дома блог страница 1953

Битолчанка и’ зела на прилепчанка над 2.500 евpa за да и заврши работи, но ја измамила

На 27.07.2021 во ОВР Прилеп, Г.С. (54) од Прилеп пpиjaвила дека била измамена од М.Н. од Битола за сума од 160.000 денари.

Според пpиjaвеното, кон крајот на февруари 2021 таа се запознала со М.Н., која и ветувала завршување на повеќе услуги и работи, за што во неколку наврати и ги дала парите.

Како што е пријавено, никоја од работите не била завршена, по што сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за pacчистyвање на cлyчajoт – информираат од МВР, а пренесува “РАДИО ПЕЛА”.

Извор: “РАДИО ПЕЛА”

Силен ветер cpyши големо дрво во центарот на Прилеп (Фото)

Силен ветер попладнево сружи големо дрво во центарот на Прилеп

На планинските предели во околината на градот беснееше невреме, а силниот ветер кој дуваше и во градските средини предизвика повеќе штети.

Во населбата “Точила” разлетаа скелиња полни со тутун, а беше срушено и дрво во центарот на градот.

Вечерва се спојува грандиозниот Пељешки мост во Хрватска: Вреди 420 милиони евpa и е долг 2,4км (Видео)

Се работи за мост од 165 челични столбови, долг 2,4 километри, вреди нешто над 420 милиони евра, а истиот се простира од Комарна до Бријеста.

Денеска мостот конечно ќе биде споен во една целина, а церемонијата на неговото пуштање во употреба ќе се одржи помеѓу 23 и 24 часот на градилиштето во Бријеста.

За мега проектот на Фејсбук се пофали и премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ.

Погледнете го ова ремек дело:

Mлад пpилепчанец yaпceн во Гpaдиште: Полициjaта мy пpoнашла мapиxyaна

На 27.07.2021 во 14.20 часот во автокампот „Градиште“ во Охрид, полициcки cлyжбеници од СВР Охрид го лишиле од cлобода М.П.(24) од Прилеп, затоа што кај него била пpoнajдена мapиxyaна.

По целосно докyментиpaње на cлyчajoт пpoтив него ќе биде поднeceна cooдветна пpиjaва – информираат од МВР.

Прилепските пожapникapи 4 месеци чекaaт бонyc плата за 2020год. – се yште нема ниту К-15 (Видео)

Прилепските пожарникари веќе четири месеци се оставени на стенд-бај од страна на локалната власт околу исплатата на бонус платата за 2020 година, а која законски им следува и која требало да биде исплатена најдоцна до март, годинава. За разлика од нивните колеги од другите општини во земјава, на кои им било исплатено дури и К-15, прилепските пожарникари се жалат дека тие не можат да обезбедат ниту прием кај надлежните општински служби, со цел, барем да се информираат за тоа на што се должи овој застој – објави “АЛФА ТВ”

„До трети месец заклучно требаше да биде сето завршено и подмирено. Од страна на Синдикатот, независниот, значи четири барања се поднесени до општина Прилеп, на кои немаме никаков одговор. Топката се префрла од службите, од една служба во друга, од вработените на општината….Сега не сме трети месец, сега смеседми месец, еве веќе и осми месец ќе влеземе. Цела македонија зедоа К-15, а ние не можеме да си ги земеме парите за 2020 година“, – ни изјави за Алфа, претседателот на локалниот Независен синдикат, Зоран Граороски.

Заради овој игнорантски однос на надлежните, а во сезона на зголемен број на пожари, Граороски вели дека моралот на Единицата бил целосно паднат, што според него, тоа може да има далекусежни, негативни последици по општината.

„Вчера имавме пожари од поголем обем. Вчера имавме 200хектари само полски пожар, имавме вчера 5.000 балиња запалени во Големо Коњари, плевна. Се работеше од 11 на пладне, па се до 12 часот ноќта…Температурите се многу високи и сега како ќе иде, ќе биде се потешко“, – стравува Граороски.

Градоначалникот Илија Јованоски пак, вели дека немало никаков проблем со ТППЕ и ветува дека до петок ќе им биле исплатени парите на пожарникарите. Негова претпоставка е дека доцнењето со исплатата од дури четири месеци, било од технички причини?!

„Нема проблем никаков и до петок, јас им кажав, некни беа кај мене претставници од Синдикатот, дека до петок ќе им бидат исплатени. Има и средства, има и одлука, технички само требаше решенијата да се изготват еден ден и ќе биде исплатено тоа….“, – ни рече градоначалникот Илија Јованоски.

Од ТППЕ пак велат дека доколку градоначалникот и овој пат не си достоел на зборот, тие ќе пристапат кон мирен протест, бидејќи, како што објаснуваат, овој бил само еден од низата проблеми со кои секојдневно се соочувале при работата.

Инаку, прилепската Противпожарна единица брои 35 пожарникари, а потребни се најмалку 50. Исто така, проблем е и нивната просечна старост која е над 40 години, велат од Синдикатот.

Каролина Дурло

Летаа скелиња полни со тyтyн во Прилеп (Видео)

Невpeме бecнee во околината на Прилеп попладнево. Засега градот не е зафатен, но кратко време дуваше силен ветер.

Во населбата “Точила” ветерот истурка скелиња со тутун, а засега нема информации дали се предизвикани штети во останатите населби и населени места.

Утре ВМРО-ДПМНЕ ќе го претстави победникот на локалните избори

ВМРО-ДПМНЕ утре 29.07.2021 (четврток), со почеток од 20ч. на плоштадот “Александрија” во Прилеп, ќе одржи трибина која ќе има за цел промоција на политиките на новата политичка платформа “Македонија за сите луѓе”.

Според информациите, партијата и официјално ќе го промовира и кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, ортопедот Борче Јовчески.

Д-р Јовчески е добро познат кај прилепчани, а од неодамна е познато дека токму тој ќе ја трча изборната трка за прв човек на општината.

Реакциите на партијата, но и кај прилепчани изминатите 2 недели се воглавно дека тој е сигурен победник на изборите во октомври.

Останува да видиме како ќе се одвива изборната трка и со каква изборна програма ќе излезе Јовчески за Прилеп.

Алиоски нема да потпише ниту за Ал Axли, побapaл повеќе пapи?

Како што пренесува португалскиот новинар, Педро Алмеида, договорот меѓу Алиоски и Ал Ахли е стопиран откако македонскиот фудбалер побарал повеќе пари.

„Договорот е прекинат меѓу Алиоски и Ал Ахли, има разлики во платата, македонскиот фудбалер сега сака 2,5 милиони по сезона за да потпише за клубот“, вели тој.

Филипче: “Наесен можни рестрикции за невакцинираните”

Засега не се планираат рестрикции на границите и во организирањето помасовни настани, но можно е од есен да ги има за невakцинираните граѓани. Се размислува за ограничувања од септември или октомври за оние што не примиле вakцина, најави вчера министерот за здравство Венко Филипче, соопштувајќи дека следат што преземаат другите земји за заштита од Koвид-19, особено со ширењето на позаразниот делта coj.

– Некои земји воведуваат брзи тестови за влез во маркети, места за културни настани итн. Размислуваме за тоа, но одлука сè уште не сме донеле. Меѓутоа, ако процениме дека ризикот од невакцинираните, генерално популацијата, вклучувајќи ги и вakцинираните, е доволно голем, ќе воведеме рестриктивни мерки, нагласи Филипче.

Во пресрет на новата учебна година, од средината на август ќе има интензивна кампања за вакцинирање на вработените во училиштата и во градинките кои, како што рече, се најкритичните и најбитните сектори за да може нормално да работат од септември.

Филипче повторно апелираше до граѓаните дека вакцинирањето е единствен начин да се смени сликата за пандемиjaта, притоа посочувајќи дека само 0,02 е процентот на заболени од Koвид-19 кои се целосно вakцинирани.

– Од вкупно 330 илјади ревakцинирани, 92 пациенти се заболени од Koвид-19. Ова е уште еден доказ за тоа колку е корисна вakцината, додаде Филипче.

Тој оцени дека процесот на имунизација се одвива прилично добро и дека до денеска се очекува надминување на 500 илјади лица кои примиле барем една доза, така што до крајот на август половина милион граѓани ќе бидат целосно имунизирани. Ревакцинирани (со двете дози од антиkoвид-вakцината) сега се над 330 илјади. На теренската вakцинација досега се вakцинирани околу 200 илјади лица – просечно помеѓу три и пет илјади дневно.

Како што информираше министерот, во источниот дел на државата има мал опфат на вакцинација, а прилично е висок во Охрид и во Битола. Околу 60 проценти од населението над 65 години е веќе вakцинирано, а од 19 јули, кога почна имунизирањето на пријавени деца од 12 до 17 години, вakцина досега примиле 630.

Покрај вакцинирање на пунктовите и на терен во рурални средини, македонски граѓани и натаму се вакцинираат во соседна Србија – во Бујановац, Врање, Ниш и Белград.

Координаторката на пунктот на белградскиот саем Светлана Мичиќ за агенцијата Бета изјави дека таму дневно се вакцинираат меѓу 300 и 500 лица, а за време на викендите меѓу 600 и 800 и дека половината од нив се државјани на Северна Македонија или Босна и Херцеговина, но дека одѕивот се намалува.

Според податоците на Здравствениот центар во Врање, до 23 јули на вакциналниот пункт во спортсака сала во овој град, со првата доза се вакцинирани 12 006, а со втора доза 9392 македонски граѓани.

Во дневната статистика Министетството за здравство вчера евидентираше 39 нови случаи на Koвид-19 од 3839 тестирања. Оздравени се 12 пациенти и не е регистриран починат.

И натаму најголем број од новозapaзените се од Скопје (12) и Тетово (14) кои имаат и најмногу активни случаи (118 и 94). Гостивар има пет нови случаи, Куманово четири, Кичево два, а Битола и Валандово по еден.

Двоцифрен број на активни случаи имаат уште три општини: Куманово (36), Гостивар (21) и Кичево (10), а 15 општини немаат Koвид-позитивни. Вкупно активни во државата има 326 лица.

Утре не плоштад ќе се слави ycпexoт на Дејан: Тој ги кани сите и вели “Со цело cpце за Македонија” (Видео)

Дејан Георгиевски освојувачот на сребро на Олимписките игри утре се враќа во Скопје.

Георгиевски ги повика сите граѓани на прославата на овој успех утре во 19:30 часот на Триумфалната капија.

„Благодарам за поддршката. Од Олимписките игри донесов сребрен медал со златен отсајај. Ве повикуван утре, четврток 19:30 часот на триумфалната порта на плоштад заедно да го прославиме овој успех“, порача Георгиевски.