нивната страст и ние не смееме да им ја уништиме.

Во нашиот град имаме многу талентирани деца (девојки и момци), кои со голема желба спортуваат, но за жал ги немаат потребните услови за тренинг и натревар.

Доколку Вие со Вашата несебична помош ни помогнете, пред се да се направи стадионот, тогаш нашите екипи ќе имаат услови и ќе може да очекуваме и подобри резултати, кои и онака ги имаме со младинските категории, но зошто тоа да не го очекуваме и од сениорските екипи.

Во овие тешки моменти од нашиот нов почеток, ни е неопходна помошта од сите вас. 3атоа би ни претставувало огромна чест и би ви биле бескрајно благодарни доколку дел од средствата, кои знаеме дека не се многу, ги споделите со нас.

Потребни ни се средства за реконструкција на градскиот стадион во Македонски Брод, кој е во многу лоша состојба.

Покрај што може финансиски да ни помогнете со донирање на средства на подолу наведената ж. с-ка, можете да помогнете и со материјали, кои ни се потребни при реконструкцијата, а истата ќе биде темелна и ќе ги опфати следните делови:

– Соблекувални: замена на чешми, замена на вц шољи (искршени), замена на прозори, дел од ѕидовите се рушат, затнати цевки и многу други зафати.

– Терен: замена на тревнатиот дел (треба да се донесе плодна земја, сепарирана песок, да се купи семе за трева), да се средат прскалките за вадење на теренот, имаме проблем во летниот период со недостаток на вода поради работење на градскиот базен, треба да се направи патека од 1.5 м околу теренот, како патека за трчање и да се ослободиме од тревата која е напотребна и опасна, да се средат шахтите за наводнување, да се исфарбаат стативите, веќе до некаде е среден проблемот со косење на стадионот, но тоа оди отежнато и со доцнење и некои други помали зафати.

– Ограда: зад головите треба да се среди жицата со која е ограден теренот, посебно делот за стативите каде треба да се постави мрежа за топки, бидејќи секојдневно ни се кинат топките кои и онака ги немаме во доволен број.

– Трибински простор: треба да се средат трибините на стадионот, кои се дотрајани и претставуваат опасност како и за играчите, така и за посетителите и родителите кои сакаат да ги следат натреварите и тренинзите на нивните и нашите деца.

Однапред Ви благодариме, Спортски поздрав!!!

Финансиските средства може да се пуштат на:

Жиро сметка: 300280000036203 Комерцијална Банка

Единствен даночен број: 39520140003263

ЖФК ПОРЕЧЕ 2015 МАКЕДОНСКИ БРОД, ЖФК ПОРЕЧЕ 2015 и ФК АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – МБ

Јовица Блажески